
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. -Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет ...
Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска ја потпиша одлуката за избор на концесионер на комплексот, кој се избра на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува и оперира ...
„Ова не е правда! Тука имаме потфрлање на системот по сите основи“. Ова го истакна денес премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја пресудата на судот во Тетово од две години затвор за возачот кој ја усмрти 22-годишната Теодора Ристевска. -Јас не само што сметам дека правдата не е задоволена, туку и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран, рече Мицкоски. Свесен дека можеби ќе следуваат критики, но ...
Маж и жена од Антверпен, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство. Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како ...
СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. -На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево ...
Јавноста со право е вознемирена. Основниот суд во Тетово досуди 24 месеци затвор за возачот кој на прешачки премин смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во ...
Нашата среќна заедница се збогати со уште еден среќен играч. Благојче Василев од Скопје е среќниот добитник кој стана нов милионер. Забавувајќи се на видеолотариските терминали, тој освои МИЛИОНЕР џекпот, вреден 1.642.577 денари. Неделава ја започнуваме со среќни ВЛТ вести. Благојче Василев од Скопје стана милионер. Тој ја освои ВЛТ добивката МИЛИОНЕР џекпот, вреден 1.642.577 денари. Добивката е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот ...
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ноќта меѓу саботата и неделата го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово, на ул.„Ѓорче Петров“. -При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили ...
Телото на Александар Карадакоски, 60-тата жртва од пожарот во Кочани, вчера е транспортирано во Македонија од Литванија, по што е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција. Погребот на Карадакоски ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани. Карадакоски по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. Здравствените влати во Македонија потврдија дека ...
Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што се случувало таа кобна ноќ. „Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани“, вели Божинов. Од болницата во Кочани тој бил ...
Видео снимката која ги преплави социјалните мрежи, во врска со автомобил „Порше“ кој е непрописно паркиран во Дебар Маало, е од настан кој се случил во сабота, на 22 март, потврдуваат од МВР за Курир. -Возилото е подигнато од страна на ПОЦ и од страна на СВР Скопје издаден е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник, појаснуваат од Министерството. Според она што се слуша на видеото, возилото ...
Под слоганот Играј одговорно, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува соработката со стручните лица за едукација и превенција во насока на одговорното играње игри на среќа. Видеолотарија Касинос Австрија под слоганот ИГРАЈ ОДГОВОРНО, ја продолжи соработката со Здружението на клубови на лекувани зависници на Република Македонија и нивниот тим составен од стручни лица од областа на психологијата и психијатријата. Преку оваа соработка, ...
Според првичните пресметки, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле вкупно 208 милијарди долари поради големиот пад на цените на акциите по воведувањето царини од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Bloomberg, а воедно и најголем од врвот на пандемијата COVID-19. Најголеми загуби се забележани кај челниците на американските ...
Додека развојната дисфазија го забавува усвојувањето на јазикот, аутизмот влијае и на начинот на кој детето комуницира и воспоставува односи со другите. Како да се препознае разликата и кога да се побара стручно мислење, објаснува Маријана Мирковиќ, мастер логопед, по повод Светскиот ден на аутизмот, објави Српски Курир. Ајде да иницираме позитивни промени Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се слави на 2 април, а оваа година темата ...
Унгарија денеска објави дека ќе започне процедура за повлекување од единствениот постојан меѓународен суд во светот за воени злосторства и геноцид. Унгарија ќе се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави во кусото соопштение шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергели Гујас. Тој додаде дека „Владата денеска ќе започне постапка за повлекување, во согласност со уставната и меѓународната правна рамка“. Изјавата беше ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, ...
Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин Ахмети, кој оперираше со овој објект, не успеал да го задржи имотот. „Соравиа“ периодов беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“, во моментов тој е ставен на продажба од страна на ...
Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер за ...
Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет. Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации. ...
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена фабриката на канадската компанија „Магна мехатроникс“. Инвестицијата се проценува на околу 50 милиони евра, а се очекува да се отворат 500 до 600 работни места. Инвестицијата ја најави во неделата премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска и ќе присуствува на отворањето на фабриката. -Денес две добри вести! Отвораме нова фабрика во индустриската зона во Штип. 500 до 600 ...
Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ...
Брзиот скок на цените на врвните вина од Бургундија, на кој сме сведоци во последните неколку години, се чини дека засега претставува незапирлив тренд и покрај винската криза во Европа и падот на продажбата на вината од другите историски региони. Зголемената побарувачка за вина од Бургундија почна да води кон нелегални практики, како што пренесуваат француските медиуми. Некои винари од Бургундија, поточно од Шабли и Монтраше, наместо вино од ...
Македонијаофицијално Сарамаков, обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата. 01. април 2025. @ 11:561 мин. читање СподелиFacebookTwitterEmail Ангел Сарамаков од Велес, ...
Над 340.000 пензионери во Република Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада. Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање. ...
Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од вкупно 193 повредени, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека е подобрена состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба. -Имаме добри вести. Вкупно ни остануваат од 193 пациенти за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат од кои за среќа ...
По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против ...
Властите на Мјанмар oбјавија итна крводарителска акција поради големиот број повредени во земјотресот што денеска ја погоди земјата. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, како и североисточните држави Шан, Најпидау и Баго. Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем. Поради итната потреба од крв, властите ...
Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација. Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за ...
Полицијата лиши од слобода двајца возачи кои во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случиле вчера, удриле двајца пешаци. Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје. -Пешакот е пренесен за укажување на ...
Познатиот американски глумец Роберт Редфорд по шест години ѝ се врати на глумата, со помала улога во ТВ-серијата „Мрачни ветришпта“ (Dark Winds). Легендарниот актер е и извршен продуцент на проектот, заедно со Џорџ Р.Р. Мартин. Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик – навахо полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив. – Роберт и Џорџ се прекрасни човечки ...