Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, ...

Професорот Самоил Малчески утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер, каде што зборуваше на повеќе теми од областа на економијата и политиката. Една од темите на разговор беше и најавената владина реконструкција, која, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, треба да се случи во следните денови. Малчески во интервјуто изјави дека очекува околу 30 отсто од министрите да бидат опфатени со реконструкцијата. Според него, тоа би ...

Детската клиника во Скопје бележи најниска стапка на смртност кај хоспитализирани пациенти во историјата на Клиниката, соопшти директорот Реџеп Мемеди на денешната прес-конференција. – Универзитетската клиника за детски болести бележи значително намалување на стапката на смртност кај хоспитализирани пациенти во овие две години, до 300 проценти во споредба со претходните години. Според официјалните статистички податоци од информатичкиот ...

Од ад хок решенија кон системски развој Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ги презентираше резултатите од работата на Министерството во изминатите две години, оценувајќи дека е направен значаен исчекор од политика на ад хок решенија кон системски пристап за развој на општините и регионите. Според него, наместо справување само со последиците од долгогодишните проблеми, фокусот бил ставен на нивно трајно надминување и создавање ...

Рама ги отфрли обвинувањата Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги отфрли обвинувањата дека е мафијашки „кум“, по неколкунеделните протести против корупцијата, предизвикани од плановите за изградба на луксузно одморалиште поврзано со зетот на Доналд Трамп. Во интервју за „Фајненшел тајмс“, Рама порача дека не е негова работа да докажува дека не е „кум“, туку дека оние што го обвинуваат треба да докажат дека тоа е така. Масовни протести во ...

Одлука по разговорите за деескалација Вашингтон донел привремена одлука за укинување на дел од санкциите поврзани со иранската нафта, по првата рунда разговори за деескалација на конфликтот и можен мировен договор. Суспензија од 60 дена Според американското Министерство за финансии, воведена е 60-дневна суспензија на санкциите, со што се овозможуваат ограничен извоз, транспорт и трговија со иранска нафта. Одлуката следува по позитивните ...

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот идентитет за власт. Филипче нема црвени линии и молчи за нападите врз македонскиот идентитет само за да ја зачува фотелјата на Бихачка и да се добере до власт. Венко Филипче не го брани македонскиот национален интерес и идентитет туку сопствената политичка кариера. Венко Филипче секојдневно потврдува дека е подготвен да оди и подалеку од Зоран Заев во исполнувањето на барањата кои директно ги ...

Суви коловози и умерена фреквенција Сообраќајот на државните патишта во Македонија денеска се одвива непречено и по суви коловози. Според информациите на АМСМ, интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Без подолги задржувања на границите На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Официјалните информации засега не покажуваат посериозни застои на главните патни ...

Не ја исклучува можноста за враќање Првиот човек на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не ја исклучува можноста неговата партија повторно да се врати во извршната власт. Понижувачки е да се влезе од каде што си заминал Во емисијата „Дебата на Шења“, Таравари бил прашан дали е можно Алијансата за Албанците да се врати во Владата. Тој изјавил дека е „понижувачки да се влезе од каде што си заминал“, но сепак не ја отфрлил можноста тоа да ...

Различни толкувања меѓу Вашингтон и Техеран Меѓу Вашингтон и Техеран се појавија различни толкувања околу статусот на иранската нуклеарна програма, откако двете страни во јавноста излегоа со спротивставени изјави. Иран тврди дека нема нови договори Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави за иранската новинска агенција ИРНА дека Иран не преговарал за својата нуклеарна програма и не прифатил ...

Аргентина со втор триумф на Мундијалот Аргентина продолжи со сигурните настапи на Светското првенство 2026, откако во Далас ја совлада Австрија со 2:0 и уште пред последното коло го обезбеди пласманот во шеснаесетфиналето. По стартната победа од 3:0 над Алжир, избраниците на Лионел Скалони стигнаа до втор успех во групата Ј и максимални шест бода. Меси промаши пенал, но одговори со два гола Лионел Меси повторно беше централна фигура во ...

ВЛЕН подготвен за избори ВЛЕН е подготвен за избори, особено по позитивниот резултат на локалните избори, изјави првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Сепак, тој посочи дека граѓаните очекуваат да видат реализација на ветеното, а не избори по секоја цена. Десет општини како политичка предност Во прилог на ставот дека ВЛЕН не се плаши од избори во кој било момент, ...

Објавени три јавни огласи Агенцијата за вработување објави три јавни огласи за самовработување на невработени лица, преку кои се доделуваат неповратни средства во износ од 7.000 до 20.000 евра. Огласите се објавени на официјалната веб-страница на Агенцијата и ќе бидат активни до 3 јули. Поддршка за различни категории невработени лица За финансиска поддршка од 430.500 денари, односно 7.000 евра, можат да аплицираат невработени лица над 29 ...

Нестабилни облачни маси предизвикаа локално невреме Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше нагло активирање на нестабилни облачни маси, кои попладнево предизвикуваат локално невреме во повеќе делови од Македонија. Град и пороен дожд во полошкиот регион Најизразена нестабилност е забележана во полошкиот регион. Југоисточно од Гостивар се движи нестабилна облачна маса, придружена со грмежи, засилен ветер, пороен дожд и појава на ...

Акција во рамки на меѓународна операција Шест лица се уапсени во Србија во рамки на голема меѓународна полициска операција поврзана со педофилија. Како што соопшти српското МВР, осомничените се претставувале како малолетни девојчиња и преку профили на социјалните мрежи комуницирале со „свои врсници“. Уапсени лица од повеќе градови Во акцијата се уапсени К.Б. (41), државјанин на Русија, Д.В. (63) од Нови Сад, А.М. (51) од Зрењанин, Д.Р. (49) ...

Регистрирани десет пожари на отворено На територијата на Македонија до 16 часот биле регистрирани вкупно десет пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите, два пожара сè уште се активни, додека останатите осум се изгаснати. Активни пожари во Сарај и Радовиш Од ЦУК информираат дека активен пожар има меѓу селата Грчец и Шишево, во општина Сарај, каде гори ниска вегетација и мешана шума. Вториот ...

Учество на состанок во Софија Претседателот на Собранието, Африм Гаши, утре ќе отпатува во Софија, каде што ќе учествува на состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. За посетата информираше самиот Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Средба на барање на бугарската страна Гаши најави дека во Софија ќе има и билатерална средба со бугарската колешка Михаела Доцова, која ќе се одржи на нејзино барање. Тој посочи дека добиле ...

Македонија со најевтини горива во соседството Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која значително се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати. Со ова поевтинување, Македонија останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а дизелот е убедливо поевтин во споредба со соседните држави. Од полноќ, дизелот ќе се продава по цена пониска за 7 денари за литар, додека бензините ќе поевтинат од 3,5 ...

Враќањето на Велика Британија во ЕУ би било поддржано од 2/3 од Унијата, покажа анкета на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR). Две третини од граѓаните на ЕУ би го поддржале враќањето на Велика Британија во блокот, а мнозинството Британци сметаат дека Брегзит е лош за прашања што ги засегаат и сакаат поблиски врски со Унијата, вклучително и интеграција, како што е слободата на движење што долго време се сметаше за лоша, покажа ново ...

Поранешната европратеничка на Нова демократија Ана Мисел Асимакопулу и уште три лица, меѓу кои и поранешниот генерален секретар во Министерство за внатрешни работи на Грција се осудени на осум до 20 месеци условна затворска казна за случајот со неовластено користење мејлови на Грци кои живеат во странство, јави дописничката на МИА од Атина. Случајот е од почетокот на март 2024 година, кога тогашната европратеничката на Нова демократија во ...

На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од Волково, скопско и А.А.(37) од скопското село Сингелиќ, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана. На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес ...

Независноста на судството, довербата на граѓаните и потребата од подобра комуникација меѓу судиите и јавноста се во фокусот на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, што се одржува денеска и утре во Скопје. На денешното отворање на конференцијата, учесниците нагласија дека без силна јавна поддршка, судската независност и демократските институции се доведени во ризик, а размената на искуства и ...

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка, а Енди Бернам, градоначалникот на Манчестер е фаворит за негов наследник. Даунинг стрит 10 останува зад Кир Стармер, откако британскиот премиер поднесе оставка од функцијата и од лидерското место во Лабуристичката партија. Неговиот најсериозен ривал Енди Бернам, познат како „Кралот на северот“, сега влегува во трката како јасен фаворит за наследник. Стармер изјави дека номинациите за негов ...

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија дека сите осомничени во предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се обезбедени и достапни за органите на прогонот. Според информациите од Обвинителството, денеска за двајца осомничени се определени мерки на претпазливост, додека за едно лице е изречена мерка куќен притвор. „Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца ...

Европската ракометна федерација една вајлд-карта за настап во машката Лига на шампиони му на додели на македонскиот првак Вардар 1961. По четири години, двократниот европски првак Вардар повторно ќе биде дел од ЛШ. Вардар оваа информација ја најави со специјално видео, во кое прво Милан Лазаревски вели дека е време за одмор кој е сосема заслужен, но потоа доби повик од тренерот Иван Чупиќ, кој пак му вели дека одморот е завршен…. ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив. ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за подрастично намалување на цените на горивата и дали се очекува стабилизација во Македонија и на глобално ниво со оглед на тоа што околу 55 трговски бродови поминаа низ Ормутскиот теснец, изјави: „Па таа бројка од 55 танкери и не е нешто драматична, имајќи предвид дека на времето таа бројка била и ...

Агенцијата за вработување информираше дека денеска e објавен Јавниот оглас за учество во програмата „Самовработување“. Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 3. јули. Од Агенцијата посочија дека процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови. Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3,5 и 4 денари, а дизелот за седум денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). Од 23.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар) Дизел гориво ...

Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. – Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена корекција на буџетскиот дефицит ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.98
40%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
1.51
58%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.19
47%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.04
73%
1022
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
56%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
0.78
70%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.47
42%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.04
55%
1018
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.3
48%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.24
48%
1021
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 30ᴼ
1.8
36%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.1
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Калај

50.56

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82