Денеска се навршуваат 16 години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД ги предупредиле другите земји дека признавањето на палестинска држава ќе предизвика повеќе проблеми. „Им кажавме на сите овие земји, им кажавме на сите, ако се впуштите во оваа приказна за признавање, сè е лажно, дури не е ни реално. Ако го направите тоа, ќе создадете проблеми“, рече Рубио од Кито, каде што се сретна со еквадорскиот претседател ...

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и авганистанската Црвена полумесечина соопштија дека досега загинале околу 2.200 лица, а над 3.600 се повредени. Акциите за спасување сè уште траат, но многу од погодените области се тешко достапни, што ја отежнува итната помош и извлекувањето на жртвите, соопштуваат хуманитарните организации. Светската здравствена ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека територијални отстапки на Украина само ќе доведат до тоа рускиот претседател Владимир Путин да ги искористи освоените територии како отскочна даска за нови офанзиви. Некои медиуми тврдат дека ако украинските војници се повлечат од источните региони на нашата земја, мирот би се вратил. Тоа не е вистина. Путин изврши инвазија на Крим за да го искористи како отскочна даска и да го ...

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба. Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на ...

Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување. Двајца од повредените починале ноќеска во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице. Мартинш не ги откри имињата и националноста на загинатите, наведувајќи дека прво ќе бидат известени нивните ...

По утрешниот Самит на Коалицијата на подготвените, што ќе се одржи во Париз, учесниците телефонски ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Елисејската палата. Самитот е закажан за утре во 10 часот и 30 минути, а во Париз, покрај францускиот претседател Емануел Макрон ќе бидат и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Додека ...

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада. Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Заливот, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, пренесува Ројтерс. Ова се сериозни предлози и претседателот ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ (1978) ...

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“. Мерц, во интервју што вчера беше емитувано, нагласи дека за таквите луѓе „нема простор за попустливост“. Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби што ...

Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавуваат британските медиуми. Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените власти ...

Израелски дронови исфрлиле четири гранати во близина на мировници на Обединетите нации, додека тие расчистувале блокади на патиштата што го попречувале пристапот до нивна позиција во јужен Либан, соопштија Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ). „Ова е еден од најсериозните напади врз персоналот и имотот на УНИФИЛ од постигнувањето на договорот за прекин на огнот во ноември минатата година,“ се наведува во соопштението. Една граната паднала на ...

Бранко Тричковски: Најновте податоци на Евробарометар покажуваат дека 48 отсто од граѓаните на Европската унија го поддржуваат членството на Северна Македонија во Унијата, додека 40 отсто се против. Тоа значи дека со оваа темпо на освињување на надворешната и внатрешнага политика којзнае кога ќе стигнеме макар до над педесет отсто од граѓаните на ЕУ да бидат против влезот на РСМ. Мицко и комедијантите од таканаречената влада направија многу, но ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ (1978) ...

Секој траен мир во Украина бара посилна украинска армија, но и безбедносни гаранции од пријателите и партнерите на Украина, САД, Европа и другите, изјави денеска во Луксембург генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург, Лук Фриден, генсекот на Алијансата рече дека фокусот е на средбата на претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, со цел да започнат ...

– Бројот на работниците во индустријата во лули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %. Според главните индустриски групи, бројот на ...

Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови. „Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува групи од 44 земји со 20 бродови. Некои од бродовите на Глобалната ...

Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри ...

Јасна Бачовска Недиќ: Кога го оценуваме знаењето на нашите ученици, честопати се соочуваме со избор помеѓу два метода. Едниот метод е фокусирање на откривање што не знаат и Вториот метод е истражување и вадење на површина на она што го имаат совладано и го знаат. Првиот метод е како да бараме грешки, додека вториот метод е како да бараме потенцијал. Драги колеги, ајде да бидеме учители кои откриваат потенцијал. Со нагласување на она што ...

Во ноќта помеѓу 30 и 31 август 2025 година, украински беспилотни летала извршиле прецизен напад врз аеродромот во Симферопол, еден од клучните руски воени центри во окупираниот Крим. Првите извештаи за нападот се појавија на социјалните мрежи и каналите на Телегра каде што локалните жители пријавија експлозии и густ црн чад што доаѓа од правец на аеродромот. Групата на Телеграм „Военни осведомител“ објави сателитски снимки на кои се гледаат ...

Емилија Целакоска: Во социјалистичка Македонија, во комунизмот, внимавајте, ги купувавме учебниците, и тоа, неколку дена, недела – две порано, на старо, но зачувано, или на ново од книжарите. Логично, имаше социјални мерки за тие што ептен немаа да си купат. Ги вртевме страничките гледавме што ќе учиме, ја запознававме книгата од секој предмет релаксирано, пред да почне учебната година. Додека да почне школото, веќе бевме скоро вљубени во ...

Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни, така и споредено со истиот месец лани, кога невработеноста изнесуваше по 6,0 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. На ниво на Еврозоната, пак, јулската стапка на невработеност изнесувала 6,2 отсто, што претставува намалување во однос на претходниот месец кога таа изнесуваше 6,3 проценти. На ...

Секоја земја избира дали сака да се приклучи на ЕУ или не. Проширувањето е во интерес на Унијата – посилна, побезбедна и поконкурентна ЕУ значи посилна Европа во светот, изјави Фон дер Лајен за време на нејзината посета на фабриката за одбрана ВМЗ во Сопот, Бугарија. Претседателката на Европската комисија испрати порака дека проширувањето на ЕУ во Западен Балкан ќе зависи исклучиво од заслугите на секоја земја-кандидатка. Секој кандидат ќе биде ...

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Американскиот геолошки институт објави дека потресот се случил во 23:47 часот (локално време) во планинската провинција Кунар, на 27 километри североисточно од градот ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи в среда (3 септември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. Кампањата започна во септември 2022 година и досега беа претставени вкупно 24 современи македонски автори и исто толку дела. Проектот, низ трите ...

Горан Волканоски: За државнички политики треба државништво, треба карактер, треба љубов кон државата која се води. И она што е клучно. Да се стават државните интереси над партиските. Вмро-дпмне, минативе 35 години покажа дека никогаш не ги ставала државните интереси на прво место. И, после сите нивни политички потези, дефинитивно покажуваат дека не сакаат еден ден Македонија да стане членка на ЕУ. Причините се јасни. Евроинтегративниот процес го ...

Едно лице е убиено, а 12 се повредени во руските гранатирања на Херсонската област на југот од Украина, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. На 31. август 2025 година, руските трупи го нападнале Херсонскиот регион користејќи артилериски системи и беспилотни летала, се наведува во извештајот. Десет цивили беа повредени во различни делови на Херсон, а уште двајца во селото Билозерка, пренесува Укринформ. Нападите оштетија приватни ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „предатор“, поради што е неопходно Европа да инвестира во одбраната. Тој е предатор. Од искуство знаеме дека може да се држи под контрола само со силно одвраќање. Мораме да го задржиме чувството на итност бидејќи знаеме дека Путин не се променил и дека нема да се промени, рече таа за време на посетата на полско-белоруската ...

Руските трупи синоќа масовно го нападнаа регионот Одеса со беспилотни летала. Нападите предизвикаа штета на енергетската инфраструктура и во моментов повеќе од 29.000 потрошувачи се без електрична енергија, изјави началникот на регионалниот полициски оддел на Одеса, Олег Кипер, во објава на Телеграм. Градот Чорноморск и неговата околина беа најтешко погодени. Како резултат на нападите, енергетската инфраструктура беше оштетена“, рече Кипер, ...

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот на настрешницата. Се сеќаваме на трагедијата, бараме одговорност, се бориме за подобра земја. Не ги вртиме главите. Заедно до крај, напишаа студентите во блокада на факултетите во Србија на својот Инстаграм профил, најавувајќи го протестот на 1 септември, со цел да ги поддржат средношколците кои најавија голем протест пред неколку дена. Тие објавија и мапа ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.85
79%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
83%
1016
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
85%
1023
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
87%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
88%
1018
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209