Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Селекторот Јошко Миленкоски прозиваше, а на првиот состанок се појавија 18 одбојкари, поголемиот дел од нив првпат во А – селекцијата, на кои се гледа како дел од иднината на тимот. Според најавеното интернационалците Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Александар Љафтов, Филип Савовски и Филип Маџунков, како и Стојче Арсов ќе се приклучат на 13 мај во Скопје. Традиционално со ручек и работен состанок селекторот Миленкоски ги поздрави сите играчи ...
Во разговор за италијанскиот „Кориере дела Сера“, Стаб го отфрли сè поголемиот аларм во НАТО откако САД минатата недела објавија дека ќе повлечат 5.000 војници од Германија. Иницијативата на Пентагон следеше по повеќемесечен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано се закануваше дека ќе го намали американското воено присуство во Европа и ги обвини сојузниците на НАТО дека не ги поддржаа доволно САД за време на војната ...
Одговарајќи на прашања од новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека неговиот план е „многу едноставен“. „Не знам зошто едноставно не го кажувате тоа јасно – Иран не може да има нуклеарно оружје“, му рече тој на еден новинар. „Му правиме услуга на целиот свет“, додаде Трамп. Тој го нарече предлогот на Иран до САД за прекин на војната, кој вчера брзо го отфрли, „глупав“. Трамп сега тврди дека Иран се согласил да се откаже од својот нуклеарен ...
„Тој во моментов не може да покаже речиси никакви територијални добивки, а неговата војска продолжува да губи делови од територијата што ја заземала. Затоа, со оглед на тоа што Путин продолжува да ја лаже и манипулира јавноста, наша должност е како партнер на Украина дополнително воено да ја зајакнеме“, рече Писториус на брифинг со својот украински колега Михаил Федоров. Германскиот министер за одбрана нагласи дека Путин, „ако навистина сака ...
Членовите на Комисијата изразиле задоволство што експертскиот панел нема забелешки за постапувањето на Комисијата и за целата национална постапка, која според експертскиот панел не иницира никакво посебно прашање. Сепак, од таму констатирале дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур. Со цел да се запазат роковите, Комисијата денеска заседавала и утврдила нов кандидат на ...
Обраќајќи се пред присутните, претседателката истакна дека географската оддалеченост не значи и духовно оддалечување од татковината, нагласувајќи дека припадниците на дијаспората и натаму се силно поврзани со Македонија. „Глеткава пред мене е јасна и силна потврда дека географската дистанца не мора да значи и духовно оддалечување од татковината. Пред себе гледам луѓе кои, иако не живеат тука, се уште имаат емоција, чувство, па и гордост, на ...
„На работен појадок ќе разговараме со нашите западнобалкански пријатели. Ова е можност да разгледаме што друго може да се направи. Тие се заинтересирани за нашата соработка во борбата против хибридните закани со кои се соочуваат, а за возврат очекуваме реформи од нив за да можеме да продолжиме со проширувањето. Ќе разговараме за проширувањето и што друго може ЕУ да направи за да можат земјите од Западен Балкан да постигнат напредок во ...
На две кола до крајот, од второто до шестото место има само пет бода разлика, а дополнителен притисок носи фактот што Наполи има и натпревар помалку. Натпревари до крајот на сезоната: Наполи игра со Болоња, Пиза и Удинезе Јувентус игра со Фиорентина и Торино. Милан игра со Џенова и Каљари Рома игра со Лацио и Верона Комо игра со Парма и Кремонезе. Табелата во моментов изгледа вака: Наполи 70 бода, Јувентус 68, Милан 67, Рома 67 и Комо 65. На ...
Ивановски рутата ја истрча за 30 минути и 34 секунди, со што го подобри претходниот национален рекорд за 16 секунди и стигна до уште едно големо достигнување во својата кариера. Второто место во машка конкуренција му припадна на Димитар Илиев со време од 32 минути и 27 секунди, додека трет низ целта мина Муџахед Мислими. Кај дамите најбрза беше Греша Бакрачи од Косово, која трката ја заврши со време од 35 минути и 18 секунди. Второто место го ...
ЖШК Прилеп е една од 14 екипи пријавени на турнирот, кој според предвиденото треба да се одигра во два викенда (10 мај, и 16/17 мај). Сепак, стартот на турнирот е обележан од два скандалозни моменти поради што прилепскиот клуб се обрати со соопштение до медиумите. – Започна екипните првенства на Македонија во шах. И тоа неславно. Имено, иако според Правилникот на Квалификациите за Втора лига, неопходно е присуство на капитените на Техничката ...
Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“ , годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија. Во фокусот ќе бидат и теми поврзани со лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка. С веченото отворање на Самитот е вечерва, 11 мај, ...
Науката одамна потврди дека музиката може да има позитивен ефект врз расположението, работата на срцето и мозокот. Сепак, новите истражувања покажуваат дека не секоја музика е подеднакво ефикасна кога станува збор за намалување на анксиозноста и дека е важно колку долго ја слушаме. Студија го испитувала ефектот на специјално дизајнирана музика користејќи ја техниката на стимулација на аудитивни ритами (АБС). Оваа метода користи ритмички ...
Со вкупно 14 галерии на цела траса создаваме безбеден автопат, автопат кој треба да биде сржта на економијата на западниот дел од земјата, напиша Николоски. Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. ...
Примирјето, за кое американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека ќе биде продолжено, веќе ја покажа својата кревкост во неделата, кога двете страни меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот. Според Украинформ, пет лица, меѓу кои и тинејџер, биле повредени утрово во Херсон во руски напад со дронови. Украинската војска соопшти дека во изминатите 24 часа биле забележани 180 судири долж првата линија на фронтот, а руските сили ...
„Енергетската криза беше јасен сигнал дека енергетската безбедност и транзицијата мора да одат паралелно. Македонија суштински го редефинира пристапот кон енергетиката – од пасивно следење на пазарот кон активно планирање, инвестиции и развој“, истакнала Божиновска на форумот, каде што заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутира за енергетската безбедност, декарбонизацијата ...
Најсигурна е промената на тренерската позиција, Алваро Арбелоа ќе замине, а на негово место најверојатно ќе дојде Жозе Мурињо. Што се однесува до играчкиот кадар, таму исто се очекуваат промени. Според некои медиуми, само седум играчи се сигурни, тоа се: Тибо Куртоа, Андреи Лунин, Џуд Белингем, Феде Валверде, Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Ендрик. Винисиус не е вклучен во листата поради тешките преговори кои се водат за продолжување на неговиот ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро објави дека ЕУ воведува санкции врз „главните израелски организации одговорни за поддршка на екстремистичката и насилна колонизација на Западниот Брег, како и врз нивните лидери“. „Овие најсериозни и неподносливи акти мора веднаш да престанат“, напиша Баро на социјалната мрежа Икс. Баро додаде дека ЕУ усвоила и санкции против „главните лидери на Хамас“. „Нема да дозволиме никој да ја ...
Кос оцени дека сегашниот модел на проширување е премногу бавен и стар е веќе 40 година, па ЕУ мора да најде нов механизам кој ќе овозможи постепена интеграција на земјите кандидати уште пред полноправното членство. Според неа, опциите што се разгледуваат вклучуваат задржување на постојниот систем, негово реформирање за побрз напредок или модел на „постепено“ проширување, при што кандидатите би добивале делумен пристап до европскиот пазар и ...
Taa изјави дека финансиската поддршка е поврзана со спроведувањето на реформите и економската интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар. Според неа, Планот за раст има цел да ја забрза економската конвергенција и да им овозможи на државите од регионот побрзо да се приближат до европските стандарди. Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан предвидува вкупен пакет од шест милијарди евра за периодот 2024–2027 ...
БиХ е посебно интересна за нас затоа што на 29 мај ќе одигра пријателски натпревар со Македонија, меч кој за нив ќе биде генерална подготовка пред заминувањето на Мундијалот. Фудбалерите кои се повикани за СП, се и оние против кои ќе играме ние. Голмани: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ Одбрана: Амар Дедиќ, Никола Катиќ, Стјепан Раѓелиќ, Нидал Челик, Нихад Муакиќ, Тарик Мухаремовиќ, Сеад Колашинац Среден ред: Амир Хаџиахметовиќ, ...
„Безбеден премин низ Ормускиот теснец и воспоставување безбедност во регионот и Либан беа други барања на Иран, кои се сметаат за великодушна и одговорна понуда за регионалната безбедност“, изјави денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи. Тој истакна дека бараат крај на војната, укинување на блокадата и пиратеријата и ослободување на иранските средства „неправедно замрзнати во банките под американски ...
Анкара уште од почетокот на судирот е во постојан контакт со Соединетите Американски Држави и Иран, но и со Пакистан, кој има улога на клучен посредник. Турција, заедно со Египет, упорно турка дипломатско решение за да се запрат непријателствата. Според изворот, Фидан за време на викендот имал два одвоени телефонски разговори со иранскиот министер за надворешни работи. За време на утрешната посета, шефот на турската дипломатија уште еднаш ќе ...
Има манифестации, рече Љутков, што работат три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата, за нив се предвидени по 25-30 работни места. Битно е, нагласи, тие да не се згаснат, туку да продолжат да функционираат, но во рамките на други институции како одделенија или сектори. „Нема да има укинување на институциите во културата, туку нивна современа реорганизација. Оптимизацијата на националните установи значи фузирање на ...
Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во работната група, за МИА оцени дека состанокот бил продуктивен и дека со консензус било постигнато усогласување на десет членови од Изборниот законик, во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Претставниците на политичките партии се усогласиле за членовите кои се однесуваат на користењето буџетски средства на институциите во изборната ...
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ја продолжи фантастичната серија и стигна до шестиот погодок на последните пет натпревари. Формата на Тодороски трае уште од април кога погоди против Напредак, а потоа по двапати ја тресеше мрежата на Спартак Суботица и Раднички. Против Јавор, 27 годишниот офанзивец го отвори резултатот уште во осмата минута, а до крајот на првото полувреме запиша и асистенција во доминантното издание на ...
Тој посочи дека неточни се насловите дека таткото на Вања самоволно ја напуштил судницата, откако претходно изјавил дека се чувствува како заложник и дека нема што да додаде. Според Туфегџиќ, пред почетокот на јавната седница, како бранител побарал од судечкиот совет по излагањето на одбраната да им биде дозволено да ја напуштат судската сала и да не присуствуваат на образложенијата на останатите обвинети. Тој наведе дека јавниот обвинител се ...
Експертите предупредуваат дека некои од нив ја зголемуваат желудочната киселина, предизвикуваат ненадејни промени во шеќерот во крвта или го оптоваруваат дигестивниот систем. Цитрусно овошје Портокалите, лимоните, грејпфрутот и другите агруми се богати со витамин Ц, но поради нивната висока киселост, тие можат да предизвикаат чувство на печење и иритација на желудникот, особено кај луѓе со чувствителен дигестивен систем. Консумирањето ...
Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ што го поврзува со кривичните дела. Адвокатот Владимир Туфегчиќ оцени дека Основниот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ја исклучил можноста за негова вина. На седницата беа спроведени четворицата осудени на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Одбраната на обвинетите бара укинување на првостепената пресуда и ...
„Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се превенира и да се полесно идентификува и лоцира проблемот потребно е да бидат лоцирани алармни системи кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи во иднина девијантна појава како што имавме во ООУ ‘Ванчо Прке’“- вели Јорданов. Тој најави дека против ваквите вандалски појави низ градот ќе се постават и 190 безбедносни камери, а ќе бидат поставени пред институции, ...
Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот сообраќај. Во првите четири месеци од оваа година опслуживме вкупно 1,2 милиони патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, што е висок пораст од рекордни 32,4% и ќе нè ...