Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
„Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде каде што делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“, истакна Димитриевски во вечерашното гостување на Канал 5. Тој нагласи дека ЗНАМ продолжува директно ...
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека „со години институциите (лабораториите) пријавувале неправилности со водата, не само во Гостивар, туку и во други градови“. „СДС молчел, се криело од јавноста и граѓаните, иако граѓаните трпеле здравствени последици. Никој не знаел кој е причинителот на здравствените проблеми, бидејќи на СДС не било приоритет здравството и грижата за населението, туку приоритет им било ‘лоповлук’ и лично богатење. Знаел и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со ракети, како и воздушни и поморски дронови, со цел напад врз руска база. Во својата изјава не ги спомна терминалите за жито. Украинската војска подоцна соопшти дека биле погодени четири руски воени бродови, меѓу кои две фрегати, за што руската страна не се изјасни. „Окупаторската флота и целата инфраструктура што ја поддржува нема да бидат безбедни ...
„Длабоко свесна за својата историска улога и за одговорноста во духовниот живот на македонскиот народ, а водена од евангелските начела и богатото православно предание, таа останува Црква отворена за сите, обединувајќи ги своите верни во единството на верата и во евхаристиското заедништво, надминувајќи ги сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби. Евангелието Христово, верата во Воскресението и благосостојбата на доверените души ...
Аналитичари во интервју за јавната телевизија РТВЕ изјавија дека овој настан има многу обележја на она што се нарекува хибридна војна. Мароко „не е само уште една соседна земја“, ниту може да се спореди со другите поради нејзините долгогодишни територијални претензии кон Сеута и Мелиља, тврдат тие. Во овој случај, толку многу геостратегиски интереси се испреплетени што е тешко сè да се припише на наводно спонтано движење без политичка цел, ...
Анкетата, која траела шест дена и завршила во понеделникот, е спроведена во момент кога републиканскиот претседател Доналд Трамп повторно се повлече од заканите за „масовни напади“ врз Иран, дополнително нагласувајќи ја неизвесноста околу конфликтот за кој првично тврдеше дека ќе донесе брза победа. Половина од испитаниците веруваат дека американската воена акција во Иран ќе го дестабилизира Блискиот Исток во текот на следната година, што е ...
Предлогот за оданочување на онлајн обложувањето ги подели 27-те земји членки. Од едната страна се застапниците на индустријата за обложување од јужна Европа, а од другата се западноевропските земји предводени од Франција. Дискусиите веќе почнаа, иако Европската комисија сè уште не презентирала официјален предлог за данокот, кој на крајот би требало едногласно да биде одобрен од сите влади. Тоа е само едно од многуте спорни прашања во ...
Иако нема официјална потврда, тоа се однесува и на одбранбениот сектор, до евентуалното заедничко производство на беспилотни летала. Производството во Србија би можело да го финансираат Обединетите Арапски Емирати. Новинарот Михаел Мартенс потсетува дека симпатиите кон Русија и Владимир Путин не се толку изразени никаде во Европа како во Србија. Српското раководство очигледно не верува дека силите на Путин се на раб на убедлива победа во ...
Напредокот беше овозможен откако на 26 мај беше одобрен таканаречениот основен пакет, кој ги вклучува владеењето на правото и основните права, функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и судството, како и економските критериуми. Целта на Тирана и Брисел е сите преговарачки поглавја да бидат затворени до крајот на 2027 година. Улогата на Албанија во европскиот контекст Во тој контекст договорот меѓу ...
Голем број политичари, од премиерот Енди Бернам до градоначалникот на Лондон Садик Кан, ја осудија идејата на Советот на Вестминстер, кој е надлежен за издавање лиценци на пабовите и рестораните во Вест Енд, центарот на ноќниот живот популарен и меѓу туристите и меѓу локалното население. Карактеристика на многу од овие пабови се големите групи луѓе што стојат и пијат со пријателите, честопати излегувајќи и на улица во топлите пролетни и летни ...
Зеленски објави видео од своето пристигнување на социјалните мрежи пред средбите со српскиот претседател Александар Вучиќ и други функционери. „Ќе разговараме за проширување на економските врски меѓу нашите земји, односите со Европската Унија и други прашања што можат да им користат на нашите народи, како и безбедносни теми“, напиша Зеленски. Иако западните медиуми истакнуваат дека посетата би можела дополнително да ги влоши односите меѓу ...
Ројтерс разговарал со десетина поранешни функционери, претставници на компании и аналитичари кои велат дека милијардерите од внатрешниот круг на Орбан го преиспитуваат својот бизнис откако премиерот Петер Маѓар го оконча 16-годишното владеење на Орбан со победата на изборите во април. Одредени компании, велат аналитичарите без да ги споменуваат нивните имиња, веројатно нема да преживеат во новите околности. „Мораме и сакаме да се ...
„Ги пренесовме нашите предлози до американската страна“, кажа Зеленски во своето вечерно видео обраќање. „Соединетите Американски Држави можат да помогнат во зајакнувањето на нашата одбрана, првенствено воздушната одбрана, и да извршат притисок врз Русија да ги промени своите планови – да се подготви за окончување на војната, наместо за нејзино продолжување“. „Ги пренесовме нашите предлози до американската страна“, кажа Зеленски во своето ...
Репрезентативниот примач и еден од најдобрите македонски одбојкари Александар Љафтов е нов член на македонскиот првак Штип УГД. Љафтов е еден од носителите на македонската репрезентација повеќе од 15 години. Има настапувано во многу клубови во Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Италија, Саудиска Арабија, Грција. Беше една од главните алки на македонската репрезентација, со која настапи на Европските првенства 2019, 2021 и 2023 година, а со ...
Токму таква одлука донесе едно семејство минатиот месец, која денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, била извршена трансплантација, со што два живота добиле нов и поквалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна за храброст – приказна за семејство кое во моментот на најголема загуба помислило на некој друг, но и приказна за пациенти кои денес живеат, дишат и се враќаат ...
„Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување“, се наведува во заедничкото соопштение. По преземените активности, се додава во соопштението, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на ...
Поранешниот тренер на неколку големи кошаркарски клубови, меѓу кои и Барселона и Баерн Минхен, како и поранешен селектор на Србија Светислав Пешиќ, ќе дојде во Скопје како главен предавач на задолжителната тренерска клиника, информираше Кошаркарската федерација на Македонија. „Станува збор за тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ФИБА, ...
Македонија имаше одлично отворање на мечот, првата четвртина ја добивме со 28-23, а предноста од пет поени ја задржавме и во вториот период, на одморот се замина со водство за нашите кошаркари од 46-41. Но, работите се променија во вториот дел. Босанците почнаа да ја топат негативата и го свртеа резултатот, на крајот дојдоа до победа од 86-75. Најефикасен во македонскиот состав беше Григориј Ѓорѓевиќ со 21 поен, четири скокови и четири ...
Кошаркарската федерација на Македонија повторно ја доби довербата од европската куќа на кошарката, откако и во минатото успешно организираше повеќе младински континентални шампионати. Натпреварите во Скопје ќе се играат во „Т Арена“, а Гевгелија ќе биде домаќин во салите „НБ Ноел“ и „26 Април“, кои веќе имаат искуство со организација на меѓународни кошаркарски настани. Македонската кадетска репрезентација ќе игра во групата Б, каде што за ...
Активни пожари има во Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), информира ЦУК. Како што додава ЦУК, под контрола се пожарите – во Општина Крива Паланка – на излез од Крива Паланка (депонија); Општина Делчево – градска депонија (депонија), а изгаснати се ...
Основниот Кривичен суд Скопје минатиот месец го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2″, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. Во април годинава ...
Некогаш за да направиш билборд ти требаа фотограф, дизајнер, лектор, уметнички директор и неколку пара очи што ќе проверат дали сè е како што треба. Денес изгледа е доволно да напишеш неколку реченици во некоја алатка за вештачка интелигенција и да притиснеш „генерирај“. Или барем така изгледа. Резултатот е Букефал со пет нозе, некое Кале што не личи на Скопското кале, малку чуден Камени мост и панорама што повеќе личи на измислен град ...
„Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во вакви моменти нема место за чекање – потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, со цел да им се обезбеди безбедна вода за пиење во периодот додека траат испитувањата и сè до целосно ...
„Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните“, напиша Ѓорѓиевски. Според него, опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. „Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме ...
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат до 27 до 32 степена. Во Скопје, сончево и многу топло со ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираа новиот Центар за услуги во Крушево, кој е шеснаесетти ваков центар во мрежата на министерството. Според Министерството, со отворањето на Центарот се овозможува подостапен пристап до дигиталните услуги за жителите на Крушево и околните населени места, при што граѓаните ќе можат да добијат непосредна поддршка за ...
„Од малиот број на вести за оваа тема би можело да се добие впечаток дека посетата била повеќе за учество во прославите на Националниот празник на Франција. Сепак, овој впечаток е погрешен. Северна Македонија презеде многу сериозни антируски обврски. Русија постојано нагласуваше дека распоредувањето на воени контингенти од ‘коалицијата на волонтерите’ во Украина е неприфатливо, бидејќи тоа ќе се смета за странска интервенција, а овие единици ...
„Поради зголемениот број на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво, Центарот за јавно здравје Тетово, Одделение за епидемиологија Гостивар, пријавува епидемија на ниво на подрачјето на Општина Гостивар“, рече д-р Зорица Зафироска, епидемиолог. Таа информираше дека последниве денови е зголемен бројот на заболените. Во последните 24 часа, според информациите од Општата болница Гостивар, на преглед на инфективно ...
Во организација и под покровителство на групацијата „Стрип Центар-стрипот може“ од Велес младите македонски стрип–таленти: студентката Ангела Петрушевска и средношколците Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски од денеска до 13 јули ќе творат со врвни балкански и светски стрип автори учесници на 14-та Меѓународна стрип колонија во Јошаничка Бања, Србија. Како што информира Томе Трајков претседателот на оваа групација, годинава, традиционалната ...
На изложбата се претставени и некои од највлијателните имиња во современата архитектура и дизајн. Меѓу нив се добитниците на Прицкеровата награда Шигеру Бан и Арата Изозаки, како и Кенго Кума, Јошио Танигучи, Тадао Андо и, секако Кензо Танге – творци чии дела оставиле траен белег врз светската архитектонска и културна сцена. „Осумдесетте проекти се изложени на структури што потсетуваат на оригами – преклопени, аголни и понекогаш кубични форми ...