
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Премиерот Андреј Пленковиќ учествуваше на неформалниот состанок за Украина организиран од францускиот претседател Емануел Макрон. Премиерот по средбата даде изјава за Х, а неговата изјава ја пренесуваме во целост. „Учествував на неформален самит организиран од францускиот претседател Емануел Макрон за Украина и европската безбедност. Разговаравме со поширок круг партнери за потребата да се обезбеди дополнителна поддршка за Украина, за таа да ...
Во Италија е прекината постапката против европското претставништво на технолошкиот гигант „Гугл“, откако американската компанија се согласила да го плати заостанатиот даночен долг во земјата, кој изнесува 326 милиони евра, јави АФП. „Компанијата се согласи да го подмири долгот за периодот од 2015 до 2019 година“, напиша обвинителот на Милано Марчело Виола. Во износот од 326 милиони евра се вклучени санкции и казнени камати, се вели во ...
Клубот на напредни знаења и вештини – Иноваториум верувам дека ќе биде место каде учениците од основите училишта со задоволство ќе доаѓаат затоа што ќе можат многу да научат од едукаторите, меѓу кои ќе има и врвни професори од СТЕМ науките. Ова катче е опремено со технички помагала што ќе ја дополни успешната анимација на учениците и ќе го поттикне или зголеми нивниот интерес за математика, технологија, инженерство и техника. Ова го нагласи ...
Средношколците од Општина Штип ќе имаат можност да следат бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. Ректорот Дејан Мираковски рече дека на овој начин сакаат да им помогнат на идните нивни студенти и да се подобрат резултатите на државна матура кај средношколците, но и зголемување на интересот за техничките факултети. Тој посочи дека Универзитетот ја почнува Програмата „Иницијатива за ...
Италијанскиот регион Трентино во соопшти дека во градот Тренто е пронајдена „монументална некропола“ од железното време. Датира од 9 век пр. н. е. а се користел во текот на 6 век пр. н. е. Тренто се наоѓа на реката Адиџе во северна Италија, во близина на италијанските Алпи. Некрополата е развиена во време кога „широкото корито на потокот Ферсина беило пресечено од мрежа на поројни канали кои се испреплетувале еден со друг, разделени со ...
Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за граѓаните на Македонија кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември. За ова денеска информираше министерката за ...
Средношколците со попреченост од септември ќе добијат образовни асистенти, а во моментов, доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистент Министерството за образование и наука, ќе се потруди да обезбеди и за овие ученици. Законот за средно образование, кој вчера поминал на Влада и ќе оди во собраниска процедура, предвидува образовни асистенти и во средните училишта. -Претходниот закон не предвидуваше образовни асистенти во ...
Новиот закон за високо образование што го работиме, предвидува реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование (АКВО), со што очекуваме институцијата да стане функционална, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната прес-конференција. – Жал ми е што морам да кажам, но, факт е дека работата на Одборот за акредитација, односно за Агенцијата за квалитет во високо образование, не ги задоволува потребите и на ...
Студентите кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа ќе можат да аплицираат на конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година, што ги спроведува Министерството за образование и наука. За ова, денеска информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која потсети дека станува збор за мерка што веќе 15 години ...
Неодамна, книгоиздавателството „Панили“ го објави романот „Во длабочината на моите рани“ од младата македонска авторка Благица Каревска. Ова е роман со потресна приказна што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата. Како спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер, овој роман не е само поигрување со жанрот, туку и четиво какво што ретко, македонската читателска публика може да прочита од млад ...
Денко Малески Вчера, потпретседателот на Америка внесе хаос на минхенската конференција за безбедност со скандалозни обвинувања упатени до европските политичари дека со своите постапки ги загрозуваат демократските вредности кои ги споделуваат со големиот сојузник преку Атлантикот. Споделуваат? Тоа го кажа претставникот на претседател кој, како вистински диктатор, потпиша сто извршни наредби уште првиот ден на власт. Бегате како преплашени од ...
Минхенската конференција помина како онаа поучна арапска приказна кога двајца уморни и жедни луѓе се среќаваат во пустината и почнуваат да се тепаат меѓу себе за тоа како тоа на другиот да му снема вода! Во шокантниот говор на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет дека „нема враќање на границите од 2014 година“ и дека „членството на Украина во НАТО е нереално“ – цел свет се потресе. Нечесноста повторно почна да се продава како нешто ептен ...
Единствената причина зошто зборуваме за Илон Маск, а не за Џеф Безос или Марк Цукерберг е тоа што Маск стана де факто потпретседател на Соединетите Американски Држави. Тој си купи многу удобна позиција во администрацијата и тоа му е неверојатна и неверојатна инвестиција – за неколку стотици милиони вложени долари заработи стотици милијарди. Не верувам дека постои подобар поврат на инвестицијата од онаа што веќе ја оствари. Затоа зборуваме за ...
Насловот, се разбира е циничен, но не сосема во контекстот кој ќе се обидам да го објаснам во редовите што следат. Летото 2016 одекна веста дека Демократите го избраа својот против кандидат на Трамп и тоа, на големо разочарување на левицата во светот, беше Хилари Клинтон, наместо „нашиот“ кандидат Берни Сандерс за кого бевме (барем јас) сигурни дека победува, не само на демократската конвенција како официјално номиниран кандидат туку и потоа, на ...
Ако не друго, но мора да се признае дека почетокот на мандатот на претседателот Трамп е навистина бурен, веднаш може да со востанови разликата на модел на владеење и функционирање на класичен политичар-бирокат (како левичари) и владење и функционирање на “десничар“-предприемач и финансиски магнат како што е претседателот Трамп. Гледано со јасна диоптрија, неговиот фокус е насочен кон национална економија со која ќе се обиде да ја направи Америка ...
На Минхенската безбедносна конференција регионот Западен Балкан пак доби ветување за брз пристап во ЕУ. Но, ние веќе 22 години гледаме што значи тоа – додека едни влегуваа во Унијата прекутрупа, поради нејзините политички приоритети, Македонија постојано е изложена на притисоци, уцени и на политика на вето. Е па, чинам дека дојде време да ја прашаме ЕУ каде сме ние во нејзините сегашни приротети – нè есапи таа или да си го бараме чарето. Читам ...
Воедно, се повикува на нашето стратешко партнерство кое е доведено во прашање кога се работи за севкупните трансатлантски односи, ама е гранитно цврсто меѓу Македонија и Америка(!?). Нам како држава, „конвенционалната“ (либералната) политика ни донесе само мир, а оваа „неконценционалната“ (десната) ќе ни донесе војна ако добро не се замислиме и не најдеме сопствен одговор на предизвиците. За почеток, треба да разбереме дека тука има две ...
Од око, без да се навлегува во подлабока анализа, се гледа дека Мицкоски од почетокот силно го грабна воланот и добро држи правец. А и ногата фино му стиска на „гаста“ – ретко спушта под „стотка“. Засега внимателно ги избегнува огромните дупки, иако, дури и сигнализација е уништена од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Вообичаено, потребни се три месеци за да се добие јасна слика како секоја нова власт ќе го извози својот мандат. Дали автобусот, ...
Аман со хајката против бизнисменот Кочо Анѓушев, кога ќе разбереме дека со тоа што ќе ги уништиме успешните во земјава ќе ја уништиме државата или во најмала рака ќе ја уназадиме и ќе ја вратиме во камено доба? Човекот извезува возила во цел свет, возила направени во државата од наши инженери, за тоа тој треба да добие орден и голем респект! Секој во земјава што вработува луѓе и дели плати заслужува респект особено ако не бил дел од режим на ...
Значи кои сме ние тоа овци епски колосални. Еј пратениците, оние кои ние ги гласаме и ги праќаме да не преставуваат во парламентот за да се борат за нас сакаме да ги оставиме со врзани раце без ресурси без возила без асистенти без сила и моќ да одат до собрание и до нашите домови, да прават средби со нас, да грмат во собрание пред министрите и моќните директори, кои впрочем сите до последна шуша која води некоја агенција која и он не знае како ...
Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем? Што доколку погрешам при изборот? Овие дилеми се многу чести кога станува збор за третирање на состојбите со психата и проблемите околу неа… Поимите се слични но во пракса доста различни. Токму поради тоа, тие треба да се објаснат и да се укаже на разликата помеѓу нив со цел правилен и успешен третман на ...
Инфлуенцата или попозната како грип не е само обична „настинка“. Инфлуенцата лесно може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите деца, кај постарите и кај сите со ослабен имунолошки систем. Затоа треба да се внимава на симптомите и да се земат во предвид сите фактори. Прочитајте повеќе од текстот на д-р Катерина В. Димовска – педијатар. Инфлуенцата т.е грипот, особено кај нас, зазема поголеми размери во текот на зимскиот период. ...
Децата во Македонија генерално со мобилен телефон во рака поминуваат по 7-8 часа, односно колку што трае работното време на еден работник. Ова време може да се искористи продуктивно, со активности кои ќе донесат личен раст и развој на младите. Oд Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши објаснуваат дека децата треба што помалку време да поминуваат со мобилните телефони.„Можат да практикуваат, почнувајќи од наједноставните активности како ...
Во стоматолошкиот центар при клиниката Жан Митрев достапни се најнови технологии и иновативни методи од областа на ендодонција, ортодонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија и високо стручен тим кој ќе ги предложи најдобрите решенија. За сите оние кои се плашат или имаат состојба која бара потполна анестезија без разлика дали се деца или возрасни, ние имаме решение. БЕЗ БОЛКА Современата стоматолошка технологија и ...
Многу научници веќе долго време тврдат дека малку алкохол го подобрува здравјето. Но, тоа не е точно, туку студиите се прават погрешно, велат други научници. Светската здравствена организација (СЗО) и Германското здружение за исхрана се едногласни: тие препорачуваат воопшто да не се пие алкохол. Тврдат дека не постои безопасна количина на алкохол. Долго време, дури и некои научници веруваа дека умереното консумирање алкохол може да биде добро за ...
Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги задолжи јавните здравстввени установи да се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти и строго да се почитуваат носењето заштитни маски, дезинфекцијата на раце и одржувањето физичка дистанца, каде е возможно. Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во ...
Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза, објави Министерство за здравство. „Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, ...
Кафетинот го измислил, како смеса од четири лека, Ангел Симов (гевгеличанец) во 1957ма, оснивач и професор на факултетот за Фармација во Скопје и директор во Алкалоид. Најголем бренд кај нас е Кафетин, за било која болка, прв избор на повеќето во екс Ју. Кафетинот го измислил, како смеса од четири лека, Ангел Симов (гевгеличанец) во 1957ма, оснивач и професор на факултетот за Фармација во Скопје и директор во Алкалоид. pic.twitter.com/MeMHOsqUeR ...
Инфлуенсерката Ешли Сент Клер неодамна изјави дека има дете со Илон Маск, што би значело дека милијардерот станал татко по 13-ти пат. Во оваа прилика се огласи неговата трансродова ќерка Вивијан Џени Вилсон која се откажа од неговото презиме и со која е во исклучително лоши односи. Нејзината објава докажува колку е комплицирана ситуацијата во семејството. „Доколку дознав на „Редит“ дека имам полубрат или полусестра, ќе имав две парички. Што не е ...
Една жена од Токантинс, под својата куќа која последен пат ја реновирала пред 10 години, пронашла желка која сè уште била жива. Се верува дека животното оттогаш е таму. Откако била спасена, забележано е дека желката избегнува сончева светлина и има деформации на школката, што експертите го припишуваат на нејзиниот долг престој во темен и затворен простор, со ограничени извори на храна и хранливи материи. Желката била пронајдена под подот на куќа ...