Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА. Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска. Во понеделник ќе разговараме за сите детали во ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести низ Србија во кои, како што вели, имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата, пишува Телеграф. Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо ...
Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата. Студентски но и граѓански протести против режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска народна странка, неговата децениски владејачка партија. Граѓаните и студентите ги обвинуваат за корупција и бараат вонредни избори. Најгусто и најжестоко е пред белградскиот правен факултет. Студентите и граѓаните се спротивставија на полицијата. Студенти, граѓани, возрасни, млади, ...
Нови протести се одржуваат низ Србија и вечерва, на повик на студентите во блокада. Во Белград голем број граѓани се собраа на протест пред Владата на Србија, а поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) се собраа во блиските партиски простории. Протести има и во околу 20-на градови низ државата. Во најголем број од тие градови е распоредена жандармеријата во обид да спречи насилства. Претседателот на државата Александар Вучиќ вечерва изјави ...
Претседателите на Русија – Владимир Путин и на САД – Доналд Трамп, се ракуваа пред медиумите и заедно прошетаа по црвениот тепих поставен за нив на пистата на воената база Елмендорф-Ричардсон, што беше емитувано во живо од прес-службата на Белата куќа. Двајцата заедно се качија во црн кадилак. Путин на преговорите ќе биде придружуван од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот советник за надворешна политика Јуриј Уштаков. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој не присуствува на американско-рускиот самит во Алјаска, изјави дека очекува извештај од разузнавачките служби за содржината на разговорите. „Денеска очекувам извештај од нашите разузнавачки служби за моменталните намери на руската страна и подготовките за средбата во Алјаска“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој истакна дека главната цел е разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ...
ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата на 21. седница ја избра Цвета Ристовска за заменик претседател. Ристовска ја презема функцијата од Билјана Каракашова Шулев на 21 август и ќе има мандат од шест месеци. Заменик претседателот на ДКСК се избира по принципот на ротација по азбучен ред на период од шест месеци. ДКСК е без претседател откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на ...
Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово. Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта. Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и ...
Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“ се собираат во центарот на градот но и пред седиштата на партијата на претседателот Вучиќ, Српска напредна странка чии членови ги провоцираат демонстрантите со навреди и па и со фрлање водени шишиња кон нив. Српската телевизија Н1 постојано врши директни вклучувана на своите репортери од теренот, практично директен пренос од повеќе ...
Жаре Стеваноски: Не знам дали ДИК и ДКСК ги следеа вечерните вести на Сител ТВ, но топло им препорачувам да ги видат, затоа што во вестите имаше гостин Градоначалник кој по однос на можноста за именување/разрешување на директор на училиште и училишен одбор по распишување на изборите им покажа среден прст, т.е дека законот за него не важи. ДКСК ќе го разгледува овој случај, но поради одлуката, изборот на претседател на ДКСК да се одложи по ...
Нашата пливачка легенда Томи Стефановски и оваа година, по втор пат, пливаше 16 километри со хуманитарна цел – за поголема инклузија и еднакви можности во спортот. Со секој испливан километар, Томи ја носеше пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите нас да го поддржиме спортот како место каде секој добива можности. Денес, околу 12:30 часот, на охридското пристаниште, тој беше пречекан со големи аплаузи и почит. Неговиот подвиг ...
Фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа како еден автомобил, возејќи по автопат во околината на Крива Паланка, влече куче врзано за возилото ги вознемирија граѓаните. По реакција на МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено. Од Противпожарната единица на Крива Паланка велат дека добиле дојава дека кучето е фрлено во коритото на Крива Река. Со тим од 2 пожарникари тие го извлекле и предале на ...
Подобрена е ситуацијата во сите пожари по битката што во текот на ноќта ја водеа противпожарните сили, информираше утрово портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, објаснувајќи дека активни остануваат пожарите во регионот Ахаија на Пелопонез и на островот Хиос. Според Ватракојанис, на островот Закинтос и во околината на Превеза во западна Грција „во моментов нема активен фронт“, а противпожарните служби се справуваат ...
По телефонскиот разговор помеѓу лидерите од Европа, Зеленски и Трамп, украинскиот претседател потенцираше дека е задоволен од разговорот, но појасни дека во никој случај нема да ги прифати територијалните отстапки како услов за прекин на војната, пишува Гардијан. Тој, исто така, вели дека „она што ја засега Украина мора да се разговара со Украина“, додека ја поддржува идејата за дополнителен тристран самит со Трамп и Путин. Она што ја засега ...
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека сега постои шанса за прекин на огнот во Украина, пред разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Три и нешто години трае овој конфликт, не сме стигнале ни блиску… до одржлив начин да го доведеме до прекин на огнот, рече Стармер на состанокот на европските лидери. „Сега имаме таа шанса, поради работата што ја вложи (американскиот) претседател“, им рече ...
Според соопштението на француското претседателство, започна онлајн самитот на кој учествуваат претседателот на САД Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидери од Европската Унија. За време на состанокот се очекува дискусија за војната во Украина и европската безбедност. На денешната попладневна средба учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, ...
Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека побарал од владата да ги укине ограничувањата за патување што ги засегаат украинските мажи на возраст од 18 до 21 година. Мислам дека ова е позитивна работа и ќе им помогне на многу млади Украинци да ја одржат својата врска со Украина и да се реализираат во Украина, особено во областа на образованието, наведе тој во соопштението. Повеќето мажи на возраст меѓу 18 и 60 години се подобни за ...
Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат значајни за билатералните односи меѓу двете земји, но одлуки за Украина не можат да се донесат без нејзино учество, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Да се зборува за Украина без Украина не е возможно и никој нема да го прифати тоа. Разговорот меѓу американскиот претседател и Путин може да биде важен за нивниот билатерален ...
Во соработка со режисерка Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски, ЈП „Лајка“ ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на вдомување на долго задржаните кучиња кои со години чекаат свој човек. Кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени – моменти во кои недостасува само еден елемент за сликата да биде целосна: новиот сопственик што ќе им подари љубов и дом. Овие кучиња не се бројки, ...
До 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. Од АМСМ известуваат дека целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод поради пожарот. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ...
Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон Суми, каде што се спроведуваат активни операции и постигнуваат успеси во напредувањето и ослободувањето на украинските територии, соопшти Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на социјалната мрежа Фејсбук. Според украинските медиуми, Сирски го напишал соопштението по состанокот на Штабот на Врховниот командант. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, во петок во Алјаска ќе биде „средба за меѓусебно запознавање“, со цел да се повика Русија да ја заврши војната во Украина, пренесува Би-би-си. Значи, ќе разговарам со Владимир Путин и ќе му кажам: мора да ја завршите оваа војна. Мора да ја завршите, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, според ...
Уште еден палестински новинар беше убиен во напад на израелската армија врз шаторот што го користела екипа од катарската телевизија Ал Џезира во Газа синоќа, со што вкупниот број на убиени медиумски лица се искачи на шест, соопшти локалната Цивилна одбрана и еден болнички службеник. -Фотографот Мохамед ал-Халди почина од раните. Со ова, бројот на жртви се искачи на шест, изјави Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана во Појасот Газа. ...
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Ентони Албанезе – и тоа официјално за време на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември. На тој начин, Австралија им се придружува на Франција, Велика Британија и Канада, кои исто така објавија слична намера. Признавањето е „врз основа на обврските што ги презеде Палестинската власт кон Австралија“, рече Албанезе. Овие обврски вклучуваат ...
Нова флотила со хуманитарна помош ќе отплови од неколку медитерански пристаништа за Газа за да „ја пробие нелегалната израелска блокада“ на појасот, изјави шведската активистка Грета Тунберг, која ќе учествува во акцијата. На 31 август ја започнуваме најголемата досега операција за пробивање на нелегалната израелска блокада на Газа, со десетици бродови што пловат од Шпанија. На 4 септември ќе им се придружиме на десетици други бродови што пловат ...
Повеќе од 200 последователни потреси ја погодија северозападна Турција денеска, по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,1 степени. Турската агенција за управување со катастрофи АФАД соопшти дека регистрирала 237 последователни потреси, од кои 10 биле со јачина од најмалку 4,0 степени. Многу жители на погодениот регион ја поминале ноќта надвор или во своите автомобили од страв од понатамошни потреси, објавија турските медиуми. Епицентрите на ...
Со плакати и слогани „Слобода за Палестина“; „Стоп за геноцидот“; Никој од нас не е слободен, сè додека не е и Палестина“; „Не за војната, не за геноцидот, само солидарност и мир“; „Мир и правда за Палестина“ на над 110 различни локации низ цела Грција синоќа се одржаа мирни протести во рамките на т.н. ден на акција за поддршка на палестинскиот народ. Мирни протести освен во големите грчки градови како што се Атина и Солун имаше и на островите и ...