Денес е голем ден за Охрид, за целиот југозападен регион, но и за цела Македонија. Со неизмерна радост и гордост ја ставивме во употреба првата делница во должина од 20 км од автопатот Охрид – Кичево, проект кој со години беше наша визија, а денес станува реалност. Со овој автопат, патувањето до Охрид станува значително пократко, побезбедно и поудобно. Тоа значи повеќе туристи, повеќе гости од земјата и странство, кои ќе можат полесно да ...

На 12.07.2025 во 06.40 часот, на кружниот тек од улиците „15-ти Корпус“,.„Железничка“, .„7 ноември“ и .„Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (53) од с.Лескоец, охридско и велосипед управуван од лице на (56) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила едно лице, констатирани во Општата болница во Охрид. ...

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото пуштање во употреба се обрати и Вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски кој се согласува дека овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада. Големо задоволство е, нагласи Николоски, да ги видиме првите 20 километри во реалност како може да ги користат граѓаните од цела ...

Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фрјсбук профил. Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, ...

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од 20 километри. – Денес заедно сведочиме на нешто за многумина делуваше веќе невозможно. Ова пуштање на употреба на автопатска делница туку ова е монемт на враќање на вербата доказ дека кога ќе ја превземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат. На овој потег на делницата Пресека-Песочани ...

Делницата е со должина од околу 40 километри и ќе има прекин кај селото Ботун. Според најавите од неговиот кабинет, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на овој дел од автопатот Кичево-Охрид. Автопатот е дел од западниот дел од коридорот 8 на кој работи и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Се работи на делницата Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани ...

Иако секој од Светите големи Апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; ...

Боречкиот терен беше исполнет со гордост, насмевки, борби и заслужени признанија! Боречкиот клуб „Аждер“ ја заокружи сезоната со доделување на медали и дипломи на сите млади борци кои покажаа дисциплина, истрајност и спортски дух во текот на целата година. Благодарност до тренерот за несебичната посветеност, до родителите за соработката, до Општина Охрид за поддршката и до секое дете што со срце застана на боречкиот душек. Овие деца се доказ ...

Со духовно веселие и благоговејно расположение, во нашиот свештен манастир изминато ноќоденство одекнуваше славословие кон светите и славни, сефални, првоврховни апостоли Петар и Павле, тие столбови на Црквата, коишто со своето слово, мачеништво и љубов го утврдија Телото Христово на земјата. Во навечерието на празникот, како што доликува за овој голем ден, беше отслужено бдение во Претечевиот храм, каде што нашиот возљубен Старец, Неговото ...

Денес бевме во посета на Музејот на вода – Заливот на коските. Целосно реконструиран овај значаен комплекс кој е од многу големо значење за туризмот во Охрид. После рехабилитација на патниот правец Охрид – Св. Наум и реконструкцијата на музејот значително се подобрува туристичката понуда во Охрид Заливот на коските е најпосетениот музеј во Македонија, напиша на својот ФБ профил вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар ...

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода – “Заливот на коските”. Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и сосема оправдано е и најпосетен музеј во Македонија. Од запуштен простор, денес повторно блесна во сиот сјај овој Музеј. Сакам да изразам голема благодарност до Владата на Република Македонија, Министерството за култура и туризам, како и до Завод и Музеј Охрид, што Охрид им е во фокусот и заедно ...

Од 26ти Јуни до 6ти Јули 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа Светското првенство во едрење во класата Оптимист, кое собра над 280 млади натпреварувачи од 64 држави. Македонија настапи со четири претставници, кои успешно ја завршија регатата, стекнувајќи вредно меѓународно искуство и спортска мотивација за натамошен развој. Пласман на македонските натпреварувачи: Берак Шашко – 260. место Мила Булатовиќ – 262. место Стефан Бараковски ...

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта. На терен, министерката Божиновска ...

На 10.07.2025 година во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е (30) годишно лице од скопската населба Шуто Оризари. Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќир ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници. За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно ...

На автопатот Кичево-Охрид се прават последните подготовки за пуштање во употреба на делницата од Врбјани кон Охрид во должина од околу 40 километри, со прекин кај Ботун, откри за весникот Вечер директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски. Тој додава дека граѓаните и туристите кои патуваат кон Охрид веќе се возат по новиот коловоз, a сечењето на лентата е планирано за в недела на пладне. Овој автопат е дел од западниот дел од ...

Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради преземање на засилени безбедносни мерки на јавни локации во општината, планираната тетарска претстава за деца „Во царството на другарството“ која требаше да се прикаже денес на 11.07.2025 (петок) на сцената ТЦ „Амам“ се откажува. Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде одложена за друг термин. Новиот термин за ...

Тони јаглен кои постаојано се искоуваат во Пискупштина претставуваат потенцијална опасност за затворање на патниот правец кој води до ова село. Од фотографиите се гледа дека полека се навлекува јагленот покрај самиот пат и го затвора, дури може да дојде и до свлечиште кое би го забрзало процесот на затрупување на патот. Фотографиите се направени во правец на патот Пскупштина-Нерези- Безево. Покрај другото во голема мера е доведена ...

Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот. На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни ...

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ...

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28 јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во Манутин, кај што имаше идолски храм и владееше демонска сила. Тогаш на патријархот му се јави Ангел Божји и му рече дека Манутин ќе биде очистен од ...

На средбата разговаравме за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на нашиот разговор беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на поранешната касарна. Амбасадорот изрази поддршка за нашата работа во таа насока и честики за тоа што Општина Охрид е една од ретките општини кои просторот од поранешните касарни го оплемени со содржина. Го запознав ...

Охридскиот Регион доби трета шанса. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз во четвртокот (10.07) го одложи ставањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Охрид и Македонија добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари ...

Охрид нема да биде ставен на листата на загрозено светско природно и културно наследстрво од страна на УНЕСКО ! – оваа денешна информација која дојде како олеснувње и радост кај жителите на Охрид и Македонија, почна да предизвикува тежина и тага кај лица од невладинтие организации, медиумските пропагандисти и еко инфлуенсерите кои од 2015 година ( како дел од Шарената револуција ) па се до утрово ја манипулираа јавноста дека со Охрид е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информираше дека статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. „Задоволство ми е да ве информирам дека статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денес на 47. сесија во Париз ѝ даде на Република Македонија и Република Албанија дополнителна година за спроведување на корективни мерки за зачувување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, изјави министерот за килтура и туризам Зоран Љутков. Оваа одлука е признание на заложбите на оваа Влада, но и јасен сигнал дека мораме да продолжиме со максимална сериозност и ...

Денес продолжува амандманската расправа за Ребалансот на буџетот, со кој се предвидени 155 милиони денари или 2,5 милиони евра за субвенции и поддршка на туризмот, изјави Лидија Петкоска, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „После 7 години безидејност, застарени стратегии и нефункционални закони, конечно, ги поставуваме темелите на туристичкиот развој на Македонија. Во само една година ја исполнивме ...

Најновите информации од УНЕСКО говорат дека Охрид нема да биде ставен на списокот на Листата светски природни и културни реткости во опасности. Оваа одлука на УНЕСКО доаѓа како плод на напорите на претставниците на Власта да се излобира одлагање на оваа одлука. Инаку во документот се изразува сериозна загриженост поради продолжената деградација на уникатните вредности на регионот, кои се основа за неговиот статус на заштитено наследство. Се ...

Додека на Ловќен работи жичара, во подрумите на „Топ Капи Сарај“ работат спа центри и ресторани, а во Атина се става бетон околу Акропол, стигна веста дека УНЕСКО ќе го стави Охрид на листата на загрозено светско наследство. Оваа информација минативе денови ја окупира охридксата и македонската јавност и предизвика бројни реакции и политички препукувања. И без да се слушаат реакциите, сите знаеме дека Охрид има бројни проблеми кои треба да ги ...

Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
997
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.72
54%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
95%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
86%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
86%
997
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Бакар

12.12

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16