Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...

Грчките земјоделци побарале субвенции од ЕУ за десетици илјади повеќе животни на фарми во 2024 година отколку што можат да објаснат официјалните записи на земјата, според анализата на Политико на владините податоци. Ова откритие се заканува да го прошири веќе постојниот скандал со грчките земјоделски субвенции. Анализата открива несовпаѓања помеѓу намалувањето на националното стадо говеда, како што објави ЕЛСТАТ, грчката агенција за ...

Од 40 минути до еден час се чека утрово на граничниот премин Табановце за влез и излез. На преминот Богородица пак за излез од земјава се чека до еден час, информира АМСМ. АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје информира дека повеќе од 45 од вкупно 112 новопоставени столбови за зимска маркација на релација Попова Шапка-Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Овој вид на зимската маркација била поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои според организацијата во ...

Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов. Во ...

Најмалку лица кои се изјаснуваат за Југословени меѓу прикажаните поранешни југословенски републики живеат во Македонија. На пописот од 2021 година така се изјасниле само 344 граѓани. Убедливо најмногу има во Србија. Според пописот од 2022 година, таму како Југословени се изјасниле 27.143 лица. Инфографикот „Број на Југословени во ексјугословенските републики“, објавен од „Геоинста“, се повикува на државните статистички институции. Зад ...

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, ќе учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска ќе се плива во водите на Охридското Езеро. Маратонците од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар ...

Македонската Армија минува низ интензивен период на модернизација, кој опфаќа набавка на современа воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрување на условите за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова во гостување на ТВ Канал 5 го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека сите овие системи што се купуваат, сите набавки, модернизацијата, но и обуките, тренинзите, вежбите, „се на ...

Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај Церово во Општина Желино, со цел да се спречи негово натамошно ширење кон околината. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, беа на терен и директно ја координираа состојбата. Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. ...

Турција побара од Интерпол да издаде црвена потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во рамки на истрагата за запленувањето на хуманитарен брод кој пловел кон Газа. Побарани потерници за Нетанјаху и уште едно лице Турскиот министер за правда Акин Ѓурлек соопшти дека Министерството за правда побарало од Министерството за внатрешни работи да поднесе барање за црвени потерници за Нетанјаху и Афек Москович, кого го опиша како ...

Пожар избувнал во стан во Гевгелија, откако жена го предизвикала огнот, а потоа била пренесена во болница. Интервенирала противпожарната единица На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица Гевгелија. Жената била пренесена во болница По пожарот, жената била пренесена во болница за укажување медицинска помош. Пожарот бил пријавен до надлежните Случајот бил пријавен до надлежните институции, а дополнителните ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за „Тема на денот“ на Сител порача дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се исти и дека разликата меѓу нив е суштинска. – Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Напротив, дијаметрално сме спротивни. Ние сакаме држава напредна во којашто секој ја гледа иднината, а не ја гледаме државата како што тие ја гледаат – како плен – рече Филипче. Филипче истакна дека СДСМ има подготвен ...

Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни низ државата, а четири поголеми жаришта бараат сериозен ангажман на терен, соопштија надлежните институции. Најсложена е состојбата над кумановското село Никуштак во Општина Липково, каде пожарот се развил во два крака, од кои едниот се движи кон манастирот „Света Богородица“ над Матејче. Пожарот кај Никуштак се шири во две насоки Пожарот што вчера напладне избил кај последните куќи во ...

Сушата веќе станува реалност која го менува секојдневието. Историски нискиот водостој на Дунав за првпат по 52 години влијае врз работата на нуклеарната централа „Козлодуј“. „Козлодуј“ ја намалува моќноста Поради ниското ниво на Дунав, петтиот реактор на нуклеарната централа „Козлодуј“ ја намалува моќноста за околу 120 мегавати, како превентивна мерка. Централата работи нормално, но се очекува водостојот на реката дополнително да се ...

Најмалку пет лица загинаа, а 52 се повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз украинскиот град Кривиј Рог, соопшти воениот гувернер на Дњепропетровската област, Олександр Ханжа. Погоден и најголемиот трговски центар Во нападите биле погодени повеќе цели во градот, меѓу кои и најголемиот трговски центар во Кривиј Рог. Родниот град на украинскиот претседател Кривиј Рог е родниот град на украинскиот претседател ...

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на одлуката на обвинителот во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 луѓе. Мицкоски остро ја критикуваше одлуката, посочувајќи дека станува збор за трагедија во која луѓе ги загубија животите. „За жал, обвинителот којшто е во заминување, бидејќи, од тоа што сум информиран, е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење ...

Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече ...

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. ...

Обилни врнежи и силен ветер Силно невреме со обилни врнежи и урагански налети на ветер предизвика сериозни проблеми во делови од Австрија, а последиците се почувствуваа и во Виена. Најтешко погодена е Долна Австрија, каде за кратко време биле поплавени улици и подруми, додека силниот ветер корнел дрвја и предизвикувал материјална штета. Стотици повици за помош Особено тешка била состојбата во областа Брук ан дер Лајта, каде противпожарната ...

Трагичен исход кај Тешањ Големите пожари и натаму се активни во повеќе делови на Босна и Херцеговина, а во пожарот кај Тешањ загина 77-годишен маж. Според првичните информации, тој сам се обидувал да го изгасне огнот. Неговото тело било пронајдено од пожарникарите за време на интервенцијата на пожар на ниска вегетација. Околностите за неговата смрт сè уште се утврдуваат. Пожарите се шират низ земјата Пожарникарите со недели се борат со ...

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. – По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe – ...

Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...

Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39 Охридски пливачки маратон, кој ќе се плива на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“, од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Во конкуренција ќе има 11 пливачи во машка и пет во женска конкуренција. Стартот е закажан за 10 часот кај Свети ...

На 20 август, претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се воведуваат санкции врз руски поединци и организации вклучени во создавањето на анимираната серија „Маша и Медо“, која, според украинските власти, промовира руски наративи. „Санкции се воведени против пет руски поединци и четири организации вклучени во создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и мечката“, која промовира проруски наративи преправени како ...

„Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС ...

Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...

Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 ...

Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка после она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...

Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Мицкоски посочи дека постапката трае пет години и дека во тој период во јавноста биле изнесени различни информации поврзани со случајот. Тој остро ја критикуваше одлуката на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07