Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, ...
Модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид-пандемијата како „урбана опрема”. За да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана опрема”, тогашната влада на СДСМ и ДУИ го смени Законот за градење по итна постапка, со што се овозможи Министерството за здравство да дава одобренија за нивно поставување – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. „За време на ковид кризата, Венко Филипче беше министер за здравство, а ...
На 39. издание на Охридскиот пливачки маратон, 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков стигна до третото место и го освои бронзениот медал. Цеков по маратонот изјави дека трката била тешка, дека се чувствува малку изморен, но и задоволен од резултатот. – Имав одреден пропуст во трката, не ги видов конкурентите додека ме препливаа од десната страна…За мене ова е остварување на сон. Следна цел ми е да се сконцентрирам на олимписката ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Реал Мадрид го победи Еспањол со 2:1 на гостински терен во својот прв натпревар од новата сезона во Ла Лига. Ова беше првиот официјален натпревар на Жозе Мурињо по враќањето на клупата на Реал, 13 години по завршувањето на неговиот прв мандат. Херој на победата беше Карлос Еспи, кој постигна гол во 90-та минута за конечни 2:1. Реал поведе во деветтата минута, кога по нафрлувањето на Арда Гулер, Џуд Белингам со глава ја погоди топката за 1:0. ...
Претседателката Илијана Јотова од историскиот локалитет Петрова Нива изјави дека Бугарија нема да се откаже од Бугарите во Република Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права. Шефот на државата учествуваше на националното одбележување на 123-годишнината од Илинденско-Преображенското востание. „Не можеме а да не забележиме уште нешто денес – колку рани, колку поделби. Денес во Република Македонија луѓето зборуваат за Бугарите, а ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина ...
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...
Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил измамен за 3.200 евра, соопшти Секторот за внатрешни работи – Велес. Станува збор за 37-годишен жител на Кавадарци, кој случајот го пријавил вчера во ОВР Кавадарци. Парите ги дал за наводна помош при лекување Според пријавеното, во периодот од ноември 2025 година до пријавувањето, М.А. го довел во заблуда дека ќе му помогне при лекувањето на член на неговото семејство. Поради тоа, кавадарчанецот му ...
Пожарот во близина на Струмица сè уште не е целосно ставен под контрола, објави „Струмица Денес“. Најновите снимки од теренот, направени околу 15 минути пред објавата, ја покажуваат сериозноста на состојбата. Неколку населени места без електрична енергија Поради пожарот, населените места Вељуса, Баница и Водоча се целосно исклучени од електричната мрежа. Снабдувањето со електрична енергија ќе остане прекинато до целосното локализирање и ...
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на ...
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој оцени дека денешниот ден е еден од најтешките во досегашниот дел од сезоната. Пожарот кај Струмица стигнал до куќите Како еден од најсериозните пожари, Ангелов го посочи огнот во близина на селата Баница и Водоча, непосредно до ...
По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, продолжува неговата имплементација и доуредување преку донесување на потребните правилници. Еден од нив е Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а пренесе Експрес. Ќе се утврдува репутацијата на барателите на лиценца Со правилникот детално ќе се пропише ...
Големиот пожар што денеска околу пладне избувна во струмичко е ставен под контрола во делот кај првите куќи и дворови во Водоча. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираа за состојбата на теренот. Огнот запрен пред куќите Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е сопрен пред првите куќи и дворови во Водоча, информира Ангелов. Во гаснењето се ...
Пеколните температури го зголемуваат ризикот од расипување на храната доколку таа не се чува правилно. Надлежните апелираат граѓаните да купуваат храна од проверени места и по пазарењето да не се задржуваат, особено кога станува збор за лесно расипливи производи. Сирењето, јајцата, меленото месо и сладоледот треба да се чуваат во разладни уреди, а храната не треба да се остава во загреани автомобили. Од АХВ советуваат храната која бара ...
Војната во Иран стави притисок врз глобалната рафинериска индустрија, што би можело да ги одржи цените на дизелот и бензинот на покачено ниво со години, предупреди Ројтерс во анализа. Иако пазарот на сурова нафта се прилагоди релативно добро на остриот пад на производството на Блискиот Исток, рафинериите имаат многу помалку можности да го надоместат изгубениот капацитет. Ова јасно се гледа во растечкиот јаз помеѓу цените на суровата нафта и ...
Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми, рече денеска на прес конференција Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Од преземањето на одговорноста ...
На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од првиот ...
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и оваа сезона нема да игра за РБ Лајпциг. Елмас, минатата сезона беше на позајмица во Наполи, а оваа ќе ја мине на северот на Италија, во Аталанта. Елиф Елмас, како што пишуваат италијанските медиуми, во Бергамо пристигна на барање на тренерот Маурицио Сари. 26-годишникот го стави потпис на договорот, кој вклучува едногодишна позајмица, со можност Аталанта да го откупи неговиот договор по завршувањето ...
Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед. – Во тек е целосно хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со што ова место ќе прерасне во мала зелена оаза која природно и совршено ќе се вклопи во изгледот на централниот градски плоштад -вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој објаснува дека се заменети и оштетените ...
Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. – Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...
Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар пронајдени биле дрога, оружје и муниција и лишени од слобода биле повеќе лица. Од МВР информираат дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со ...
По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). – Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во ...
По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, истакна на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол ...
Пет тинејџери загинаа во сообраќајна несреќа во Ирска додека се снимале како со украден автомобил возат во спротивна насока на автопат. Петте момчиња се возеле во украдено БМВ на автопат во округот Килдер југозападно од Даблин, кога удриле во возило од спротивен правец во кое биле четири члена на едно семјство кои се тешко повредени. Тинејџерите, на возраст меѓу 15 и 18 години, во изминатите денови ги „тероризрирале“ локалните жители со ...
Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“. Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство ...
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. – Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од ...
Две лица загинале при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од авионот и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување. Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле ...
За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма ...