Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Дваесет и едногодишна девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Кисела Вода. Според информациите од МВР, несреќата се случила кога 22-годишен возач на мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, додека возачот се здобил со полесни повреди. Повредите кај двајцата биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Поврзани вести: ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 55-годишен жител на струшко поради постоење сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јули 2026 година во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата сестра. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето е поднесена ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија до 18 години продолжува со одличните настапи на Европското првенство во Србија, откако обезбеди пласман во Топ 16 фазата на шампионатот. Нашите кадети го освоија второто место во групата од разигрувањето и како најдобра второпласирана селекција изборија место меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа. Со тоа Македонија ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9-то до 16-то место. Овој ...
Шест лица загинаа, а 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот меѓу Терни и Риети, на границата меѓу италијанските региони Лацио и Умбрија. Според италијанските медиуми, тројца од повредените се во тешка здравствена состојба и се борат за живот. Несреќата, според првичните информации од истрагата, се случила откако кампер возило преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со туристички автобус. Во ...
Околу 70 илјади мигранти кои влегоа во шпанската енклава Сеута се вратиле во Мароко или ја напуштиле територијата, соопштија шпанските власти, додека бројот на жртви од масовниот миграциски бран достигна 75 лица. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека од околу 72 илјади лица кои успеале да преминат на територијата на Сеута, приближно 70 илјади веќе се вратиле во Мароко. Според него, брзата реакција на ...
Пожарот што неколку дена беснееше на подрачјето меѓу кавадаречките села Раец, Ќесендре и Дреново е ставен под контрола и се очекува во најскоро време целосно да биде изгаснат, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во меѓувреме, активен останува пожарот во населбата Стопански Двор во скопската Општина Ѓорче Петров, каде што гори сува трева и ниска вегетација. Според информациите од ЦУК, до 18 часот на територијата на државата ...
Напредуваат дипломатските напори за надминување на кризата меѓу САД и Иран, а посредниците веќе разменуваат нацрт-документи за можен договор, соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари. Тој истакна дека Катар, заедно со Оман, активно посредува во индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран и дека сите страни продолжуваат со дипломатските активности. „Текст на можен договор веќе е подготвен и се ...
Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна, а надлежните не прецизираат кога ќе биде укината забраната. По денешната седница на Кризниот штаб беше соопштено дека состојбата останува речиси непроменета. Според надлежните, водата може да се користи само за технички потреби, миење и капење, додека доставата на флаширана вода за пиење до жителите ќе продолжи и во наредниот период. Откако водоводниот систем беше ...
Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според неговата објава, средствата ќе бидат исплатени на сметките на сите пациенти чии барања се веќе обработени. Ѓорѓиевски информира дека за финансиска поддршка аплицирале вкупно 1.200 онколошки пациенти, а обработката на преостанатите апликации е во тек. Тој најави дека исплатата за сите кои ...
Доколку сте жена која сака активно да придонесе во процесите на праведна транзиција и одржлив локален развој, ова е можност за Вас. Во рамки на проектот „Women-Led Coal Transitions (WOLCOT)“, „@Center for Research and Policy Making Консалтинг“, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и со поддршка на Климатските инвестициски фондови (CIF), објавува јавен повик за учество во Школата за јавни политики „Мајка Тереза“ – Жени ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 04.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.235,07 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 58,36 поени, односно за 0,63%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Германија бележи нов пад на бројот на пиварници, а традиционалната пиварска индустрија се соочува со сè поголеми предизвици поради намалената потрошувачка и растот на трошоците. Според податоците на Федералниот завод за статистика, во 2025 година во земјата работеле 1.415 пиварници, што е за 53 помалку во однос на претходната година и најниско ниво од 2016 година. Во споредба со 2019 година, кога Германија имала рекордни 1.552 пиварници, ...
Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на W75 турнирот во Лајпциг, Германија, откако во драматичен меч по три сета ја совлада Украинката Анастасија Фирман. Најуспешната македонска тенисерка славеше со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4) во дуел кој траеше два часа и 30 минути. Во првиот сет двете тенисерки имаа проблеми со сервисот, па беа видени дури седум брејка, од кои четири беа во корист на Ѓорческа. Македонката успеа да го искористи ...
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Струга поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, откако, според пријавата, на прослава по повод Илинден во струшкото село Ташмаруништа упатувал вербални навреди кон јавни лица, меѓу кои и кон премиерот Христијан Мицкоски. Од СВР Охрид информираат дека С.Г. (52) од Струга бил лишен од слобода на 2 август во 14:15 часот, по претходна пријава дека за време на ...
Општина Карпош продолжува со реализација на мерки за подобрување на условите и зголемување на безбедноста во основните училишта на нејзината територија. Во основните училишта „Аврам Писевски“ во Бардовци и „Владо Тасевски“ во Козле поставени се нови хидрофори, со што е подобрена функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во училишните објекти. Активностите се реализираат со средства од Буџетот на Општина Карпош, согласно годишната ...
Високиот советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран размислувал за напади врз неколку цели во Украина, но дека плановите биле откажани по директни контакти со Киев. Во интервју за иранската државна телевизија, Резаи тврдел дека Иран имал намера да нападне три објекти во Украина, но одлуката била повлечена откако, според неговите зборови, украинската страна упатила извинување. „Имавме намера да извршиме напад врз ...
На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа е хоспитализиран уште еден 76-годишен пациент со сомнение за невроинвазивна форма на западнонилска треска. Кај него е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, а серолошките анализи покажале присуство на вирусот Западен Нил. Со новопримениот пациент, бројот на клинички сомнителни случаи се искачи на седум, додека кај 10 пациенти веќе е лабораториски ...
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ. Според одлуката, бензините поевтинуваат за по два денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 93 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за еден денар, па новата цена ќе биде 99,50 денари за литар. Зголемување има и кај ...
Во кругот на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри, информираат од Општината Ѕидот стар 25 години сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и како што е наведено – ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. – И ова лето вложуваме во ...
Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека е одреден притвор за 41-годишна жителка на Кратово осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“ и за напад врз полициски службеници. Според Обвинителството, таа подолг период без правен основ им наплаќала влезници на посетителите и го нарушувала јавниот ред и мир. При последниот инцидент, како што се наведува, физички ги нападнала полицајците кои се обиделе да ја легитимираат и ...
Водата за пиење во Скопје е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 27 до 31 јули биле земени по 195 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа од 42 мерни места низ градот. Според резултатите од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци ги исполнуваат барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење. Од ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до утринава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а 27 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селата Раец и Ќесендре во Општина Кавадарци, како и на депонијата кај Прилеп. Во Кавадаречко од раните утрински часови интервенираат пожарникари, екипи на комуналните претпријатија, шумската полиција, Министерството за внатрешни работи и други надлежни служби. ...
Водата за пиење во Гостивар и денеска остана тема на меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Од СДСМ тврдат дека Владата сè уште нема објавено официјален документ со кој се потврдува дека водата е технички исправна и обвинуваат дека присуството на бактериите било прикривано. Од партијата бараат кривична одговорност од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство и сите надлежни институции. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека ...
Украина изведе, според досега познатите информации, прва борбена операција во која беспилотно летало транспортирало копнен борбен робот зад непријателските линии. Станува збор за нова тактика што комбинира повеќе беспилотни системи во една координирана операција. Голем транспортен дрон го пренел роботот ARK-1, кој потоа самостојно ја извршил својата борбена задача носејќи противтенковска мина наменета за уништување утврдени позиции и оклопни ...
На денешен ден во 1792 година – Роден е англискиот поет Перси Биш Шели, еден од најголемите лиричари во светската книжевност. Во своите дела ги застапувал идеите за слобода, еднаквост и општествена правда, а поемата „Кралицата Маб“ останува едно од неговите најпознати револуционерни дела. На овој датум во 1859 година – Роден е норвешкиот писател Кнут Хамсун, еден од најзначајните автори на 20 век. За романот „Плодовите на земјата“ ја добил ...
Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски за првпат во кариерата ќе настапува надвор од Македонија. По одличната сезона во дресот на ТФТ, тој и официјално стана нов кошаркар на хрватскиот Дубровник. Ташовски зад себе има успешна сезона во домашното првенство, во која бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар, со што беше еден од најдобрите играчи на ТФТ. Со трансферот во Дубровник, македонскиот ...
Дел од жителите на општина Студеничани денеска ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани активности на дистрибутивната мрежа. Според информациите од ЕВН, прекинот ќе го опфати делот од селото Студеничани, поточно излезот кон селото Морани. Без електрична енергија корисниците ќе бидат во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Од компанијата информираат дека станува збор за планирани технички интервенции чија цел е подобрување ...
Трагедија се случи во кањонот Орлиас на планината Олимп во Грција, каде што 32-годишен маж го загуби животот за време на излет со пријатели. Според грчките медиуми, тој во неделата заедно со уште две лица се искачил до локалитетот познат како „Црвена Карпа“, на околу 650 метри надморска височина. По пристигнувањето, скокнал во природен базен со многу студена вода. Според првичните информации, веднаш по влегувањето во водата му се слошило, по ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разреши Олга Стефанишина од функцијата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Украина во САД. Одлуката е објавена со официјален претседателски декрет, во кој се наведува дека Стефанишина е разрешена од дипломатската должност што ја извршуваше речиси една година. Пред да биде именувана за амбасадорка во Вашингтон, Стефанишина ја извршуваше функцијата вицепремиерка на Украина. Нејзиното ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, откако на свадбена веселба пукале со огнено оружје. Според Обвинителството, осомничените на 31 јули, во дворот на семејна куќа во селото, за време на свадбена прослава употребиле три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар, испукувајќи повеќе куршуми во ...