Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Србија е единствената земја кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не се усогласи со трите нови надворешнополитички одлуки на ЕУ во врска со Иран. Како што соопштија од ЕУ, Србија не се усогласи со одлуките (CFSP) 2026/18501, (CFSP) 2026/18371 и (CFSP) 2026/18361 од 24 јули. Од нашата мрежа Силен облог на технологијата: „Алфабет“ стана трета најголема инвестиција на… 4 минути biznisinfo.mk 🎬Потегот на една од најдобрите тенисерки ...
По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал, долгометражниот документарен филм „Руини“ во режија и по сценарио на Елена Чемерска премиерно ќе биде прикажан пред домашната публика во рамките на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“, на 24 август во 21 часот, во Куршумли ан. Станува збор за интимен документарен филм за личната и колективната меморија, за загубата и наследството, во кој процесот на реставрација на еден ...
Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити македонските интереси, да отвора економски можности и да им служи на македонските граѓани, рече министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на денешната прес конференција на која го најави претојниот Амбасадорски совет кој ќе се оддржи во Скопје кон крајот на неделата. Тој рече дека овие принципи во четврток и петок, кога ќе се оддржи Амбасадорскиот совет, ќе ги претворат во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Охрид, во Центарот за обука на вода, присуствуваше на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. По повод Денот на Армијата, министерот Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и значењето на Армијата како еден од ...
Литванскиот претседател Гитанас Науседа ја исклучи можноста за повлекување на својата земја од Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија денеска локалните медиуми. Неговата изјава следуваше по извештајот дека Вашингтон ги повикал сојузниците да ги преиспитаат своите врски со судот со седиште во Хаг, пренесува „Анадолу“. Во разговор за литванскиот јавен сервис „ЛРТ“, Науседа изјави дека повлекувањето од МКС во моментов не се разгледува во ...
Дипломатскиот спор меѓу Јапонија и Русија околу островите северно од Хокаидо дополнително се заостри по посетата на Владимир Путин на спорните острови, поради што Москва денеска го повика јапонскиот амбасадор на разговор. Јапонската премиерка Санае Такаичи минатиот четврток го оцени потегот на Путин како „потполно неприфатлив“, а на рускиот амбасадор во Токио му беше врачен официјален протест. Русија одговори дека Јапонија изнесува неосновани ...
На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Од нашата мрежа Кари влегува во новата сезона со големи амбиции 14 минути kontra.mk Последна фаза од ...
На 18.08.2026 во 01:00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Ѓ.(47) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со семки од канабис и повеќе различни пакувања со марихуана. Од нашата мрежа Сопствениците на Челси во преговори за продажба на акции 7 минути kontra.mk Мета пред клучно судење во ...
Македонски амбасадор во Софија ќе биде Крум Ефремов, актуелен директор на директоратот за економска дипломатија во Министерството за внатрешни работи, а за новиот амбасадор во Атина министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека не може да зборува бидејќи постапката за негово именување се уштте е во фаза кога информациите се класифицирани. -Кога се разботи за амбасадорот во Софија постапката е веќе в фаза не е класифициран податок ...
Во пораката до севернокорејската министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи, Лавров го потврди ветувањето на Москва дека ќе ја засили соработката во сите области и ќе придонесе за регионалната и меѓународната безбедност, извести денеска севернокорејската новинска агенција „КЦНА“. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кон крајот на 2024 година испрати околу 14.000 војници во Русија за да ѝ помогнат на Москва да ја одбие големата украинска ...
Во овој момент активен е пожарот, кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниту едно село, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов давајќи пладневен преглед за ...
Шведската опозиција од левиот центар има предност од 10 процентни поени пред владејачката десничарска коалиција во пресрет на изборите на 13 септември, што ја прави промената на владата веројатна, според анкетата спроведена во име на јавната телевизија „СВТ“. Ниту една влада никогаш не премостила толку голема разлика за толку кратко време и „само чудо“ сега би можело да го спречи поразот на премиерот Улф Кристерсон и неговата коалиција од ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...
„Гугл“, дел од „Алфабет“, ги презема интерните деловни податоци на банкротираниот „Спирит Ерлајнс“ за 10 милиони долари, тврдејќи дека планира да ги користи податоците за развој на производи и обука на своите модели на вештачка интелигенција. Преземените податоци вклучуваат е-пошта од вработените во „Спирит Ерлајнс“, пораки од „Мајкрософт Тимс“, табели и календари, како и маркетинг податоци, податоци за продуктивноста и за работењето. ...
Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека својот годишен одмор во Белгија со синовите го искористил и за наоѓање на потенцијални странски инвеститори во земјата, според економскиот и политички аналитичар Синиша Пекевски не е нешто невообичаено Тој за „Локално“ изјави дека не е невообиаено премиери и министри додека се на годишен одмор да го искористат и за државнички работи. Од нашата мрежа Изненадување на ранг-листата: Еве кои градови ...
Обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери, побара Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран ...
Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина уште од мај 2022 година. Русите успеваат со проектили да ги гаѓаат украинските градови поради недостигот од ракети „Патриот“. Иако Зеленски им нудеше на Американците производство на противвоздушни системи во својата земја, се чини дека до договор нема да дојде, а залихите се речиси непрепознатливи и речиси и да ги нема. Десетици земји се обидуваат да ги зајакнат своите одбранбени системи ...
Босна и Херцеговина ги исполни условите да добие нешто повеќе од 140 милиони евра помош од фондовите на Европската Унија наменети за реформи, но од Делегацијата на ЕУ во Сараево предупредија дека на таа земја ѝ се заканува губење на значително поголеми износи поради изостанувањето на внатрешни договори. Од Делегацијата на ЕУ потврдија дека со објавувањето во Службениот весник на одлуката за финансирање на програмата од Инструментот за ...
Двајца од осомничените за шверц на марихуана од Македонија во Србија признале вина и со Основното јавно обвинителство за Гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) склучиле спогодби. Ова вчера го соопшти Државното јавно обвинителство (ЈОРМ) при што Основниот кривичен суд им изрекол пресуди за отслужување затворески казни. -Во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две ...
На потпретседателот на руската опозициска партија Јаблоко, Лев Шлосберг, денеска му е изречена казна од 11 години и еден месец затвор поради осуда на војната во Украина, која пред судот ја опиша како катастрофа за Русија. Шлосберг беше обвинет за нарушување на угледот на руските вооружени сили и ширење лаги за армијата, јавува Ројтерс. Од нашата мрежа Од јули 2026 година, автомобилите во ЕУ доаѓаат со нови… 20 минути biznisinfo.mk Што се ...
Роберто Ваначи е поранешен генерал, а денес политичар кој ја води десничарската партија „Futuro Nazionale“ во Италија, кој би сакал да го повтори успехот на актуелната премиерка на оваа држава, Џорџа Мелони, и да дојде на местото лидер на земјата. Сепак, неговата партија ја тресе огромен скандал. Според објавата на весникот Open, откриени се стотици пораки кои ги разменувале членовите на оваа партија, а кои имале фашистички карактер. Од ...
Украинските сили во текот на ноќта изведоа масовен напад со дронови врз Москва и нејзината околина. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жителите, во нападот е оштетено складиштето на најголемата руска интернет-продавница „Wildberries“, која ја нарекуваат и „рускиот Амазон“. Со ова продолжуваат украинските удари врз таа компанија, пишува „The Kyiv Independent“. Градоначалникот на Москва, Сергеј ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Од нашата мрежа „Голдман Сакс: Европа е ‘скриениот победник’ на ...
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула”, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште. Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите“, соопштија ...
Клековски сака транспарентност, а дневните анализи на водата во Гостивар ќе ги објави дури по два месеца, пишува во денешното соопштение на СДСМ. -Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци. Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред една недела потврди дека во тек е финализација на договорот за набавка на ново вооружување од Кина. Во таа прилика тој изнесе и нови детали за деловните аспекти на идната заедничка фабрика за дронови на Србија и израелската компанија „Елбит“. Откако за време на посетата на украинскиот претседател на Белград потврди дека заедничката постројка за производство на дронови со Елбит се отвора меѓу 15 ...
Почина писателката, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан во 77. година од животот по долга и тешка борба со карцином. Позната по својот препознатлив остар стил, на почетокот на мај 2024 година ѝ откри на јавноста дека боледува од редок облик на рак на жолчните канали. Тажната вест за Dnevnik.hr ја потврдија нејзини блиски извори откако утрово на нејзиниот профил на Фејсбук беше објавено дека се преселила на подрачје без сигнал. Набрзо се ...
Британската ниско буџетна авиокомпанија EasyJet не пратила официјално известување до Министерството за транспорт и врски (МТВ) дека ја укинува линијата Скопје-Париз, која од април годинава беше воведена со програмата за субвенционирани летови. На оваа линија патниците слетуваат на парискиот аеродром Орли. -Во однос на авиокомпанијата ЕasyJet и линијата Скопје–Париз, до сега до Министерството за транспорт нема пристигнато официјално ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Холивудската актерка Хејден Панетиер и нејзиното поранешно момче Брајан Хикерсон патувале заедно во Јужна Каролина само еден ден пред актерката да почине на 36-годишна возраст, додека истрагата за причината за нејзината смрт е сè уште во тек, пишува британски „Мирор“. Актерката, која требаше да го прослави 37-от роденден овој петок, почина вчера. Истрагата за причината за смртта е во тек, иако полицијата соопшти дека прелиминарната истрага ...