Приказните за туристите со домати ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома, а во случајов дури и сместување, како што покажува фотографијата која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари. Имено, на фотографијата се гледа Порше, вредно околу 200.000 евра, а врз него има шатор. Фотографијата предизвика лавина коментари, како на Твитер, така и на Фејсбук ...

Не го меревме затоа што ќе го убиевме при кревањето, но претпоставуваме дека има околу 100 килограми, вели Шпољариќ. Риболовот во езерото Ракитије во Хрватска е долгогодишна традиција, но за сомот кој неодамна бил уловен долго ќе се раскажува. Риболовците од спортското риболовно друштво Рак Ракитије уловиле сом од 2,5 метри и 100 килограми. „Ова ми е рибата на животот. Се обидуваме да ја уловиме веќе 30 години“, рекол за “24sata.hr” Денис ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна денес дека Србија „никогаш нема да ја признае“ независноста на Косово. „Се заколнав на уставот на Републиката дека Србија никогаш нема ни посредно ни непосредно да ја признае независноста на Косово и Метохија, ниту ќе се откаже од својата легитимна борба за државните и националните интереси и почитувањето на меѓународното право“, кажа Вучиќ во српската Скупштина. Обраќајќи им се на пратениците на ...

За средбата на Меган и Хари со Вилијам и Кејт не престанува да се пишува, а британските медиуми и екипата на социјалните мрежи го анализираат секое нивно движење. На Твитер кружи видео на кое Кејт ја гледа Меган по што таа почнува збунето да се однесува. „Малку е застрашувачки колку брзо Кејт преминува од ладно ‘зјапање’ во Меган до насмевка и мавтање на луѓето“, напишал некој корисник на Твитер покрај видеото, а многумина се согласиле со него. ...

Џорџа Мелони (45), веројатно ќе стане прва премиерка на Италија и тоа на чело на најдесната влада од Втората светска војна. Според привремените резултати, десниот блок на чело со „Браќа на Италија“, партијата која ја води Мелони, би требало да има убедливо мнозинство во двата дома на италијанскиот парламент. Во коалицијата се и Форца Италија чиј шеф е Силвио Берлускони и крајната десничарска партија Лига. Мелони успешно ја ребрендирала својата ...

Вселенското летало на американската агенција за вселенски истражување NASA намерно се забила во астероид во обидот да ја промени неговата траекторија на движење, изведувајќи го првото тестирање од овој вид за одбрана на Земјата. Тестот за пренасочување на астероидот мисијата DART (Double Asteroid Redirection Test) беше првата која се обиде да ја промени насоката на опасен објект, според директорот на оваа мисија Томас Зарбакен. Набрзо по ...

Тие разбираат дека ако заканата за Русија ја надмине утврдената опасна граница, ние ќе мора да одговориме. Без да побараме ничија дозвола, без долги консултации. Ова дефинитивно не е блеф“, порача Медведев, нарекувајќи ја британската премиерка Лиз Трас „лондонската тетка“, која „е целосно подготвена веднаш да почне размена на нуклеарни напади“ со Русија. Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев рече дека „Русија има ...

Поранешниот премиер Бојко Борисов однесе победа на изборите во Бугарија, но сè уште е многу нејасно дали може да формира влада. Централно-десничарската партија на Борисов ГЕРБ освои околу 25,7 отсто од гласовите на четвртите општи избори во Бугарија во 18 месеци, што значи дека тој сега ќе мора да се обиде да состави коалиција од фрагментираниот политички пејзаж. Во 48-то Народно собрание се очекува влез на шест партии и коалиции, а уште две се ...

Јапонија ги кренала овците кои трагаат по остатоците од ракетата. Откако Северна Кореја лансирала ракета од среден дострел која прелетала дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредиле евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го суспендирале железничкиот сообраќај во тој дел од државата, јапонското Министерство за одбрана наредило полетување на ловци “F-15”, за да ги пронајдат остатоците од ракетата, пренесуваат локалните медиуми. ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден во приватен разговор најавил дека ќе се кандидира за втор мандат на следните претседателски избори во 2024 година, објави американската телевизија Eн-Би-Си Њуз. Американскиот претседател минатиот месец во приватен разговор во Белата куќа му рекол на црниот баптистички свештеник и активист за човекови права Ал Шарптон дека ќе бара втор мандат, дознава американската телевизија. Шарптон, политичар и водител ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија. Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право. На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите со кои четирите украински региони се приклучуваат кон ...

Киев Индипендент пишува дека во центарот на градот се слушнале најмалку четири експлозии. Во главниот град на Украина, Киев, беа забележани силни експлозии по звукот на проектили кои пристигнаа. Градоначалникот Виталиј Кличко потврди дека имало експлозии во Киев. – Неколку ексфолијации во населбата Шевченски – во центарот на главниот град – напиша тој на Телеграм, пренесува Sky news. Ukrayna’nın başkenti Kiev’den yeni görüntüler 💥Ruslar eş ...

Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА потврди дека успешно го сменила движењето на астероидот Диморфос. Ова е прва успешна мисија во која луѓето го смениле движењето на небесен објект во Вселената. Според НАСА, намерниот судир се случил во „клучен миг“ за човекот. На 26 септември, вселенското летало на НАСА намерно удри во астероидот во обид да ја смени неговата траекторија. Тестот за пренасочување на двојниот ...

Бензините и дизелот од вечерва на полноќ ќе се продаваат поевтино за 2, односно за 2,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари по литар, и ноќеска на полноќ ќе изнесува 93,5 денари. Исто за два денари за намалува и цената на ЕУРОСУПЕР 98, и ќе се продава по 96 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и ќе изнесува 93 денари. За три денари се намалува цената на екстра лесното масло, и според новата цена ќе изнесува ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80% во однос на одлуката од 5.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,569%, кај дизелот за 2,117%, кај екстра лесното масло за 2,960% и кај ...

Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “. Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по кој се наоѓа трасата на автопатот „Струма“ и границата со ...

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации. Првиот септемвриски меч ќе го одиграме на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните ...

Престојната сезона ќе биде љубилејна за Леброн Џејмс. Четирикратниот шампион ќе ја започне својата 20 професионална сезона. Она што го издвојува од оние ретки кој успеале да бидат професионално активни повеќе од две децении е неговиот карактер, квалитетна игра и зачудувачката форма која ја одржува. Неспорно е дека “Кралот” е еден од најголемите на сите времиња. Пред почетокот на новото првенство, ве потсетуваме на некој од најатрактивните ...

Српската пејачка Ивана Стаменковиќ Синди првпат се појави во јавноста по драмата која ја преживеала со родената сестра Невена Стаменковиќ. Синди се појавила во многу провокативно издание, а воопшто не се засекира што пред камерите во еден момент нејзините гради испаднаа надвор. Синди во емисијата на Огнен Амиџиќ ја промовирала својата нова песна, а поради таа прилика се појавила во фустан кој на сите страни имаше отвори и поради тоа нејзините ...

Најмалку 49 ерменски војници загинаа во судирите на границата со Азербејџан, изјави премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан. – Во моментот има 49 загинати (војници) и за жал тоа не е конечниот број, истакна Пашинјан во Парламентот. Според медиумите азербејџанската армија утрово изврши напад на пет до шест места. Пашинјан претходно од претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон и од американскиот државен секретар Ентони ...

Јапонската Влада е финансиски погодена од необичен проблем – младите луѓе не пијат доволно алкохол. Јапонија, заедно со неколку други земји во Азија, задржа строги ограничувања во текот на поголемиот дел од пандемијата, затворајќи ги јавните простори и намалувајќи ги работните часови за рестораните. Затоа, баровите во земјата и другите угостителски простории што продаваат алкохол се тешко погодени од ограничувањата за Ковид-19, кои ...

Според проценки на аналитичари за Волстрит журнал, приносите на некои фарми се очекува да бидат пониски за 50 отсто. Пониските приноси на кафе во Бразил кој е најголем производител во светот, би можеле да предизвикаат зголемување на цените на кафето во наредните месеци. Според проценки на аналитичари за Волстрит журнал, приносите на некои фарми се очекува да бидат пониски за 50 отсто. Покрај Бразил и насадите во Колумбија, уште еден голем ...

Директорот на нафтениот џин Шел, Бен ван Берден, предупредува дека Европа би можела да биде соочена со ограничен пристап до енергенси и подолго од само една зима. Како што пишува Ројтерс, шефот на најголемата европска нафтена компанија смета дека кризата би можела да потрае неколку години, откако цените на гасот минатата недела скокнаа на рекордно ниво во екот на дополнителни намалувања на руските испораки, што е сигнал дека целиот континент би ...

Претседателот на РКЕ рече дека голем број на граѓани реагирале дека добиле драстично повисоки сметки за топлинска енергија. БЕГ ќе треба да им ги врати сметките за парно на скопјани во кои има пресметано зголемување од 40 отсто. Ова денеска го кажа претседателот на Регулатоната комисија за енергетика Марко Бислимоски. – БЕГ не ги пресметала субвенциите што ги дава владата за потрошувачите на топлиснка енергија во Скопје. Владата има донесено ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92 % во однос на одлуката од 2.9.2022 година. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,50 денар/л. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се ...

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка). За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата којашто ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра. Пари ...

Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот. При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и ...

Повеќе од 20 автомобили утринава се уништени во катната гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“. Според фотографиите, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати. Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот. „На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во ...

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот. Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје. Град Скопје и јавните културни ...

Тоа што на некого не му е продолжен договорот, значи дека раководството не е задоволно од неговата работа. Се работи за лица кои не си ги извршувале своите работни обврски, а најголем дел нив не се ни појавувале на работното место, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одговорајќи на новинарски прашања за отпуштањето од работа на 33 лица вработени во ЈП „Комунална хигиена“. Во однос на добиените закани кои ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
34%
1010
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
7.72
89%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1009
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.15
87%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
45%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
73%
1007
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
58%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
63%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58