Универзитетското студентско собрание на УКИМ со загриженост реагира на неповолните услови и недоволната организација при процесот на вселување во државните студентски домови, кој започна на 9 септември 2025 година. Најголеми гужви и проблеми се забележани во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“, каде што, како што велат од студентското собрание, дел од студентите беа принудени да чекаат повеќе од 12 часа – од преземање на ...

Три тинејџерки нападнале 15-годишно девојче во скопски Карпош. Десегодишник бил физички нападнат од двајца соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон. Ова се дел од последните инциденти поврзани со врсничко насилство, а регистирани во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР). Секоја ваква вест одново ги вознемирува родителите на малолетници, кои како што ...

Полска го активираше членот 4 на НАТО и свика консултативен состанок на Алијансата, информираше полскиот премиер Доналд Туск велејќи дека упадот на руски дронови траел цела ноќ и дека последниот од најмалку 10 дронови е соборен утрово, 10 септември, во 6 часот и 45 минути. – Она што е ново, тоа е правецот, првпат не е од Украина, како порано, грешка или ситна провокација на Русија, туку директен упад од Белорусија – посочи Туск. Што ...

Актуелниот шампион во Серија А, Наполи, лесно го мина гостувањето во Фиренца. Во третото коло, Наполи ја победи Фиорентина со 3:1. За Наполи, првиот меч по враќањето во клубот го одигра Елиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија влезе на теренот во 69.минута на местото на Кевин Де Брујне. Екипата на Антонио Конте стигна до триумфот релативно рутински, иако Вања Милинковиќ-Савиќ мораше неколку пати да интервенира во финишот за да не биде ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“. На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите ...

Сообраќајните камери кои се во тест период регистрирале по 100.000 сообраќајни прекршоци дневно на само неколку локации каде што се снима. Пресметано на месечно ниво тоа се 3 милиони сообраќајни прекршоци, според неофицијалните податоци до кои дојде САКАМДАКАЖАМ.МК. Камерите ги регистрираат прекршоците за брзо возење, погрешно престројување и поминување на црвено светло на семафор. Во тест периодот, пред системот да почне официјално да ...

Јули 2025 ја претвори Македонија во препознатлива туристичка сцена. Градовите беа полни со странски посетители, езерата и планините со групи од Европа, дури и статистиката покажува рекорден број на гости – 209.932 туристи и 770.733 ноќевања во само еден месец. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, иако бројот на домашните туристи во овој месец изнесува 42,1 проценти од вкупниот број, сепак странските со удел од 57,9 ...

„Правилото Јокиќ“: Како незаинтересираноста на српскиот ас за статистика ја принуди НБА да го смени начинот на кој ги брои шутевите од половина терен Во свет каде што секој процент и секоја статистика се важни за договорите вредни милиони долари, Никола Јокиќ отсекогаш бил аномалија. Неговата целосна незаинтересираност за личните бројки и фокусираноста само на победата го направија еден од најомилените играчи. Сега, неговиот уникатен, речиси ...

Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на Tor de Geants (Трка на џиновите), една од најпознатите ултрамаратонски трки на светот, што ќе се одржи од 14 до 20 септември. Сите тројца се членови на клубот „Трекс“ од Скопје. Трката е долга 330 километри и има висинска денивелација од 26.000 метри. Стартот и целта се во градот Курмајор, се трча низ Аостинската Долина во Италија и трката мора да се ...

Репрезентацијата на Турција избори пласман во финалето на Евробаскет откако вечерва ја надигра Грција со 94:68 (26:16; 23:15; 23:20 и 22:17). Противник на Турција во финалето ќе биде селекцијата на Германија, која во првото полуфинале ја совлада Финска со 98:86. Доминацијата на Турција беше во текот на целиот натпревар, а тимот на Ергин Атаман (селектор на Турција) ги доби сите четири периоди. Турција во еден момент водеше со 30 поени ...

Израелската армија денеска издаде наредба за целосна евакуација на градот Газа, што претставува прв ваков повик од почетокот на конфликтот. Според објавата на портпаролот на израелската армија за арапски јазик, Авихај Адраеи, Израел е „решен да го порази Хамас“ и најави дека ќе дејствува со „голема сила“ во градот Газа, исто како што, како што рече, дејствувал и во останатите делови од Појасот Газа. Во објавата, жителите се повикуваат итно да ...

О2 Иницијатива повикува граѓаните да ја потпишат петицијата за Дрисла да остане под јавно управување на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалници да се обврзат дека нема да склучуваат јавно-приватни партнерства, туку ќе инвестираат во трансформација на депонијата во современ центар за управување со отпад по примерот на Љубљана. Потпиши ја петицијата Дрисла да остане во јавно владеење на Град Скопје, а идните кандидати за градоначалник ...

Депонијата Дрисла и понатаму чади и го загадува воздухот во главниот град. Скопјани и изутрината се разбудија во град каде воздухот мириса на изгорена пластика и кој е во магла. Мерните станици во одредени делови на градот покажуваат голема концентрација на ПМ 2,5, но и на ПМ 10 честички. Па така, концентрација на ПМ 2,5 честички во Лисиче изутрината беше 7,9 пати поголема од годишната препорачана вредност на Светската здравствена ...

МОН го уназадува справувањето со насилството во училиштата, е во суштината на острата реакција на Мрежата за заштита од дискриминација и Платформата за родова еднаквост. Во период кога физичкото насилство во училиштата ги полни медиумите во Македонија и регионот и јавноста се згрозува од деталите на настаните, Министерството за образование и наука наместо да преземе одговорност и преземе соодветни мерки, воспоставува политики коишто го ...

Рамкaта за соработка на ОН 2026 – 2030 претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години, соопшти МНР. Инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување. Ова се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (UNSDCF) 2026 – 2030, што ...

Системот за влез/излез во Европската Унија ќе започне со постепена примена од 12 октомври, со цел зајакнување на безбедноста на сите гранични премини, порача евроамбасадорот Михалис Рокас. „Ова е мерка што има за цел да ја зајакне безбедноста, но истовремено и да го олесни процесот на влез во ЕУ“, изјави Рокас и додаде дека граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечаток од прст и фотографија. Според него, откако тоа ...

Дождот не помогна многу во гаснењето на огнот, а мирисот начад и изгорена пластика сè уште се чувствува во неколку скопски населби по пожарот којшто ја зафати депонијата Дрисла. Жителите на скопските населби Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Драчево алармираат за големо загадување на воздухот коешто се чувствуваше особено во вечерните часови. Штипење и солзење на очите, како и отежнато дишење, се само дел од симптомите на коишто се ...

Тројца работници од Непал загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип–Радовиш, кога комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река. Во возилото се превезувале работници ангажирани од струмичка фирма. Според првичните информации, освен тројцата загинати, едно лице е тешко повредено, додека возачот се здобил со полесни повреди. Основното јавно обвинителство Штип ...

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од ТАВ Македонија. Оваа награда која, како што велат, е светски репер за квалитет на ...

Дербито на првото коло на ракометната Супер лига одиграно попладнево во салата во Автокоманда меѓу Алкалоид и Охрид заврши без победник 24:24 (11:13). Конечниот резултат е најреалниот исход на натпреварот. Гостите од Охрид беа подобриот тим во првото полувреме и во најголемиот дел имаа водство, кое на полувреме изнесуваше два разлика – 13:11. На почетокот на вториот дел по 15:13 за Охрид, Алкалоид направи серија од 6-0, а гостите не постигнаа ...

Селекторот на австралиската Дејвис Куп репрезентација и поранешен светски рекет број еден, Лејтон Хјуит, денеска доби двонеделна суспензија поради инцидент што го предизвика за време на антидопинг контрола, најавувајќи оти ќе поднесе жалба. Хјуит (44) е казнет и со 30.000 австралиски долари, откако во ноември 2024 година во Малага, по полуфиналето против Италија, наводно турнал 60-годишен волонтер задолжен за контрола на допинг. Хјуит ги ...

Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на Франсоа Бајру, со што земјата ќе го добие петтиот премиер за помалку од две години и ќе се продлабочи политичката криза. Националното собрание гласаше со 364 наспроти 194 за смената на Бајру. Падот на владата беше извесен откако пратениците и од десницата и од левицата најавија дека ќе го поддржат тоа. Емануел Макрон го назначи 73-годишниот Бајру за премиер во декември, откако ...

Скопјанецот, 37 годишниот Љупчо Бојчевски, единствениот затвореник во Македонија кој е осуден за „Учество во странска војска“ затоа што се борел на руска страна во војната во Украина. Тој се кае за тоа што го сторил, како што пишува во пресудата на Кривичниот суд и се согласи за Радио Слободна Европа да раскаже низ што поминал. Во првите моменти во затворот „Идризово“, соговорникот на РСЕ изгледаше рамнодушно – со прекрстени раце и лице без ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот јазик. – рече денеска во прес – конференцијата Јовица Јанковиќ од СДСМ На официјално обраќање, Вицепремиерот Арбен Фетаи, одби да одговара на македонски јазик. Со ладнокрвност порача дека „уште не бил спремен на македонски“. Тоа го кажа човек на висока функција во Владата на Мицкоски. А од ...

ДВ: Колку злоупотреби од тајните служби по глава на жител може да поднесе Македонија и кога еднаш ќе им се стави крај? Вербата во последново кај граѓаните не е голема, имајќи го предвид исходот од претходните такви случаи. Верувате ли вие во разрешница на последниов случај? Христијан Мицкоски: Се согласувам дека процентот на доверба во правен исход, особено кога случајот е доведен пред портите на обвинителството, е многу низок. Но, во исто ...

Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата Г.К. и А.Ц., поради основано сомнение дека извршиле кривични дела Намерно предизвикување на стечај (член 254 став 1 од Кривичниот законик) и Оштетување или повластување на доверители (член 257 ...

По информациите дека повторно ќе се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски канали, македонската сателитска телевизија ИНТВ објави дека ќе направи контраакција и ќе доделува бесплатни ресивери за сите Македонци во Бугарија, пренесе Фокус. „Деновиве на социјалните мрежи кружат соопштенија од Фејсбук-страници зад кои стојат организации од Бугарија, со цел заведување на Македонците. Во нив се тврди дека се ...

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, загуби од Италија со 0:1, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Младите македонски фудбалери не успеаја да го избегнат поразот во Битола и покрај тоа што 65 минути имаа играч повеќе на теренот. Италија остана со фудбалер помалку во 25.минута кога вториот жолт картон го доби Моруци. Десет минути подоцна, младите италијански фудбалери постигнаа гол. Стрелец беше ...

Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан. Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер со ...

Кошаркарите на Финска продолжуваат да го „сонуваат“ својот сон на Европското првбенство. Тие се третата селекција која обезбеди пласман во полуфиналето на Евробаскетот. Финската до своето прво, историско, полуфинале стигна по победата над Грузија со 93:79. Грузијците предводени од екс македонскиот селектор Џикиќ, беше во негатива во текот на целиот натпревар. Победникот беше најавен уште по првото полувреме кое Финците го допбија со 20 поени ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
3.12
45%
1021
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
3.37
57%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
4.04
63%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.07
49%
1022
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.44
45%
1020
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
5.27
73%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
37%
1019
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.14
57%
1020
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.17
47%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
44%
1021
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 30ᴼ
0.89
46%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
5.6
53%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Сребро

2087.39

Платина

53498.84

Злато

133769.08

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.40

Родиум

257205.97

Паладиум

39866.93

Рутениум

48965.59

Бакар

12.73

Калај

53.45