Реномираниот „Охрид фест“ оваа година по 29-ти пат ќе се одржи на 2-ри и 3-ти септември на Долни сарај Фестивалот започнува со фолк вечер а втората фестивалска вечер ќе биде интернационална. На 2-ри септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, свое шоу ќе има популарниот пејач од Србија – Мирослав Илиќ, а во втората фестивалска ноќ на 3-ти септември ќе видиме многу атрактивни музички имиња од ...

„Zašto ranije nisi došla“ е насловот на вториот сингл на „Дивље јагоде“, кој ќе се најде на претстојниот студиски албум. Овој пат се работи за рок балада отпеана во препознатлив стил од Тони Јанковиќ а текстот и музиката се на Зеле Липовача. Искрено, тешко ми е да предвидам колку време ќе биде потребно за оваа песна да биде препознаена како многу други балади што Тони ги отпеал досега, но верувам дека оваа необична балада наскоро би можела да ...

Вечерва во Музејот на македонска борба, со почеток во 20 часот, ќе се реализира концертен настан со особена тежина – вечерен рецитал на бас-баритонот Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска под наслов “Песни од патувања”, посебна тема исполнета со уметнички песни испеани на неколку јазици. Овој македонски млад уметник со зрела кариера и бројни настапи низ Европа, кој живее и работи во Виена, Австрија, ќе ја почести македонската публика ...

Ник Кејв наскоро треба да се појави како анимирана верзија на себе заедно со шведскиот рокер Thåströmom во новата анимирана ТВ серија „Before They Were Gods“. Серијата ќе ја режира шведскиот режисер и писател Манс Марлинд а ја развива продукциската куќа Yellow Bird. Приказната е сместена „во имагинарен свет во кој двајцата музичари биле блиски пријатели како 14-годишници, пред да се претворат во големи рок богови“. Се додава дека двајцата ја ...

Како и се во Македонија, така и оваа препознатлива музичко-забавна манифестација после пауза од две години поради коронавирусот, се враќа во градот под Исарот. Општина Штип која го организираше овој голем музички настан, каде се јадеше најголемата пастрмајлија, а на дневна основа угостителите не можеа да постигнат со произвотство и продажба на пастрмајлии, повторно пред штипјани и граганите од цела Македонија. Како што дознава Музика24 од свои ...

Еден од најактуелните артисти во моментов, Девито, утре вечер (16.06) ќе го одржи својот прв концерт во Битола. Мистериозниот пејач, чиј зашититен знак е маската е вистинска атракција особено кај помладите па според продажбата се очекува масовна посетеност. Тоа не е се, Сцена продукција се потруди да ги задоволи сите музички вкусови па на 17-ти јуни на Ракометно ќе ечи рок звук. Поради големиот број на обожаватели тука, легендарниот Момчило ...

Заврши куќниот притвор за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнување пожар во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, настан кој се случи на 4 јуни во раните утрински часови. Како што информираше неговиот адвокат, Дарко Стефановски, пејачот од денеска е на слобода, но одземен му е пасошот како мерка на претпазливост. Првично на Алабаковски му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение ...

Како што е познато, режисерот Тод Филипс најави дека филмот „Џокер“ ќе добие продолжение. Покрај Хоакин Феникс (кој треба повторно да го глуми Џокерот), во овa продолжение ќе глуми и Лејди Гага, која треба да го игра ликот на Харли Квин. Според The Hollywood Reporter, претстојното продолжение ќе биде мјузикл. Засега, Хоакин Феникс се уште е во преговори со студиото Ворнер за неговата вклученост во филмот. Лејди Гага пак преговара да ја игра ...

Пејачот на „Iron Maiden“, Брус Дикинсон изјави дека сака бендот да го замени доколку открие дека повеќе не може да пее. Во ново интервју рокерот изјави и дека би сакал да се изјасни при изборот на неговата замена. Кога ќе се сретнеме, секогаш ја кажуваме истата шега. „Дали сите се живи?“ Отсекогаш сме биле искрени со нашата публика. Ако во иднина не можам да испеам повеќе од четири песни, би сакал момците од бендот да продолжат и јас да можам да ...

Први јули на летната сцена Сиеста ќе правиме блуз-фиеста. Вашиот омилен лик – Игор Џамбазов, и неговиот вечен блуз-сопатник Гуру Харе со бендот, после скоро една деценија, на задоволство на сите ќе ги отпее добропознатите хитови од неговата соло кариера но и соработките со многу македонски и балкански музичари. „Диши длабоко“, „Скопје, Сарај, Матка“, „Време за плачење“, „Стојаково блуз“, „Хотел Македонија“, „Во Бестрага“, „Скопјанец Битола“ се ...

Легендарниот гитарист Џеф Бек и Џони Деп, како еден од основачите на супергрупата „Hollywood Vampires“, најавија издавање на заеднички студиски албум „18“ чиешто издавање е закажано за 15 јули (ЦД и дигитално), а најавена е и винил издание за 30 септември. Џеф Бек најде „сродна душа“ во Џони Деп во 2016 година кога и официјално се запознаа. Тие беа споени со автомобили и гитари, поминаа многу време заедно, а во исто време растеше ценењето на Бек ...

Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава. Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи. “Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. ...

Денес точно напладне во познатиот скопски хотел “Парк” се одржа прес-конференција на која двоецот Панчо/Андреј – ДНК, уште од сега си закажаа термин за концерт, и тоа ниту едно ниту две, туку трети декември 2022 година. Концертот ќе се одржи во спортската арена „Борис Трајковски“, а билетите, како што и самите кажаа, ќе бидат пуштени од 13-ти јуни понеделник, точно напладне преку продажната мрежа на МК Тикетс. Со оглед на тоа дека Панчо и Андреј ...

„Next Time“ пред два дена го промовираа својот албум „Мајка“. На албумот се наоѓаат девет композиции, од кои повеќето веќе познати, а три од нив сосема нови, плус уште една бонус. Бонус композицијата беше нова верзија на „Ја излези Ѓурѓо“ снимена со Влатко Лозаноски а првата од трите нови композиции е „Во Крушево густа магла“. Останатите две необјавени композиции се „Глас ми се слуша“ и „Абер ми пристигна од Крушево“. Целиот албум е веќе ...

Судскиот совет на Основниот суд – Битола реши поп-пејачот Ламбе Алабаковски, во оваа фаза од истрагата, да биде пуштен од притворот во притворското Одделение на КПУ Затвор – Битола и да биде префрлен во куќен притвор. Спроведувањето до домот на Алабаковски го изврши битолската полиција, со што е уважено барањето на неговиот адвокат Дарко Стефановски, осомничениот за палање на вратата од Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, да биде ...

„Бајага и Инструктори“ приредија прилично изненадување за фановите објавувајќи го синглот „21 век“ со lyrics видео на YouTube. Ова е нивна прва нумера по албумот „Овaј свет се мења“ (2020), а тематски, на некој начин, се потпира на насловната песна од тоа издание, бидејќи говори за работи кои ја потресоа планетата последниве години. Звучи, сепак на малку поинаков начин, во рап стил. Но, оние кои внимателно ја следат кариерата на Момчило Бајагиќ ...

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на 17-ти јуни со почеток во 20 часот, на стадионот Локомотива, сега со ново име Станица Карпош, ќе приреди неверојатен open air настан за душа. Под ѕвездите на оваа јунска вечер, со Игор Џамбазов ќе уживаме во хитовите кои што со години наназад се дел од најголемите музички случувања кај нас. Но ќе уживаме и во анегдотите и приказните кои што Џамбазов ги носи со себе. Освен Игор Џамбазов, овој настан ќе го ...

Неповолните временски услови кои се прогнозираат за викендов од страна на медиумите ги примораа промотерите да ги одложат своите концерети за нов датум или да ги преместат во затворен простор. Така, и битолскиот концерт на „Ван Гог“ и „АРЕА“ претрпе промени и наместо на 10-ти јуни ќе се одржи на 22-ри јуни на истата локација. Сите купени влезници имаат важност и за новиот датум. За оние кои новиот термин не им одговара можат да извршат ...

Алка Вуица, една од најплодните хрватски авторки, има нов сингл со наслов „Не мислим више на тебе”. Музиката е со потписот на Марија Мирковиќ, некогашната членка на Фрајле која и сама успешно гради соло кариера. Аранжманот, миксот и мастерингот, пак, се дело на Тоше Поп Симонов. „Песната е направена одамна, уште во осумдесеттите, а ја најдов средувајќи ја својата архива. И’ ја испратив на Марија, која токму тогаш беше во Скопје. Веднаш влегла во ...

Познатиот српски актер Иван Босиљчиќ на 19-ти јуни ќе одржи свој концерт во Националната опера и балет во Скопје. Босиљчиќ покрај богатата телевизиска, филмска и театарска кариера, повеќе од една деценија со голем успех ги презентира своите авторски проекти пред љубителите на поезијата и музиката. Публиката секогаш ги дочекува настапите со бурни емотивни реакции во големите концертни сали, како и на театарските сцени во Белград, Нови Сад, ...

Кој ќе претпоставеше дека нашиот соговорник, Ламбе Алабаковски, кој ексклузивно даде изјава за музичкиот портал Музика24 и интернационалниот портал Свет Аустралија, деновиве ќе биде топ тема и најзборуван после овогодинешното издание на Фолк Фест Валандово. Со посебна чест и задоволство, во продолжение во целост ви го претставуваме интервјуто кое што Ламбе го даде за време на генералната проба, пред почетокот на овогодинешното фестивалско ...

Членовите на групата „QUEEN“ открија дека ќе објават песна која јавноста досега не можела да ја слушне, а вокалот е снимен од починатиот фронтмен Фреди Меркјури. Станува збор за композиција која датира од сесиите за снимање на албумот „The Miiricale“, при што снимија околу 30 песни (за албумот), од кои многу никогаш не беа објавени. Најдовме мал скапоцен камен од Фреди на кој некако заборавивме. Тоа е прекрасно. Всушност, тоа беше вистинско ...

Откако веќе не постојат или стануваат сѐ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните оригинални состави, стана практика легендарните светски бендови, но и оние од некогашните југословенски простори да добиваат свои „реплики“ или „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „трибјут“ (почит) кон: „Квин“, „Еј-си ди-си“, „Лед цепелин“, „Пинк флојд“, ЗЗ Топ, или некогаш „нашите“: „ЕКВ“, „Азра“, „Забрањено пушење“… и уште многу други ...

Поради најавата за невреме и исклучително лошите временски услови во Скопје, на 11-ти јуни во сабота, закажаниот концерт под отворено небо на групата “Меморија” од стадионот на АРМ во градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена – “Борис Трајковски”. Како што велат организаторите, купените партер влезници важат, фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибината на стадионот на АРМ по цена од 1.200 ...

Утрово силно одекна веста дека пејачот Ламбе Алабаковски е уапсен бидејќи ја запалил влезната врата на бугарскиот културен клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола пред три дена. Се преземаа криминалистички активности во овој дел, беа извршени многу службени разговори, се прегледа многу материјал од видеонадзор. И на основа на сите овие информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. Доцна синоќа по наредба на судот, а по предлог на СВР Битола и ...

Изминативе години менаџер на Ана Бекута беше нејзиниот син Игор Полиќ, кој неодамна имаше неколку прекини во бизнисот, поради што Ана реши да го замени со својот внук. Бекута решила да го смени менаџерскиот тим, па наместо синот Игор Полиќ го вработила својот внук Бранко Полиќ. Игор ги закажуваше настапите на Ана, ги договараше цените на тезгите и ги правеше сите придружни работи што ги предвидуваше неговата работа, но направи неколку грешки кои ...

Битолскиот портал апла.мк дознава дека уапсениот за запалувањето на бугарскиот културен клуб во Битола, е популарниот македонски пејач Ламбе Алабаковски. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со ...

Позади нас е 35-то издание на “Фолк Фест Валандово”, според многумина фестивал каде победуваат посилните, а не оние кои што треба, но да не навлегуваме во оние договарања, преговарања и кој колку гласови кога и како треба да ги добие… сепак да се задржиме да музиката и она што е реалноста и официјалното. Победник на овогодинешното валандовско издание е младата и за нас новинарите непознатата Пепита Бојкова, девојка која според фотографиите кои ...

Поп-дивата Калиопи пред два дена настапи на донаторска вечер во српското село Тамњаница во Општина Бела Паланка близу Пирот. Донаторската вечер се одржа во плантажите со лаванда на Љиљана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески. Калиопи на 3-ти јуни имаше концерт на Фрушка Гора а следниот ден со својот бенд се вклучи во хуманитарна иницијатива за изградба на основно училиште во ова српско село. По феноменалниот концерт во Врдник, се преселивме во ...

Со брз ритам за играње и сцени како од најубавиот холивудски филм, новиот проект „Ремек дело“ на младата пејачка Лара Иванова е дефинитивно моќна порака до публиката дека треба да се вложува во македонската модерна музика. Масовна продукција и интригантното сценарио во кое младата пејачка ги покажува и своите танчерски способности заедно со членовите од училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg “, кореографија на Миа Ристевска, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
78%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.78
69%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
55%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
73%
1018
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
63%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
52%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56