❗️Додека претседателката Гордана Силјановска-Давкова јавно бара институциите ажурно да постапат во врска со шпионската афера во нејзиниот кабинет, јавноста е сведок дека Министерството за внатрешни работи со месеци НЕ ДОСТАВУВА клучни информации и вештачења до Обвинителството. Ова отвора сериозен сомнеж дека МВР и министерот Панче Тошковски свесно се обидуваат да го сокријат скандалот и да ја ПОПРЕЧАТ истрагата за утврдување на фактичката ...

Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би бил оневозможен доколку Техеран воведе систем за наплата за минување низ Ормуската теснина, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио рече дека никој во светот не е за систем за наплата на минување низ Ормуската Теснина. – Тоа не може да се случи. Би било неприфатливо. Тоа би го направило дипломатскиот договор невозможен доколку тие продолжат да се стремат кон тоа. Значи, тоа ...

Денеска во Белград избувна голем пожар на еден сплав на реката Сава, објави „Б92“ Според првите информации од терен, огнот бргу се проширил и зафатил уште два сплава во населбата Нов Белград. Првичните информации од местото на пожарот беа дека пожарот набргу се проширил и на останатите сплавови, од кои, како што пренесуваат медиумите, останала само металната конструкција. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад што се ...

Во буре ископано на територијата на српската општина Инѓија, 60 км северно од Белград, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), полицијата и судски експерти, пронајдено е тело за кое се верува дека му припаѓа на исчезнатиот Александар Нешовиќ Баја. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, како и на ДНК испитување. ВЈТ денеска објави дека истрагата за убиството ...

– Македонскиот претставник во финалето на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид на социјалните мрежи објави дека влезниците за реванш финалето со унгарската екипа Татабања се распродадени за 15 минути. И пред да бидат пуштени во продажба влезниците денеска постоеше огромен интерес и беше јасно дека капацитетот на салата е мал да ги прими сите заинтересирани за следење на финалето. Реваншот охриѓани ќе го играат на домашен терен во СЦ „Билјанини ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот клуб потврди дека во средата Нејмар добил мала повреда на листот од ногата. Повредата се случила на неделниот натпревар кога Сантос загуби дома од Коритиба (0:3). Фудбалерот е под терапија во клупскиот центар и неговата состојба ќе ја следи и лекар на бразилскиот тим. Последниот натпревар за Бразил, Нејмар ...

Армијата на Русија и на Белорусија денеска ја одржаа завршната воена вежба на нуклеарните сили, а рускиот претседател Владимир Путин заедно со белорускиот колега Александар Лукашенко ги следеше маневрите од својот кабинет во Москва. Путин истакна дека задачите на заедничките руско-белоруски вежби фокусирани на нуклеарно оружје се „целосно исполнети“. Тој најави дека Русија ќе продолжи да ги модернизира Стратешките ракетни сили (СРФ) со ...

Почитувани колеги и колешки од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ако расправаме за задолжувањето од 260 милиони евра, тогаш да расправаме со бројки, со документи и со економска логика, а не со обвинувања дека опозицијата немала аргументи. Првиот аргумент е дека ова задолжување е симптом на исцрпена фискална позиција. Владата првично барала 300 милиони евра, а договорила 260 милиони евра. Оваа разлика меѓу бараното и добиеното е ...

Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период”, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, соопшти дека по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донела следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на ...

Вкупно 1.822 вработени во јавните здравствени установи во државата поднеле тужби против своите работодавачи. Вкупниот износ на тужбените барања достигнува 134,6 милиони денари – приближно 2,18 милиони евра. Тужби се поднесени во 62 од вкупно 108 јавни здравствени установи, повеќе од половина од сите во земјата – беше соопштено на денешниот брифинг во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, појасни дека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, откако тој оцени дека таа „паднала на испит“ во Словенија и дека со своите ставови ја слабее македонската позиција во евроинтеграциите. На новинарско прашање како ги коментира тие изјави, Сиљановска-Давкова рече дека никогаш во животот не паднала на испит. „Не знам дали да коментирам вакви изјави. Никогаш не сум паднала на испит, ни на факултет, а во ...

-Имаше барање на дел од граѓани од тој дел на Скопје да го направиме тој премин легален, но категорични сме во тоа дека местото треба да биде затворено поради безбедносни причини и за пешаците и за оние кои се корисници на возила. На тоа место ќе се постави ограда – изјави тогаш Ѓорѓиевски. Сепак, акцијата денеска наиде на големо незадоволство од страна на чаирчани, кои во знак на протест го блокираа булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и ...

Соопштение на СДСМ: Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби. „Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка ...

Мицкоски да не го користи нон-пејперот на германскиот канцелар Фридирх Мерц, како алиби за неисполнување на реформите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче порача дека последните сигнали од Европската Унија уште еднаш потврдуваат дека постои политичка волја за проширување, но предупреди дека Владата не смее да бара нови изговори за застој на евроинтегративниот процес. „Денеска видовме ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека не треба да ги коментира информациите за наводната „шпионска афера“ во нејзиниот Кабинет, повикувајќи на доследно почитување на Законот за кривична постапка и презумцијата на невиност. „Мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумцијата на невиност, но, како што реков, и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање на кривична ...

„Само работодавачот може да го провери боледувањето на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски“. Ова денес го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека информации за процедурата за тоа како е издадено боледувањето, може да побара од ФЗОМ и да добие само работодавачот. -Информации за боледување може да побара работодавачот и само работодавачот може да добие за процедурата на боледувањето, ...

СДСМ тврди дека јавниот обвинител за само две недели ја отфрлил кривичната пријава на партијата против премиерот Христијан Мицкоски што говорело за негова потчинетост на извршната власт. Генералниот секретар на партијата, Александар Димитриевиќ, на прес-конференција пред обвинителството рече дека Ненад Савески е поставен „да ги следи само нарачките на ВМРО-ОКГ, да одработува и да ги спасува од одговорност. За само две недели експресно донел ...

Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата кои во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка поради работни обврски. Пријавувањето почнува од 21 мај, а родителите треба да достават документација согласно критериумите наведени во правилникот. Станува збор за програма за дневно згрижување на деца од прво до трето одделение, која ќе се ...

Владата на Албанија усвои законските измени со кои се прошируваат овластувањата на Државната разузнавачка служба (ШИШ) со кои и се дава можност да собира информации за националната безбедност. Со измените Државна разузнавачка служба ќе собира информации за заканите што произлегуваат од активноста на странските разузнавачки служби, во сите форми на изразување и појава, со цел да се зачува интегритетот, независноста и уставниот поредок, како и ...

Со извинување до македонската јавност за контроверзната прослава на Вардар, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, ја отвори денешната прес-конференција на која беше објавен списокот на фудбалери за претстојните пријателски натпревари. „Во мое лично име и во име на сите играчи на Вардар, сакам да се извинам до целата македонска јавност за песната што ја пеевме при прославата на титулата по победата во Струга“, ...

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција информираше за смената на директорите на двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“. Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Ивана Ангеличкова заминува на директорската позиција на градинката на „Астибо“, а на нејзиното место за вршител на должност директор на „Вера Циривири-Трена“ е назначена Ана Јакимова. Јорданов посочи дека причината за ...

Сакам само да ги предупредам македонските граѓани, претпоставувам атмосверата во опозицијата е спесифична, и како резултат на таа специфичност поекогаш имаме во текот на денот имаме различни ст6авови за една иста тема, а понекогаш дури и тие самите се доведени во ситуација да се демантираат во текот на денот, рече Мицкоски. Фактите се, дека рековме од последни во Групата Западен Балкан 6 ќе бидеме први, се зафативме со жестока работа веднаш ...

Македонија располага со рудни проекти кои би можеле да донесат стотици милиони евра и да придонесат за економски развој, се наведува во Стратегијата за минерални суровини подготвена од МАНУ. Според проценките, инвестициите во Иловица и Плавица можат да генерираат околу 770 милиони евра, со акцент на отворање работни места, подобрување на инфраструктурата и заштита на животната средина преку рекултивација и мониторинг. „Тоа се средства кои ...

Соопштение на ВЛЕН: Партијата на „Соравија” и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам. Токму оваа политика на агалак ...

На 20. 05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт.Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е ...

Во рок од една недела Владата се очекува да го претстави решението со кое правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик. Ова го најави заменик-премиерот Беким Сали, кој рече дека консултациите се во завршна фаза и дека не станува збор само за правосудниот испит, туку и за поширок пакет поврзан со слични прашања. „Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за ...

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384, а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има 20 нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на целата година. Така да, очекувам да дојдеме до некој оптимум ...

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска испрати порака до премиерот Христијан Мицкоски, од кого побара заедно да ги донесат уставните измени. -Сметам дека се наоѓаме во едно многу критично време и многу важен момент во кој треба да се донесат многу сериозни одлуки. Зошто сметам дека моментот е многу важен? Кај нас, за неколку дена, односно за нешто помалку од две недели, во посета доаѓа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. ...

Полицијата ја уапси младата сопственичка на кравите од кривопаланечко – случај кој подолго време е присутен во јавноста. Ј.Ѓ. е уапсена затоа што спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. – На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.75
56%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
92%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.6
86%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
50%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.97
83%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
86%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
62%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
67%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.95
64%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
7.6
81%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.79
60%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
2.45
63%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Калај

53.60