
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Низ универзитетите во Македонија, денеска свечено беше започната новата академска година, а бруцошите го имаа првиот час. Прв академски час имаше и на Економскиот факултет во Прилеп, каде на првите три уписни рока се запишаа стотина нови студенти вкупно на сите смерови. На свеченоста присутен беше и градоначалникот Јовчески, кој ги додели првите стипендии од предвидените 20, кои општина Прилеп од оваа година ги предвиде за студенти на овој ...
Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, потпишаа меморандум за соработка. -Во рамките на престојната соработка е планирано стипендирање на студенти, како и можности за практикантска работа на студентите од Правниот факултет. Оваа соработка ја нагласува огромната вредност ...
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар” во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет. По преземени мерки, полициски службеници го ...
На социјалните мрежи се споделува видео од возило на Брза помош кое во ноќни часови се користи за превоз и растовар на столчиња за потребите на казино. Видеата се постирани во текот на денов, па се претпоставува дека превозот и растоварањето се случило викендов. Едно од видеата е на порталот ТетоваСот. @revoltaqytetare #lëvizja #struga #kercova #gostivari #kumanova #tetova #Shkupi #lëvizjademokratike #shipria🇦🇱🇦🇱 #dibra #kercov #LD ...
Битолчанка во пратка со храна му испратила хероин на затвореник во КПУ Затвор Битола. СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Битола и Е.К.(30) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР. – На 11.01.2023 во Казнено-поправната установа Затвор Битола, при претрес на пратка со прехранбени ...
Со отпаден инертен материјал и отпадна земја се покрива и последната опожарена ќелија на депонијата во Алинци. Депонијата веќе е целосно заштитена за што се употребени над 3500м3 покривка. Огнот целосно беше локализиран во саботата, за што од средата при избивањето на првиот пожар од јужната косина и сртот беше ангажирана градежна механизација, цистерни и товарни возила за дотур на материјал за покривање – информираат од ЈКП Комуналец Прилеп. ...
Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се повеќе млади се разочаруваат и својот спас го гледаат надвор од границите на Македонија – истакна на прес конференција Илија Ристески од Прилеп, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение: На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, ...
Фудбалерите на Победа лошо ја започнаа сезоната во Втората фудбалска лига и после 7 одиграни кола освоија само 8 бода. Поразот од Саса во Македонска Каменица викендов ги смести прилепчани на 11-то место на табелата, па јасно беше дека нешто треба да се менува. Пред домашниот натпревар против Детонит Плачковица, кој идниот викенд ќе се игра на стадионот “Гоце Делчев”, Победа ќе има нов тренер. Од клубот информираат дека постигнале меѓусебен ...
Прилепчанка паднала во автобус и добила тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен вчера во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Ч.М.(67) од Прилеп. При извршен службен разговор со полициските службеници, таа појаснила дека со повредите се здобила на 29.09.2023, при пад во внатрешноста на автобус, додека се превезувала како патник од Транспортен центар кон ...
Екипата на САСА од Македонска Каменица стигна до првата сезонска победа во Втората фудбалска лига, откако попладнево со пресврт во второто полувреме триумфираше на Победа со 2:1. Црвено-белите водеа на полувреме со голот на Дарко Грозданоски во 45-та минута, а во вториот дел САСА дојде до пресврт со головите на Сашо Дуков, најпрво во 63-та минута од белата точка, и во 88-та минута. Прилепчани после натпреварот се пожалија на судењето на овој ...
Двократниот европски шампион синоќа се прошета во Прилеп и на домаќините им го нанесе вториот овосезонски пораз во ракометната Супер лига со 22-35 (11-18 на полувремето) Победата на вардарци во ниту еден момент не беше доведена во прашања, а прилепчани имаа водство само на стартот од натпреварот со 1:0. Иако домаќините влегоја мотивирани во овој натпревар и со желба да направат некакво изнандување, сепак Вардар е Вардар и не си дозволи таков ...
Големиот пожар кон вчера попладнето изби во близина на прилепското село Мало Рувци, утрово е ставен под контрола. Во големата огнена стихија изгореа неколку куќи во селото Мало Рувци, како и трпезаријата од селската црква. За среќа се работи за куќи кои се или напуштени, или нивните сопственици ги користеле како викендици, па нема човечки жртви. Огнот зафати и огромна површина со трева, а наместа гореше и борова шума. Должината на протегање на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци донело наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого, како што појаснуваат од Обвинителството, „постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик“. – На регионалниот пат Р1103 Кавадарци – мотел Дреново, на 29 ...
Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред ...
На 29.09.2023 / петок/ од 20.00 часот во киното МИС СТОН премиерно ќе биде прикажан филмот „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“. Влезници на билетарницата од киното четврток и петок од 10 до 13 часот и два часа пред проекцијата на филмот СОДРЖИНА: Маалски џанак, коцкар и армоникаш, трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови. За филмот -Филмот е социјална ...
Денеска во Неготино се одржа меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров”. На турнирот учество зеде и прилепскиот клуб “7-ми Мај”, a нивните борачи и борачки забележаа одлични резултати: Во женса конкуренција прилепскиот клуб освои три први и едно второ место. Ангела Трајкоска – 1-во место во категорија до 48кг, Тамара Цветкоска – 1-во место во категорија до 57кг, Анабела Стојаноска – 1-во место во категорија до 54кг, Марија Велјаноска – ...
Голем пожар попладнево пламна во близина на прилепското село Мало Рувци. Зафатена е голема површина со сува трева, а наместа гори и борова шума. Пожарот се шири кон селото Штавица, па од црковниот одбор на црквата Рожденство на Пресвета Богородица во ова село, упатија апел за помош до сите граѓани кои се во можност да дојдат и да помогнат во гаснењето. -Повик до сите штавичани и прилепчани кои се во можност да помогнат во гаснење на пожарот, ...
На 29.09.2023 во 14.30 часот Е.П.(38) од Битола пријавила дека на 28.09.2023 околу 12.00 часот, во двор од основно училиште во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. На 29.09.2023 во 16.30 часот И.Т.(41) од Битола пријавила дека околу 12.00 часот во Битола нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од СВР Битола. ...
На 29.09.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Дреново-Кавадарци, поточно кај место викано „Лазов мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, патничко возило „мини купер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(25) од с.Воѓани, прилепско и трактор со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(62) од Кавадарци. По несреќата, возачот на ...
Синоќа, 29.09.2023 во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена изложбата “Копнежот на светлината” од Душан Коцев. Уметникот кој одбележува 30 години уметничко творештво се претставува со 22 дела. На отворањето Коцев рече: “Моите дела се приказна на светлината и мракот, одраз на патот што го изминуваме во борба со светлината. Тие ни ја прикажуваат тежината на борбата, но ја подигнуваат светлината на надежта што несомнено ...
Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот ...
Градоначалникот Јовчески со апел до Министерството за транспорт и врски: – Реакциите на граѓаните и бизнис секторот во однос на „Реконструкцијата на улицата Леце Котески“ се комплетно оправдани, но јавноста мора да знае дека адресата на која што стигнуваат ваквите реакции е погрешна, затоа што Општина Прилеп не е ниту инвеститор ниту изведувач ниту пак надзор на овој проект. Станува збор за проект за поврзување на локални патишта, финансиран од ...
-Покрај земјоделското осигурување, СН Осигурителен брокер, преку професионален кадар во континуитет ги едуцира земјоделците на терен, ги следи актуелните состојби во агро секторoт и воведува новитети соодветни на потребите на земјоделците. Во рамките на изборот на најуспешните од областа на земјоделството за 2023 година, здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ му додели признание на СН Осигурителен Брокер АД Битола како лидер во ...
На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули. Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат. ...
Вистинска драма пред неколку часа се случуваше во Франција. 22-годишниот фудбалер на Ница Алексис Бека Бека се закануваше дека ќе скокне од „Манјан вијадукт“ на височина од околу 100 метри. Францускиот фудбалер, како што пишуваат локалните медиуми, се одлучил на ваков потег по прекинување на љубовна врска. До мостот дошол со своето возило „ауди а8“, а потоа само седнал на работ на мостот. На местото има зголемено присуство на полициски ...
Владата влегува во војна со бизнис сектор кој вработува над 10 илјади луѓе и дава 280 милиони евра во буџетот, пишува порталот Експрес. Владината одлука за отпочнување постапка за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа индиректно ќе значи клуч на врата за постојните приредувачи на игри на среќа, предупреди Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на денешниот брифинг со новинарите. АСОМ изрази силна осуда за ...
Долгоочекуваната информација конечно е официјализирана. Контроверзниот Британец Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик потпишаа договор и ќе боксуваат за титулата во супертешка категорија, пренесуваат британските медиуми. Двајцата ќе ги вкрстат ракавиците или кон крајот на декември или почетокот на јануари, а големиот настан ќе се одржи во Саудиска Арабија. Веќе е познато дека Фјури пред овој спектакл ќе биде дел од уште еден, бидејќи во ...
На (28.09)полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул”Караорман”во Битола со потврда за привремено одземени предмети од лицето А. А.(41)од Битола беше одзмено патничко моторно возило марка”опел корса” без регидтарски ознаки. Истото беше пријавено на 27.09 во СВР Битола за украдено од страна Б. Б.(48) од с.Подино, О.Могила. Возилото е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по ...
Ракометарите на РК Прилеп, утре со почеток од 18:30ч, во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, во рамките на петтото коло од Супер лигата, го дочекуваат силниот тим на Вардар. По триумфот над Вардар Неготино во минатото коло, прилепчани се мотивирани, но против двократниот шампион во Лигата на шампионите ќе треба да одиграат најмалку 10 пати подобар натпревар и без грешки, доколку сакаат да стигнат до некаков позитивен резултат. Во ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 28.9.2023 година. Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Од 30.9.2023 ...