Повеќе од 1.000 млади, волонтери од земјава, но и од странство, ученици, вработени во јавните градски претпријатија, утрово од зад Владата на кејот на Вардар почнаа да го собираат ѓубрето како дел од акцијата „Генералка викенд“, што ќе трае во следните три дена. Неколкуте нивоа на кејот на Вардар, барем во тој дел, изгледаа прилично чисто, за наши услови, но тие најдоа по некој опушок, ситно хартивче или тапа, ги навлекоа ракавиците на ...

Модерните туристи во последно време не се фокусираат само на знаменитостите во дестинацијата што планираат да ја посетат, туку сѐ повеќе се интересираат и за храната што ќе ја вкусат на своето патување. Последните статистики говорат дека речиси секој петти турист во светот активно бара нови ресторани или кулинарски авантури, додека половина од нив резервираат ресторан дури и пред резервацијата на својот лет. Тоа е јасен знак дека ...

Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во ЈИ Европа, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал „Енерџигејм“ (Energygame) и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање на проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои, според неа можат да ...

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...

Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 година, ...

Минатиот април, Владимир Путин го посети кампусот на Московскиот државен технички универзитет Бауман, сместен на бреговите на реката Јауза во источниот дел на градот и дом на некои од најсветлите научни умови во земјата. Тој го обиколи кампусот, се сретна со студенти и се пофали со амбициозните планови на Москва за вселенски мисии на Месечината и Марс. „Имате сè што е потребно за да бидете конкурентни“, им рече Путин на студентите. Она што ...

На 11 мај во Скопје, во просториите на Сули Ан, ќе се одржи првото издание на Resonant Earth: Collective Ritual (Скопје I), нов музички проект на Јордан Костов. Овој проект ја поставува музиката како отворен процес на заедничко создавање, надвор од жанровски ограничувања и фиксни форми. Resonant Earth: Collective Ritual е жив, колективен музички чин во кој различни културни традиции, инструменти и музички јазици се спојуваат во едно ...

Женева – Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на хантавирус на крузерот, која предизвика три смртни случаи, не претставува „почеток на епидемија“ ниту „пандемија“ во оваа фаза. „Ова не е почеток на епидемија. Ова не е почеток на пандемија, но е совршена можност да се потсетиме дека инвестициите во истражување на патогени како ова се клучни бидејќи терапиите, тестовите и вакцините спасуваат животи“, изјави ...

Потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава се претставени пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, од страна на концесионерот ТАВ Македонија, а со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји. За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, Владимир Граматиков, ги ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст интервју „Риштази“ на Коха најави дека следната недела СДСМ ќе го промовира новиот предлог-закон за борба против корупцијата, кој ќе се темели на дигитализација и европски принципи, по примерот на Естонија. „Мора да се направат реформи во системот пред сѐ правосуден, поради тоа што граѓаните тоа го бараат. Тие реформи не можат да се направат без пристапните преговори со Европската Унија“, ...

Институтот за проучување на војната (ISW) објави мапа и анализа на синоќешните американски воздушни напади врз цели во јужен Иран, што дојде како директен одговор на иранскиот напад врз американските разурнувачи во Ормускиот теснец. Централната команда на САД (CENTCOM) потврди дека нејзините сили ја „елиминирале дојдовната закана“ и ги нападнале иранските воени објекти одговорни за нападите. Според официјалниот извештај, иранските сили ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази” на Коха, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре, се вели во соопштението од СДСМ. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си мисли, дека е монарх некој? Па ...

Екипите на Астон Вила и Фрајбург се изборија за пласман во финалето на Лига Европа откако синоќа постигнаа победи на реванш полуфиналните дуели. Во пресметката на премиерлигашите и поранешни европски шампиони Астон Вила го победи Нотингем Форест со 4:0. Астон Вила поведе со голот на Оли Воткинс во првиот дел и на тој начин ја анулираше предноста на ривалот од првиот натпревар. Во второто полувреме на 2:0 од пенал зголеми Емилијано Буендиа, а ...

Екипите на Кристал Палас од Англија и на Рајо Ваљекано од Шпанија ќе играат во финалето на Конференциската лига што ќе се игра на 27. мај во Лајпциг. Премиерлигашот Кристал Палас и во реваншот постигна победа против украински Шахтјор со 2:1 и со вкупни 5:2 го елиминира ривалот. Кристал Палас поведе со автоголот на Педро Хенрик во 25. минута, а изедначи Егиналдо во 34. минута. Конечните 2:1 ги постави Исмаила Сар во 52. минута. Рајо Ваљекано ...

Заради мојата поранешна политичко-партиска активност многу ретко учествувам на невладини или граѓански иницијативи, протести. Не дека не ги подржувам или сум против невладино и непартиско ангажирање. Напротив, од секогаш сум го изнесувал својот став во нивна подршка. Причината за неприсуство на нивните протести е едноставна. Противниците од било која партиска припадност што е на власт, на моето присуство на протест, веднаш ќе му залепат ...

Федерален суд ги прогласи за нелегални царините од 10% на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија во четвртокот со гласање од 2 спрема 1 пресуди дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување царини, пишува CNN . Во пресудата се вели дека администрацијата се повикала на член 122 од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина. Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“. „Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од Ормуската Теснина, под оган. Немаше штета ...

Додека домаќинствата низ целиот свет се борат со трошоците од американско-израелската војна во Иран, некои компании наместо тоа жнеат огромни профити. Неизвесноста предизвикана од конфликтот и блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран ги зголемуваат трошоците за живот и ги оптоваруваат буџетите на компаниите, семејствата и владите. Но, додека некои се туркаат на работ на опстанок, други, чии бизниси се попрофитабилни во време на војна ...

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес. Оваа најава следува по обвинувањата на опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за внатрешни работи е противуставен. Тошковски оцени дека станува збор за обид на ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс поведоа со 2:0 во полуфиналната серија од плејофот за титулата во НБА. Чет Холмгрен и Шаи Гилџус-Александар постигнаа по 22 поени за да го предводат Оклахома Сити до победа од 125-107 над Лос Анџелес Лејкерс, додека Пистонс ги победија Кливленд Кавалирс со 107-97 и го зголемија водството. За актуелните шампиони од Оклахома, кои сè уште се непоразени во плејофот и имаат скор од 6:0, Аџај ...

Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес, денес (8.5.2026 г.) во 18:30 часот свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција. На ...

Иранската агенција Фарс соопшти дека биле слушнати неколку експлозии во близина на градот Бандар Абас, додавајќи дека потеклото и точната локација на детонациите засега не се познати, пренесе Ројтерс. Во меѓувреме, агенцијата Мехр јави дека одекнале експлозии и на островот Кешм, кој се наоѓа наспроти Бандар Абас во Ормуската Теснина. Американските вооружени сили денеска ги нападнаа иранското пристаниште Кешм и Бандар Абас, објави на ...

Американски военоморски единици, кои дејствуваат во реонот на Ормуската Теснина, се нашле под ирански ракетен оган откако САД нападнаа ирански нафтен танкер, објави иранската државна радиотелевизија. Иранските медиуми пренесуваат дека американските воени пловни објекти биле принудени да се повлечат откако претрпеле значителни штети при иранските ракетни удари. Засега не е јасно кога точно се случил инцидентот. Пентагон сè уште не ја ...

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА. Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција. Вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, вечер во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели. Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај 2026 година во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. Како што информираат од КИЦ Истанбул, изложбата претставува комплексна синтеза на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, ...

На градскиот плоштад во Тетово денеска ќе се одржи симулациска вежба по повод Неделата на сестринството, во организација на Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија. Настанот, како што наведува организаторот, има цел унапредување на подготвеноста и координацијата при интервенции во итни и кризно-уредени ситуации, преку ...

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Можниот прекин е поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување. Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
3.81
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
1.29
89%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
63%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33