
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Пејачката Лепа Брена неодамна одржа спектакуларен настап во Будва, а на сцената се случи eдна малку неочекувана ситуација. Имено, додека Брена ја пееше својата песна „Дама из Лондона“, со придружниот вокал Ива Баничевиќ на сцената изведоа интересна кореографија. Нивниот настап потсетува на сцена од филмот „Мулен руж“. Меѓутоа, во еден момент Ива ја турна Брена со задникот, а пак ниту пејачката не ѝ остана должна. Изгледа Брена малку повеќе беше ...
Одлични вести за љубителите на „Азра“ и Џони Штулиќ. Имено Штулиќ најде нова алтернативна музичка платформа каде фановите во иднина ќе можат да ја слушаат неговата музика. Штулиќ го постави “камен-темелник“ на BitChute со концертите на „Азра“ во Загреб од 1987 година и Бања Лука во 1990 година. BitChute е помалку комерцијализирана музичка платформа која ја поддржува слободата на изразување на еднакви корисници без цензура. Џони Штулиќ со години ...
Нова семејна серија, чиј тим го предводат познатите актери Бранка Катиќ и Никола Којо, а го комплетираат млади надежи како што е регионалната музичка ѕвезда Михаило Веруовиќ – Војаж, почнува со емитување на 29-ти август на РТС 1. Серијата ќе има 30 епизоди кои ќе се емитуваат на Првата програма на РТС секој работен ден од 20 часот. Серијата „У клинчу“ е создадена во заедничка продукција на Радио телевизијата на Србија и продуцентската куќа ...
Министерството за одбрана по повод 30 години од основањето на АРМ организира голем хепенинг на стадинот на АРМ во Скопје. На настанот ќе биде изложена воена опрема, ќе се прикажат воени вештини и ќе има многу музика! Настанот по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“ е закажан за среда – 17 август. Почетокот на програмата е во 18.30 часот. Во музичкиот дел ќе настапат: Кики од „Дајте музика“, Пере од „Нокаут“, Дац и Александар, ...
По пејачката Антониа Гиговска, сега и Владо Јаневски го откажа настапот на „Peace Festival“ посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. На фестивалот на плоштадот „Скендербег“ требаше да настапат неколку домашни и странски музички ѕвезди. Антониа уште вчера објави дека го откажува настапот, со образложение дека не знаела за политичката конотација. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ...
Оваа 2022 година, е година кога музичкото трио ConTruDJ слави 15 години уникатна појава на музичката сцена. По тој повод, на 15-ти август, во понеделник во Офицерски дом – плато 2 најавија голема журка. „Од првиот настап, пред точно 15 години наметнавме неконвенционален стил. Бевме со Вас во најрадосните мигови кога славевте мали и големи победи, животни пресвртници или потсетници дека млади сте само кога ја слушавте нашата музика. Зад нас се ...
Музиката на Тони Зен отсекогаш била единствена мешавина на храброст и интелигенција. Важи за човек кој ги поместува границите и кој не прифаќа компромис во музиката. Веднаш по првите тактови на било која негова песна се препознава неговиот единствен стил. Пред многу години публиката го препозна, а со секое ново слушање на неговите песни тоа и го наградува. По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот ...
Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески реши македонската претпремиера на својот драгоцен проект „Македонисимо“ да ја изведе во автентичното опкружување на родното место на неговиот татко, живописното струшко село Збажди, сместено во пазувите на областа Малесија, на планината Караорман. Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, на 27 август од 17:30 часот, Трпчески и пријателите ...
„Ако утре ме нема” на ДНК и Џамбо Агушев оркестарот доби своја српска верзија со наслов „Ако сутра ме нема” и тоа во изведба на неверојатниот Џенан Лончаревиќ. Можеби звучи неверојатно, затоа што ретко се случува изведувачи од соседството да препеат наша тема, но кога станува збор за „стварите” на ДНК тогаш ништо не е невозможно. До соработката дојде случајно, благорадение на нивниот заеднички колега и големо музичко име, неверојатниот Сергеј ...
Славната Џенифер Лопез со децении важи за една од најголемите светски ѕвезди, но и за најубава жена. Жешката латиноамериканка сега предизвика лавина од коментари во јавноста по информацијата дека го осигурала својот задник на неверојатни 27 милиони долари. Заштитен знак на 53 годишната Лопез секако се извајаните стомачни мускули, затегнати нозе и совршено обликуван задник, па таа гордо ги истакнува своите облини во секоја прилика. А како да не ...
На аукција во американската сојузна држава Мериленд продаден е часовникот на поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер за 1,1 милион долари. Аукциската куќа “Alexander Historical Auctions“ од Чесапик Сити, Мериленд го проценила часовникот помеѓу два и четири милиони долари, со образложение дека станува збор за “реликвија од Втората светска војна со историски размери“. Еврејските водачи се спротивставиле на продажбата, велејќи дека часовникот има ...
Една од најпопуларните хрватски поп пејачки Сања Долежал е една од многуте убавици и познати ѕвезди кои не одолеаа на убавината на хрватскиот Јадран, па реши да сподели фотографија од морето со своите следбеници. Во син фустан со морски дезени позираше на палубата на бродот, а зад неа се протегаше само синото море. Многумина забележаа дека пејачката позира без трошка шминка, а на фотографијата се редеа убави коментари. „Вие сте секогаш слатка и ...
На 10-ти и 11-ти август иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува големи концерти на Ламбе Алабаковски и познатата македонска група “Next Time”. Како што дознава Музика24, концертите ќе бидат бесплатни за сите посетители и истите ќе се одржат на отворено во Жена паркот. “Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, на јубилејните концерти на познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески кои ќе се одржат во Хераклеа, Битола и Долни Сарај во Охрид, ќе настапат и познати и веќе докажани музички имиња од македонската музичка сцена. На концертот во Битола кој ќе се одржи на 4-ти август четврток, на сцената на античкиот театар Хераклеа, како специјални гости ќе настапат: групата Боеми, Зуица Лазова, Владимир Поповски и ...
Се вери Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој што со својот глас го освои цел Балкан, а воедно со својот шарм ја освоил и неговата избраничка Аида. “Таа рече ДА ❤️❤️ ТЕ САКАМ АИДА ❤️”, напиша Хасановиќ на социјалните мрежи, а веднаш потоа честитки доаѓаа од сите страни. Навистина мора да признаеме дека Хасановиќ е заљубен до уши, бидејќи само пред неполни две години Ален во ТВ емисијата кај Гоце Балада истакна дека рано е за женидба, меѓутоа не било ...
Познатиот и популарен македонски рокет Сашко Сале Андриески, празнично и токму денес на овој голем македонски ден – Илинден, со видео спот на YouTube ја промовираше својата најнова песна посветена на нашата татковина, нашата Македонија. Песната “Македонија” е дело на Бојан Станимировиќ – Боки од “Амадеус Бенд” и Александар Петковски, аранжманот го подготви Дамир Имери, додека пак инспиративно и со емоции текстот го напиша познатиот Огнен ...
Објавен е официјалниот трејлер за филмот „Свjeтла Сарајева“ кој раскажува за јубилејот на легендарната сараевска сала „Скендерија“, а приказната е раскажана од гледна точка на фронтменот на бендот „Забрањено пушење“, Сејо Сексон. „Свjeтла Сарајева“ е топла, интимна приказна која започнува од детството, младешките соништа, неуспешните обиди и првите успеси сè до повоениот камбек и врвот на кариерата крунисан на заедничкиот јубилеен концерт на ...
Култниот македонски бенд „Меморија“ најавува голем концерт под отворено небо во Битола. После големиот концерт во Скопје, настапот на „Пивофест“ во Прилеп, тие ќе одржат концерт во Битола на 31-ви август на Ракометното игралиште. Концертот е дел од програмата на Битолското културно лето, кое всушност се завршува со концертот на „Меморија“. Влезниците веќе се во продажба online на www.kupikartizase.com по цена од 250 денари во првите 15 дена. ...
Вишиот стопански суд во Загреб донесе одлука со која ја укина привремената мерка против Јасенко Хоура и Младен Бодалац да не го користат името „Прљаво казалиште“. Вишиот стопански суд ја промени одлуката на Стопанскиот суд. Укината е времената мерка. Нема веќе забрана за користење на името“, изјави адвокатот Тони Ноголица, кој го застапува Хоура. И Хоура потврди дека ја добил истата информација. Не сум човек со малку зборови, но сега не знам што ...
Вишиот стопански суд во Загреб донесе одлука со која ја укина привремената мерка против Јасенко Хоура и Младен Бодалац да не го користат името „Прљаво казалиште“. Вишиот стопански суд ја промени одлуката на Стопанскиот суд. Укината е времената мерка. Нема веќе забрана за користење на името“, изјави адвокатот Тони Ноголица, кој го застапува Хоура. И Хоура потврди дека ја добил истата информација. Не сум човек со малку зборови, но сега не знам што ...
Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник – Илинден (2-ри Август) со настап на Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски На ден 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 20 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден и националниот празник на македонскиот народ. Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја ...
„Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „ Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“, „Ne zovi mama doktora“, „Uzalud vam trud svirači“, „Kishe Jesenje”, „Marina” и ...
Започна бизарна трка меѓу пејачи и пејачки кoj ќе ја купи првата песна што Зоран Марјановиќ, композиторот и аранжер неправосилно осудени на 40 години затвор за убиството на неговата сопруга Јелена, ќе ја напише зад затворските ѕидови. Семејството на уапсениот композитор, кој неодамна почна да се „враќа во форма“, го контактирале неколку познати имиња од естрадата со ова, за многумина, бизарно барање. Многумина веќе се обидуваат да ја обезбедат ...
Младиот хрватски рок-пејач Дино Јелушиќ додаде уште еден успех во низата импресивни музички потфати. Минатото лето се приклучи на „Whitesnake“, пред само неколку недели им се придружи на „Steel Panther“ на сцената во Загреб, а во вторникот во својата веќе богата биографија додаде и настап со супергрупата „The Dead Daisies“ како главен вокал. Имено, бендот одлучи Дино да го замени нивниот фронтмен Глен Хјуз, кој се разболе од корона вирусот. „The ...
Српски „Курир“ дојде до обдукцискиот извештај собраните докази кои откриваат што се случило пред 12 години, кога Филип Каписода ја уби својата девојка Ксенија Пајчин, а потоа и себеси. Смртта на пејачката Ксенија Пајчин, која на 16 март 2010 година ја уби нејзиното момче Филип Каписода во стан на улицата Никшичка во Белград, 12 години беше обвиткана со мистерија. Во јавноста со години се шпекулираше како големата љубов на оваа позната двојка се ...
„Deep Purple“ објави дека Стив Морс ќе се повлече од бендот, после повеќе од четвртина век како гитарист на култниот рок состав. Неговиот последен настап беше во февруари во Флорида. Личните околности на Стив му оневозможија да се посвети на распоредот на бендот во текот на 2022 година и понатаму. Пред неколку месеци, Стив отворено го сподели со обожавателите на бендот тажниот факт дека неговата сопруга Џенин се бори со канцер и според неговите ...
Српско-црногорскот пејач Бобан Рајовиќ најавува дека се подготвува филм за неговиот живот и кариера. Рајовиќ смета дека филмот ќе биде добро гледан, бидејќи има што да раскажува за неговиот живот. Имав проблеми со агресивни жени, тоа дојде дури и до моето семејство и тие знаат за тој дел од мојот живот, и од фановите и од обожавателите. Се обидувам да ги сокријам тие моменти бидејќи снимам филм за себе и мојот живот. Во филмот ќе откријам некои ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера им додели Златни медали за заслуги на познатиот тенор Андреа Бочели и португалската фадо пејачка Мариза. Ми претставува особена чест вечерва да го доделам Златниот медал за заслуги на Андреа Бочели, еден од најголемите тенори на денешницата и уметник кој преку единствената и фасцинантна страст во интерпретацијата, на публиката ширум светот и дава незаборавни емоции и спектакуларно искуство на ...
Во текот на денешниот ден младата пејачка и јутуберка Благица Ѕунзуровска со видео спот ја промовираше најновата песна “Види ме”. Песната е комплетно дело на пладата пејачка, додека пак аудио мастерингот и видео спотот ги реализираше Александар Комненовиќ. Видеото е снимено во Скопје, во Скопје Евент Центар. Интересна, лесна и летна песна, токму како што прилега за ова време од годината. Се надеваме дека по преслушувањето од прва, “Види ме” ќе ...
Веќе добро знаете дека најпопуларните музички имиња од регионалната сцена, во периодот кој што следува, односно на 27-ми и 28-ми јули ќе ја забавуваат многубројната публика на „Билјанини извори” во Охрид. На 27-ми јули (среда) на сцената на „Билјанини извори” ќе застане Реља Поповиќ- момче кое јавноста ширум регионов го запозна преку составот Елитни одреди, за по неколку години поминати во бендот да се испроба и во соло водите. Тој успеа да ...