Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски е малку веројатна и дека можеби ќе бидат потребни американски авиони за да ѝ помогнат на Европа да ја заврши војната. Трилатералната средба ќе се случи, билатерална – не знам. Понекогаш луѓето не се подготвени за неа. Користам аналогија. Имате дете, а друго дете е на игралиштето. Тие се мразат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика меѓународните лидери да извршат притисок врз Москва пред патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Кина за состанок на Шангајската организација за соработка (ШОС), јави ДПА. Зеленски синоќа изјави дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, кој треба да се сретне со Путин на самитот во кинескиот град Тјенџин. Зеленски рече дека очекува Моди да работи во прилог на прекин на ...

Денешното убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, истакната личност во политичкиот живот на земјата, е „внимателно испланирано“, изјави претседателот Володимир Зеленски. За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен рапорт до граѓаните додавајќи дека се прави сè за да се реши злосторството. Поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, водечка личност на ...

Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и одигра истакната улога во револуцијата на Евромајдан, денеска е убиен во Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил убиен по пукање во западниот украински град. Ирина Херашченко, пратеничка од партијата Европска солидарност, потоа за „Кијив Индепендент“ потврди дека жртвата бил Парубиј. Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот ...

Едно лице е убиено, а други се повредени во Запорожје по рускиот напад од големи размери во текот на ноќта. Руските сили започнаа воздушен напад врз Украина користејќи ударни беспилотни летала и ракети лансирани од воздушни, копнени и морски платформи. Вкупно, радиотехничките единици на воздухопловните сили открија и следеа 582 воздушни закани: 537 ударни беспилотни летала од типот „Шахед“ и разни беспилотни летала-мамки лансирани од руските ...

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, истакна дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на ЕУ поради конфликтот во Украина, да бидат вратени без Русија да ги надомести штетите од војната. Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, рече Калас пред медиумите, пред почетокот на состанокот на ...

Министерството за здравство во Газа, контролирана од Хамас, денеска објави дека бројот на жртви во Појасот Газа од почетокот на 22-месечната војна меѓу Израел и Хамас се искачи на 63.025. Според АП, бројот на жртви не прави разлика помеѓу борци и цивили. Министерството за здравство, кое е дел од Хамас, вработува медицински експерти и се смета за најсигурен извор на информации за жртвите во војната, според Обединетите нации и независните ...

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кaja Калас, остро ги осуди масовните руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции. Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на сите мировни напори кои се прават, рече Калас по пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни ...

Русија концентрирала 100.000 војници во близина на Покровск, клучен град во источна Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Ситуацијата во областа на Покровск „денес е највознемирувачка“, бидејќи Русија таму натрупала „до 100.000 војници“, рече Зеленски на средба со новинари и оцени дека Русите „во секој случај подготвуваат офанзивни акции“. Зеленски денеска рече и дека треба да се зајакне притисокот врз рускиот ...

Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија. ДИК, како што посочуваат од Комисијата, има одлична соработка со сите релевантни институции за ...

Студентите во блокада на факултетите во Србија потврдија на својот официјален профил на социјалните мрежи дека на 1 септември ќе им се придружат на средношколците во големиот протест што го најавија пред неколку дена. Средношколците во блокада од градови низ Србија најавија најава за протест за 1 септември „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешница“. Српски медиуми јавија дека на првиот ден од учебната година, со поддршка на ...

Министрите од Европската Унија денеска остро ја осудија најновата серија руски воздушни напади врз Кијив, во кои загинаа повеќе лица, меѓу нив и деца, и повикаа на воведување построги санкции против Москва, јави ДПА. Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на секој обид за мир, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни ...

Емилија Целакоска: Математички било, а никој не знае од каде ги вади процентите за платите. Б. Јовановиќ вели „ги мачеле податоците”, мене повеќе ми личи дека не знаат што зборуваат. Математички е вака, (нова – стара)/стара, па: Зголемување од 2024 јуни до 2025 јуни на просечната нето плата ви е 8.34%, а не 6.5% (глупави за себе): (45468-41969) / 41969 = 3499/41969, а тоа е приближно 0,08334 т.е. 8,34% пораст од ланската просечна нето плата во ...

Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму подвлекоа дека ситуацијата е под ...

Поддршката за Украина и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија се главните теми на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Литванската министерка за одбрана Довила Шакалиене истакна дека секундарните санкции се најефективниот начин за блокирање на финансирањето на руската војна во Украина. Од друга страна, естонскиот министер за одбрана Хано Певкур нагласи ...

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови во главниот град Киев и на други места. Според извештаите, најмалку 14 лица загинале, а десетици се повредени. Денешниот напад беше најголемиот што го погоди Кијив во последниве недели и е најнов показател дека Русија нема намера да се повлече од нападите, ниту на бојното поле, ниту врз цивилни цели. Овој напад доаѓа и речиси две недели по ...

Сите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, освен САД, на прес-конференција повикаа на итен прекин на огнот во Газа и изразија загриженост поради „намерно предизвиканиот“ глад во палестинската енклава. Изразуваме длабока загриженост поради податоците за гладот во Газа, изјави заменик-постојаниот претставник на Гвајана во ОН, Тришал Персо, и истакна дека ова е „прв пат гладот официјално да биде потврден во регионот на Блискиот ...

Европската Унија денеска остро го осуди синоќешниот руски напад врз Кијив, во кој, според најновите податоци, беа убиени најмалку десет лица, а меѓу погодените згради беше и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина. Руските сили во текот на ноќта започнаа голем напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, при што загинаа најмалку 10 лица, беа повредени 38 и беа оштетени станбени и други згради во седум области, соопштија украинските власти ...

Осум сириски војници вчера загинаа во израелските напади со беспилотни летала врз јужните предградија на Дамаск, додека неколку други беа ранети, соопштија сириски претставници и сирискиот Центар за мониторинг на човекови права со седиште во Велика Британија. Сириската државна агенција САНА објави за дополнителни израелски воздушни напади, но деталите за тие акции сè уште не се познати. Според САНА, во првичните напади биле погодени сириски ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку осум лица, вклучувајќи едно дете, загинале во синоќешниот руски ракетен напад врз Кијив. Зеленски изјави на X дека тимови за итни интервенции моментално ги чистат урнатините на петкатната станбена зграда, додека потрагата по евентуални преживеани продолжува. „Ова е уште еден масовен напад врз нашите градови и заедници. За жал, веќе е потврдено дека најмалку осум лица загинале, а ...

Украина вчера ја критикуваше Русија за планот за повлекување од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување на тортура, коментирајќи дека предлогот е премолчено признание на вината на Москва. Украинските власти ја обвинија Русија за воени злосторства и мачење цивили и воени заробеници откако започна руската инвазија во 2022 година. Русија ги негира обвинувањата. Руската влада на својата веб страница во понеделникот објави планови за ...

Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 ...

Сефер Селими: Апсолутно се согласувам дека ДУИ не се албанците, како што манипулираше со потсвеста на македонските граѓани ВМРО ДПМНЕ кога ја обвинуваше ДУИ, а алудираше на Албанците. Но, од каде го црпи правото ВМРО-ДПМНЕ да се повикува на етничките Македонци?! Ниту ДУИ се Албанците, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ се Македонците. Македонците во Северна Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно на она што го нуди оваа ...

Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмунсен му нареди на највисокиот дипломат во амбасадата на САД во Копенхаген да се појави на разговор поради извештаите дека американски граѓани спровеле операции за мешање во внатрешните работи на Гренланд, објави денеска данската јавна телевизија ДР, цитирајќи го министерот. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека сака САД да го преземат богатиот со минерали и стратешки лоциран арктички ...

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека македонскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски се претстави со исклучителен успех на 31. Сараевски филмски фестивал кој се одржа од 15 до 22 август. Филмот беше дел од најпрестижната фестивалска програма – главна конкуренција за долгометражен игран филм, каде што ја освои публиката и критиката, и оствари 3 значајни награди: UniCredit Audience Award – ...

Велика Британија ќе овозможи група студенти од Појасот Газа да го завршат своето образование на универзитетите во земјата, соопшти денеска Владата. Според Би-Би-Си, околу 40 студенти ќе добијат финансиска помош преку државни програми и приватни стипендии. За да можат студентите да го продолжат своето образование, израелската Влада прво мора да го одобри нивното излегување од Појасот Газа, по што ќе се провери нивниот идентитет, соопшти ...

Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинската и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...

Коалицијата ВРЕДИ денеска до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи откако ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари потрошил за ОБСЕ Самитот без документација и евиденција додека бил министер за надворешни работи. ВЛЕН денеска поднесува пријава до Јавното обвинителство за да се пристапи по негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за времето кога министер беше Бујар Османи. Ревизорите утврдија дека над 120 милиони денари се ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија предлогот ...

Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10 007 000 патници, што е намалување за 6.3 проценти во однос на истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо намалување од 27,7 проценти има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6 проценти, меѓуградскиот со 5,2 проценти, како и приградскиот 3,5 проценти. Вкупниот број на патничките километри во втоорто ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1021
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
4.12
60%
1021
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.85
79%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
83%
1016
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1017
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1019
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
85%
1023
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
87%
1023
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
88%
1018
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209