Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Довербата во претседателот на Украина, Володимир Зеленски, меѓу Украинците падна од 58% на 55% меѓу април и почетокот на август, според истражувањето на Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИИС) спроведено од 20 јули до 3 август. КИИС соопшти дека истражувањето покажало оти 55% од испитаниците во моментов му веруваат на Зеленски, додека 40% не, што резултираше со нето-биланс на доверба од +15%. Од нашата мрежа Фиго за Инфантино: ...
Британската разузнавачка служба МI6 е рангирана како најмоќна во Европа, оставајќи ги зад себе француската DGSE и холандските разузнавачи, покажаа резултатите од стручната рецензија и истражувањето што го спроведе францускиот магазин „L’Express“. Во анкетирањето учествуваа 60 разузнавачки професионалци од 25 сојузнички држави од западниот блок, кои имаа задача да ја оценат работата на своите колеги во државните разузнавачки служби. Од нашата ...
На централното одбележување на 31-годишнината од воено-полициската операција „Олуја“ во Книн, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ зборуваа за различни теми, споменувајќи ја и БиХ. Хрватскиот претседател зборуваше за приликите во регионот, истакнувајќи го вооружувањето на Србија како регионален безбедносен предизвик за кој мора да се води сметка. Од нашата мрежа Модриќ: „Сè уште имам страст за фудбалот, сакам нови ...
Европските индекси денеска се во пораст, цената на нафтата Брент се движи околу 80 долари за барел, а на пазарот владее оптимизам откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран наскоро би можеле да постигнат договор за повторно отворање на Ормускиот теснец. Цената на нафтата Брент во 9:30 часот порасна за 0,79 отсто, на 80,160 долари, а на американската нафта WTI за 0,28 отсто, на ...
Албанските противпожарникари денеска гаснеа пожар во јужниот регион Малакастер, кој доведе до евакуација на петнаесеттина семејства, нивниот добиток и домашни миленици, додека големи делови од јужна и источна Европа и понатаму се соочуваат со топлотен бран. Европа, континентот кој најбрзо се загрева, ова лето е погодена од рекордни жештини и разурнувачки шумски пожари, кои особено ги зафатија Франција и Шпанија. Од нашата мрежа Атлетико ...
На 05.08.2026 во 02:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. Според полицијата, при сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче”, полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. Од нашата мрежа ...
Сите позадински служби на Министерството за одбрана на Руската Федерација се обединети под нов единствен чадор, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека на чело на новата служба е именуван генералот Валериј Солодчук. Претставувајќи го новиот пакет кадровски и организациски промени во Министерството за одбрана, Путин соопшти и нови именувања во командните центри, а зборуваше и за формирањето нов род на војската, ...
Вчера, на 4-ти август, во 16:30 часот во Полициското одделение Теарце, Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од село Пршовце, тетовско, додека биле во такси возило, возачот започнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација. Според пријавеното, тие успеале да скокнат од возилото во движење и побарале помош, информираа од СВР Тетово. Од нашата мрежа ...
Сирија се согласи драстично да го намали увозот на руска нафта, како дел од разговорите со САД за укинување на последните големи санкции за Дамаск, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори. Според наводите на изворите, САД не наведоа експлицитно дека намалувањето на увозот е предуслов за укинување на санкциите. Од нашата мрежа 📷Легендарен НБА кошаркар се ожени со 19-години помлада Хрватка 12 минути kontra.mk Американски гигант ...
Деловната клима во германската автомобилска индустрија значително се подобри во јули, благодарение на растот на новите нарачки од Германија и од еврозоната, иако компаниите и понатаму планираат намалување на бројот на вработени, се наведува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања Ifo од Минхен. Вредноста на индексот што го мери деловниот сентимент во германската автомобилска индустрија порасна од минус 21,6 поени ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрли обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека Владата се подготвува за прифаќање на францускиот предлог и дека за тоа постојат јасни сигнали од Брисел. Според МНР, тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори „се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста“. Од Министерството велат дека институциите редовно и транспарентно комуницираат со земјите ...
Европската Унија во среда ќе искористи 1,4 милијарди евра од каматите остварени од замрзнатиот руски имот за да ѝ помогне на Украина, соопшти во средата Европската комисија. Парите, префрлени на блокот на 3 август, доаѓаат од каматите на дел од имотот на руската централна банка што ЕУ го замрзна по инвазијата на Москва врз Украина, додаде Комисијата. Од нашата мрежа Американски гигант ги држи конците: Европа бара излез 4 минути biznisinfo.mk ...
Специјализираните судови во Хаг му го продолжија притворот на еден од поранешните водачи на т.н. ОВК, Хашим Тачи, во предметот во кој му се суди за попречување на правдата и обид за влијание врз сведоци. Судијата утврди дека и понатаму постојат ризици оти обвинетиот би можел да го попречи текот на постапката или да изврши нови кривични дела, објавено е на веб-страницата на Специјализираните судови. Од нашата мрежа Американски гигант ги држи ...
„Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз“, рече на денешната прес-конференција пред Влада, членот на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски. Тој смета дека во Владата се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера, како ...
Нискиот водостој на реките во Европа предизвика прекини во транспортот и создаде и сериозен притисок врз енергетскиот сектор, отежнувајќи ја работата на одредени нуклеарни централи. Романската армија минираше карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката „Чернавода“. Рекордно ниското ниво Дунав го запре сообраќајот во одредени делови во Унгарија и Србија. Унгарските власти размислуваа за исклучување на нуклеарната централа ...
Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари што е 53,9% од планираното и бележат раст од 9,3% во споредба со истиот ...
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно измислени дезинформации“ обвинувањата што денеска ги изнесе СДСМ во врска со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста. Во однос на набавката на флаширана вода за Гостивар, од Владата велат дека точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за ...
Во третиот голем руски напад врз Киев и околината во последната недела загинаа најмалку 15 луѓе, а 51 лице е повредено. Ракетите и дроновите во текот на ноќта предизвикаа пожари во станбени згради, складишта и индустриски капацитети ширум главниот град и регионот, пишува „Kyiv Post“. Од нашата мрежа Директорот на Царина: Во јули остварена наплата на приходи од… 16 минути biznisinfo.mk 📸 „Моите играчки“: Роналдо објави фотографии од својата ...
Управата за полиција на Црна Гора објави дека изминатиот викенд во оваа земја влеговa повеќе луѓе отколку што земјата има жители. Како што објавија, во текот на изминатиот викенд бил забележан исклучително интензивен промет на меѓународниот патнички сообраќај на граничните преминувања во Црна Гора. Од нашата мрежа УЕФА воведува две нови правила за Лигата на шампионите и… 6 минути kontra.mk Меси донирал 80.000 евра за обнова на регионот ...
Во регионот денеска сончево и многу топло. Прогнозирана е температура до 42 степени. Денеска и утре се очекува пикот на топлотниот бран. Најтопло ќе биде во Средна Европа, во областа на Панонската Низина и на северозападот на Балканот. На целата територија на Унгарија, во поголемиот дел од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина на сила е највисокиот степен на предупредување за висока температура. Од нашата мрежа Директорот на Царина: Во јули ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во вторникот изјави дека воено-полициската акција „Олуја“, со која во август 1995 година беше ослободен дотогаш окупираниот дел од територијата на Хрватска, била злочин што Србите не смеат да го заборават, истовремено заканувајќи се дека нешто слично никогаш повеќе нема да се повтори. Вучиќ беше главниот говорник на собирот во Мркоњиќ Град во Босна и Херцеговина, каде што властите на Република Српска ...
Присуството на одбележувањето на акцијата „Олуја“ во Хрватска не е државна обврска на Црна Гора, соопшти кабинетот на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, и истакна дека одговорната државна политика бара одмереност и почит кон сите жртви од војните на просторот на поранешна Југославија, без селективен пристап. Во соопштението е наведено дека за многумина во Хрватска „Олуја“ претставува симбол на победа во војната, додека истовремено, ...
Иран и Оман постигнаа напредок во преговорите за повторно отворање на Ормускиот теснец, јавија регионалните официјални претставници во вторникот, додека војната на Блискиот Исток и понатаму се одразува врз светскиот пазар на енергенси. Според нацрт-договорот кој сè уште е во фаза на преговори, бродовите во Персискиот Залив би влегувале по рута под иранска контрола, а би излегувале преку правецот што го контролира Оман. За безбедноста на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија. -Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни ...
Најтешката делница на автопатот Кичево-Охрид, долга десет километри, ќе биде пуштена во употреба во наредните месеци, додека рокот за целосно завршување и пуштање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски нагласувајќи дека поголемиот дел од капацитетите на Министерството се насочени токму кон овој проект поради бројни наследени проблеми. „Очекувам дека во ...
Според опозициската СДСМ, додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, како што велат од СДСМ, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Од нашата мрежа Сушата и пожарите го земаа својот данок: Можно е ново… 7 ...
Средствата што ЕУ му ги испрати на киевскиот режим, доколку не беа искористени за воени цели, можеа да придонесат Украина да се обнови во модерен европски Дубаи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Парите што Западна Европа ги испрати за поддршка на киевскиот режим, оваа таканаречена помош, можеа да бидат искористени за обнова на Украина во модерен европски Дубаи. Зборувам за технологија и ...
Основачот на Амазон, Џеф Безос, поднесе пријава до регулаторите за планирана продажба на околу 15 милиони акции од компанијата, чија пазарна вредност изнесува приближно 4,1 милијарди долари. Веста е објавена само еден ден откако акциите на Амазон достигнаа историски максимум, благодарение на кварталните резултати кои беа подобри од очекувањата и ја зголемија пазарната вредност на компанијата на повеќе од три трилиони долари, пренесува „CNBC“. ...
Британската енергетска компанија „Shell“ постигна договор за продажба на своето европско работење во областа на копнената обновлива енергија на францускиот гигант „TotalEnergies“, а вредноста на трансакцијата не е објавена. Продажбата опфаќа проекти во Велика Британија, Италија, Холандија и Шпанија, додека завршувањето на зделката, по добивањето на регулаторните одобренија, се очекува до крајот на 2026 година. Од нашата мрежа Махачев: Џастин ...
Екс-министерот и поранешен член на Алијансата за Албанците, Кренар Лога има свое видување за настаните на Илинден и не присуството на спикерот Африм Гаши кој требаше да се обрати на Мечкин Камен во Крушево. Колку за потсетување, втора година по ред Гаши не присуствуваше во својство на државник за да го одржи својот говор по повод Денот на Републиката. „Тоа се случува и покрај неговата лична волја, како последица на политиката на ВМРО, според ...