Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Поранешната македонска кошаркарка Едина Муса вчера ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи дека ја очекува шеста операција на коленото. Пред зафатот, таа објави видео од последниот тренинг, откривајќи дека повторно ќе мора да направи пауза со физичките активности поради повредата. Од нашата мрежа 📷Сопругата на Меси му испрати емотивна порака заедно со семејна… 8 часа kontra.mk Бекот на Кавалирс потпиша договор вреден ...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, објави емотивни семејни фотографии на својот Инстаграм од предизвикот „Три врвови“, добротворен настан што успешно го заврши за добротворната организација за борба против ракот „Ројал Марсден“. На фотографиите, направени веднаш по освојувањето на трите највисоки врвови во Велика Британија, таа позираше во спортска облека, во која речиси никогаш не ја гледаме. Од нашата мрежа 📷Сопругата на Меси му испрати ...
Принцот Хари го загуби судскиот спор против издавачот на весникот „Дејли мејл“ за наводно нелегално собирање информации, откако Високиот суд во Лондон пресуди дека тој и другите тужители не успеале да докажат тврдења за хакирање телефони, прислушување и други прекршувања на приватноста. Принцот Хари покрена неколку одделни тужби против различни британски издавачи, а иако во овој случај имаше неколку тужители, неговиот случај беше најмногу ...
Според дел од познавачите на состојбите, не треба да се игнорира дека кај дел од граѓаните во земјава постојат позитивни перцепции кон Русија и Кина. Според аналитичарот, Александар Србиновски, причините се различни. -Долгиот застој во европската интеграција создаде разочарување и недоверба кај дел од јавноста. Русија со години гради влијание преку информациски канали и наративи поврзани со идентитетски и политички теми. Кина, пак, најчесто ...
Данска ја поддржа Белгија: Гугл и Мета мора да плаќаат за новинските написи ДАНСКАТА влада поднесе писмен поднесок во спорот на технолошките компании со Белгија за објавувањето на медиумски содржини, предупредувајќи дека исходот би можел да влијае и врз правата на данските медиумски издавачи, соопшти данското министерство за култура. Од нашата мрежа Honda го претстави својот прв електричен мотоцикл, WN7 пристигнува во… 41 минута avtoplus.mk ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторникот изјави од западниот Балкан досега „не ја разбрал доволно добро важноста на меѓусебната соработка“ и дека „не е оптимист“ за можното брзо членство во Европската Унија (ЕУ) на која било од западнобалканските земји. „Не мислам дека ЕУ во наредните неколку години ќе може да носи одлуки за проширување, но тоа не значи дека ние не треба да продолжиме забрзано на нашиот европски пат и да ...
Апелациониот суд во Париз ја потврди осудителната пресуда за измама против Марин Ле Пен, лидерката на крајно десничарската партија Национален собир, што ја доведува во прашање нејзината кандидатура на претседателските избори во 2027 година. Иако судот ѝ ја скрати забраната за кандидирање и со тоа потенцијално повторно ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, пресудено е дека таа мора да одлежи затворска казна, пишува „Евроњуз“. ...
Граѓаните од први овој месец во аптеките можат на рецепт да подигнат три антикоагулантни лекови, односно лекови против згрутчување на крвта. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на денешната прес конференција рече дека станува збор за лековите со генерички имиња: еноксаприн, надропарин и ривароџсабан. Тој појасни дека за првиот генерички лек достапни се два бренда, а за останатите по еден. Тој за „Локално“ изјави ...
Не е оддадена никаква службена тајна за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, а тоа го докажуваме со новиот доказ што денес го приложивме во судот, изјви Надица Фундики, адвокатката на Билјана Петревска-Мантова. Таа заедно со поранешната директорка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска од ОЈО ГОКК се обвинети за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ, Неготино Небојша Стојановиќ, кој беше еден ...
„Сметам дека оваа анкета треба да се гледа со голема резерва. Без целосен увид во методологијата, примерокот и начинот на поставување на прашањата, тешко е да се извлечат конечни заклучоци. Начинот на кој се претставуваат резултатите остава впечаток на крајно пристрасен пристап кон Македонија и не ја прикажува целата слика“, вели во разговор за „Локално“, воено-безбедносниот аналитичар и новинар, Александар Србиновски за фактот дека бриселски ...
По информацијата дека МВР и АНБ спроведуваат истрага против 20-ина комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, поради сомневање дека биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, денеска се огласија од контроверзната Фондација „Македонија“. Претседателот на организацијата, Виктор Стојанов тврди дека ...
Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела. -Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли се со сите граѓани што минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои ...
Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на ...
Полска од почетокот на војната ѝ испрати на Украина воена помош вредна околу 3,6 милијарди евра, при што најголемиот дел го обезбеди претходната влада на опозициските конзервативни националисти, кои сега се бунат поради помошта што ја испраќа сегашната влада – конкретно овој викенд поради ракетите за системот „Патриот“, што сепак од Полска го побараа НАТО и САД, произлегува од податоците кои денеска ги објави министерот за одбрана Владислав ...
Од 7 јули до 31 август 2026 година, припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите македонски колеги во Охрид. -Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона и оваа година, заедно со колегите од Македонија, ќе работат заедно униформирани полицајци и крим-полицаец на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, соопшти Министерството за внатрешни ...
Главаната расправа на судењето на поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, во кое ОЈО ГОКК ја гони за одавање службна тајна и компјутерски фалсификат, на која требаше Обвинителството и одбраната да дадат завршни зборови, е одложена за утре. Ваква одлука донесе судијата Илија Трпков, откако и Обвинителството и одбраната на Билјана Петревска-Мантова, која е првообвинета во ...
ДУИ оценува дека не може да се постигне решение за консензус за новиот Изборен законик и сметаат дека повторно ќе се гласа на изборите според стариот Законик. Пратеничката Рина Ајдари во денешната изјава од Собранието кажа дека на државата ѝ е потребна една Изборна единица, но со отворени листи за пратеници и изборен праг од 5% од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список. -ДУИ нема да прифати еднострани решенија што ја ...
Успехот на Либерално-демократската партија (ЛДП) на меѓународна сцена веќе дава конкретни и брзи резултати во директна заштита на интересите на македонските граѓани. Само еден ден по завршувањето на Конгресот на АЛДЕ партијата во Виена, каде на предлог на ЛДП и сестринските партии од ЛИБСЕН со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција против малтретирањето на ЕУ-границите, Европската комисија официјално најави воведување на ...
Владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц го усвои нацрт-буџетот на сојузната држава за 2027 година, со кој е предвидено за одбрана да се издвојат 109,7 милијарди евра. Поточно, речиси една петтина од вкупните државни трошоци, во рамките на планот за забрзано зајакнување на воените капацитети и исполнување на новата цел на НАТО за издвојувања за одбраната. Од нашата мрежа Розениор официјално се враќа во Лига 1 17 минути kontra.mk ...
На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен ...
Судиите поротници при Основниот кривичен суд Скопје од денеска (7 јули 2026 г.) ќе започнат со мирен протест и нема да учествуваат на дел од судските расправи, а причината, како што соопштија денеска од Судот, е долгогодишниот проблем со дневниците и нерешавањето на нивните барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет. Портпаролот на Кривичниот суд информира дека денеска сите притворски предмети каде има поротници ќе се држат ...
Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите. Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите, се вели во соопштението од СДСМ за прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски. -Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари. Програмата за млади ја кратат за уште 1 ...
Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Хенри П. Клуге, предупреди денеска дека Европа во наредните недели би можела да биде погодена од нови смртоносни топлотни бранови и ги повика државите итно да ги унапредат плановите за заштита на населението. Како што соопшти СЗО, Португалија и југот на Шпанија оваа недела очекуваат температури до 43 Целзиусови степени, додека нов бран жештини се најавува и за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека масовните воздушни напади што Русија ги изврши во ноќта меѓу неделата и понеделникот се намерно насочени кон цивилите и инфраструктурата во Украина, со цел да се нанесе што е можно повеќе страдање и штета. Зеленски доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Русија тогаш истрелала 68 ракети, вклучувајќи и бројни балистички, како и повеќе од 350 дронови. Од нашата мрежа Фолксваген се ...
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП ...
Германскиот министер за надворешни работи во понеделникот изјави дека Иран на крајот би требало да ги сноси трошоците за секоја меѓународна операција за отстранување на мините од Ормускиот Теснец. Јохан Вадефул го изјави ова во интервју за весникот „Ханделсблат“, одговарајќи на прашањето дали европските земји би можеле да му понудат на Иран финансиски стимулации за Техеран да се согласи на мисија за разминирање. Од нашата мрежа Грчки рецепт ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави денеска дека на самитот на НАТО во Анкара оди со намера да го одбие предлогот на Германија на Украина и за следната година да ѝ се обезбеди помош вредна 70 милијарди евра. Тој рече дека не знае дали ќе има можност да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и да му објасни зошто Чешка не издвојува за одбрана ниту два отсто од БДП, иако Бабиш со месеци ја најавуваше таа средба. Од нашата мрежа ...
Помалку од половина од Американците веруваат дека НАТО би им помогнало во случај на напад, додека поддршката за Русија и Кина е во пораст меѓу испитаниците низ целата воена алијанса, особено во Црна Гора, Македонија и Бугарија, покажуваат резултатите од интерното истражување на НАТО. На прашањето дали НАТО ќе го исполни своето ветување да им помогне на нивната земја доколку биде нападната, 43 проценти од испитаниците во САД одговориле ...
Македонското друштво „Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за, како што велат, одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Според нив, таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората. „Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, ...
Во сирискиот главен град Дамаск денеска одекнаа експлозии во близина на хотелот каде што требаше да престојува францускиот претседател Емануел Макрон, потврди безбедносен извор, пишува Ројтерс. По детонациите блокирани се патиштата и воведени се засилени безбедносни мерки. Сведок на Ројтерс, кој се наоѓал во близина, ги слушнал експлозиите и видел чад како се крева од местото на настанот. Од нашата мрежа Европските берзи нерамномерни под ...