Џакузи на пространа тераса, спектакуларен поглед кон Скопје, големи дневни соби и луксузно уреден ентериер – вака изгледаат трите ексклузивни апартмани во комплексот „Панорама резиденс“, кои државата повторно ги стави на продажба. Становите беа конфискувани во предметот „Плацеви на Водно“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски е правосилно осуден на девет години затвор. Откако претходните обиди за продажба на два од апартманите не беа ...

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција Фрстлајт 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15 јануари до 30 април 2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел – откривање и сузбивање измами со ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски е оптимист дека Охридскиот Регион ќе успее да го зачува статусот на светско природно и културно наследство по заштита на УНЕСКО и оти нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Николоски денеска одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека својот оптимизам го темели по посетата на Мисијата на УНЕСКО на земјава, минатиот месец, а со чии претставници имале средба тој и ...

Eврокомесарката Марта Кос не можеше да се сретне со лидерите на опозицијата поради причини поврзани со распоредот, неповрзани со Изборниот законик, брифираат од канцеларијата на ЕУ во Скопје . Според дипломатски извори, за време на посетата на Македонија еврокомесарката Кос не се сретна со лидерите на опозицијата. Овој потег дипломатите го протолкуваа како јасна порака до опозицијата во однос на нивниот став за измените во Изборниот законик и ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и денеска ја потврди позицијата во однос на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство е подготвено да ги прифати сите барања на опозицијата, но дека клучниот проблем лежи во неможноста на опозициските партии да изградат единствен став за да се постигне елементарен договор во Собранието. Според него, овој документ е темел за фер и демократски избори и мора да ги ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата „Израел и Македонија“ (2018)“ е дело отпрчатено од “Македонска искра“, на 394 страници на англиски, македонски и хебрејски јази. Авторот Славе Катин го претставува патувањето во државата Израел кое беше дел од посетите на педесетина различни земји во светот. Но, тоа беше највозбудливото патување, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици да се запознае „Светата ...

Вимблдон во 2026 година продолжува да приредува огромни изненадувања и да пишува историски спортски бајки на лондонската трева. Домашниот тенисер Артур Фери го воодушеви спортскиот свет и стана само вториот играч со специјална покана во историјата кој успеал да стигне до машкото полуфинале на овој престижен гренд слем турнир, елиминирајќи го фаворизираниот Флавио Коболи. Британска бајка пред очите на Кралицата Британскиот аутсајдер, кој е ...

Македонската младинска репрезентација го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Романија. Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36:31, која беше и фаворит на оваа средба. Противникот ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот меч, на одморот имаше позитива од 18-14. Во македонскиот состав се истакнаа Матески и Поповски со по шест погодоци. Во второто коло утре од 13:30 часот, Македонија ќе игра ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата „Атанас Близнаков – Второ издание“ (2017), во издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на 329 страници, на македонски и англиски јазик е слика за животот и делото на најголемиот донатор од македонското иселеништво на македонските студенти. Делото, исто така се однесува на Македонците во САД. Рецензенти на монографија се:проф.д-р Никола Јанкуловски и проф. ...

Новата пресметка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ги заостри партиските пресметки околу состојбата на македонската економија. Додека ВМРО-ДПМНЕ оценува дека економските показатели покажуваат напредок и дека критиките на СДСМ се политички манипулации, опозициската партија тврди дека реалните бројки покажуваат забавен раст, намалени инвестиции и влошување на животниот стандард на граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС селективно ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењето на инфлацијата во државата и споредба со другите држави рече дека во услови на две војни од која едната се разгорува повторно предизвик е на владата да обезбеди доволни количини енергенси и притоа да не дозволи разгорување на инфлацијата. Притоа рече и дека владата има план и резерви за секој предизвик. – Инфлацијата е еден од тие сегменти коишто се ...

Имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме, со грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали опозицијата е пречка за исполнување на последната задача од европските директиви, а тоа е носењето на Изборниот законик. „Ние цениме дека, вака како што е ...

Во голема меѓународна полициска операција, спроведена во координација меѓу Македонската полиција, американската ДСС и безбедносните служби на Албанија, во Драч се уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, меѓу кои и еден од најбараните бегалци од Македонија – Муса Џавит. Акцијата е реализирана врз основа на информации обезбедени од Македонската полиција. Во Драч е лишен од слобода М.Џ. (26) од Скопје, а според ...

Истрагата за организираната криминална група осомничена за нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала се проширува, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори нова истражна постапка против уште четири лица, меѓу кои се и двајца лекари. Во рамките на истрагата, вчера беа извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Mо ногравскоото дело под наслов “Esma Реџепова-Теодосиевска“(2015), „Македонска искра“ и „Кралицата Есма и Стево Теодосиев- ски“, на 412 страници, на македонски, англиски и ромски јазик, како дело на авторот Славе Катин, е посветено на музичката и добротворна (хуманитарна) херојка, Есма Реџепова -Теодосиевска, најмаркантното име на ромската, македонската, балканската, но, и светската фолк ...

Се работи за технички барања со политички толкувања во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“, кои со години се следат во рамки на Советот на Европа поради прашањето за регистрација на здруженија, смета бугарската потпретседателка Илијана Јотова која за ова разговарала со претставници на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права. Таа очекува да заврши мониторингот над Бугарија за извршување на пресудите. Според неа, Софија ...

Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на ...

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот се изјасни за невин, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата (Некрофилија, уште нарекувана ...

Македонската заедница во Албанија и понатаму се соочува со предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и иднината на традиционалните населени места, пишува македонскиот весник „Илинден“ во написот „Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината“. „Иако македонското малцинство е официјално признато, претставниците на заедницата укажуваат дека се потребни дополнителни напори и ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува Македонија до 2031 година да има просечен раст на економијата од 3% и со тоа да биде седма најбрзорастечка економија во Европа, пренесува Еуроњуз. Според анализата на ММФ, додека еврозоната се очекува да има раст нешто повеќе од еден отсто годишно до 2031 година, помалите економии меѓу кои и шестката од Западен Балкан – Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се очекува ...

Еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, јасно ја „нацрта“ намерата Македонија со Црна Гора и со Албанија да стане земја членка на ЕУ во скорешна иднина, практично молејќи го државниот врв да направи чекор и да им ја олесни таа задача – иницирајќи процес за уставни измени. Фалејќи ја реформската агенда на Македонија повеќе отколку што заслужува, таа меѓу редови прати порака дека Брисел прави силно досие за Македонија со ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „Светот на дланка прво и второ издание” (2014), чиј издавач е „Македонска искра“, отпечатена на 424 страниви на македонски јазик. Рецензенти се: Проф. д-р.Вера Стојчевска-Антиќ и Ставре Џиков Во книгата се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, и тоа со 50 двонасочни, или 100 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е целосно расчистен случајот со физичкиот напад врз 12-годишно девојче, кој се случи на 30 јуни во парк во скопската општина Аеродром. Според МВР, Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, во координација со Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривични пријави против четворица малолетници и петмина родители. Кривични ...

Бигорскиот манастир е 21. светогорски манастир, кажал цивилниот управител (гувернерот) на Света Гора, Алкивијадис Стефанис, на сеноќното бдение по повод манастирската слава – Рождеството на свети Јован Крстител (Иванден). Ова е прва посета на Стефанис на Бигорската обител. Неговото доаѓање од Бигорски го оценуваат како историски значајно бидејќи станува збор за прва посета на толку висок претставник од Света Гора. „Што најнапред да споменам? ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографија за „Ѓорѓија-Џорџ АтанасоскиII издание“ (2015)), е издание на книгоиздателството „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, 2015, на 496, страници, е 46 дело кое го подготвив на македонски и англиски јазик. Второто издание се појави по формирањето на фондацијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“, а е дело на Книгоиздателството „Македонска искра“, заедно со гласилото ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата „The Balkans and Macedonia“. („Балканот и Македонија“), (2014) од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е обја-вено за прв пат на српски јазик под наслов „Балканот и Македонија“. Потоа истото дело од Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е преведено на македонски јазик и е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, на 308 ...

За четири години треба да биде готов автопатот Скопје-Блаце, во должина од 12 километри, а за него преку ЕБОР се обезбедени 30,8 милиони евра грант и заем од 167,6 милиони евра. Со оглед на тоа што се работи за изклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора, патот предвидува пет тунели, девет мостови, 11 потпатници, четири галерии и 9 потпорни ѕидови за стабилност. Изградбата треба да почне во август годинава, а рокот за изградба е ...

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ (2013), издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, е отпечатена во 2013 година, на 320 страници на македонски и на англиски јазик, чиј автор е Славе Катин, а коавтор е Бошко Рајчовски – Пелистерски од САД. Делото е посветено на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми ...

На последниот свиреж, аргентинските играчи паднаа на колена, трибините повторно експлодираа од олеснување, радост и познатите побожни прослави. Победата од 3-2 значи дека Аргентина сега ќе игра против Египет во Атланта. Но, играчите на Зеленортските Острови беа тие што го задржаа вниманието во тој момент, одејќи малку разочарувачки на едниот крај, сè уште подготвени да трчаат, подготвени да играат, но елиминирани од ова Светско првенство на ...

Штета што опозициските партии не го искористија и вчерашниот обиод за постигнување договор за изборниот законик вели премиерот Мицкоски иако на маса им било понудено и прифатено се што бараа освен да се исклучи гласањето на дијаспората кое и натаму останува камен на сопнување иако како што додаде премиерот биле спремни да се најдат и различни модули за да се уважи и слушне гласот на дијаспората на следните претседателски избори 2029та. Сепак ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
30%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
42%
1014
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
34%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
34%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
67%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
40%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
39%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
48%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
0.45
38%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Бакар

13.27

Калај

55.44

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Сребро

1894.77

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.23

Паладиум

40445.64

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36