
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Премиерот на Косово, Аљбин Курти, денеска првпат одговори на критиките од некогашниот специјален пратеник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој пред неколку дена го нарече косовскиот премиер „несигурен партнер“ за Вашингтон. Според Гренел, кој сега е специјален претставник за мисии на американскиот претседател Доналд Трамп, Владата на Курти „не инспирирала доверба за време на првиот мандат на американскиот претседател ...
Во понеделник на 10 февруари во Сараево ќе се одржи протест на студенти од Босна и Херцеговина поради трагедијата во Јабланица, јавуват медиумите од регионот. Пред Собранието на Босна и Херцеговина ќе се одржи протест поради трагедијата во Јабланица на 4 октомври, објавија на социјалните мрежи студентите на Универзитетот во Сараево. На студентите од Сараево ќе им се придружат и колегите од Тузла и Зеница. Обвинителството на ...
Освен што се води внатрепартиска битка меѓу потенцијалните кандидати за градоначалник на Град Скопје, во ВМРО-ДПМНЕ се прават анкети и анализи и за другите општини. Според информации на „Фокус“, владејачката партија ќе настапи во големите општини главно со постоечките градоначалници, освен во Велес и Прилеп, каде фаворити за градоначалничка кандидатура се двајца актуелни пратеници. Се уште се бараат најсоодветните кандидати за Струга, Струмица… ...
Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата ...
Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР. На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12. Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до ...
57-годишна жена од Делчево украла платежна картичка од домот на нејзини сограѓани, по што во неколку наврати со картичката вадела пари од банкомат, велат од полицијата. „СВР Штип поднесе кривична пријава З.А.М.(57) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“., Од семејната куќа на Б.Б. во Делчево, пријавената неовластено ја земала дебитната картичка и во ...
Ја пренесуваме објавата на Пешевски…„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!! Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по ...
„Лоша состојба е благо да се рече – затекнавме девастирана состојба, како во возниот парк, како во комерцијалниот дел, расположението кај вработените, кои немаше кој да ги насочи“, вели директорот на Македонски Железници – Транспорт, Дејан Кошутиќ, коментирајќи ја состојбата на фирмата која ја затекнал кога беше поставен на функцијата. Тој во вечершното интервју во „Топ тема“ на „Телма“ рече дека состојбата во претпријатието оттогаш е видно ...
Вчера попладне, велешката полиција го уапсила З.К.(54) од градот, во чиј двор пронашла 11 килограми опиум, соопшти МВР. „При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми“, велат од полицијата. З.К. бил задржан во полициска станица, известен ...
Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи. Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка ...
Остатоците од авионот со 10 патници за кој беше објавено дека исчезнал од радарот во Алјаска, во северозападниот дел на САД, се лоцирани, објавија властите во петокот, појаснувајќи дека никој не преживеал кога се урнал. Остатоците од авионот се пронајдени на речиси 55 километри од градот Номе, Алјаска, соопшти американската крајбрежна стража. #UPDATE (1/2) #USCG has ended its search for the missing plane after the aircraft was located approx. 34 ...
Зборовите на Васо, „Што направив, бе“, кога го здогледал безживотното тело на младата девојка Фросина, без оглед на висината на казната, ќе го прогонуваат целиот живот. Од момче со „педигре“, или од современо функционално семејство, кое ги имало сите предуслови да ужива во животот, стана аздисано момче со крв на рацете. Пишува: Валентина ВУРМО Казна затвор од 20 години му е досудена на младиот Армин Берберовиќ од Сараево. Кобниот 26 мај, под ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 028 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 58,68%, а 41,32%% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 74,43%, кон Итната медицинска помош 20,82%, а кон пожарникарите 2,89% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 847 повици за итни случаи на 112 за во ...
Натписот на зградата во Вашингтон каде е сместена Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот и покрајт тоа што федерален судија ја блокираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отпушти од работа 2.200 вработени во УСАИД. Ова се случува на помалку од една недела откако Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, започна активности за затварање на УСАИД. Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации. Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа. – Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до ...
Под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, денеска во Неготино се организира протестен марш, поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. Другарките на Фросина, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од ...
Утрово е студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до 1, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а ...
Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше предводник на Париз во победата над Болоња во Евролигата (77:83). Болоња три четвртини имаше контрола над резултатот на моменти и со двоцифрена предност, но предводен од Шортс, францускиот тим успеа да дојде до победата. Репрезентативецот на Македонија средбата ја заврши со 16 поени, шест асистенции и девет изнудени лични грешки. Драматичен натпревар вечерва гледавме во Барселонаа каде што шпанскиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека севернокорејски војници повторно се борат заедно со Русите во рускиот пограничен регион Курск, кој е делумно окупиран од Украина, објавија светските медиуми. Киев претходно соопшти дека севернокорејските војници се повлекле од територијата поради големи загуби. – Има нови напади во оперативната зона Курск, повторно се вклучени руската војска и севернокорејски војници, рече Зеленски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го номинира поранешниот гувернер на Илиноис Род Благоевич за амбасадор на САД во Србија, објави Политико, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите велат дека Трамп се уште не донел конечна одлука да го номинира Благоевич за амбасадор, наведувајќи дека Трамп размислува и за амбасадор во Србија да го назначи адвокатот Марко Брновиќ, чии родители дошле во САД за време на поранешна ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, во чија биографија пишува дека бил корисник на стипендија од Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос, денеска изјави дека „целата мрежа на Сорос“ во државата „мора да се елиминира“. Зборувајќи за државното радио, Орбан ја поздрави „транспарентноста која ја донесе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со објавувањето на деталите за финансиските придонеси на ...
Десетици илјади Словаци протестираа против владата на премиерот Роберт Фицо во повеќе од 40 градови барајќи да ја одбранат проевропската линија на земјата, пренесе „Блумберг“ . Тоа е последниот знак на јавно незадоволство од Фицо откако тој се врати на власт во 2023 година со предизборни ветувања дека ќе ја прекине воената помош за Украина и ќе ги обнови врските со Русија. Неговата пријателска реторика за Москва се интензивираше на крајот на ...
Загребската полиција покрена истрага против маж (39) поради сомнение дека сторил четири кривични дела кражба, како и ширење и пренесување на заразни болести. Осомничениот Ј.О.(39), српски државјанин, на 25 јануари околу 16 часот го виделе сведоци како се приближува до киоск на улицата Хрговиќи. Потоа го отвора фрижидерот во киоскот, зема шише со вода, со шприц вбризгува нешто во него, а потоа заминува, јавува Н1 Загреб. Според утринскиот весник, ...
Вонредна состојба вечерва има на аеродромот во Софија откако неидентификуван дрон привремено го запре сообраќајот на аеродромот, јави БТА. Според агенцијата, авионите кои требало да слетаат по 20 часот морале да направат дополнителни приоди и да чекаат на небото додека не добијат дозвола за слетување. На социјалните мрежи патниците исто така пријавуваат проблеми поради дронот. Софискиот аеродром објаснува дека ги известиле надлежните институции. ...
Власта на српскиот претседател Александар Вучиќ со недели е во конфликт и постојани препукувања со хрватскиот дипломат и европратеник Тонино Пицула, кој е известувач во Европскиот парламент за напредокот на Србија на патот кон ЕУ. Притоа, официјален Белград внимава критиките и острите зборови за Пицула да не доаѓаат од актуелни функционери. Денеска, ставовите на власта околу последните изјави на европратеникот ги изнесе премиерот во оставка ...
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги предупреди властите во еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина, Република Српска, дека со најавеното донесување на закон со кој ќе се ограничи работата на невладините организации, но и ќе се укине концептот на родовиот идентитет, сериозно го доведуваат во прашање својот европски пат. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оваа недела најави донесување строг закон за ...
Една четвртина од 15.000 постојани жители на Санторини се евакуирани, а властите прогласија вонредна состојба по најсилниот од серијата земјотреси на грчкиот остров во средата, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Помали потреси се забележани и во четвртокот и денеска. Утрово повторно имаше два силни потреса, од 4,5 и 5 степени. Иако земјотресите во серии кои траат неколку недели не се невообичаени, научниците се изненадени од ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска соопшти дека официјално ги информирала претставниците на Европската унија, САД, Велика Британија и другите меѓународни партнери во земјата за, како што велат од партијата од Мала Речица, „длабоката загриженост за системското исклучување на Албанците од клучните државни институции“. Во писмото до амбасадорите, ДУИ пишува дека за „албанските културни проекти“ се издвојуваат само 12 отсто од буџетот. ...
Тетовската полиција соопшти дека поднела кривични пријави против четворица жители на градот, поради насилство. Во трите случаи, нападнати биле жена (од нејзиниот сопруг), маж (натепан од неговиот брат) и вработен во општинското претпријатие за паркинзи (од татко и син), велат од СВР Тетово. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 11.11.2024 во ...
Имплементирање на системот „безбеден град“, парична и затворска казна за „безобѕирно возење“, одземање на возилата, тестови за дрога на лице место, автоматско евидентирање на нерегистрираните возила, поврзување на системите на МВР, судовите и обвинителствата за брзи санкции… но и семејството, како што е фактор на превенција, е и фактор на ризик и затоа образованието треба да го надополни она што семејството ќе го пропушти, бидејќи општата ...