Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, веќе година и пол е на чело на МВР. По кочанската трагедија, тој истакна дека чувствува морална одговорност, но не поднесе оставка, за да ја истера правдата до крај. И покрај обвинувањата, во интервју за неделникот „Фокус“, тврди дека истрагата се води крајно професионално, без трошка селективност. За предметот „Мазут“ во ТЕЦ Неготино открива дека се истражува и еколошки криминал. За случајот ...

Жоел Ле Скурнек, 74, работел како дигестивен хирург во јавни и приватни болници низ Бретања и западна Франција, честопати оперирајќи деца со апендицитис.За време на страшното тримесечно судење во Ван, Бретања, тој беше обвинет за 111 силувања и 189 сексуални напади помеѓу 1989 и 2014 година во десетина болници. Многу од децата што ги нападнал биле под анестезија или се буделе по операциите. Некои биле нападнати во нивните болнички кревети. ...

Елон Маск изјави дека е „разочаран“ од трошоците на „едниот голем, убав закон“ на претседателот Доналд Трамп, кој минатата недела беше изгласан од Републиканците во Претставничкиот дом, пренесува Фокс Њуз. „Бев разочаран кога го видов огромниот закон за трошење, искрено, кој го зголемува буџетскиот дефицит, наместо да го намали, и ја поткопува работата што ја врши тимот на Одделот за ефикасност на владата (DOGE)“ изјави Маск во ексклузивно ...

Сообраќајните експерти се согласија за неопходноста од подигање на безбедносните услови на оваа делница при што се предложија одржливи решенија.Еден од најприфатливите предлог решенија на експертите е концептот „два плус два“, односно додавање по една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување.Во дискусиите беа потенцирани и неколку критични точки на кои се случиле најголемиот број од несреќите во кои имаше жртви, при што освен ...

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, смета дека владата на Мицкоски спроведува политики за враќање на Албанците во состојбата во која беа пред 2001 година.Во емисијата „Дијалог те Лајми“, Адеми рече дека во последно време многу македонски aналтичари и политичари зборуваат за одмазда кон Албанците за војната во 2001 година, дури и отворено зборуваат за тоа како што го нарекуваат „втор дел“. Според него, двете најголеми македонски партии, ...

Обрнете внимание на изразот „имаме пристап“ до милијарди евра што е многу подобро решение од задолжување. Тоа може да биде само почеток на огромната инвестициска активност во државата како најголемо градилиште на Балканот доколку оваа генијална формула се примени на сите заинтересирани страни за ваков пристап до инвестиции од милијарди евра. Италија, Германија, Франција, Данска, Норвешка и други скандинавски земји се подготвени на истиот начин ...

Партијата ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма „Платформа #1198 – Македонија повторно твоја“ за единаесеттите по ред парламентарни избори кои се одржаа на 8 мај 2024, меѓу останатите ветувања за социјалната грижа и подобрување на животниот стандард на пензионерите, најави носење закон со кој ќе им се овозможи да учествуваат на пазарот на труд без откажување на правото на пензија. Ветување: ПЕНЗИЈА ПЛУС ПЛАТА За пензионерите кои биле во редовен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не наредува напад врз Иран, нагласувајќи дека тоа нема да биде „соодветно“ за време на разговорите за нуклеарниот договор со Техеран. „Па, би сакал да бидам искрен, да, го направив тоа“, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали му рекол на Нетанјаху во телефонски разговор минатата недела да не презема воена акција. „Реков ...

При заемите за реализација на инфраструктурните проекти кои ќе произлезат од новиот договор со Обединетото Кралство, државата ќе го користи кредитниот рејтинг на Велика Британија (ААА), а не сопствениот (ББ), што значително ќе ја намали каматната стапка на годишно ниво. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со каматната стапка за заемите кои ќе произлезат од договорот, а според пресметките, таа би ...

Собранието денеска го усвои Законот за ратификација на договорот меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство за партнерство во инфраструктурни проекти. За законот гласаа 76 пратеници „за“, шест беа против, а нема воздржани. Договорот, потпишан во Лондон на 22 мај, предвидува кредитна линија од пет милијарди фунти за реализација на големи инфраструктурни проекти во железница, здравство, енергетика и технологија. Меѓу проектите се изградба и ...

-Изгласан е Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој Договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. Со овој договор, наведува Николоски, кој стави параф на договорот минатата недела во Лондон од името на македонската Влада, се потврдува партнерството помеѓу двете ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција при одговор на новинарско прашање рече дека очекува европратениците едногласно да го усвојат овој извештај во којшто, како што рече, на неколку наврати се споменуа многувековниот посебен македонски идентитет и јазик. „Бидејќи често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа во суштина не е пречка за никого, очекувам евро-пратниците едногласно да го ...

Владата донесе оперативен план за вработување со фокус на млади вреден 40 милиони евра, со вклучување на над 16.000 невработени лица, рече Мицкоски.Владата ја поддржува ратификацијата на стратешкиот договор со Велика Британија за економски развој и инфраструктурни инвестиции. Владата усвои намалување на царините за околу 70 стоки кои ќе се намалат за 50%, олеснувајќи го увозот за индустријата. ЕБОР инвестира над 2,9 милијарди евра во Македонија, ...

Разбивањето на меѓународните криминални организации, особено оние што се занимаваат со трговија со дрога е еден од нашите највисоки приоритети. Оваа штетна појава го загрозува поредокот и нормалното функционирање на системот, анимира и генерира многу нелегални активности и во администрацијата и кај обичниот граѓанин, затоа мораме да дејствуваме решително.“ Ова, денес, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, ...

Министерството за внатрешни работи ќе биде силна логистичка поддршка на напорите на СВР Охрид за натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на целото подрачје посебно сега, во пресрет на летната туристичка сезона и спроведувањето на мерките во рамки на акцијата „Безбедно лето 2025“ . Ова, го истакна директорот на бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Александар Јанев, при неговата денешна посета на СВР Охрид. Директорот ...

Договорите како планираниот со Велика Британија во никој случај не треба да значат замена за европските фондови кои се единствениот начин нашата држава да добие неповратни средства за реализација крупни инфраструктурни проекти, порача пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото ...

„Со пуштањето во функција и на овој граничен премин помеѓу Македонија и Косово ја заокружуваме границата кон Косово, овозможуваме побрз трансфер на граѓани помеѓу нашите две држави. Пуштањето во функција на граничниот премин Блаце се покажа како многу функционално на овој начин, така што се надевам дека на овој начин и овде на граничниот премин на кој што се наоѓаме моментално исто така ќе имаме подобра функционалност, побрз трансфер на нашите ...

Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога во македонската верзија стои дека станува збор за договор меѓу двете влади, додека во англиската е користен терминот „arrangement“, односно спогодба, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница. „Сметам дека треба да имаме јасна претстава за тоа што сакаме да гласаме денеска, и ...

Во присуство на бројни гости, соработници, партнери, закупци и пријатели, свечено почна со работа долгоочекуваниот трговски центар „Охрид Мол“ кој се очекува да прерасне во нова современа дестинација во Охрид и регионот.Со површина од над 17.000 м2 „Охрид Мол“ претставува совршена комбинација на мода, забава и нов културен и економски импулс. Со внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во ...

Ја свикувам оваа прес – конференција за да дадам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме ние као одговорни лица да не ги поддржиме – истакна денеска пред новинарите, првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Тој, пред претставниците на ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во петок, 30 мај во Паркот на Франкофонијата со почеток од 18.00 часот ќе се одржи културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. Тој потенцира дека и годинава ќе се промовира културната разноликост преку претставување на традиционални македонски и европски гастрономски производи. „Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат на настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’ и ...

Во вчерашната емисија „24 Отворено“ на ТВ 24, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој дебатираше за стратешкиот договор со Велика Британија и за тоа кои се бенефитите од договорот за Република Македонија, како и дека истиот е транспарентен и јавен, притоа истакна дека оваа Влада изминатите 11 месеци се занимава со крупни и големи прашања кои се од корист на сите граѓани. „Ние имаме план, Република Македонија да ја ...

28 мај 2025, Скопје – На предог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата. Измената е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските ...

Почитувани, Во модуларната болница живи изгореа 14 лица. Тогаш Венко Филипче беше министер за здравство, а Кочо Анѓушев чија компанија ја градеше болницата беше вицепремиер во истата влада на Заев. Епилогот од ова е една година затвор и симболична одговорност на периферни и неважни ликови за овој случај. Но, воедно додека Филипче е министер за здравство се случува КОВИД криза каде животите ги губат 10 илјади наши сограѓани. Имаше целосно ...

На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14.50 часот на ул.„Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче. Украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. ...

Почитувани, Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли е? Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата? Ова е огромен скандал поврзан со Панче ...

Откако ја оставија без елементарни услови за работа, СДС сега е против опремување на полицијата со униформи. СДС го имаше најдолгогодишниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој не најде време на полициските припадници да им набави униформи и нова опрема. Во време на СДС кој сега, без срам, зборува за наводни криминални тендери, полицајците беа принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од униформи од пензионирани ...

Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови. Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит! Инк. во соработка со РЕАКТОР – Истражување во акција објавено во ...

Групата на Раде Трајковски-Штекли која се гони за трговија со кокаин и марихуана се криела и во бункери под земја, направени на државно земјиште, соошти денеска Обвинителството за организиран криминал. Собрани се сите докази за групата која ја предводел Раде Трајковски-Штекли, која според Обвинителството за гонење организиран криминал, броела 17 членови. Сите се гонат за трговија со кокаин и марихуана, која се криела и во бункери под земја, ...

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ. Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема нема табла, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
80%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1024
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.12
75%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
92%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
81%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1019
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1025
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
94%
1020
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60355

Currency

1.27209