
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе следната недела ќе почне со објавување на имињата на првите кандидати за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат во втората половина на 2025 година. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Делчево најави дека до крајот на јуни ќе бидат познати речиси сите кандидати на партијата. „Во текот на неделата после 16 јуни ќе објавиме прва група кандидати – околу ...
Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал, криминалистичката полиција, Управата за финансиска полиција и УЈП, до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е поднесена обемна кривична пријава против група од 27 физички лица и 15 правни субјекти од Струмица, под сомнение за сериозни финансиски злоупотреби. Според истрагата, групата предводена од тројца организатори – Р.К. (56), З.К.В. (30) и В.П. (29) ...
По локалните избори одржани вчера во српските градови Заечар и Косјериќ, и владејачката Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ и опозициските партии прогласија победа. Во ново видео-обраќање објавено денеска на Инстаграм, претседателот Вучиќ, од терасата на зградата на Претседателството, испрати порака за смирување на тензиите и повик за дијалог. „Би било добро дури и ако другата страна не сака да разговара, бидејќи луѓето ќе разберат ...
Жена која се повредила додека планинарела на планината Јабланица, во близина на Струга, беше успешно спасена денеска со хеликоптерска акција. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за планинарка која го повредила скочниот зглоб и не можела самостојно да се движи. По добиена пријава, од Хеликоптерската единица на МВР веднаш бил активиран спасувачки тим, заедно со припадници на специјалната единица „Тигар“. По ...
Организацијата „Супорт Кочани“, која од самиот почеток им помага на семејствата настрадани во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска јавно реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дадена вчера во Велес. Според нив, не се препознаваат во наводите дека граѓанската иницијатива преминува во политичко движење. „Сакаме да појасниме дека организацијата ‘Супорт Кочани’ нема никаква врска со политички агенди. Ако ...
Во врска со денешното апсење на Александар Нацев, владејачката партија излезе со реакција во која потенцира дека институциите конечно започнуваат да функционираат еднакво за сите, без оглед на партиска припадност. „Ова апсење е доказ дека правдата постои и дека никој не е над законот. Без разлика дали некој е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или било која друга партија – секој што има допирна точка со трагичниот настан во Кочани ќе биде повикан на ...
На автопатот Тетово – Гостивар, полициски службеници привеле млад возач кој се движел со речиси двојно поголема брзина од дозволената. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, 24-годишен жител на селото Пирок бил запрен при рутинска контрола на сообраќајот, откако управувал автомобил од марката „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски таблички, со брзина од 162 километри на час. На делницата каде што бил измерен, максимално ...
Холивудскиот актер Крис Еванс, познат по улогата на Капетан Америка, откри како романтично ја запросил својата сопруга, актерката Алба Баптиста. На премиерата на неговиот нов филм „Материјалисти“, Еванс раскажа дека нејзиното запросување било нешто навистина посебно – ѝ предложил брак на нејзиниот мајчин португалски јазик. „Таа е Португалка, па сакав тој момент да биде навистина интимен и значаен“, изјави Еванс. „Вежбав цела недела како да ѝ ...
Три месеци Владата на ВМРО-ДПМНЕ негираше секаква вмешаност на Александар Нацев, како сопственик на агенцијата која го обезбедувала кабарето „Пулс“ во Кочани. Го бранеа, го амнестираа, додека родителите на жртвите во трагедијата бараа одговори и правда. Дури Мицкоски најави и оставка ако потврди дека некоја агенција за обезбедување била блиска до ВМРО-ДПМНЕ. И кога видоа дека не можат да ја избегнат вистината и дека мора да се спасат, ВМРО-ДПМНЕ ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска порача дека граѓаните не сакаат политичари Албанци кои се на црни листи, да ги застапуваат нивните интереси поради криминал. Тој им порача на пратениците од албанскиот блок од опозицијата дека не се кредибилни на тој начин да привлекуваат гласови. -Имате бегалци, ризикувате партијата многу скоро да ви биде на црната листа поради криминал и не мислам дека Албанците во Македонија сакаат да имаат ...
Азир Алиу од редовите на коалицијата ВЛЕН е избран за нов министер за здравство. Ова следува откако попладнево во Собранието, пратениците дадоа поддршка за неговиот избор на местото на досегашниот член на Владата, Арбен Таравари. Од 95 присутни пратеници, 65 гласаа „За“ новиот министер, 15 беа „Против“, а немаше ниту еден воздржан. Со тоа Алиу по вторпат стана министер, овојпат за здравство иако по образование и пракса е универзитетски професор ...
Германски Билд неодамна објави приказна што одекна во светот: поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер (39) беше виден на Мајорка во прегратка на својата нова наводна партнерка, среде гласини за раскинување со поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (37). На фотографиите објавени од Билд, Швајнштајгер е на плажа со непозната жена. Наводната двојка се држи за раце, разменува бакнежи и не ја крие својата блискост. Идентитетот на жената набрзо беше ...
Меган Маркл (43) објави серија фотографии и видеа од семејно патување во веројатно најпознатиот тематски парк во светот – Дизниленд – минатиот викенд. За да ја заштити приватноста на децата, Меган ги покри нивните лица со емотикони во форма на срце, но тоа не ги спречи поединци на интернет детално да ја анализираат секоја фотографија и да дадат серија бизарни тврдења. Најлудо од сè е што некои корисници тврдат дека децата воопшто не биле ...
Конфликтот меѓу Илон Маск, најбогатиот човек во светот, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп е резултат на меѓусебен стрес, а Илон, според неговиот татко, погрешил што јавно го критикувал Трамп. Ова го изјави Ерол Маск во интервју за руските медиуми за време на неговиот престој во Москва. Маск и Трамп разменија низа навреди на социјалните мрежи минатата недела, откако Маск остро го критикуваше сеопфатниот закон за даноци и трошоци ...
Во градинка во Санта Моника, Калифорнија, наставничката Ребека Андервуд забележува разлики меѓу децата родени во 2020 година. „Многумина не можат да скокаат на двете нозе, се плашат од качување и имаат тешкотии со гласни звуци“, вели таа. Нејзиното училиште дури мораше привремено да ја прекине својата музичка програма бидејќи бучавата од инструментите ги плашело децата. Дури сега постепено ја враќаат, пишува Би-Би-Си. Децата кои беа бебиња за ...
Моето мислење за Азир Алиу како професионалец во својата област во информатиката е за почит, но не го бираме за министер за информатичка технологија ниту за образование. Тој треба да биде избран за министер за здравство. Точно е дека министерот треба да биде добар менаџер, но, точно е дека треба да доаѓа од некоја сродна област и претходно искуство со областа, изјави пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска од собраниската говорница. Според неа, ...
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ денеска порача дека Обвинителството не успеало да ја докаже вината за неговиот клиент и вели дека е изненаден од нивните завршни зборови во судскиот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Вели дека очекувал силна енергија и аргументи. Напротив, констатира, добивме сувопарна компилација на прочитани докази, неповрзани едни со други. -Во однос на таткото, Јавното обвинителство не ...
Софија Вергара (52) објави заводлива топлес фотографија на својот Инстаграм профил додека се сонча покрај базенот. „Llego el verano!“, напиша таа во описот на објавата, што во превод значи: „Летото е тука“. Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и нејзината колешка, судијка на „America’s Got Talent“, моделот Хајди Клум. „Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство ...
Српската коалиција НАДА, составена од Новата демократска партија на Србија (Нови ДСС) и Движењето за обнова на Кралството Србија (ПОКС), денес објави дека нема да ги признае резултатите од изборите во Заечар и Косјериќ, „бидејќи се работело за невидена изборна кражба организирана од владата“. Во соопштението, коалицијата НАДА потсети дека „ја повикала целата опозиција“ да не дозволи нивно одржување и дека е потребно да се истрае во барањето за ...
Две лица се тешко повредени, додека уште се полесно повредени во сообраќајка на скопски булевар. Возачот удрил во рекламно пано и бетонски ѕид. – На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вчера го освои својот втор последователен трофеј на Ролан Гарос, и тој славеше и покрај фактот дека Јаник Синер имаше три меч топки. Синер, како најдобар тенисер во светот и сè уште играч број еден, ќе биде запаметен како еден од тројцата играчи во Опен ерата на тенисот кои не освоија Гренд слем турнир на кој имаа повеќе од една меч топка во финалето. Италијанскиот тенисер имаше три од нив во четвртиот сет. ...
По петте потписи за време на зимскиот преоден рок, Манчестер Сити штотуку го комплетираше своето трето летно засилување, офанзивниот играч за врска Рајан Черки. Генерациските промени го погодија Манчестер Сити во изминатиот период, но Пеп Гвардиола има намера да ги замени сите големи ѕвезди кои го напуштија клубот во текот на календарската 2025 година. Прво, тој донесе пет големи засилувања за иднината во текот на зимата, играчи кои веќе се ...
Директорот на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, Сабахадин Рустеми испрати формална нотарски заверена изјава, проследена со соопштение со кое се осврнува на неодамнешните обвинувања изнесени од како тој ги нарече „Комитите“ од ВЛЕН во врска со наводни неовластени плаќања. Во својата изјава, наведуваат од „Комуналец“, Рустеми ги поби тврдењата дека Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје му исплатило на Ваљон Беџети 12.000 евра ...
Доаѓа крај на попустлива надворешна политика, порача лани во март потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на програмската дебата насловена „Дипломатски хоризонти – реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија” кога презентираше сегменти од изборната програма „Платформа 1198″. Полноправно членство во ЕУ е основниот приоритет на надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, но повтори дека ставот на ...
За Близнаците, Рибите и Водолијата, животот ќе се промени со неверојатна брзина и тие ќе ги остварат сите свои најубави соништа со екстремна леснотија. Трите хороскопски знаци ќе влезат во исклучително поволен период од животот во наредните недели. Внатрешниот копнеж и долго заборавените желби сега ќе почнат да се претвораат во реалност. Но, како да се искористи оваа енергија на најдобар начин? Близнаци: Активирање на судбината и пробивање ...
Во Теслиќ денеска е уапсен Милан Миличевиќ, лидер на Српската демократска партија (СДС) и градоначалник на оваа општина. Миличевиќ и уште двајца поддржувачи на СДС, беа уапсени утрово во операцијата со кодно име „Блок“ спроведена од Министерството за внатрешни работи на РС. Претресот на куќата на Миличевиќ, трае веќе пет часа. „Никогаш нема да нè заплашите или скршите. Нема да се откажеме. Ви благодарам на сите за вашите пораки и интерес, ...
Пред 26 години, на овој ден, во Куманово, Македонија, беше потпишан Воено-техничкиот договор, со што заврши 78-дневната војна меѓу НАТО и тогашната Сојузна Република Југославија, пишува „Косово онлајн“. Одредбите од овој договор беа вклучени во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, која беше усвоена еден ден подоцна, на 10 јуни. Преговорите за прекин на војната започнаа во Белград на 3 јуни, кога тогашниот претседател на Сојузна ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе го искористи говорот во Лондон во понеделник за да нагласи дека на воената алијанса ѝ е , што е еден од приоритетите на самитот на алијансата во Хаг овој месец. Руте врши притисок врз членките да ги зголемат воените трошоци на 3,5 проценти од БДП и да издвојат дополнителни 1,5 проценти за пошироки трошоци за безбедност за да го исполнат барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за цел од пет ...
Европејците трошат пари за ублажување на илузорната закана што наводно доаѓа од Руската Федерација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со предлогот за зголемување на трошоците за одбрана во рамките на НАТО, пренесе РИА Новости. „Европските даночни обврзници ги трошат своите пари за ублажување на заканата што, како што велат, доаѓа од нашата земја. Сепак, ова не е ништо повеќе од илузорна закана. Ако владите на европските ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија, заедно со БРИКС, има намера да продолжи да гради систем на меѓународна соработка ослободен од каква било форма на дискриминација. Тој го изјави ова во пресрет на 28-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), кој ќе се одржи од 18 до 21 јуни, пред учесниците, организаторите и гостите, пренесува РИА Новости. „Заедно со нашите партнери, првенствено во рамките на БРИКС, ...