Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде ...
„Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар“, вели Кети Штерјова од СДСМ. „И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода. Сега ќе ...
Уставниот суд за првпат го примени новиот механизам за заштита на извршувањето на сопствените одлуки, откако го извести Јавното обвинителство и Судскиот совет дека судија од Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување на новинарката Наташа Стојановска, информираа денеска од Уставниот суд. Како што информираа од судот, станува збор за одлуката со која Уставниот суд на 24 ...
Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...
Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија. Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив ...
PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN It was interesting for us to hear many details about Zubovce, when among other things, he told us: “There are several small springs around the village which names are: Sugarski, Kalapetroec and Lapnimushica. The area of Zubovce village is mostly covered with fields, and the names of the places where the fields are found are very descriptive, such as Mal Pat, Krst, Docen Ces, ...
Готово е. Реал Мадрид официјално го објави продолжувањето на договорот со една од своите најголеми ѕвезди – Винисиус Жуниор. Бразилскиот напаѓач се обврза кон клубот на долгорочна основа, со својот нов договор до 30 јуни 2032 година, објавија шпанските гиганти. Винисиус Жуниор пристигна во Реал Мадрид во јули 2018 година, кога имаше само 18 години. Оттогаш, тој стана неопходен дел од тимот и еден од лидерите на тимот. Со овој нов договор, ...
Бројот на жртви од експлозијата во ресторанот „Балзи Роси“ на плоштадот Кудрински во центарот на Москва се искачи на пет, откако двајца повредени починаа во болница. Повеќе од шестмина се уште се во тешка состојба, објавија светските медиуми. Рускиот национален антитерористички комитет претходно објави три смртни случаи. Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка под сомнение за терористички напад. Според досегашните информации, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, изјави дека Македонија заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија, оценувајќи дека земјата предолго е изложена на политички блокади. Во текстот се потсетува дека Македонија има статус на кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, ...
Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа. „Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од ...
Во потпелистерското село Трново, во дворот на македонскиот православен храм „Успение на Пресвета Богородица“, секоја година на Илинден се одржува Семакедонска средба. Така беше и годинава. На 2 август, на Денот на државноста, на денот на Свети пророк Илија, се одржа 55. Семакедонска средба. Организатори на Семакедонската средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Битола, ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот пиар одговараше селективно на новинарски прашања, реагираат со писмено соопштение од ССНМ. „Обврска на Владата е да комуницира транспарентно ...
На денешната прес-конференција, советничката од Левица, Маја Дургутова, предупреди дека последниот случај утврден од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација уште еднаш покажува дека бремените работнички во Македонија сè уште не уживаат ефикасна институционална заштита, се вели во соопштението на ПП Левица. Дургутова потсети дека Комисијата утврдила дискриминација врз основа на пол, род и бременост, откако само два дена по ...
Мохамед Салах за 17 милиони евра по сезона, во следните две години ќе игра за турскиот гигант Трабзонспор. Откако заврши неговата ера во Ливерпул, и каде што стана еден од најдобрите фудбалери во изминатите неколку години, Салах реши, во сооднос со неговата возраст секако да се пресели во најдобрата можна дестинација за него. Турција. Таму завршиваат големите имиња на светскиот фудбал, а суперлигата е преполна со звезди кои настапувале во ...
Како што и беше најавено, ракометарите на РК Алкалоид се стационираа во Маврово, со што ја стартуваат втората фаза од тековките подготовки во пресрет на новата 2026/27 сезона. Екипата предводена од шефот на струката Кирил Лазаров е во полн состав. На подготовките во Маврово најголемо внимание ќе се посвети на физичката и тактичка подготвеност во пресрет на серјата пријателски натпревари кои ќе бидат последна проверка пред стартот на сезоната. ...
Македонскиот фолклорен фестивал “Преспа” ќе се одржи на 20 август, на плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, Албанија, седиштето на истоимената општина. Покровител на овој настан е македонскиот премиер Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво “Преспа”, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” и Општина Пустец. Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето ...
Владата денеска демнатираше дека без оглас и во четири очи набавила вода за пиење за граѓаните во Гостивар од фирмата „Кожувчанка“, нешто за кое беше обвинета од страна на СДСМ. „Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации. Станува збор за дрски и безобразни лаги. Во отсуство на реални теми и ...
Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и секретар за меѓународна соработка, денеска на прес-конференција изнесе партиски сознанија дека се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, односно дека постои таен договор на Владата за започнување на преговори со Европската Унија. „Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од ...
Пациентите на онкологија денеска одржаа протест пред Министерството за здравство, барајќи решенија за континуираниот недостиг на терапија на Клиниката за онкологија. Од групата „Пеперутки“, која се занимава со проблемите со кои се соочуваат пациентите со рак, апелираа медиумите, политичките партии и граѓаните да престанат да ги користат онколошките пациенти во дневнополитички препукувања. Од групата нагласија дека проблемите со кои се ...
Со грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата фаза од пругата кон Бугарија. Со третата фаза ќе се гради прекуграничен железнички тунел дел од Коридор 8, кој почнува од Крива Паланка и влегува на територијата на Бугарија. За реализација на овој проект покрај грантот од ЕУ обезбедени се и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Договорите за ...
PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Goyko Yakovleski – Rafkin is the great Macedonian for whom Macedonia represents his whole life, love and sadness. He is the man who remained devoted to the Macedonian Old Testament’s ideas, roots and ideals. The great Macedonian who during his whole life fought for the truth, freedom, democracy, future and unity of divided Macedonia. We had the conversation with Goyko Yakovleski – ...
Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години обезбеди пласман во Топ 16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9-тото до 16-тото место. Со овој успех, нашите кадети не само што го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, туку и изборија пласман и на следното младинско Европско првенство во 2028 година. Македонската репрезентација го освои второто место во ...
Вечното миланско дерби помеѓу екипите на Милан и Интер денеска на пријателска база се одигра во далечната Австралија односно во градот Перт. Мечот заврши 1:1, со головите на Федерико Димарко и Кристофер Нкунку. Самиот дуел секако немаше превисоко темпо, затоа што се работи за подгтовителен период, а реално поинтересен беше вториот дел. Рубен Аморим полека ги „фаќа конците“ во свои раце како кормилар на тимот на Милан, додека Кристијан Киву и ...
Европската унија во вторник ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи, откако има несогласувања меѓу земјите-членки околу пристигнувањето на повеќе од 50.000 мигранти во шпанската територија Сеута, во северна Африка, пренесува Гардијан. Одлуката беше донесена од претставници на земјите-членки на ЕУ и експерти од агенцијата за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, на состанок во саботата, кој беше опишан како „отрезнувачки“. ...
Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година, соопштија од Царината. Директорот Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат ...
Бројот на жртви во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 24 откако беа пронајдени уште шест тела на брегот, а шпанскиот премиер Педро Санчез отпатува во градот за да го координира одговорот на властите на масовниот прилив на мигранти од Мароко. Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, околу 49.000 мигранти влегле во Сеута по море и копно од Мароко во последните 24 часа, и покрај зголемените ...
Република Србија до 2004 не дозволуваше одбележување и чествување на 2 Август во манастирот Прохор Пчински каде 1944 се удрени темелите на модерната Македонска држава со одржување на АСНОМ. Административно под влијание на Социјалистилка Република Србија манастирот 1947 беше одземен од Социјалистичка Република Македонија и доделен на Србија, со смислен потег историски да се докаже во иднина дека АСНОМ е одржан на Српска територија, се вели во ...
Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 ...
Во текот на тридеценискиот евроинтегративен процес на Македонија, речиси непроменетата охрабрувачка порака од ЕУ и бриселската бирократија е дека „сега е моментумот на проширување што земјата не треба да го пропушти“. Во „превод“, тоа обично значи дека Македонија треба да направи нови отстапки за некои уцени од соседните земји членки на ЕУ, кои никако не се во рамките на Копенхагенските критериуми за проширување на Унијата. Инаку, и покрај ...