Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со владините коалициски партнери за реконструкцијата на Владата се одвиваат во конструктивна атмосфера и дека меѓу опциите за кои се разговара е и промена на одделни ресори. „Во првите разговори можам да признаам дека преовладува конструктивен амбиент. Ќе имаме сега во текот на оваа недела повторно средби. Очекувам тоа да бидат завршни. Во текот на викендот да се формализира сето тоа и со ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ги релативизира бугарските позиции и дека е подготвен да направи отстапки во однос на македонските национални интереси. Петрушевски на прес-конференција изјави дека Филипче покажувал подготвеност да оди и чекор подалеку од поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во исполнувањето на барањата што ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска во вонредно јавно обраќање пред Даунинг стрит број 10 во Лондон ја објави својата оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија. Стармер соопшти дека веќе го информирал кралот Чарлс III за својата одлука и побарал да започне процесот за избор на негов наследник. Одлуката е донесена Стармер вели дека поднесува оставка од функцијата лидер на Лабуристичката партија и го информирал кралот ...

Албанскиот премиер Еди Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“. „Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците ...

Експлозија во клучен терминал за извоз на природен гас во Катар во текот на ноќта предизвика пожар во кој беа повредени најмалку 54 лица, а 18 други се водат како исчезнати неколку часа подоцна, објавија светските агенции. Инцидентот во индустриската зона Рас Лафан би можел дополнително да ги наруши глобалните енергетски пазари, бидејќи Катар е еден од најголемите светски производители на природен гас. Земјата го запре производството додека ...

Првата рунда преговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши утрово, соопштија посредниците, по тензичен почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги обнови нападите врз Иран. Во заедничко соопштение на земјите посредници Катар и Пакистан се наведува дека САД и Иран се согласиле за патоказ кон конечен ...

Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР. Тој вели дека ...

Времето претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. Во Скопје претпладне сончево време со мала до умерена ...

Фудбалерите на Уругвај и Зеленортските Острови ги поделија бодовите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами Гарденс во второто коло од групната фаза на Светското првенство, ремизирајќи 2-2. Уругвај го започна натпреварот силно од самиот почеток. Имаа иницијатива и создадоа голем број шанси, но Зеленортските Острови поведоа од својата единствена шанса. Се играше во 21-та минута кога Ленини постигна гол за шок на Уругвај и поведе со 1-0. Сепак, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board). Како што соопштуваат од владината прес – служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот. Центарот за извонредност во финансиите ...

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните ...

Орце Ѓорѓиевски објави дека во Скопје секојдневно се работи на одржување на редот, чистотата и јавните површини, со цел градот да добие поубав и поуреден изглед. Во објавата тој наведе дека улиците се перат континуирано, а јавните површини се одржуваат редовно. „Скопје, какво што го заслужуваме. Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик“, напиша ...

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР за МИА. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента. -Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена ...

Главниот ирански преговарач со САД и претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, ги предупреди Соединетите Американски Држави да бидат внимателни со изјавите, откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани кон Техеран и иранските преговарачи. Галибаф, кој ја предводи иранската страна на разговорите во швајцарското одморалиште Обирген, порача дека иранските вооружени сили се подготвени да реагираат. Иранската ...

На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ...

„Лудо Време“ е нова рап композиција што со суров и бескомпромисен текст ја отсликува социјалната реалност и моралниот пад на општеството. Со остри стихови песната е крик против корупцијата, лажните патриоти и изгубените вредности. Авторот преку урбана поетика и протестна енергија ја претставува музиката како оружје за вистина и повик за промена. „Лудо Време“ е нова рап композиција што со суров и бескомпромисен текст ја отсликува ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат избори во октомври или ноември, а повеќе детали за изборниот процес ќе соопшти на собирот на владејачката Српска напредна странка, закажан за 27 јуни во Белград. Во интервју за три провладини телевизии, Вучиќ изјави дека на истиот собир ќе одговори и на прашањето дали ќе се кандидира за премиер. Со тоа повторно ја отвори темата за политичката транзиција и идниот ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 56-годишен скопјанец осомничен дека подолг период психички и физички ги малтретирал сопругата и нивните две деца, на возраст од 18 и 15 години. Случајот бил откриен откако 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот. Осомничениот ќе се гони за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 од ...

Британскиот премиер Кир Стармер би можел да претстави план за повлекување од функцијата, пишува „Би-би-си“, повикувајќи се на сè посилни сигнали од владините кругови. Неколку извори сметаат дека тој би можел уште утре да објави временска рамка за заминување. Сер Кир Стармер досега постојано инсистираше дека нема да се повлече и дека ќе се бори против секој обид за негово сменување од лидерската позиција. Но, според „Би-би-си“, расположението ...

Високи претставници на САД и Иран денеска ги почнаа разговорите во швајцарското одморалиште Бургеншток, во обид да се постигне долгорочен мировен договор и конечно решение за иранската нуклеарна програма. Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, додека од иранска страна учествуваат високи државни претставници и членови на преговарачкиот тим. Средбата се одржува само неколку дена по потпишувањето на рамковниот ...

Десетици илјади демонстранти маршираа во Тирана на еден од најголемите протести досега против проектот за луксузно одморалиште поврзан со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп. Притисокот врз премиерот Еди Рама достигна критична точка, откако демонстрантите му поставија ултиматум до вечерва во 19 часот да поднесе оставка, во спротивно најавуваат ескалација со окупирање владини згради. Од крајот на мај, граѓани секоја вечер ...

За неполни две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард велат од ВМРО -ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ и Венко Филипче. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3 проценти во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, стапката на невработеност е намалена од ...

Татко со години ја малтретирал семејството Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против двајца скопјани во одделни случаи на семејно насилство. Во потешкиот случај, 15-годишно девојче се обидело да си го одземе животот, поради, како што наведува Обвинителството, долгогодишното психичко и физичко малтретирање од нејзиниот татко. Против 56-годишен маж е поведена постапка за кривично дело загрозување на сигурноста. „Иако ...

Двајца веќе се изведени пред судија Истрагата поврзана со случајот во Фудбалската федерација на Македонија продолжува со нови процесни дејствија, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција обезбеди уште четири лица кои досега не им биле достапни на органите на прогонот. Од Обвинителството информираат дека двајца од осомничените денеска биле изведени пред судија на претходна постапка. Судијата на претходна постапка за ...

Интегрален текст од соопштението на партијата ВРЕДИ „За ВЛЕН, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики. Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна ...

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека платите растат побрзо од цените Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција изјави дека официјалните статистички податоци покажуваат значителен раст на платите во државата, нагласувајќи дека тие растат побрзо од цените и, како што рече, придонесуваат за подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изјави дека Венко Филипче ја продолжува истата политика како Зоран Заев и дека, како што рече, е подготвен на отстапки за да дојде или остане на власт. Венко Филипче денес покажува дека не е ништо поразличен од Зоран Заев, туку само продолжение на истата политика која беше подготвена на секакви отстапки за да остане или да дојде на власт. Додека СДС беше на власт, ...

Рокови и начин на пријавување Учениците кои не успеале да се запишат во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе имаат нова можност овој месец. Второто електронско пријавување е закажано за вторник, 23 јуни, по што на 24 јуни ќе се доставува потребната документација до средните училишта. Според календарот на Министерството за образование и наука, резултатите од уписот ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, на огласните табли и ...

Прв лет слета на охридскиот аеродром Од денеска „Austrian Airlines“ започна со редовни летови на рутата Виена – Охрид, откако утрово на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ слета првиот авион на компанијата. Со тоа и официјално започна функционирањето на новата авиолинија. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека станува збор за значаен чекор за развој на охридскиот аеродром. „Од денес ‘Austrian Airlines’ лета Виена ...

Културна посета на уникатен археоастрономски локалитет Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утринава го посети археолошкиот локалитет Кокино, каде што на денот на летната долгодневица беше следено изгрејсонцето – појава што со векови привлекува внимание поради својата природна и научна специфичност. Кокино се смета за едно од најзначајните праисториски наоѓалишта во земјата, каде древните жители ги набљудувале движењата на Сонцето и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.18
47%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.36
61%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
58%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.62
76%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.26
56%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.67
78%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
56%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
54%
1019
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
35%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.08
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Цинк

0.00