Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Еко-акција Генералка викенд денеска официјално ќе биде отворена со прес-конференција позади Владата покрај кејот на реката Вардар. Како што се наведува во соопштението на организаторите денеска, утре и задутре по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд. Додаваат дека рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и ...
Ракометарите на Вардар во дуелот од 7.коло од плеј офот од Супер лигата вечерва го совладаа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 34:19 (18:12). Со новите два бода „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови или осум повеќе од вториот Охрид што воедно значи недостижна предност на три кола до крајот на првенството и нова шампионска титула за Вардар. Натпреварот беше далеку од дерби бидејќи „црвено-црните“ имаа целосна доминација и контрола над ...
Велшката музичка легенда Бони Тајлер беше хоспитализирана во Португалија, каде што има дом, по итна операција на цревата, а странските медиуми сега објавуваат дека нејзината состојба се влошила. Бони Тајлер, 74-годишната пејачка најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“ и „Holding Out for a Hero“, заврши во болница во Фаро, Португалија, откако мораше да се подложи на итна операција на цревата. На нејзината официјална страница, ...
Шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, денеска изјави дека Берлин ја поддржува целта на САД да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје и оцени дека досегашните американски акции значително ги ослабнаа иранските ракетни капацитети. Во интервју за Блумберг, Вадефул рече дека односите меѓу Берлин и Вашингтон, и покрај несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц, се уште се ...
Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум. Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола соопшти дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. Потврдува дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи. „Во рамките на нашите надлежности, училиштето ...
ФИФА и „Фанатикс“ потпишаа долгорочен ексклузивен договор според кој „Топс“, во сопственост на „Фанатикс“, ќе стане ексклузивен производител на колекционерски картички за размена, сликкички и игри за Светското првенство и други настани на ФИФА, почнувајќи од 2031 година. Овој потег го прекинува децениското партнерство со „Панини“, чии сликички обликуваа генерации фудбалски фанови. Финансиските услови на договорот не беа откриени, но извор ...
Нови непријатни вести стигнуваат од таборот на Реал Мадрид пред дербито во недела со Барселона. За време на тренингот во средата по еден груб старт дошло до тепачка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Соиграчите успеале да ги раздвојат. Но, имало и „второ полувреме“ според „Марка“ Валверде одбил во соблекувалната да се поздрави со Чуамени, а се продолжило со непријателски разговор и тепачка. Капитенот Валверде морал во болница со ...
Министерството за образование и наука започна постапка за поништување дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Славјанскиот универзитет, по утврдени неправилности во запишувањето студенти на втор и трет циклус студии. Меѓу засегнатите е ѝ Денис Арсовски, магистер по специјална едукација и рехабилитација, кој за Телма во телефонски разговор објаснува дека целиот процес на неговото школување бил спроведен со знаење и одобрение на сите ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, извршил увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Како што информираат од Министерството, средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на МЖСПП, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, изградба на фекална и ...
Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е ( 20) , државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР штип и се преземаат мерки за ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, очекува до крајот на годината да завршат сите процедури за да може од почетокот на наредната година производителите на електрична енергија од обновливи извори непречено да учестуваат на европскиот обединет пазар. – Како Регулатор, секојдневно работиме на правната регулатива за поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија со европскиот пазар. Засега и ...
За три месеци се подигнати речиси 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан – информира денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање по одржаната прес-конференција. Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. – Ние ги затегнавме на некој начин условите заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов денеска на средба со новинарите изјави дека не очекува да има драстично зголемување на цената што ја плаќаат крајните потрошувачи приклучени на системот за топлинска енергија. „Во делот на гасот засега нема големи флуктуации за разлика од оние што се случуваат кај нафтените деривати и неговата цена е релативно стабилна. Дали ќе има покачување на цената на топлинската енергија за ...
Државниот завод за статистика за април измери годишна инфлација од 5,7 отсто, што е значајно зголемување во однос на претходниот месец кога трошоците за живот (преку кои кај нас се мери стапката на инфлација) беа 4,9 отсто, а во февруари 2,9 отсто. Тоа значи дека годишната инфлација за само два месеци речиси е двојно повисока. Премиерот Христијан Мицкоски речиси секојдневно потенцира дека имаме најевтини цени на бензините споредено со земјите ...
ИРЛ ги демантира , како што велат, лажните тврдења за договорот со МРТВ објавени во некои провладини медиуми како дел од организирана кампања. „Изминативе неколку денови, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) повторно е цел на координирани напади од страна на интернет порталите Плус Инфо, Лидер и Нетпрес, како и со нив поврзани социјални платформи, кои дистрибуираат лажни и непрофесионални информации со цел дискредитација на ...
Уште еден поранешен кадар на Има таков народ на Слави Трифонов, Велислава Петрова-Чамова, влегува во владата на Румен Радев. Таа беше заменик-министер за надворешни работи за време на коалициската влада на Кирил Петков, кога министерка за надворешни работи беше Теодора Генчовска исто така од квотата на ИТН. Потоа била дел од официјалниот кабинет на Галаб Донев, кога министер беше Николај Милков, поранешен секретар за надворешна политика на ...
Вашингтон – Доналд Трамп објави нов цртан филм генериран од вештачка интелигенција на неговата платформа Truth Social. Сликата се потсмева на администрацијата на неговиот претходник, Џо Бајден. Сликата го прикажува Бајден во пругасти пижами како спие на своето биро во Овалната соба, со стопен сад со сладолед пред него, честа референца на Трамп за омилениот десерт на поранешниот претседател. Трамп напиша покрај објавата: „„Многу точен приказ ...
Македонија и покрај одреден напредок сè уште значително заостанува зад земјите членки на Европската Унија, поради што се неопходни длабоки реформи, побрз економски раст и поефикасни институции, изјави главната извршна директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски, на денешниот брифинг со новинарите за претсојниот Самит 2026. Таа информираше дека годинава Самитот „Македонија 2025“ има цел да понуди конкретни решенија и јасни ...
Со мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој на Северна Македонија“, вториот Германско-македонски бизнис-самит 2026, денеска, во Скопје, собра речиси 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од бизнис-секторот, политиката и институциите од Северна Македонија, Германија и регионот. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ова е самит кој е додадена вредност во односите помеѓу ...
Оваа година Литература.мк одбележува 10 години посветени на книгите, читателите и културните навики што растат заедно со нас. Во изминатата деценија, брендот се позиционираше како едно од клучните места за книги, подароци и училишна програма, создавајќи препознатлив културен простор каде читањето станува навика, а изборот на подарок добива друга димензија. По повод јубилејот, од 7 до 24 мај се реализира продажната акција „10 години ...
Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 GWh и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) ...
ОВР Прилеп, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, реализираше случај поврзан со недозволена трговија со оружје сторена од стрелачки клуб од Прилеп. На 6 мај 2026 година до Основното јавно обвинителство Прилеп е поднесена кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп, како и против стрелачкиот ...
Се уште не е формирана новата влада во Бугарија, а Христијан Мицкоски веќе најавува влошување на односите, а министарот Тимчо Муцунски изјавува дека „нема услови за уставни измени“ – стои во реакцијата на СДСМ по денешната прес конференција на министерот кој ја недојдена влада во Софија почнува да и ја „затвора“ вратата за дијалог, тврдејќи истовремено дека не ние, туку Софија бега од него. -Истата таа влада која пред неколку дена најавуваше ...
Вообичаен лек за крвен притисок би можел да стане оружје во борбата против една од најопасните и најтешките за лекување бактериски инфекции. Нова студија од тим истражувачи во Истражувачкиот институт Хјустон Методист во Тексас покажа дека лекот “кандесартан цилексетил” може да го запре ширењето на сој на бактерии отпорен на антибиотици познат како метицилин-резистентен стафилококус ауреус или MRSA. Во лабораториски и животински студии лекот ...
Македонската промоција на двете најнови албумски остварувања на Влатко Стефановски – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на најголемата дискографската куќа во регионот „Кроација рекордс“ од Загреб, денес, во хотелот „Холидеј ин“ привлече големо внимание во културната и музичката јавност, во присуство на министерот Љутков, бројни медиуми, некогашни и сегашни менаџери, пријатели, соработници ...
Младиот Кинез Ву Јизе, импресивен 22-годишник кој стана нов светски шампион во снукер, се откажа од многу работи за да ги исполни своите соништа и да стане професионалец. Во понеделник, Јизе стана вториот најмлад играч во историјата на снукерот што стана светски шампион. Единствениот помлад од него на 21 година беше легендарниот Стивен Хендри во 1990 година. Тој ја освои титулата победувајќи го Шон Марфи со 18:17 во големото финале и со тоа ...
На 8, 9 и 10 мај низ целата држава ќе се одржи шестото издание на најмасовната еколошка акција „Генералка викенд“, која и годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери во обид за чистење на јавните површини и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Акцијата ќе се реализира истовремено на повеќе од 500 локации во околу 80 општини, со вклучување на над 600 организации, институции и компании, што ја прави најголема логистичка операција ...
Не сите земји кандидати ќе станат членки на ЕУ, оценува Стефан Лене, виш соработник во Карнеги фондацијата, во својата анализа како да се смени процесот за проширувањето на Унијата. Иако анализата опфаќа над десетина страници, во неа ниту еднаш со име не се споменува Македонија, освен како Западен Балкан, но во неа има јасно изразено очекување дека земјите што имаат нерешени билатерални спорови – веројатно нема да станат членки на Европската ...
Вчера во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња. Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се преземаат ...
Студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) вчера соопшти дека студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“ сè уште не ги добиле парите што им следуваат како ослободување од плаќање партиципација. Тие додаваат дека, и покрај обидите решението да се најде преку дијалог, досега не е постигнат напредок. „Сметаме дека е крајно некоректно и потценувачки студентите да бидат третирани на ваков начин и да се доведуваат во подредена положба“ ...