
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Здружение на летни ноќни клубови на Скопје информира дека се враќа ноќниот живот во главниот град. -Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции и во заедничка координација со сите служби најдовме решение и од денес можеме да прогласиме дека Скопје живее повторно, младите во Скопје ќе имаат каде да се забавуваат и социјализираат, нагласуваат од Здружението. Оттаму изразија багодарност до медиумите, ...
По однос на јавната набавка на за сувенири што ја распиша општина Чаир и за тоа колку пари ќе се потрошат за истата, во услови на економска криза, од општината ни откриваат колку е проценетата вредност на парите што ќе се потрошат и велат дека сумата ќе ја откријат откако ќе заврши набавката. – „Имајќи предвид дека постапката за јавна набавка е сеуште во тек – огласот за јавна набавка е отворен а проценетата вредност за јавната набавка не е ...
Над 1.000 повици на телефонскиот број 112 се регистрирани вчера попладне по силното невреме кое го зафати Скопје. Оперативците на Центарот за управување со кризи примиле и проследиле 180 од пријавите, а дел од нив ги координирале. Од ЦУК за Курир информираат дека најголем дел од тие пријави, 80, биле за поплавени простории од објекти, 40 пријави имало за паднати дрва. За оштетени возила оперативците на ЦУК примиле 20 пријави, а исто толку имало ...
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од утрово се повторно на терен, со цел проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација, како резултат на големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион. Со цел превенирање на такви и слични ситуации, како и овозможување на непрекината функционалност на атмосферската канализација, екипите на претпријатието, остануваат на терен, на целата територија на град ...
Изминатото деноноќие на социјалните мрежи беа објавени различни шпекулации за причините за поплавата во Ист Гејт Мол. Од тоа дека целиот објект не е добро проектиран, дека не се обезбедени безбедносни мерки, па до какви се не други коментари кои не ја отсликуваат вистината. Една и недвосмислена вистина е дека поплава во Ист Гејт Мол настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски. ...
Во Карпош ќе се бара секој жител кој купува стан, да си купи и гаражно место. Без тоа, нема да има упис во Катастар. Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош најави дека ќе има кривични пријави за надзорите кои дозволуваат да се изведуваат проекти надвор од проектите кои се одобрени. „Секој што купува стан, мора да купи и гаражно место. Одобренијата ќе се даваат ако има квалитетно гаражирање, квалитенто спуштање на рампите. Ако вие не можете ...
Во неделата рано утрото до темел изгоре ресторанот Камин Кама пред мостот во населбата Даме Груев, попозната како Геге, објавија на Фејсбук страната на Ѓорче Петров. „Доцна вечерта избувнал пожар во ресторанот Камин Кама во населбата Ѓорче Петров, уште попознат како центарот за забава на македонската фолк естрада, пишуваат тие. И покрај брзата интервенција на пожарникарите, сепак огнените јазици се ширеле со многу голема брзина и го зафатиле ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Мерките ќе се превземат поради официјална посета на Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската ...
Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, бил нападнат од неколку лица утрово во Арачиново, дознава и пренесува 24 Инфо. Мотивите за инцидентот не се познати, а Ибраими завршил во болница. Неофицијално, има неколку повредени. Од МВР потврдија дека се случил инцидент. “На 13.09.2022 околу 10 часот во СВР Скопје, градоначалникот на општина Арачиново пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицемерната влада бара од граѓание да штедат, а тие аздисуваат со набавки на морски плодови. -Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата. Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на ...
Бројките кои ги дефинираат големите спортисти се безвременски и обично означуваат голови, победи, титули. Нашиот бренд амбасадор Горан Пандев има доволно такви во својот трезор на успеси и повеќе од доволно часови, денови и години има посветено за да стане синоним за фудбалот. На 39 години, тој одлучи да ја заврши кариерата како професионален фудбалер. Пандев беше на првата позиција на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните ...
Иако во светот е познат како еден од најдобрите судии и човек којшто судел на финалето на Светското првенство во Русија, Уругваецот Нестор Питана во последно време се наоѓа во центар на внимание поради атрактивната сопруга Ромина. Оваа атрактивна убавица сега се нашла на насловните страници на магазините поради тоа што има профил на платформата „Only Fans“. Имено, Ромина дефинитивно има што да им понуди на своите обожаватели и своите разголени ...
Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама. Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија во некои нејзини области. Тој деновиве и во обраќањето на Генералното собрание на ОН го кажа овој став додавајќи ...
Европските земји ќе можат да го издржат намалувањето на извозот на руски гас бидејќи се чини дека проблемите со снабдувањето се решени, се вели во анализата на водечката американска инвестициска банка „Голдман Сакс“. Банката наведува дека цената на гасот веројатно ќе се преполови оваа зима бидејќи членките на ЕУ успешно работеа на избегнување на голем недостиг на гас. „Голдман Сакс“ вчера објави дека очекува европските големопродажни цени на ...
Нема лекарска грешка во третманот на 25-годишниот пациент Јован Димовски од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната Комисија формирана од министерот за здравство Беким Сали. Тој вели дека според извештајот на младиот беровец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи. – Според наодите кои се најдени во институциите и ...
Македонија и Бугарија го одиграа вториот натпревар во Лига Ц од Лигата на нации. Првиот во Разград заврши без победник, а бугарскиот национален тим славеше во Скопје и ја доби битката за второто место во групната фаза. Пред дуелот можеа да се слушнат свирежи за време на интонирањето на бугарската химна. Тоа и уште неколку провокативни моменти беше причина за реакцијата на Министерството за надворешни работи на Македонија. „Министерството за ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 71-годишник на 25 септември, во својот дом во Битола, извршил други полови дејствија врз осумгодишно дете, кое го заклучил во станот. Надлежниот јавен обвинител ...
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа соопшти дека одлучил да се забрани набавката и користењето на морска храна, бадеми и лешници во рестораните и бифеата на СОЗР. Тие финансиски средства ќе бидат насочени за финансиска поддршка на најранливите категории граѓани со ниски примања. Одговорајќи на новинарски прашања во врска со објавите во некои медиуми дека Владата набавува морски плодови за 20.000 евра, а ќе плати и 270.000 евра за одржување на ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека на 29.9.2022 година (четврток) почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.9.2022 година ...
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј. (38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил медицинска сестра на Инфективното одделение во Општата болница Куманово, вчера после полноќ, соопшти МВР. Насилникот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги ...
Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу најави дека 300.000 мажи ќе бидат испратени во војна. Но, наводно тој број би можел да биде многу поголем, до милион луѓе. На повеќе места низ Русија имаше немири поради најавената мобилизација. Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, објави видео за кое вели дека е снимено во Волгоград. ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе вонредна одлука за цените на нафтените деривати со која се намалуваат цените на бензините за два денари, а условот да се намали дизелот се уште не е исполнет, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Во изминатиот период имаше голем број на шпекулации за начинот на формирање на цените на нафтените деривати. РКЕ ги следи цените на медитеранската берза и за тоа од ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 21.05.2022 (сабота) и на 22.05.2022 (недела), во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година , а првото на 29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес. Доколку временските услови се неповолни, авионската ...
Соларниот картел составен од Ковачевски и кумот Паунов е создаден и почнува да врти милиони со доаѓањето на СДС на власт. Димитар Ковачевски трајно неспособен за војска, но трајно способен за тендери, провизии и картелско здружување, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Аферата броило, вели Лефков, ни покажува како мала група длабоко вгнездена во највисоките структури на власта тргувала со ...
По внатрепартиските превирања во ДУИ од таканаречената „огнена група“, двајца од потписниците на јавното писмо, пратеникот на ДУИ, Изет Меџити и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, објавија фотографии заедно со пратеникот Кастриот Реџепи. Пораката е јасна, огнената група на ДУИ станува посилна за еден пратеник во Собранието што може да предизвика сериозни проблеми во владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ. Тоа е трет пратеник во ...
Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави за МИА пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата. -Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во ...
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува. Октомври Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се ...
Видеолотарија Касинос Австрија го поддржа триесеттиот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио. Турнирот годинава ќе има меѓународен, но и хуманитарен карактер, а ќе се реализира во сабота на терените на „Куќата на фудбалот“. Македонските фудбалски и новинарски легенди, ќе се обединат со своите колеги од поранешните југословенски простори во сабота на турнирот, со кој Спортско радио ќе го одбележи својот јубилеј, три ...
Доколку уживате во овошни јогурти и павлака, оваа вест нема да ве израдува. Ова се најлошите млечни производи за здравјето Многу лекари се согласуваат дека редовната употреба на ферментирани млечни производи, кои содржат бактерии корисни за цревната микрофлора, се основа на здрав начин на живот и правилна исхрана. Сепак, не сите од нив имаат корисен ефект врз човечкото тело. Д-р Дарија Русаков, истражувач на „Институтот за истражување на ...
Снимка направена на автопат некаде во Словенија предизвика вистинска полемика во регионот. Имено, запирањето на возачот и изнесувањето на детето на коловозната лента станало предмет на расправија дали таткото постапил правилно, односно дали го довел во опасност своето дете. На видеото објавено на Фејсбук страницата „Возиме паметно со ДАРС“ се гледа маж, кој го запрел автомобилот на лентата за застанување и го извадил синот од задното седиште, ...