Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во Скопје денеска ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне во попладневните часови од Градскиот парк. Организаторите наведуваат дека настанот има за цел промоција на човековите права, еднаквоста и борбата против дискриминацијата, со пораки за поголема видливост, солидарност и почитување на различностите. Маршот ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, по што учесниците ќе се движат по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин ...
Албанија го одобри воведувањето на системот за заеднички гранични проверки „Еден шалтер“ со Македонија, со што се отвора патот за побрзо и поедноставно преминување на границата меѓу двете земји. Според одлуката на албанската Влада, договорот предвидува воспоставување заеднички гранични премини и координирани процедури за контрола на патници и стоки, со цел олеснување на сообраќајот и зајакнување на прекуграничната соработка. Од македонската ...
Бразилската репрезентација се врати на победничките патеки на Светското првенство откако во второто коло убедливо го совлада Хаити со 3-0 и направи голем чекор кон пласман во нокаут-фазата. По неочекуваното реми на стартот од турнирот, „кариоките“ прикажаа далеку подобро издание и уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот. Селекторот Карло Анчелоти направи важна промена во почетниот состав, а довербата што му ја укажа ...
Парагвај забележа минимална, но исклучително важна победа од 1-0 над Турција и ја елиминираше турската репрезентација од Светското првенство. Турците, кои во првото коло загубија од Австралија со 2-0, не успеаја да се рехабилитираат ниту во вториот настап и останаа без шанси за пласман во следната фаза од турнирот. Парагвај до водство стигна уште во првата минута од натпреварот. По само 64 секунди игра, Матијаз Галарза Фонда со прецизен удар ...
Две малолетни девојчиња на возраст од 9 и 11 години трагично ги загубија животите при давење на плажа во албанското туристичко место Тале, во регионот на Лежа. Според информациите на албанските медиуми, несреќата се случила во петокот околу 12:50 часот, додека девојчињата се капеле во морето. На местото веднаш интервенирале припадници на полицијата и присутни капачи, кои успеале да ги извлечат телата на брегот, но за нив веќе немало спас. Од ...
-На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки. ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци ...
Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, на предлог на Министерството за здравство. Со оваа реформа се предвидува подобрување на системот за итна медицинска помош, скратување на времето на интервенција и зголемување на ефикасноста при спасување животи. Во првата фаза од процесот, Итната медицинска помош – Скопје ќе биде издвоена и ќе функционира како самостојна институција. Министерот за ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски и одговорните лица од општината денеска извршија увид на работните активности во село Карамани каде започна асфалтирањето на уличната мрежа. Се работи за 9 краци со вкупна должина од 2100 метри и ширина на улиците од 3 до 3,5 метри, а дебелината на асфалтниот слој е 7см. Вредноста на овој зафат е 16.751.553 денари, а се работи со средства од Буџетот ...
Во Прилеп денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа јавна институција. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека новите возила ќе овозможат побрза и поефикасна достава на пратките, подобра организација на работните процеси и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите. Тој ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ТАВ Македонија станува нов спонзор на младинскиот фудбал на ФК Пелистер. Спонзорството има за цел унапредување на квалитетот, конкурентноста и меѓународното искуство на младите фудбалери, преку организирање контролни натпревари и учество на домашни и меѓународни турнири во текот на подготвителниот зимски период и натпреварувачката полусезона 2026. Од ТАВ Македонија истакнаа дека ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.730,34 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 27,71 поени, односно за 0,28%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, со дневен раст од 0,78 поени, односно 0,60%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти изнесуваше ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, соопшти дека во период од јуни 2025 до јуни 2026 година Министерството реализирало повеќе од 700 активности, оценувајќи дека резултатите се поттик за продолжување на реформите во енергетскиот сектор. Таа истакна дека во изминатиот период повторно е ставен во функција продуктоводот Солун–Скопје, како и дека е започната изградбата на гасната интерконекција со Грција, ...
Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во рамки на истрагата за наводни финансиски злоупотреби во федерацијата. Според истражните органи, осомничените во периодот од јануари 2015 до јули 2018 година преку координирани активности и фиктивни трансакции предизвикале значителна штета на буџетот на ФФМ. Истрагата е проширена и кон поранешниот ...
Најавената блокада на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија е одложена, соопштија организаторите од Фондацијата „Македонија“. Одлуката е донесена по реакциите од бугарските институции, кои оценија дека ваквата акција не придонесува за решавање на отворените прашања меѓу двете земји и може дополнително да ги зголеми тензиите. Според најавите, протестот требаше да се одржи на граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село и да ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение постапувајќи по предлог на одбраната, по добиено позитивно мислење од ...
Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција. Енергетиката, посочи Ристов, не е привилегија само на државата, туку можност за сите. При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да ...
Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Владата ...
Како што кажавме, снемува пари – следуваат избори. Мицкоски порача дека нема план за предвремени избори, но дека е подготвен доколку опозицијата го предизвика. Оваа реченица е копи-пејст од неговиот ментор и шеф на сестринската партија од Србија, Александар Вучиќ. Тоа го контастира и Европскиот парламент во Извештајот во којшто забележува, со загриженост, сè посилни врски со Владата на Србија, која „спроведува нелиберална агенда“. Реалноста ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови на поединечни места ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...
Дел од жителите во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенција на водоводната мрежа. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9 часот поради замена на вентил. Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во близина на „Рекорд“. Од претпријатието ...
Планираната средба меѓу претставници на Соединетите Американски Држави и Иран, која требаше да се одржи во петок во швајцарското одморалиште Бургеншток, е откажана, потврди швајцарското Министерство за надворешни работи. Со тоа се отвораат нови прашања околу иднината на дипломатските контакти меѓу Вашингтон и Техеран, како и околу натамошната примена на неодамна постигнатиот привремен договор меѓу двете земји. Според информациите од ...
Британската актерка Ема Хусен е обвинета во Австралија за обид за шверц на 320 килограми метамфетамин. Австралиската полиција тврди дека дрогата, чија вредност се проценува на речиси 300 милиони австралиски долари, била скриена во вреќи со јаглен испратени од Гана. Истрагата започнала откако царинските служби откриле сомнителна бела кристална материја во контејнери пристигнати во пристаништето во Сиднеј. Хусен била уапсена во предградие на ...
Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“, на кој беше регистрирано жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти директорот на Светската здравствена организација. Според СЗО, биле потврдени 12 случаи на инфекција и еден поврзан случај, при што три лица починале. Бродот испловил од Ушуаја на 1 април и посетил повеќе острови во Јужниот Атлантик пред ...
Во Собранието денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-законот за игри на среќа пред Комисијата за финансирање и буџет. Седницата е закажана за 10:30 часот, а се очекува на неа да учествуваат претставници од засегнатите страни кои ќе ги изнесат своите ставови и забелешки за предложените законски измени. Јавната расправа доаѓа по политички реакции околу закажувањето на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ претходно ја повикаа претседателката на ...
Раководството на АБА лига денеска соопшти дека од следната сезона натпреварувањето ќе брои вкупно 20 клуба, со што лигата влегува во нова фаза на проширување. Како што е наведено, одлуката е донесена на Собранието на лигата, а веќе е потврдено враќањето на хрватскиот клуб Цибона, кој повторно ќе настапува по пауза од една сезона. Новитет во регионалната елита е и словачкиот клуб Слован Братислава, кој за првпат ќе учествува во АБА ...
Седумдесет и петгодишна државјанка на Македонија го загубила животот на Халкидики, откако била извлечена од морето во туристичкото место Неа Каликратија. Според информациите од грчката Крајбрежна стража, инцидентот се случил вчера, по што на местото веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Жената била пренесена во Здравствениот центар во Неа Мудања, каде лекарите констатирале смрт. Надлежните грчки служби информираат дека е ...
Бугарскиот претседател Румен Радев упати нови пораки до официјално Скопје, оценувајќи дека македонското раководство прави сè што може за да го одложи патот на државата кон Европската Унија. Тој порача и дека во моментов не гледа потреба од средба со премиерот Христијан Мицкоски. Изјавите на Радев доаѓаат по усвојувањето на најновиот извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, во кој остануваат нотирани обврските што земјата ...
Три девојки од тетовското село Селце се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, откако четирицикл излетал од коловозот. Според информациите од СВР Тетово, несреќата е пријавена на 17 јуни во 13 часот, а во неа учествувало четирицикл со тетовски регистарски ознаки. Најтешко е повредена 25-годишната Е.Т., која го управувала возилото, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и ...
Партиски делегации предводени од лидерите на Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски во сабота ќе одржат средба посветена на најавената реконструкција на Владата. Од ЗНАМ – За наша Македонија најавуваат дека на состанокот ќе побараат појаснување за опфатот на реконструкцијата, нагласувајќи дека таа не се однесува само на министерските позиции, туку и на поширок круг на именувани функционери во вториот и третиот ешалон на власта. Министерот ...
Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, пречека во својата канцеларија младите фудбалери на ФК „Албарса“, заедно со нивниот тренер Меритон Бериша, кои се закитија со шампионската титула во Лигата на фудбал на РСМ во категоријата У13. Тој истакна дека младите спортисти со своите настапи и резултати претставуваат причина за гордост и доказ за континуираниот развој на спортот во Чаир. Според Меџити, ...