Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, денеска пристигна во Москва, објавија руските медиуми. Виткоф беше пречекан на аеродромот Внуково од специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за економска соработка со други земји, Кирил Дмитриев. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека средба меѓу САД и Русија е закажана за подоцна денеска. -Утре имаме средба со Русија, изјави ...

Мирослава Симоновска: Ништо не ми доаѓа да напишам за Македонија такво гордо. Таа е земја со разрушени и корумпирани органи и институции. Во која се радуваме и изненадуваме ако ретко понекогаш правдата победи. Во која не постои област без тежок криминал. Каде луѓето немаат надеж. Каде преку ноќ поединци стануваат богаташи со крадење и никој не ги чепка за тоа. Каде јазот меѓу богатите и сиромашните е голем а вториве се далеку побројни. Земја во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, при што истакна дека е постигнат договор за продажба на украински беспилотни летала на американската армија. Зеленски нагласи дека денешниот разговор бил продуктивен и фокусиран на завршување на војната, додавајќи дека „убиствата мора да престанат што е можно поскоро“. „Секако, разговаравме за санкциите против ...

Силниот земјотрес кој неодамна ја погоди руската Камчатка предизвикал поместување на полуостровот за цели 2 метра, како и благо намалување на неговата висина, соопштија од Руската академија на науки. Според Данила Чебров, директор на Камчатскиот огранок на Обединетата геофизичка служба, не се очекуваат нови сериозни последици од потресот. Поместувањето е директен резултат на силен земјотрес. Затоа, таму нема да се случи ништо дополнително, освен ...

Шведска, Норвешка и Данска ќе се вклучат заедно со околу пет милијарди норвешки круни, односно 486,16 милиони американски долари, во новата иницијатива на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, jaвија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од норвешката Влада. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе обезбедат оружје за Украина, кое ќе го платат европските сојузници, но не даде детали за тоа како ...

Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и ...

Три лица се убиени, а десет, меѓу кои и три деца, се ранети во руските напади во Украина во текот на изминатите 24 часа, изјави началникот на регионалната воена администрација на Харков, Олег Синегубов. Тој рече дека шест села во регионот Харков биле нападнати. Во селото Лиман, општина Вовчанск, биле убиени жена на неодредена возраст и 49-годишен маж. Синегубов додаде дека утрово, руските сили го нападнале и градот Лозова со 33 дронови. Во ...

Доцна синоќа, нешто по полноќ, струшката полиција интервенирала на паркинг во градот по пријава за гласна бучава и вознемирување на јавниот ред и мир. Според информациите од МВР, на местото биле затекнати повеќе од 500 лица и околу 120 спортски и луксузни возила, кои – наводно – биле дел од неформална изложба на автомобили. Настанот се одвивал во периодот од 00:30 до 02:00 часот, а полицијата реагирала веднаш по пријавата. Лицата не постапиле по ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ја укинуваат вонредната состојба што беше во сила од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, што вклучуваше продолжување на службата на резервистите за четири месеци. Овој потег ќе доведе до намалување на бројот на воен персонал и намалување на бројот на редовни војници во наредните недели. Одлуката за намалување на воениот персонал дојде кратко откако придружбата на премиерот Бенјамин ...

Претседателот на Чешка Петр Павел денеска изјави дека привремената окупација на дел од територијата на Украина е прифатлива цена за нејзиниот опстанок и рече дека Прага и другите сојузници на Украина никогаш нема правно да ги признаат окупираните територии како дел од Русија. „Привремената окупација на дел од територијата може да биде цената на опстанокот на Украина како суверена држава“, изјави претседателот на Чешката Република во интервју за ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинските трупи во североисточниот дел на земјата се борат против странски платеници од Кина, Пакистан и неколку африкански држави. Зеленски ја обвини Русија за регрутирање странски борци, додека Пекинг ги отфрли ваквите тврдења. Според светските медиуми, илјадници севернокорејски војници биле распоредени во рускиот Курски регион. Украинскиот претседател ова го соопшти по посетата на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси. Тие се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на „Ер Форс Уан“ откако го напушти својот голф клуб во Њу Џерси. ...

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три лица беа убиени во нападот врз општина Степногорск, објави началникот на Запорожјеската локална воена администрација (ОВА), Иван Федоров. Според него, руските трупи извршија воздушен напад врз Белогир – 296 беспилотни летала од различни модификации (претежно ФПВ) ги нападнаа Камјанск, Хуљајпоље, Орихив, Шчербаки, Новоданиловка, Мала Токмачка, Чаровне и ...

Попладнево на територијата на државата заклучно со 21 часот се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се четири, под контрола се два, а 14 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со шуми. Активни се пожарите во Општина Чашка: над Богомила каде гори мешана шума, во Општина Липково помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане каде е опожарена нискостеблеста шума, во Општина Студеничани во с. Дречевица каде има шумски ...

Откако утрово Камчатка ја погоди земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Тихиот Океан, на 279 километри од главниот град на тој руски регион, Петропавловск-Камчатски, регионалниот штаб на Министерството за вонредни ситуации објави дека цунами може да се приближи до регионот, јавуваат повеќе новински агенции. Според пресметките на Центарот за следење и предупредување од цунами на Камчатка , можно е цунами ...

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје и воена опрема со Израел, а уште во мај годинава наредил прекин на воената соработка со државата. Бидејќи купувањето и продажбата на воена опрема и вооружувањето е во надлежност на владата на Хрватска, претседателот ја повикува владата да постапи еднакво и да ја прекине трговијата со воена опрема со актуелната власт на државата Израел, изјави ...

Напад со беспилотни летала предизвика голем пожар во складиште за нафта во рускиот туристички град Сочи рано наутро на 3 август, според локалните власти, пренесува Кијив Индипендент. Повеќе од 120 пожарникари беа распоредени за да се борат со пожарот, кој зафати резервоар за гориво во областа Адлер, изјави регионалниот гувернер Венијамин Кондратиев на својот канал Телеграм. Резервоар за гориво од 2.000 кубни метри (приближно 70.000 кубни стапки) ...

Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи ослободување на сите заложници што сè уште се држат во Појасот Газа. Палестинската милитантна група Хамас користи заложници за „експерименти со гладување“, изјави братот на 24-годишниот Евјатар Давид во Тел Авив, цитиран од „Тајмс оф Израел“. Пропагандно видео на Хамас на кое се гледа многу ослабениот Давид беше објавено со дозвола од неговото семејство претходно вчера. Скоро ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да уништи контрацептивни средства во вредност од речиси 10 милиони долари, наместо да ги испорача на жени во странство, а откако беше прекината програмата за странска помош спроведена преку Американската агенција за меѓународен развој (USAID). Портпаролот на Стејт департментот потврди дека е донесена „прелиминарна одлука“ за уништување на контрацепцијата, при што трошоците за нивното ...

Наспроти заканите, воените потези и неуспешните дипломатски иницијативи, дискусиите за војната во Украина се развиваат, додека атмосферата меѓу Вашингтон и Москва останува како во студената војна. Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе испрати две американски нуклеарни подморници во соодветните области, реагирајќи на објавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој ги бранеше постапките на Москва и предупреди ...

Украинската војска соопшти дека нападнала нафтени постројки во Русија, вклучувајќи голема рафинерија, како и воен аеродром за беспилотни летала и фабрика за електроника. Во соопштение на Телеграм, украинските сили за беспилотни системи соопштија дека ја погодиле рафинеријата за нафта Рјазан, околу 180 км југоисточно од Москва, предизвикувајќи пожар во нејзините постројки. Исто така, според американските воздухопловни сили, погодено е и ...

Европската демократска партија денеска посочи дека српското раководство, почнувајќи од претседателот Александар Вучиќ, продолжува да ја избегнува одговорноста за падот на настрешницата во Нови Сад и ги повика европските лидери да застанат на страната на граѓаните кои бараат вистина, безбедност и одговорност.На денот кога се навршуваат девет месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица, европските демократи велат дека граѓаните и ...

Најмалку три лица беа убиени во текот на ноќта во нападите со украински дронови во јужна Русија, соопштија локалните власти. Нападите се случиле во регионите Ростов и Пенза, како и во Самара, која е далеку од линијата на фронтот. Руската војска соопшти дека преку ноќ пресретнала 112 украински дронови. Во Украина едно лице загина, а две други се повредени во руско гранатирање утрово на градот Херсон, објави Воената администрација на Херсон на ...

Ангелина Апсис: Патриотизам не е само да го ставиш знамето, грбот, химната. Вистински патриотизам е да го фрлиш ѓубрето во корпа, да ги почитуваш возрасните и да ги почитуваш послабите од тебе. Да ги почитуваш оние кои размислуваат поинаку од тебе. Патриотизам е кога нема повеќе да има заштита на велосипедските патеки, затоа што тие ќе бидат загарантирани за нив. Да ги почитуваш велосипедистите и пешаците и секое дрво, цвет. Патриотизам е да го ...

Франција повеќе нема да прифаќа луѓе кои го напуштаат Појасот Газа пред да заврши истрагата за условите под кои на студентка чии антисемитски објави подоцна беа пронајдени на социјалните мрежи ѝ беше дозволен влез, објави француското Министерство за надворешни работи. „Никаква операција од ваков вид, никакво отстранување нема да се случи додека не ги добиеме резултатите од оваа истрага, изјави министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро за ...

Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните руски напади во Киев, според ново ажурирање од службите за итни случаи на украинската престолнина, кои утрово извлекоа нови тела од урнатините. Исто така, има 159 повредени во нападот, додека во украинската престолнина е прогласена состојба на жалост. Претходно, украинското Министерство за внатрешни работи објави 26 смртни случаи, вклучувајќи три деца, по масовните напади со ракети и беспилотни летала што ...

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, ...

Вооруженото крило на Хамас (Исламски џихад) објави видео во четвртокот од израелски заложник држен во Газа, кој беше киднапиран за време на крвавиот напад на Хамас врз Израел на 7. октомври 2023 година. Во видеото, кое трае повеќе од шест минути, заложникот, кој зборува на хебрејски, одбива да го открие својот идентитет и бара од израелската влада да преземе мерки за негово ослободување. Агенцијата Франс Прес не можеше да ја потврди ...

Веле Митаноски: Жал ми е што морам да кажам дека претходно министрите (тошковски, муцунски и љутков), а, подоцна и премиерот, во пустец, ги занемарија вистинските претставници на македонската заедница во албанија и се потпреа на лажните претставници, на непостоечки здуженија и друштва!!!. Меѓу домаќините имавте и лица кои директно работаат на побугарчувањето на етничките македонци во долна преспа и голо брдо, а во највисоки институции во ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.85
79%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
83%
1016
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
85%
1023
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
87%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
88%
1018
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209