Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, побара КФОР да го запре теророт врз Србите на Косово, нивниот прогон и отворањето на мостот на Ибар во Косовска Митровица, како и да обезбеди почитување на Бриселскиот договор. „Штотуку упатив писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и побарав КФОР, во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН, да го запре теророт врз Србите, нивниот ...
Државниот завод за ревизија утврдил повеќе недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом „Пелагонија” во Кисела Вода. „По воведувањето дневна евиденција, месечните фактури во 2025 година се значајно намалени во однос на 2024 година. Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично ...
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува реперкусии од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за позајмицата што М-НАВ му ја даде во јули на Јавното претпријатие за државни патишта, откако вчера медиумите објавија дека вработените во Македонска навигација поднеле тужба против Управниот одбор на оваа институција кој го одобрил заемот. -Не очекувам, бидејќи парите се вратени, вратени се парите и на МЕПСО, и на Лотарија и сите пари што ги ...
Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите ...
Русија се соочува со сè подлабок недостиг на гориво кој е директна последица од украинските напади со дронови врз енергетската инфраструктура. Руските власти повторно одобрија користење гориво со низок квалитет за да го покријат недостигот, додека истовремено апсат граѓани кои јавно се жалат на ситуацијата, пишува „Еуроњуз“. Според податоците на апликацијата за следење Gdebenz, вчера бензинот бил достапен на само 28 проценти од бензинските ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. Од нашата мрежа Од патарини инкасирани над 31 милион евра за шест месеци 28 минути biznisinfo.mk Гасиев не верува дека ќе добие реванш со ...
Дрон рано утринава влезе во романскиот воздушен простор и се сруши во ненаселена област во округот Тулча, соопшти Министерството за одбрана на Романија. Романското министерство наведе дека неговиот радарски систем во 2:23 часот по локално време, односно во 23:23 по GMT во средата, детектирал група воздушни цели во близина на украинската граница. Од нашата мрежа Од патарини инкасирани над 31 милион евра за шест месеци 28 минути biznisinfo.mk ...
Данските вооружени сили соопштија дека регрутите за првпат ќе извршуваат оперативни должности во рамките на операцијата „Арктичка издржливост“ (Arctic Endurance), со продолжување на тренингот и развојот на воените вештини. Ова е воедно и првпат една група регрути да биде испратена на Гренланд. Во текот на распоредувањето, дел од нив се сместени во Кангерлусуак, а дел во Нук, каде што на двете локации ќе извршуваат клучни задачи во склоп на ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Бројот на заразени со вирусот на Западен Нил нагло расте во Грција. Од почетокот на годината се забележани 157 случаи, а 13 луѓе починаа, соопштија грчките здравствени власти. Според податоците на Грчкиот завод за јавно здравје (ЕОДИ), бројот на случаи речиси се четворостручи за само неколку недели. Кон крајот на јули беа пријавени 42 случаи. Поголемиот дел од случаите се откриени во поширокото подрачје на Атина. Кај дел од пациентите се ...
„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа“, соопштија од Демократската унија за интеграција (ДУИ). „Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Од нашата мрежа Дубаи доби НБА засилување 17 минути kontra.mk ...
Со оглед на популарноста која се мери со милијарди корисници, беше само прашање на време: TikTok развива функција која овозможува испраќање пари преку пораки во рамките на апликацијата. Според пишувањето на Блумберг, кодот пронајден во iOS апликацијата укажува дека корисниците би можеле да си испраќаат пари едни на други преку размена на приватни пораки, по примерот на американската апликација „Venmo“. Од нашата мрежа Националниот долг на ...
Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во Европската Унија би можела да биде напрегната во текот на следните недели поради последиците од неодамнешните топлотни бранови, изјави денеска европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен. „Упорните високи температури и рекордно нискиот водостој негативно влијаат врз производството и потрошувачката на електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа“, напиша Јоргенсен на социјалната ...
Од вчера започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, соопштија од МВР. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги осуди руските воздушни напади врз Киев и околината и изјави дека сè додека Украина нема доволно системи за балистичка ракетна одбрана, Русија нема сериозно да го сфати прашањето за мирот. Претседателот на Украина додаде дека додека Москва инвестира во балистички ракети и ескалација, реакцијата на светот на таквите напади не е секогаш адекватна. Од нашата мрежа Голема размена на четири ...
Француските власти денеска ги осудија санкциите што во вторникот ги најавија САД против претседателката на судот и еден виш обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), сметајќи дека тоа е „напад“ врз судот и сите негови засегнати страни. Француското Министерство за надворешни работи наведе дека Франција „изразува солидарност со целните судии, претседателката на МКС, Јапонката Томоко Акане, и сенегалскиот виш обвинител Абдулаје Сеје“, ...
Пожарот кај местото Иваница во Босна и Херцеговина се приближи до хрватската граница кај Дубровник, а во гаснењето помагаат и пожарникари од Дубровник и Жупа дубровачка, изјави во четвртокот за Хина командантот на Пожарникарскиот сојуз на Дубровничко-неретванската жупанија, Стјепан Симовиќ. „Сега е добро, но цела ноќ беше тешко. Успеавме да им помогнеме да ги одбранат куќите во Иваница и сега ја следиме ватрата. Во моментов не ни се заканува, ...
Руски балистички проектили убија најмалку шест лица во Киев, а уште најмалку 23 се повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко рано во четвртокот, по што Полска започна превентивни операции со цел заштита на својот воздушен простор, објави Ројтерс. Руски балистички проектили го погодија Киев при што загинаа најмалку шест лица, а уште најмалку 23 се повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм. Од нашата мрежа Рекордни ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отпушти вишата советничка Ирина Мудра среде новата истрага за корупција. Овој потег доаѓа само еден ден откако поранешниот министер за одбрана предупреди дека земјата се соочува со криза во управувањето и побара одржување на претседателски избори и покрај воената состојба. Од нашата мрежа Навивачите на Атлетико Мадрид му скандираа „кучкин син“ на Алварез 5 минути kontra.mk Самсунг ги зголеми ...
Висок руски воен генерал оцени дека Израел ризикува престанок на постоењето како држава. Тој изјави дека Тел Авив намерно го ескалира конфликтот на Блискиот Исток со цел во него да ги вовлече Соединетите Држави и НАТО сојузот, пренесува државната новинска агенција ТАСС. Генерал-полковник Апти Алаудинов, заменик-началник на Главната воено-политичка управа на руската армија и командант на специјалните единици „Ахмат“, изјави во средата за ТАСС ...
Една жена загина, а друга е тешко повредена откако врз нив паднало дрво за време на силните бури кои доведоа и до голема штета во делови од Германија во текот на ноќта, соопшти полицијата. Двете жени на возраст од 58 и 47 години заедно шетале во Валдорф во западната сојузна покраина Рајнланд-Пфалц, околу 50 километри јужно од Келн. Кога бурата се приближила, побарале засолниште под летниковец. Бурата изкорпала блиско дрво и го срушила, ...
Американската армија воспостави поморски коридор низ Ормускиот теснец преку кој, и покрај војната со Иран, секојдневно се извезуваат милиони барели нафта од Заливот. Информацијата ја потврдија двајца американски официјални претставници, пишува Axios. „Огромни количини нафта излегуваат од Ормускиот теснец“, потврди за Axios американскиот претседател Доналд Трамп. Тој додаде дека Вашингтон во моментов не преговара со Иран. Од нашата мрежа ...
„Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа”. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор“, соопштија утрово од СДСМ. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека е подготвен да оди на предвремени парламентарни избори ако опозицијата го побара тоа, иако мандатот на неговата влада е до пролетта 2028 година. „Секако, нема да бегаме. Нашиот мандат е четири години и во тој период добивме поддршка од граѓаните за спроведување реформи. Но, ако опозицијата ни фрли ракавица, тоа е нормално, ние нема кукавички да бегаме од изборите. Напротив, ние ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии, додека трошоците за одбрана, социјалните програми и сè поголемите трошоци за камати на растечкиот дефицит одземаат огромен дел од сојузниот буџет и дополнително ги оптоваруваат државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако американскиот долг во март го достигна претходниот рекорд од 39 трилиони ...
Премиерот Христијан Мицкоски на синоќешното гостување на ТВ Сител во однос на тоа дали постојат разговори за да се најде решение за придвижување на ЕУ процесот изјави дека „ќе разговара, разговара и разговарале со цел да се најде решение“. Во однос на тоа дали има посредник или олеснувач на ваквите разговори, Мицкоски посочи дека разговараат претежно со државници – претседатели на држави и на влади, како и со високи претставници на ЕУ. Од ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе бара повеќе информации за тоа како и со што се прска против комарци, но сметаат дека молкот на институциите придонесува и натаму да се шират шпекулации за тоа колку постапките за дезинсекција се ефикасни. Овие прашања станаа актуелни откако Центар за јавно здравство (ЦЈЗ) заедно со Институтот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска, а вирусот го пренесуваат ...
Многу луѓе денес работат повремено и сезонски затоа што таква е природата на нивната работа. Со овој закон тие добиваат можност нивниот труд да биде регулиран и заштитен. Работниот ангажман исто така овозможува вклучување на долгорочно невработените лица на пазарот на трудот, младите, како и неактивната популација, со што придонесува кон зголемување на можностите за вработување на дел од овие лица, вели во интервју за „Локално“ Кристијан ...
Луѓето родени во два знака на Зодијакот имаат долг период на финансиски успех, подобар живот и одлични можности пред нив. Постојат периоди кога животот радикално се менува, а почетокот на таа промена не изгледа како ништо посебно. За овие два хороскопски знака, сега започнува периодот во кој влегуваат во деценијата на богатство , а првите знаци на промена може да се појават преку работа, пари или нова можност. Од нашата мрежа Првиот човек на ...