Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан. Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер со ...

Кошаркарите на Финска продолжуваат да го „сонуваат“ својот сон на Европското првбенство. Тие се третата селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскетот. Финската до своето прво, историско, полуфинале стигна по победата над Грузија со 93:79. Грузијците предводени од екс македонскиот селектор Џикиќ, беше во негатива во текот на целиот натпревар. Победникот беше најавен уште по првото полувреме кое Финците го допбија со 20 поени ...

Папата Лав Четиринаесетти го прогласи 15-годишниот компјутерски гениј за прв светец на Католичката црква од т.н. Милениум генерација давајќи ѝ на следната генерација католици пример за некој што користи технологија за ширење на верата. Папата го канонизираше Карло Акутис, кој почина во 2006 година, за време на миса на плоштадот „Свети Петар“ на која присуствуваа десетици илјади луѓе, многу од нив од таа генерација и парови со мали деца. На ...

„Оваа година има реакции на слоганот под кој се одвиваше денешното одбележување на Кајмакчалан. Како да се сака да се постигне и некаков ефект на српско единство во услови во кои сега се наоѓа Србија. ‘Знамето на единството’ како слоган прати погрешна порака и од македонска страна со право се реагира. Тоа особено е провокативно што госпоѓа Стаменковски зборува за братството меѓу Србите и Македонците кои имаат ‘исто стебло, исти корен и ...

Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој Коцевски силно го штити. ЈО Коцевски и натаму во одбрана на неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, повеќе од година и пол не отвори ниту еден случај за поранешни функционери кои се сомничат или пак има основано сомнение дека направиле криминал, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Коцевски денес, молчи и за случајот Рекет 2, во кој се вплеткани поранешните СЈО Катица Јанева, ...

Од денеска до 12 септември во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид ќе се одржува 12. Македонско-северноамериканска конференција за македонистика. Конференцијата е под покровителство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и е организирана во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, од каде што информираат дека годинава ќе учествуваат еминентни странски македонисти, слависти и балканисти, меѓу ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piаggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми. „Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со ...

Победниците на овогодинешниот Отворен турнир на САД, Карлос Алкараз и Арина Сабаленка, освоија по 5 милиони долари за нивниот триумф во Њујорк, што е најголемата индивидуална награда во историјата на Гренд слем турнирот. Оваа година, организаторите ја задржаа традицијата за еднакви награди за мажи и жени, па така двајцата шампиони беа наградени со ист износ, додека поразените во финалето добија 2,5 милиони долари. Инаку, претходниот рекорд го ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа направи скок на ВТА ранг-листата за 43 места. Таа сега со 295 поени се наоѓа на 239.то место. Македонската тенисерка изминативе недели настапува во добра форма и на последните три турнири играше финале, а го освои турнирот во саботата во Романија. Втората македонската тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.424.то место односно има напредок од две позиции. На врвот на ВТА ...

Кошаркарската репрезентација на Турција обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскет 2025 откако попладнево ја совлада Полска со 91:77 (19:19; 27:13, 19:18 и 26:27). Нивни ривал во полуфиналето ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Литванија и Грција што почнува во 20 часот. По изедначениот прв период (19:19) решавачката предност Турција ја направи во вториот период, кој го доби со 27:13. Тоа беше и разликата која беше и на крајот на ...

Претседателот Доналд Трамп во петокот предупреди дека ќе бидат „соборени“ венецуелските воени авиони што се приближуваат до американските воени бродови. „Би рекол дека ќе бидат во неволја. Ќе ги известиме за тоа… ако летаат во опасна позиција“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. Неговите забелешки дојдоа еден ден откако два венецуелски борбени авиони Ф-16 „летале во близина“ на американски воен брод во Карипското Море. ...

Владимир Путин изјави дека секакви западни трупи распоредени во Украина ќе бидат легитимни мети за напад од Русија, предупредувајќи ги сојузниците на Киев додека дискутираат за идни безбедносни гаранции. Путин се огласи ден откако Емануел Макрон кажа дека 26 западни сојузници се согласиле да распоредат копнени, поморски и воздушни сили во Украина веднаш по постигнување прекин на огнот. „Ако некои трупи се појават таму, особено за време на ...

Покрај темата за прислушувањето, премиерот Христијан Мицкоски во говорот од централната прослава за Денот на независноста се осврна и на предлогот на опозицијата за декларацијата што ќе ги содржи црвените линии за интегративниот процес на земјата. Посочи дека е во исчекување на таквиот предлог од опозицијата, но и дека додека тој е на чело на Владата, нема да дозволи игри со вакви прашања и оти државата ќе биде сигурна. „Со радост го чекам ...

Во СВР Скопје денеска било пријавено дека на улица „Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Ѓ. Г. (43) од Скопје. Од пожарот биле зафатени и оштетени уште две возила паркирани во близина. По повод настанот, СДСМ со соопштение реагира дека најостро го осудуваат палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на ...

Да оставиме простор до крајот на неделата односно до понеделник, чинам дека сите институции ќе одговорат. Ова денес го изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во врска со владината одлука за замена на регистарските таблички на возилата во државна сопственост со специјални црвено-жолти таблички кои се воведуваат за полесно распознавање на возилата. Рокот за смена на табличките е 15 септември, но ...

Карлос Алкараз е шампион на Отвореното првенство на САД. Во пресметката меѓу двајцата најдобри играчи во светот, Шпанецот го победи Јаник Синер со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4 и го презеде првото место на АТП листата од Италијанецот. Ова е шеста Гренд Слем титула на Карлитос во неговата кариера. Како и во претходната сезона, Италијанецот и Шпанецот ги поделија Гренд Слем турнирите меѓу себе. Алкараз ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, а ...

Македонската фудбалска репрезентација се врати на првото место на табелата, и таму ќе остане барем до октомври и до следните квалификациски натпревари, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје лесно и според очекувањата ја совлада најслабата селекција во групата Лихтенштајн со убедливи 5-0. Македонија сосема очекувано доминираше на натпреварот, можеше да постигне и уште некој гол, особено во вториот дел кога имаше многу ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на социјалната мрежа Икс упати честитка до македонските граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста. „Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат“,вели таа во честитката на Икс. Кос минатиот месец оствари средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по што рече дека е важно да се испорачаат ...

Арина Сабаленка успеа да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД. Тенисерката број еден во светот ја победи Американката Аманда Анисимова во финалето со 6:3, 7:6. Анисимова го загуби и второто гренд слем финале оваа година. Претходно на Вимблдон беше поразена од Ига Швионтек. Со победата во Њујорк, Сабаленка успеа да освои три Гренд слем титули оваа година, не успеа само на почетокот на годината да го освои Отвореното првенство на ...

Ракометарите на РК Алкалоид вечерва и официјално го подигнаа трофејот од Европскиот Куп на ЕХФ, кој го освоија со историската победа против грчкиот АЕК Атина и дебаклот на грчкиот клуб на реваншот во Скопје. Свеченоста ја одбележа доделувањето на пехарот од страна на Божидар Ѓурковиќ, претставник на Европската ракометна федерација. Со овој успех, клубот стигна до третиот трофеј во својата историја, по освоениот Суперкуп и Куп на Македонија, ...

Знамињата во Лисабон се на пола копје откако најмалку 17 луѓе загинаа во вчерашната несреќа на историскиот трамвај „Глорија“, за што португалските власти започнаа истрага. Властите кажаа дека останатите две линии се затворени заради инспекција. Снимките од местото на настанот ги прикажуваат искривените остатоци од жолтата жичница слична на трамвај, која превезува луѓе по стрмниот рид во Лисабон, како лежат таму каде што излетала од пругата и ...

Јавен обвинител од Кочани извршува увид по големиот пожар во фабриката во Виница, при што дел од магацините и натаму имаат жаришта. Обезбедени се видео снимки и е повикан е вештак-електроинженер за дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови. За заштита на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, на лице место се поставени противпожарни возила. Во меѓувреме, ...

Се навршуваат четири години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, а десетина лица беа повредени. Од 14-те луѓе кои починаа, 12 беа на болничко лекување како заболени од Ковид-19, додека двајца беа членови на семејствата на болните. По неколку години судење, затворска казна од една ипол година, добија директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми. Судот ја прогласи и болницата како ...

Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 проценти и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП, мерките и работењето на Владата даваат резултати, истакна денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски. -Првиот е фактот што во вториот квартал нашата економија забележа реален раст од 3,4 проценти и веќе втор квартал сме во петте земји во Европа по најголема ставка на раст на Бруто домашниот производ. Ако минатиот, ...

Во врска со прислушувањето, ЈО објавува дека тим обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пристигнале синоќа во Агенцијата за национална безбедност. Според соопштението на Обвинителството, на овој состанок е договорено да се развие динамиката за спроведување на контролата на документацијата што ја поседува АНБ. Според Обвинителството, бидејќи станува збор за обемна и чувствителна документација, врз основа на ...

Директна воена закана за државата нема, регионот е ранлив на дезинформации, вели во интервју за МИА началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Тој истакнува дека безбедносната состојба во земјава и регионот е стабилна и нема директна воена закана за државава. Регионот е ранлив на предизвици како дезинформации, миграциски бранови и радикализација, што бара превентивно градење отпорност и континуирано следење и ...

На денешен ден или кога одвреме-навреме ќе ги погледнам старите фотографии и телевизиски снимки од 8 Септември 1991 година, понекогаш и самиот тешко се препознавам. Поминаа 34 години, а времето си го направи своето, младите лица кои тогаш со жар и ентузијазам стоеја на импровизираната бина на плоштадот „Македонија“ денес сме луѓе со сериозно животно искуство, со белези од борби и надежи наталожени во годините. Лицата се изменети, годините ...

Австралискиот возач Даниел Рикардо го објави своето пензионирање. Она што практично беше најавено пред една година, сега е официјализирано. Легендарниот Австралиец Даниел Рикардо се пензионира. Тој беше дел од караванот на Формула 1 од 2011 до 2024 година. Во својата кариера возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено, Мекларен, Алфа Таури и Рејсинг Булс. Возеше 257 трки, забележа осум победи (седум во Ред Бул, една во Мекларен), 32 подиуми и ...

Доналд Трамп го обвини Шји Џинпинг дека прави заговори против САД со лидерите на Русија и Северна Кореја. Тој се огласи додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, на која Кина ги претстави своите најнови оружја, вклучувајќи нуклеарен интерконтинентален балистички проектил. „Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека правите заговори против САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Трамп ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.6
60%
1022
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.88
64%
1022
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.58
73%
1023
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
51%
1023
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.88
70%
1021
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.97
84%
1025
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.02
41%
1019
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.39
65%
1021
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.02
54%
1021
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
51%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
0.89
59%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
4.18
94%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Рутениум

48965.59

Сребро

2087.39

Злато

133769.08

Калај

53.45

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Алуминиум

3.40

Кобалт

45.39

Бакар

12.73

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97