Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да ја напушти земјата доколку неговата Српска напредна партија (СНС) ги загуби изборите кои ги најавува во последните месеци, додека се разгледуваат можните термини за нивно одржување. Вучиќ, гостувајќи на провладината телевизија „Прва“, рече дека претседателските избори најверојатно би се одржале во јануари 2027 година доколку парламентарните избори се одржат во октомври, објави ...

Иран ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Море во саботата наутро, при што загина еден морнар, а еден беше повреден, објави денеска иранската новинска агенција ИРНА. Според агенцијата, која се повикува на иранското Министерство за надворешни работи, нападот бил предизвикан од експлозија на бродот. – Нападот извршен од украинскиот режим врз ирански трговски брод во Каспиското Море, за кој шефот на тој режим ...

Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, додека за ...

Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители на здраво машко бебе по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“. Од болницата го оценија случајот како историски успех, посочувајќи дека бременоста била постигната по внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка. На успешната ин витро постапка ѝ претходела хистероскопска реконструкција на матката, а биле користени донирани ...

Лира Грабул, ќерка на Јордан и Искра Грабул, автори на споменикот Македониум во Крушево, во чија сопственост се авторските права на ова уметничко дело, во изјава за Рацин.мк вели: „Запрепастена сум од кокошарников на галериите… многу креативно! Среќа што авторите не се со нас. Не сум за ништо известена, запрепастена сум“, вели револтирано Лира Грабул, наша врвна уметница и професорка по уметност. Таа вели дека авторските права се на ...

Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ. Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа ...

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Повредената жена била пренесена во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен. – Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги ...

– Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. -Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само ...

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека на планината Елбрус се пронајдени телата на двајца планинари од Босна и Херцеговина, додека по уште тројца членови на групата се трага и се стравува дека и тие настрадале. Двајца планинари биле спасени. Седумчлената планинарска експедиција од Босна и Херцеговина била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да побара ...

Цариниците во Грција утре ќе одржат штрајк, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа, јавија локалните медиуми. Од 5 до 9 часот наутро по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Автомобилите ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека за камионите границите ќе бидат целосно затворени, најави синдикатот. Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), ...

– Најголемиот копнен граничен премин меѓу Ирак и Кувајт повторно е отворен, соопштија ирачките власти. Граничниот премин „Абдали“ беше привремено затворен по нападот со дрон извршен во четвртокот, во кој имаше беше предизвикана материјална прета, но без човечки жртви, соопшти кувајтската армија. Преминот „Абдали“ што се наоѓа во северниот кувајтски гувернорат Ал Џахра, е стратешки важен коридор за движење на луѓе и стоки меѓу двете земји. ...

Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар. Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста, изјави Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Според водечкото саудиско спортско издание „Аријадија“, клубот на Кристијано Роналдо, Ал-Наср, е во длабока финансиска криза. На раководството му е забрането да потпишува нови договори додека не се најде решение. Една опција е продажба на дел од клубот. Долгот на Ал-Наср изнесува приближно 800 милиони ријали (над 200 милиони долари). Сепак, и покрај финансиската криза, Роналдо инсистира раководството на клубот да одобри засилувања за тимот ...

Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор ...

Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1% од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари „ново финансирање“, стои во соопштението од Левица што МИА ви го пренесува ...

Обложувалниците ги ажурираа своите квоти за победник во НБА-лигата сезоната 2026/27 по трансферот на Леброн Џејмс. Во петокот беше објавено дека 41-годишниот кошаркар потпиша договор со Филаделфија. Пред оваа вест, квотите за шампионската титула на Сиксерси беа 21. По објавувањето на неговото доаѓање тие паднаа на 9,5 и Филаделфија сега е четврти фаворит. Само Оклахома Сити, Сан Антонио (по 3,5) и Њујорк (9) имаат поголеми шанси кај ...

Реал Мадрид пред неколку дена го информирал Баерн Минхен за својата намера да не ги нарушува односите заради трансферот на напаѓачот Мајкл Олисе. Според инсајдер Фабрицио Романо, претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез би сакал да го потпише 24-годишниот Французин, но само ако Баерн отвори врата за преговори. Ова повеќе нема да се случи во летото 2026 година. Реал Мадрид во моментов е фокусиран на напаѓачот на Лајпциг, Јан Диоманде. ...

Тајфунот Ноул изутринава ги зафати јужните делови на Кина, проследен со силни ветрови и обилни врнежи што викендов го погодија и регионот на Хонгконг. Поради тајфунот Ноул во покраината Гуангдонг биле евакуирани повеќе од 715 илјади луѓе, додека властите го подигнале нивото на подготвеност, а стотици летови се откажани. Кинескиот Национален метеоролошки центар соопшти дека тајфунот Ноул стигнал до копното околу 3:50 часот по локално време, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово, преку својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. -Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија, напиша Николоски, кој сподели и видео од изведувањето на градежните активности. Вицепремиерот ...

– ФК Барселона вети дека ќе го поддржи семејството на работникот кој го загуби животот за време на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, објави ESPN. Инцидентот се случил во петок, 24 јули, за време на тековните работи за зголемување на капацитетот на стадионот на 105.000 седишта. -ФК Барселона длабоко жали за смртта на работникот кој го загуби животот вчера во индустриска несреќа за време на реновирањето на стадионот. Клубот изразува ...

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата, се наведува во соопштението од СДСМ. Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба. Ова е „дезинформација“? Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е ...

СДС, како секогаш, и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат ...

– Марк ван Бомел коментираше за неговото назначување за главен селектор на репрезентацијата на Белгија. Четириесет и деветгодишниот Холанѓанец ќе потпише договор до Европското првенство во 2028 година. – Голема чест ми е да станам главен селектор на репрезентацијата на Белгија. Сакам да му се заблагодарам на Кралскиот белгиски фудбалски сојуз за довербата што ми ја дадоа. Белгија има извонредни играчи и огромен потенцијал. Заедно со мојот ...

Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден учесниците ќе поминат стотици километри низ ...

Големиот шумски пожар што го зафати подрачјето околу котлината во францускиот регион Нова Аквитанија и се прошири до предградијата на Бордо, уништил 42 илјади хектари земјиште, соопшти денеска префектурата на департманот Жиронда. Поради пожарите во Франција и соседна Шпанија, евакуирани се повеќе од 300 илјади луѓе. Од средата во Франција вкупно се евакуирани 220 илјади жители. „Од 4 часот изутринава, проценетата изгорена површина изнесува ...

– Берлинската полиција објави фотографија на лице за кое смета дека е извршител на нападот на Парадата на гордоста во германската престолнина, во кој загина едно, а се повредени 16 лица. Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б., кој избегал откако автомобил синоќа влетал во толпата во паркот „Тиргартен“. Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, изјави дека лицето им е познато на властите и дека постои сомневање ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32