
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Милица Дабовиќ деновиве доживува вистинска агонија поради нејзиното поранешно момче кое и се одмазди објавувајќи нејзини разголени фотографии. Како што дознаваат српските медиуми, М.Ј., со која поранешната кошаркарка претходно била во врска, долго време и се заканувал и барал повторно да биде со него. Меѓутоа, Милица не се согласила на тоа, па М.Ј решил брутално да и се одмазди. „Пред три дена тој човек во една група на апликацијата Телеграм ги ...
Полицијата совлада и приведе демонстрант во Амстердам, кој истрча кон францускиот претседател и почна да вика во моментот кога Емануел Макрон пристигна на еден универзитет на вториот ден од посетата на Холандија. Ова е втор ден по ред цел на демонстрантите да биде Макрон, кој се соочува со немири дома поради пензиските реформи. Новиот инцидент се случи утрово кога Макрон пристигна со холандскиот крал во научниот парк на универзитетот за да ја ...
Одлични вести за играчите на единствената легална платформа за игри на среќа во Македонија 2win.mk. Видеолотарија Касинос Австрија ја збогатува понудата со нови игри. Видеолотарија Касинос Австрија ја збогати понудата на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, со нови игри од веќе познатите провајдери Аматик, Амуснет, Меркур, Визард и Прагматик. Игрите ќе бидат достапни од 12.04.23. За играчите кои се фанови на ...
Осумгодишното дете изгризано до смрт од куче во скопската населба Пинтија било однесено во болница без знаци на живот. Љубен Арсенков, директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ вели дека детето имало голема рана на вратот и расеченица на главата. „Вчера попладне, во 17.22 часот, во нашата клиника беше донесено осумгодишно дете со сериозни повреди во пределот на главата и вратот нанесени од каснување куче. Во ...
Лекот „трикафта“ не е само трошок, туку може да донесе позитивни ефекти кај сите пациенти и за државата, затоа е потребно да биде обезбеден за сите кои боледуваат од оваа болест, порачаа од Асоцијацијата за цистична фиброза кои денеска одржаа прес-конфренција пред Министерството за здравство. Има пациенти на кои им се влошува ситуацијата постојано, што значи колку побрзо се решат овие проблеми за сите пациенти, толку ќе биде подобро. Не смееме ...
Уште еден трагичен настан поврзан со болницата ги потресе битолчани. Бебе починало во стомакот на родилка од Битола откако и била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, објави Независен. Според нивните информации кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се ...
Според премиерот, ако Уставниот суд ги поништел- место да ги укине членовите од законот, на функционерите ќе требало да им бидат исплатени од буџетот разлики со камати во висина од 100 милиони евра. „Одлуката на Уставен суд со која се укинуваат одредби од законот за плата е конечна и треба да се почитува. Тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица. Се работи за шпекулации во најголем дел“, порача премиерот ...
Последниот ден од регуларниот дел на сезоната донесе една специфична (морбидна) ситуација. Несекојдневниот настан се случи на мечот помеѓу Минесота Тимбервулвс и Њу Орлеанс Пеликанс. Руди Гоберт и Кајл Андерсон се степаа меѓу себе, за време на тајм-аутот на домаќините. По вербалниот дуел следуваше и размена на удари а брзата интервенција на соиграчите спречија посериозен инцидeнт. Францускиот центар, Гоберт беше веднаш исклучен од натпреварот. ...
Комисијата за заразни болести денес препорача здравствениот систем да се подготви за справување со нови случаи на заразени со морбили кои би можеле да се очекуваат во земјава. Портпаролот на Комсијата, Злате Мехемедовиќ, соопшти дека донеле три препораки откако го разгледале случајот со тринесетмесечното дете од Свети Николе заразено со морбили кое е веќе пуштено на домашно лекување. „ Првата и основна работа е да се засили епидемиолошкиот ...
Првиот вицепремиер Артан Груби на настанот се појави облечен со црна маица на која се испечатени по една жолта и бела лента и на неа бројот 8. Тоа може да се види и на фотографиите подолу на кои Груби е со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва. Делниците од коридорите 8 и 10-д ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Овој проект за владините претставници е историски бидејќи тежи 1,3 милијарда евра, а делниците од двата коридори ...
Воз излетал од шините во холандското село Воршотен во близина на Хаг. Еден човек загинал, а над 30 патници се повредени од кои 19 потешко. Возот превезувал 50 патници, кога утринаава во 3.30 удрил во градежен кран, се превртил и дел од вагоните излетале во полето. Спасувачките екипи ги извлекле патниците, на половина им укажале помош на лице место и тие биле сместени во околните куќи, додека 19 се во болница со тешки повреди. Првите два вагони ...
Сопственикот на порталот „ДоказМ“ е казнет и со 5.000 евра, престанува да важи регистрацијата и на сите негови регистрирани домени и не ќе може да отвора медиум 10 години по правосилноста на пресудата Во пресуда што може да биде пресвртница во работата на многу интернет медиуми за кои информирањето е второстепена работа, Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, денеска доби три години и еден месец затвор за пет кривични дела. Тој ...
Од денес играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk, имаат можност да се забавуваат со најновиот награден предизвик. Наградната игра „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ “ на 2win.mk ќе донесе забава и вкупен фонд на награди од 13.800.000,00 денари. Видеолотарија Касинос Австрија континуирано го следи задоволството на играчите. За нив, подготвивме нов награден предизвик на играчката платформа 2win.mk, од денес ...
Многу луѓе мислат дека е лесно за убавите луѓе, но мене ми е полошо поради тоа. Ми го загорчуваат животот. Не веруваат дека постојам, не веруваат дека сум вистинска колку сум убава. Тие мислат дека сум некој вид робот. Прилично е дискриминаторско што ме бришат од Инстаграм затоа што изгледа затоа што сум премногу убава за да постојам“, се пожали Вероника Рајек (25), модел од Словачка, која живее во Виена. Таа тврди дека постојано го бришат ...
По победата во Црна Гора пред граѓаните се обрати новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. „Вечерва е ноќта што ја чекавме повеќе од 30 години и на сите да ни биде благословена оваа победа. Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора“, рече тој. „Мило, крадец“, извикуваа штабот на новиот претседател Милатовиќ, пренесуваат ...
Роберт Кит Хори, роден на 25-ти Август 1970 година во Харфорд Каунти (Мериленд). Своите спортски почетоци ги прави во средното училиште Андалузија (Алабама) каде е избран за најдобар средношколец во државата. Со своите 208 цм. имаше висина да се спротивстави на центрите а со својата брзина, агилност и вештина да биде поуспешен од речиси сите на теренот. По сјајната игра добива целосна стипендија од универзитетот Алабама. Таму формира страшно ...
Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада што ги погодија градовите во јужниот и средниот запад на САД. Силниот ветер оштети куќи, а стотици илјади луѓе останаа без струја, објави денеска Би-би-си. Торнадото најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи. Гувернерката Сара Хакаби Сандерс во петокот прогласи вонредна состојба во Арканзас, ...
Двете малолетнички кои беа пријавени за исчезнати завчера вечерта во Скопје се пронајдени, потврдија извори од МВР за Телма. По девојчињата, 15 годишната Мелиса и 12 годишната Аниса се трагаше од четвртокот вечерта, откако таткото на Аниса ја пријави за исчезната. Тогаш таткото на Аниса пријавил во полиција таа во четвртокот наутро излегла од дома кон нејзиното училиште „Лирија“ во Чаир, меѓутоа по часовите не се вратила дома. Претходно денеска ...
Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот ниту имам план да сторам такво нешто, пишува во пораката објавена на профилот на социјалните мрежи од каде што беше упатена една од заканите Извинување до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговото семејство и партијата осамна на профилот на социјалните мрежи со име Роберт Типчето откако претходно беа упатени закани за опозицискиот лидер. Заканувачот пишува дека тоа било ...
Аниса Ајро од Скопје е исчезната веќе трет ден. Семејството го пријавила случајот во полицијата, а моли и за помош од граѓаните. Таткото на девојчето, Енгин за „Фокус“ раскажа кога исчезнала 12-годишната Аниса. -Последен пат ја видов пред да одам на работа. Се подготвуваше да оди на училиште. Носи црна јакна и кафеави пантолони и висока е околу 163 сантиметри. Тоа што го знаеме е дека девојче, кое не ѝ е другарка, ја викнало за време на ...
Вистинска реткост е да се видат заедно големите мајстори во својата професија, а токму денес Видеолотарија ги спои со цел д ги поддржи и во нивните нови спортски предизвици, но и во поттикнувањето на младите да ги препознаваат како свои спортски идоли. Спортските легенди Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија оваа година. На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите ...
Труп без глава е пронајден на магистралниот пат Скопје – Блаце вчера претпладне. Увидна екипа, екипа на судска медицина како и јавен обвинител го испитуваат случајот. Обезглавеното тело е пријавено на коловозот кај клучката кај Визбегово која води кон скопската обиколница. Неофицијално, најверојатно станува збор за илегален мигрант кој нелегално се превезувал во приколка на камион од која и паднал, по што бил прегазен од тешко товарно возило ...
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го критикуваше обвинението против Доналд Трамп и вети дека државата нема да помогне во неговото испорачување на правдата. Но, адвокатот на Трамп, Џо Такопина, изјавил дека неговиот клиент доброволно ќе се предаде во Њујорк. Исто така, Де Сантис нема моќ еднострано да ја укине клаузулата за меѓудржавна екстрадиција на Уставот на САД и најверојатно ќе биде блокиран од федералниот суд доколку се обиде да ја ...
Пукањето и убиството во скопски Капиштец се случило по турканица во казино, лоцирана непосредно до автобуската станица, дознава „Макфакс“. Според информациите, не се работи за испланирано убиство. Двајцата играчи седеле заедно во казиното на слот-машините и играле кога одеднаш станале, меѓусебно почнале да туркаат, едниот од нив го извадил пиштолот и пукал во лицето од Арачиново, кое починало на местото. „Макфакс“ дознава дека убиецот потоа го ...
Фокусирани сме на обезбедување на сите докази и расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница, но сè уште не сме ги добиле резултатите од обдукцијата, изјави јавниот обвинител, Љубомир Јовески. „Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Јавното обвинителство работи на прибирање на други докази од повеќе лица, кои може да помогнат во расветлување ...
Во тек е операција на Бојан Јовановски-Боки 13 во болницата „Св. Наум Охридски“ – Скопје, дознава „Макфакс“. Тој утринава бил однесен во операциона сала, каде што треба да му биде извршен оперативниот зафат. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, полномошник на Боки 13, за „Макфакс“ ја потврдува информацијата и посочува дека станува збор за сложена интервенција, која е ризична и животозагрозувачка. „По завршување на сите медицински испитувања, денеска, ...
Прашање на денови и недели е кога ќе биде формирана работната група која ќе треба да ги подготвува и напише уставните амандамани, потврди министерот за правда. Сепак не само вметнувањето на Бугарите во преамбулата, Лога ќе понудел и пакет на измени за македонскиот устав, во кој ќе бара и замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“. Очекувал опозицијата да биде вклучена и во работните групи. Засега во тајност се држат ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување ...
Кенет Андерсон, роден на 9-ти Октомври 1970 година во Квинс (Њу Јорк). Уште од најрана возраст, младиот Кени беше сметан за еден од најдобрите плејмејкери кој потекнуваат од легендарните њујоршки игралишта. Уште во шесто одделение за Андерсон пишуваа локалните медиуми а на своја 14 годишна возраст ја има својата прва насловна страница. Во средното училиште “Арчбишоп Молој”, Андерсон играше на врвно ниво и 4 пати беше прогласен за средношколски ...
Трагедија ја потресе Битола откако шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница, пренесува Независен.мк. Според блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало. Роднините на семејството се сомневаат дека ...