Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Околу 20 комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, се предмет на истрага што ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, пренесе „Скопје1“. Според информациите до кои дојде редакцијата, истрагата се однесува на сомневања дека овие канали биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со ...
Тригодишно момче преживеа шест дена под урнатините по разорниот земјотрес во Венецуела, соопшти јорданскиот спасувачки тим кој учествува во потрагата по затрупаните. Спасувачите објавија и видео од моментот кога момчето, по име Клебер Моран, беше извлечено живо од урнатините во венецуелската сојузна држава Гуаира, објави 4news.mk Неговото име го соопшти привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез. „Спасувањето на детето е момент ...
Општина Куманово и Туристичката организација на Општина Лесковац потпишаа договор за имплементација на прекуграничниот проект „The Pathway to Prosperity“, со кој е предвидена реконструкција и адаптација на визитинг-центарот во меморијалниот комплекс „Пелинце“. Вкупната вредност на проектот изнесува 663.268 евра, од кои речиси 500.000 евра се грант од Европската Унија. Договорот во Лесковац, Србија, во име на Општина Куманово деновиве го ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ (прво издание 2012 на 468 страници.Првото издание на монографијата е 43-то дело отпечатено по повод 60-от роденден на доблесниот македонски иселеник од САД Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Таа е значајна и по многу нешта единствена двојазична монографија од овој вид која претставува осврт за ликот и делото за Атанасоски. Рецензенти на монографија „Ѓорѓија – ...
Поранешниот катарски премиер Хамад бин Џасим бин Џабр Ал Тани ја купи вилата „Чертоза“ на Сардинија, поранешниот летен имот на покојниот италијански премиер Силвио Берлускони, за 350 милиони евра. Имотот, кој се наоѓа со поглед кон заливот Маринела на островот Сардинија, беше продаден околу една година откако семејството на Берлускони го стави на продажба. Вилата беше неформална летна резиденција на Берлускони за време на неговите мандати ...
Хуманоста на едно семејство донесе нов пресврт и трошка надеж во битката за нејзиниот живот. Од здружението „Анимал Рескју Проџект“ соопштија нов, емотивен момент во оваа тешка битка: Бамби веќе не е сама во своите маки. Таа е згрижена а со брза реакција обезбедени се специјални медицински лонгети од Швајцарија. Со нивна помош, преплашената срна полека се обидува повторно да застане на своите нозе. Зад овие трошки надеж, сепак, се крие ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Книгата “Love Stories”(Љубовни приказни) (2011) во издание на „Македонска искра“, Скопје е отпечатена на 302 страници, на англиски јазик. Таа е едно од моите различните публикации. Станува збор за моите патување и претставување на приказните за Македонецот во иселеништвото и во Македонија. Рецензенти на ова дело се Ристо Стефов и д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Всушност книгата “Love Stories”е ...
И покрај изјавите за подготвеност за мировни разговори со Украина и Западот, рускиот претседател Владимир Путин и високите претставници на Кремљ и натаму инсистираат на исполнување на своите првични воени цели, кои според аналитичарите на американскиот Институт за проучување на војната во суштина подразбираат капитулација на Украина. Во најновата анализа, Институтот за проучување на војната наведува дека Путин повторно изјавил дека Русија е ...
„Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следуваат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничкото насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“, изјави денеска ресорната министерка во врска со последниот случај на меѓуврсничко насилство во Општина Аеродром. Во тој контекст, министерката рече дека во моментов во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за ...
Годинешната награда„Актерот на Европа“, му припадна на познатиот словеначки филмски и театарски актер и режисер, Нико Горшиќ, додека, пак, наградата„Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на Славе Катин за неговите постигнувања во публицистиката, науката, новинарството за неговиот повеќедецениски придонес во афирмацијата на Македонија во светот и неговата трајна поврзаност со Преспа, како и за афирмацијата на македонското иселеништво ширум ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе влезе во двата завршни меча во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) 2029 со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска во Даблин. Македонскиот селектор, Жозеп Марија Берокал, е принуден да направи сериозни корекции во играчкиот тим за последните два меча во јулскиот последен циклус против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот во Даблин, каде што Македонија убедливо ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Mоногграфијата „Петар Стаматов“ (2010), чии автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов професор Методија Трајковски е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методој“ (УКИМ), Скопје, отпечатено на 192 страници, на македонски и на англиски јазик. Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, кои оставиле длабоки траги за ...
Измените на Изборниот законик повторно се претворија во една од најконтроверзните политички теми во земјата. Наместо да претставуваат резултат на широк политички и општествен консензус, реформите се најдоа во центарот на остар судир меѓу власта и опозицијата, со електронското гласање на дијаспората како клучна точка на несогласување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека воведувањето можност за електронско гласање за македонските ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Книгата “Macedonia in Anciant Times”„(Македонија во античко време“) (2010), од Антоније Шкокљев-Дончо од Белград и Славе Николовски-Катин од Скопје, во превод на Ристо Стефов од Торонто е 40 публикација, која е дело на „Македонска искра“, Скопје, на 346 страници на англиски јазик. Рецензенти се: Александар Донски и Одисеј Белчевски. Целта на пишувањето на оваа книга беше да ги оспори ...
билните врнежи од дожд и невремето во текот на денот зафатија повеќе делови од државата предизвикувајќи штети врз инфраструктурата, но и на приватни и јавни објекти. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале пријави од граѓани за поплави, паднати дрвја и блокирани патишта, по што сите надлежни институции излегле на терен за санирање на состојбата. Оттаму велат дека ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, вели дека нуклеарните инспекции на иранските постројки за збогатување ќе се случат и покрај притисокот од Техеран. Гроси се повикува на потпишаниот меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, спротивставувајќи се на тврдењето на Техеран дека бомбардираните постројки за збогатување се забранети за инспекторите. Тој вели дека меморандумот не остава простор за ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да замине на издржување на затворската казна, иако според упатниот акт требаше на 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Причината за одложувањето е барањето што Јакимовски го поднел на 12 јуни, во кое побарал одложување на извршувањето на казната поради здравствената состојба. Судијата за извршување санкции побарал дополнителни информации од две приватни ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис откако за првпат во кариерата обезбеди пласман во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која преку квалификациите успеала да се избори за место во главниот жреб на Вимблдон, остварувајќи еден од најголемите резултати во својата кариера. Патот до главниот турнир ...
Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон. Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар во нејзината кариера – прв настап на еден Гренд слем, и тоа на терените на Вимблдон, а и покрај поразот доби огромна поддршка од цела земја. Со овој настап таа испиша историја во домашниот тенис, како прва Македонка што играла на еден Гренд слем (иако низ годините многупати ...
Во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото. Ова е предвидено доколку биде затекнато малолетно лице како управува електричен тротинет, потоа ако е пречекорена дозволената брзина, ако на тротинетот се превезува и друго лице, како и возење под дејство на алкохол. Измените на Законот беа донесени со двојно мнозинство, односно од пратениците во Собранието „за“ гласаа 64 пратеници, додека според Бадентер, ...
Иван Трпоски Голем успех на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј КЛЕОПАТРА ОД КРАВАРИ-ПРЕСТАВА ЗА САМОИСПИТУВАЊЕ НА СЛАБОСТИ Австралиско македонскиот театар од Сиднеј на сцена го постави најновото драмско дело од Душан Ристевски, комедијата „Клеопатра од Кравари“. Македонците имаа можност оваа фантастична изведба да ја видат во населбата Рогдаел на 8 и 9 мај во Културниот центар „Илинден“, во населбата Бенкстеон во Полскиот клуб на 10 ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да блеска во квалификациите за Вимблдон и се наоѓа на само еден чекор од пласман во главната жрепка на најпрестижниот турнир на тревната подлога. Тетовчанката успешно ја мина и втората квалификациска рунда, откако по голема борба ја совлада Франсиска Жорже со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1). Ѓорческа го загуби првиот сет, но потоа одигра извонредно во продолжението на мечот. Во вториот и ...
Фудбалската репрезентација на Швајцарија го освои првото место во групата Б и обезбеди пласман во нокау-фазата на Светското првенство, откако во Ванкувер ја совлада домашната селекција на Канада со 2-1. Канаѓаните исто така патуваат во следната фаза како второпласирани, а голема радост и за навивачите за БиХ, со оглед дека Един Џеко и соиграчите славеа против Катар со 3-1 и од третата позиција треба да патуваат понатаму. Швајцарците уште од ...
Голем дел од Западна Европа е погоден од силен топлотен бран со невообичаено високи температури за овој период од годината. Од Обединетото Кралство и Ирска, преку Франција и Германија, па сè до Шпанија и Италија, милиони луѓе се соочуваат со екстремна жештина пред официјалниот почеток на летото. Според експертите, причината за ваквата состојба е таканаречената „топлотна купола“ – моќен систем на висок воздушен притисок што носи топол воздух ...
На само 11 години, Македон Димитровски оствари резултат за кој сонуваат многу матуранти ширум светот. Младиот талент освои 1.440 поени на SAT тестот – приемен испит што го користат голем број престижни светски универзитети. Младиот талент освоил 1.440 поени, резултат што е подобар од оној на 95 проценти од тестираните ученици на возраст од 18 години. Со ова достигнување, Македон уште еднаш го потврдил својот исклучителен потенцијал и љубов ...
Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат измените на законите за основно и средно образование, со кои се предвидува глоба од 250 евра за родители на ученици сторители на насилство. Казната ќе се изрекува за секое сторено насилство, како и во случаи кога родителот или старателот не соработува со училиштето во постапките за спречување и надминување на насилството. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, изјави ...
Поддршката за членство во Европската Унија (ЕУ) е над 60 проценти во сите земји од Западен Балкан, освен во Србија. Исто така, довербата во Кина е релативно висока во делови од регионот. Овие податоци ги објави проектот „WeBalkans“, кој спроведе анкета за перцепцијата на ЕУ во Западен Балкан. Резултатите покажуваат генерално позитивна слика за ЕУ и висока поддршка за членство во целиот регион во речиси сите земји. Според истражувањето, ЕУ има ...
Западот предводен од НАТО активно се подготвува за војна против Русија, им рече претседателот Владимир Путин на стотиците најнови офицери на руската војска. „Членовите на западната алијанса досега се ограничија на поддршка на Украина. Сега на западот отворено се зборува дека се подготвуваат за војна против нас и ги зголемуваат своите воени и офанзивни буџети“, им рече Путин на дипломираните студенти на руските воени академии собрани во Кремљ. ...
Американскиот Сенат усвои резолуција со која од претседателот Доналд Трамп се бара да ги запре воените операции против Иран и за секоја идна воена акција да побара одобрение од Конгресот. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 48 „против“. За неа гласаа и четворица републикански сенатори – Сузан Колинс, Лиса Мурковски, Ренд Пол и Бил Касиди. Демократскиот сенатор Џон Фетерман гласаше против, додека двајца републиканци не присуствуваа на ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Книгата „Иселеничка вртелешка“( 2008), „Македонска искра“, Скопје е отпечатена на 254 на македонски јазик. Таа е 37 дело и едно од моите различни публикации. Станува збор за моето патување и претставување на приказните за Македонецот во иселеништвото и во Македонија. Рецензенти на ова дело се Даринка Јанушева и Ката Мисиркова-Руменова. Во рамките на моите патувања ширум светот, имам објавено ...