ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој покажа документи кои го потврдуваат неговото тврдење. -Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев.Ова е ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи, од кои седум за управување возило без возачка дозвола, три за возење и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило и по еден за возење под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената. Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од тетовско управувал возило, ...

На 11.03.2026 во 16:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода Џ.Ј.(47) од Штип. При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени неколку пакувања марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно ...

Овен Овни, вашата амбиција и енергија се на високо ниво, што ви помага да постигнете значителен напредок во проектите. Ретроградната Венера во вашиот знак може да донесе средби со поранешни партнери или преиспитување на сегашните врски. Внимавајте на исхраната и физичката активност за да ја одржите виталноста. Бик Бикови, фокусирајте се на завршување на задачите што сте ги започнале и бидете внимателни кога донесувате важни одлуки. Можни се ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани пет сведоци. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани повеќе сведоци. ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени. Утре ќе се задржи претежно ...

Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат претставници на институциите, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни ...

СДС како грамофонска плоча истата приказна ја вртат секој ден постојано фабрикуваат, шират лаги и манипилации. Грaмофонската плоча кај СДС врти, приказната им е иста во секое соопштение или прес-конференција само довербата кај народот им исчезнува, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Институциите ги демантираат секој ден, ама СДС си тера по свое како грамофонска плоча што се врти и ја повторува истата приказна. Венко Филипче и СДС ...

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9-тата редовна седница, на која како главна точка на дневниот ред ќе се најде Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализација на значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на ...

Русија засега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток бидејќи цените на енергијата растат, а вниманието посветено на војната против Украина се намалува, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, повикувајќи на дипломатско решение на конфликтот. „Засега, има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Кошта во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел. „Русија добива нови ресурси за финансирање на ...

Дарко Лазиќ го загуби својот брат Драган , кој загина во сообраќајна несреќа кога неговиот мотоцикл се судри со патничко возило. Пејачот скршен од болка, придружуван од пријатели, колеги и членови на семејството е во родната куќа. Дарко со солзи во очите и скршен од болка, сепак најде сила да им се обрати на новинарите кои вечерва се пред неговиот дом. – Ќе бидам многу краток, нема да зборувам многу. Не знам што да ви кажам. Изгубив голем дел ...

Ако сте во 40-тите години и забележувате дека килограмите се натрупуваат полесно отколку порано, не сте сами. Според студија на Универзитетот Бригам Јанг објавена во Journal of Obesity, најголемата возраст за зголемување на телесната тежина е помеѓу 36 и 39 години, особено кај жените. Тоа значи дека многу луѓе во 40-тите години веројатно сакаат да ослабат барем неколку вишок килограми. Сепак, губењето тежина во 40-тите години доаѓа со свои ...

Речиси секој од време на време доживува кошмари, но експертите предупредуваат дека интензивните или бизарни соништа би можеле да бидат ран знак за претстојна болест. Се верува дека мозокот ги обработува суптилните промени во телото преку соништата дури и пред да се појават првите физички симптоми. Речиси секој од време на време доживува кошмар или необично живописен сон, особено во време на стрес, анксиозност или големи животни промени. ...

Меѓу нив најчесто се споменуваат Девица, Јарец и Лав. Девиците се познати како перфекционисти кои забележуваат и најмали детали. Нивниот стил на водење често подразбира контрола на секој чекор и постојано укажување на грешки, што кај вработените може да создаде чувство дека некој постојано им „стои над глава“. Иако целта им е работата да биде беспрекорна, нивната директна критика и ретките пофалби понекогаш ја намалуваат мотивацијата во ...

Бик Биковите долго време се грижат за финансиите, но во средината на месецот пристигнува неочекувана понуда што носи финансиско олеснување. Љубовниот живот исто така цвета, а слободните Бикови имаат шанса да запознаат некој посебен. Рак Раковите се емоционално исцрпени, но сега доаѓа мирот. Ѕвездите го поддржуваат нивното емоционално закрепнување, а односите со партнерите се подобруваат. Раното утро во четврток е идеално време за важни ...

1. Парите треба да се чуваат во бел паричник Најдобро би било да е направен од змиска кожа, иако ова е најскапата варијанта. Верувањето е поврзано со јапонската божица на богатството, Бентен, која некогаш добила форма на бела змија. Со текот на времето, оваа приказна се прошири толку многу што сега секој што сака да привлече пари чува барем малку пари во бел паричник. 2. Чувајте барем едно растение за пари во куќата Повеќе растенија го носат ...

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот, најлош можен исход, само две земји – Австралија и Нов Зеланд би имале долгорочна шанса за преживување. Новинарката и истражувачка Ени Јакобсен ги дискутира можните последици од нуклеарна војна во својот подкаст, но и во книгата „Нуклеарна војна: Сценарио“, во којашто опишува како би можел да изгледа таков судир. Според нејзините проценки, огромен број луѓе би умреле во првите 72 минути ...

„Бритиш ервејс“ објави дека ги откажа сите летови до и од Абу Даби до крајот на оваа година поради војната на Блискиот Исток. Компанијата соопшти дека летовите до и од Аман, Манама, Доха, Дубаи и Тел Авив се откажани до крајот на овој месец. -Постојано ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите патници со цел да им понудиме различни опции, објави авиокомпанијата. Исто така, се наведува дека има ограничен број места на летовите за ...

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претрпел скршеница на нога и други помали повреди на првиот ден од бомбардирањето што го започнаа САД и Израел, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Покрај повредата на стапалото, Хамнеи (56) има модринка околу левото око, како и помали исеченици на лицето, рече изворот. Израелски извор претходно изјави за Си-Ен-Ен дека Хамнеи бил повреден во обид за атентат минатата недела, а ...

Земјите од Европската Унија се согласија да воведат повеќе санкции врз Иран, објави шефицата за надворешни работи на ЕУ, Каја Калас,пренесе ДПА. „ЕУ продолжува да го смета Иран за одговорен“, напиша Калас во среда на X. „Додека војната во Иран продолжува, ЕУ ќе ги заштити своите интереси и ќе ги гони оние што се одговорни за домашната репресија. Исто така, испраќа порака до Техеран дека иднината на Иран не може да се гради врз репресија“, ...

Во последните пет години, СРБИЈА увезуваше најсложено оружје во Западен Балкан, според најновите податоци од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Иако и другите земји во регионот ги зголемија своите воени трошоци, разликата во обемот на набавки останува голема. Со тоа, Србија се најде на 37-мо место во светот по увоз на сложени системи на оружје, пред некои членки на ЕУ во регионот, како што се Хрватска и ...

Европската Унија поради „премногу идеолошки обоена политика во Брисел“ го изгуби своето влијание во светот и ѝ е потребна нова енергија, која може да ја донесат земјите од Западен Балкан, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Говорејќи на форум посветен на Балканот, Сијарто оцени дека регионот може да внесе нова динамика во Европската Унија. Осврнувајќи се на енергетиката, тој им се заблагодари на Србија, ...

Северна Кореја ќе го зајакне пријателството и врските со Кина, се вели во телеграмата испратена од лидерот на земјата Ким Џонг-ун до кинескиот претседател Шји Џинпинг. Ким Џонг-ун му се заблагодари на својот кинески колега за честитките за неговиот повторен избор за генерален секретар на Работничката партија на Кореја на 9-тиот Конгрес на партијата. „Да се продолжи со зајакнување и развивање на традиционалното корејско-кинеско пријателство во ...

Повеќе од 100 европски компании ги повикаа лидерите на Европската Унија да се обврзат на поддршка на системот за одредување цена на јаглеродот – Системот за тргување со емисии на ЕУ (ЕТС) – на Самитот што треба да се одржи следната недела, јави ДПА. „Во сегашниот геополитички контекст, безбедноста и суверенитетот на Европа зависат од изградбата на поконкурентна и поотпорна економија“, се наведува во писмото објавено вчера. Компаниите ...

Вработените во белгиското Министерство за одбрана, вклучително и военото разузнавање, беа погодени од обиди за хакирање преку апликациите „Сигнал“ и „Ватсап“, објавија локалните медиуми. Се наведува дека хакирањето на апликациите би овозможило пристап до содржината на разменетите пораки, податоците за разговорите и директориумот со контакти. Се забележува дека белгиските безбедносни служби досега се воздржаа од именување на сторителот, но ...

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, републиканец, изјави дека законот за воени трошоци за конфликтот во Иран е „неизбежен“ бидејќи воената операција влегува во втората недела. Тој ги даде овие забелешки за време на прес-конференција на републиканската конвенција во Дорал, Флорида, објави „The Hill“. „Мислам дека законот за воени трошоци е неизбежен“, рече Џонсон. „Сè уште не ги знаеме деталите. Како што знаете, во процесот низ ...

Централната команда на САД објави снимки од напади врз ирански бродови, велејќи дека американските сили ги таргетирале „капацитетите за проекција на морска моќ“ на Иран. Речиси истовремено, Доналд Трамп најави американски напади врз „бродовите поставувачи на мини кои не се активни“. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат серија напади врз различни видови бродови, од кои повеќето се стационирани во пристаништа. Останува нејасно дали ...

Европската надворешна политика секогаш ќе биде ограничена и Европа мора да прифати дека не може да го реши секој проблем во светот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на годишната средба на амбасадорите на Европската Унија во Брисел. Таа оцени дека Европа повеќе не може да биде чувар на стариот светски поредок. – Тој свет нема да се врати. Секогаш сме го бранеле системот на правила создаден со нашите сојузници, ...

Германија би можела да се соочи со значително повисок јавен долг до 2050 година доколку не се зголемат инвестициите за справување со климатските промени, се наведува во нова студија, јави ДПА. Според извештајот на организацијата „Њу економикс фаундејшн“, односот меѓу јавниот долг и бруто-домашниот производ (БДП) на Германија до средината на векот може да биде за 52 процентни поени повисок од проценките засновани на официјалните прогнози на ...

Во соработка и организација на Министерството за локална самоуправа и СИГМА, се одржа практичната работилница на тема „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на претставници од општините, институциите и домашни и меѓународни експерти. Воведни обраќања на работилницата имаа Златко Перински, министер за локална самоуправа, Игор Јанушев, генерален секретар на Влада, Беким Сали, прв ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Родиум

353658.21

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Калај

43.91