Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Како што пренесува Асошиејтед прес, годишната инфлација во Иран достигнала 53,7 отсто, додека цените на храната скокнале за неверојатни 115 проценти во однос на минатата година. Иранскиот ријал изгубил повеќе од половина од својата вредност, достигнувајќи рекордно ниско ниво од 1,9 милиони ријали за еден долар. Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека иранската економија во наредната година ќе падне за околу шест отсто. Иако Иран со ...
Семејството е темелот врз кој расте секое дете – со љубов, поддршка, чувство на припадност и сигурност. Но, за дел од децата, животниот пат започнува со поинакви предизвици. Токму затоа, по повод Денот на семејството, Бимилк уште еднаш ја потврдува својата поддршка за СОС детско село преку стратешко партнерство што вклучува месечна финансиска помош и донации во производи. Со верување дека секое дете заслужува безгрижно детство, здрав раст и ...
По подолго време Вардар е на дофат на шампионската титула, за тоа да се случи потребен му е само уште еден бод во последните две кола. Првата шанса за заверка на тронот ја има денеска, црвено-црните ѝ гостуваат на Струга. Скопскиот тим треба само да не загуби крај Охридското езеро, по што прославата ќе може да почне. Шкендија остана само со теоретски шанси за одбрана на титулата, тие денеска имаат навидум лесна задача, ја пречекуваат Брера. ...
Италијанскиот ас без поголеми проблеми го совлада Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4. Со триумфот над Русинот, Синер стигна до неверојатни 32 последователни победи на турнирите од Мастерс серијата и го урна досегашниот рекорд кој го држеше Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер во 2011 година успеа да наниже 31 победа по ред, но сега Италијанецот остана сам на врвот на оваа листа. За Синер ова беше осма победа во меѓусебните пресметки ...
Како што пренесуваат дел од медиумите, спорниот дел во случајот се однесува на процесот што му претходел на носењето одлука за интервенција, односно на читањето на ангиографските снимки, изготвувањето на медицинските извештаи и поставувањето на индикациите за третман. Во објавените информации се наведува дека странските експерти не го квалификувале случајот како изведување операции без потреба, туку укажале на сомнителни наоди во ...
Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста. Туристите најголем интерес покажуваат за мозаиците Голема Базилика, Мала Базилика и други, кои се на површина од речиси 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ ...
Во однос на овие случаи Комсијата оценува „дека одредени аспекти од третманот и водењето на пациентите биле под очекуваните професионални стандарди и можеби неповолно влијаело врз клиничкиот исход врз нив“. Пациентите се на возраст од 45 до 78 години, кои што беа предмет на анализа. Анализираните случаи се однесуваат на интервенции и постапки реализирани во јавните и во приватните здравствени установи. Станува збор за случаи од неколку ...
Како што велат од МНР, воспоставувањето постојано резидентно дипломатско присуство во Вилнус ќе придонесе за зајакнување на директниот политички дијалог меѓу двете земји, поефикасно застапување на македонските национални интереси и унапредување на билатералната соработка со „оваа значајна пријателска земја“. Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во ...
Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се финализира во септември, а до крајот на јуни е рокот за чекорите и мерките што треба да ги спроведат Владата и министерствата. „Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден ...
Владиката Петар мета дека надлежниот европски владика Пимен не работел канонски, односно, не ги посетувал сите европски земји во кои има наши иселеници. „Не може на еден владика од дијаспората седиштето да му биде во Скопје. Зборувам конкретно за Европската епархија, која има преку 500.000 верници. А другите цркви во Европа имаат шест-седум епархии, а ние со една епархија. Значи, почнуваме процес пред Синодот за формирање други епархии во ...
На настанот учествуваат претставници од Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, кои преку стручни презентации и дискусии ќе разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот. Во своето поздравно обраќање, главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека поддршката на вакви професионални и регионални иницијативи е целосно ...
„Што се однесува до повторното актуелизирање на дистанцирањето на објектите како наводно решение и во овој предлог закон, како Асоцијација сме категорично против. Прво, дистанцата на одреден бизнис е дискриминаторска и уставно-спорна одредба. Со темелните вредности на македонскиот устав се предвидува ‘слобода на пазарот и претприемништвото’ и оттука крајно спорно е државата да воведува законски ограничувања кои немаат карактер на фиксна ...
Изложбата ги преплетува фрагментите и трагите од градот оставени од неговите жители: пораки, почва, траги од гуми, градежен, дрвен и билен отпад – во тактилна архива што го мапира времето, трудот и еколошките сеќавања. Изложбата содржи пронајдени материјали на различни локации во градот, преточени во инсталации, кои стојат како сведоштво на негрижата. Слоевитите тули, цементните и градежните блокови, искосената трева, исечените дрвја, ...
„Навистина успеавме да покажеме огромна разлика, затоа што ресурсите се многу ограничени и заради тоа што исклучително голема труд и посветеност е потребна за да можете да ги поместите работите“, рече Митева. Таа посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја движи државата во правилна насока, а за тоа показател се анкетите кои и покрај две години власт, со добра консолидација и посветеност рејтингот на владејачката партија има значителен ...
Посебен проблем е што слабеењето на функцијата на бубрезите честопати поминува сосема незабележано. Тие можат да функционираат лошо со години без јасни симптоми, поради што многумина откриваат дека постои проблем само за време на рутински прегледи. Бубрезите ја филтрираат крвта секој ден, ги отстрануваат штетните супстанции од телото, ги регулираат нивоата на течности и минерали и помагаат во контролата на крвниот притисок. Поради постојаниот ...
По крајот на натпреварот, Мбапе пред медиумите го искажа својот револт. „Арбелоа ми рече дека сум четврти напаѓач, зад Винисиус, Гонзало и Мастантуоно“, рече Мбапе. Одговорот брзо стигна од Арбелоа кој има поинаква верзија. „Посакував да имам четворица напаѓачи, немам четворица напаѓачи и не сум му кажал нешто такво на Мбапе. Веројатно погрешно разбрал“, вели Арбелоа. „Мбапе на клупа? Јасно е дека за мене фудбалер кој не можеше да патува ...
За популарниот Мрме, ова е прв ангажман на селекторска функција по заминувањето од клупата на Македонија. На промоцијата Ангеловски се заблагодари за приемот и поддршката од Фудбалската федерација на Таџикистан. „Сакам да му се заблагодарам на раководството на Федерацијата за топлиот пречек. Од самиот почеток ја чувствувам довербата и поддршката од сите во организацијата“, изјави Ангеловски. Во неговиот стручен штаб ќе бидат и неговите ...
„Нема сомнение дека потребата од водење на оваа војна ги принуди Украинците да развијат нови тактики, нови техники, нова опрема и нови технологии, создавајќи форма на хибридно и асиметрично војување. Тоа е секако импресивно“, изјави Рубио за Фокс њуз. Русите губат пет пати повеќе војници месечно од Украинците, иако Украина е помала земја со помала војска, „благодарение на значајната помош што ја добија, но и благодарение на искуството што го ...
„Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените. Загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме. И покрај постојаните измени на закони, стратегии и политики, во практика нема суштинско подобрување во заштитата на ...
Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите години од минатиот век, па дописник на „Танјуг“ и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја почнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, особено со заминувањето во Белград на студии. По заминувањето од Охрид, Георгиевски ...
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи и дневни температури од 18 до 26 степени. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела времето ќе биде облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно и ...
„Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги испраќаат до македонските граѓани, упатив една порака и претходно. Значи, од македонски број не може да стигне лажна порака за да платите на ова или на тоа. Сите оние лажни пораки стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните. Повторно опозицијата, со ...
„Доколку Шмит воведе закон за државен имот, истовремено ќе се донесе и одлука за независност на РС“, кажа Додик, објавија медиумите во Бања Лука. Тој кажа и дека сите одлуки донесени од Шмит за време на неговиот мандат треба да бидат поништени. „Нема да дозволиме никој повеќе да се однесува со нас на тој начин. Одлуките на Шмит мора да бидат поништени. Кога тоа ќе заврши, РС е подготвена за разговори и договори во Босна и Херцеговина. Пред ...
Во изјава за време на посетата на населбата Беери во близина на Газа, Либерман, поранешен израелски министер за одбрана, кажа дека не е против воена акција „доколку е потребно“. Но, тој предупреди дека Нетанјаху „може да почне воена акција не за да постигне победа, туку исклучиво за изборни цели“. „Тоа се однесува на нашите војници. Ако се почне воена акција, таа мора да биде исклучиво со цел да се донесе одлука. Неприфатливо е да се почне ...
Беспилотни летала беа забележани во близина на нуклеарните централи Хмељницки, Ровно и Јужноукраинск, како и во областа Чернобил. Тимови на Агенцијата на терен известиле дека нема директно влијание врз нуклеарната безбедност на објектите, но навеле дека таквата активност претставува „значаен ризик за нуклеарната безбедност и заштита“. Генералниот директор на ИАЕА Рафаел Маријано Гроси изрази длабока загриженост поради воената активност во ...
Четиридневната анкета открива длабока загриженост поради порастот на цените на бензинот, а исто така сугерира дека многу гласачи вината за своите проблеми им ја припишуваат на републиканските сојузници на Трамп, кои ќе го бранат своето мнозинство во Конгресот на парламентарните избори во ноември. По повеќе од два месеци од почетокот на конфликтот, кој почна на 28 февруари со агресивна кампања на бомбардирање од САД и Израел, околу 66 проценти ...
Тој нагласи дека на бродовите поврзани со „непријателска држава“ и натаму им е забранет транзитот низ овој клучен поморски премин, пренесе новинската агенција Фарс. Според агенцијата Тасним, која е поврзана со Револуционерната гарда, меѓу бродовите што поминале во текот на ноќта имало и кинески пловила. Им бил дозволен транзит по интензивни напори на двете земји, при што блиските билатерални односи и стратегиското партнерство одиграле ...
Министерот на социјалните мрежи го опиша инцидентот како „агресивна акција“ на Москва за тестирање на полските системи за противвоздушна одбрана. „Секоја провокација ќе добие моментален одговор од нашите пилоти“, напиша Косинјак-Камиш на Икс. Според него, рускиот авион летал со исклучен транспондер, односно не ја емитувал својата идентификација и податоци за позицијата. Полска во средата ги активираше своите воени сили, вклучително и ...
Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување ...
Иако длабоко навлезе во третиот мандат на чело на Кина, Си Џинпинг и натаму останува една од најзатворените фигури во глобалната политика, а за неговите ставови кон ривалите и партнерите се заклучува врз основа на строго контролираната кореографија на неговите јавни настапи. Но од приватните средби со странски лидери, забележани во сведоштвата на оние што им присуствувале, како и од понекој случајно вклучен микрофон, излегува појасна слика. ...