Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Денес започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година. Вкупно 14.587 матуранти се пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот. Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во ...
Кај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Во само една недела ...
Министерството за надворешни работи во Манама ги осуди новите ирански напади врз Бахреин и Кувајт. – Оваа очигледна агресија е јасно кршење на суверенитетот на двете земји, се наведува во соопштението на бахреинското МНР. Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа, како одговор на американските напади, истрела балистички ракети врз военовоздухопловната база „Али ал Салем“ во Кувајт, каде има стационирано и американски војници и врз главната ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирајќи ја моменталната ситуација во односите Русија – САД, истакна дека „за танго потребни се двајца“. – За танго потребни се двајца, а Американците сè уште не го сакаат тоа, наведе Песков во интервју за Централната кинеска телевизија, додавајќи оти на Москва за тоа прашање „не и се брза“. Тој се осврна и на улогата на САД во решавањето на војната во Украина, истакнувајќи оти Москва немала нереални ...
Во три одделни руски напади врз јужната украинска област Херсон загинаа пет луѓе. Гувернерот на Херсон, Олекдсандар Прокудин на Телеграм објави дека во еден од нападите загинале три лица над 70 години, чии тела биле откриени во нивните домови. Херсонската област е една од четирите региони анектирани од Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година. На почетокот на војната Русија зазеде голем дел од областа, но украинската армија успеа да ги ...
На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) се разгледуваат две жалби од 7 физички лица против распуштањето на здружението наречено „Центар за македонски јазик во Грција“ со седиште во Лерин/Флорина, Грција, кое има за цел законско зачувување и негување на македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција. Овие 7 лица беа членови на управниот одбор на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање ...
Практикувањето власт за СДС значи единствено местење тендери за лични финансиски придобивки и задоволување на потребите на поединци од партиските кругови.Тоа е вистинското лице на СДС, криминална матрица, афери, скандали, корупција и со секој изминат ден, ова се повеќе се потврдува, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не управувале со државата за да го подобрат животот на граѓаните, да ја унапредат државата или ...
БИК Денешниот е совршен ден да се разгалите, готвењето вкусен оброк, релаксирањето на отворено или правењето пријатна активност дома ќе ви донесе радост. Домашната атмосфера е мирна, а семејната прошетка или краткото патување ќе ве исполни со пријатни емоции. Колку повеќе се трудите за вашите најблиски, толку повеќе љубов ќе добивате. БЛИЗНАЦИ Денеска е одличен момент за кратко патување со вашиот партнер или со пријатели кои ги споделуваат ...
На СДС му смета се што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази на Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм. Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“. ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и vo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски после завршување на сезоната лидерот на Пелистер се уште нема да донесено одлука дали ќе остане во Битола или пак ќе замина надвор од Македонија. Според „СпортСпорт“ дознава во овој момент на адресата на Кузмановски пристигнуваат број понуди, а една од нив е Фуксе Берлин кој е сериозен во своите намери и веќе има испратено понуда до македонскиот репрезентативец. Кузмановски ...
Големо изненадување го одбележа финишот на Ролан Гарос, бидејќи Матео Арналди не излезе на теренот во полуфиналето. Непосредно пред почетокот на натпреварот, организаторите ја информираа публиката дека италијанскиот тенисер се откажал од настапот, што му обезбеди на неговиот сонародник Флавио Конолида се квалификува во финалето без да одигра поен. Организаторите исто така објавија дека на гледачите кои купиле билети за овој натпревар ќе им ...
Трката се вози на патека од 6,2 километри, а автомобилите достигнуваат брзина од повеќе од 322 километри на час минувајќи покрај препознатливи обележја на градо Од првото издание во 2023 година, Големата награда на Лас Вегас генерираше вкупен економски ефект од 3,2 милијарди долари за Јужна Невада. Сите претходни трки беа распродадени, што дополнително го зацврсти статусот на Лас Вегас како една од најважните дестинации во календарот на ...
Кошаркарскиот стратег Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун. Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра. Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација. Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун. Кошаркарскиот стратег Василис Спанулис е новиот ...
Како што тврдат медиумите во Шпанија, Реал Мадрид ќе продолжи да биде дел од кошаркарската елита во натпреварувачката сезона 2026/27. Оваа очекувана, но исклучително важна одлука гарантира дека сите акционерски клубови остануваат цврсто приврзани кон најсилното клупско натпреварување на Стариот континент, во средината на сè погласните и амбициозни планови за формирање нова континентална лига наречена „НБА Европа“. Клубот од Мадрид беше ...
Шкотскиот капитен и досегашна легенда на Ливерпул, Енди Робертсон, официјално е нов фудбалер на Тотенхем. По неколкумесечни шпекулации, искусниот 32-годишен лев бек пристигнува во Лондон како слободен агент по истекот на неговиот договор на „Енфилд“. Тотенхем експресно ја искористи шансата и го засили својот состав со докажан победник, веднаш штом во драматичното последно коло и официјално обезбеди опстанок во Премиер лигата со победата од ...
Причината за ваквата одлука наводно е неговата желба да ја преземе репрезентацијата на Холандија. Актуелниот селектор Роналд Куман има договор до крајот на Светското првенство, а засега нема најава дека соработката ќе биде продолжена. Токму затоа Слот се смета за еден од најсериозните кандидати за оваа позиција. Во својата кариера, Слот работеше во Камбур и АЗ Алкмар, но најголемите успеси ги оствари на клупата на Феенорд, каде што се ...
Македонската репрезентација во ракомет на плажа ќе настапи на силен меѓународен турнир во Полска, а подготовките се закажани за почетокот на идната недела, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Првиот собир на репрезентацијата е закажан за в понеделник во Охрид и по неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за Плоцк, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции. Прв противник ...
Иранските фудбалери добиле визи за влез во Соединетите Американски Држави, каде треба да настапат на претстојното Светско првенство, изјави официјален претставник на Белата куќа за Ројтерс во петокот, само 10 дена пред нивниот прв натпревар во Лос Анџелес, поради конфликт меѓу двете земји. Амбасадорот на Иран во Мексико, Аболфазл Пасандидех, изјави доцна во четвртокот дека тимот сè уште не ги добил своите американски визи, но дека тие биле ...
Македонското екстра девствено маслиново масло на брендот Olive Garden освои златен медал на престижниот Amsterdam International Olive Oil Competition, еден од најзначајните светски натпревари за оценување на квалитетот на маслиновите масла. Станува збор за значајно меѓународно признание за домашното производство, особено ако се има предвид дека на натпреварот учествувале повеќе од 200 маслинови масла од 20 земји од целиот свет. Од Olive ...
Стартен пораз во Европската лига претрпе вечерва македонската машка одбојкарска репрезентација, откако во Струмица загуби од Холандија со 3-0 во сетови. Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога и беа надмоќни во пресметката со избраниците на селекторот Јошко Миленковски во струмичката сала „Парк“. Воведните два сета се одвиваа по идентично сценарио и до средината од периодот беа резултатски израмнети, кога Холандија со серија поени го доби ...
Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 14.05.2026 во Струмица, пријавените со употреба на физичка сила одзеле чанта со пари, лични документи и други предмети од Б.С. (70) од Струмица. СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.С.(19) од Скопје, М.Г.(18), 17-годишник и 15-годишник, ...
Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата. На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување на праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на Коалицијата на волјата. Емануел Макрон, ...
Советот на Општина Тетово на денешната 14-та седница усвои одлука со која треба да се доделат ваучери за децата кои се запишуваат во прво одделение во учебната година 2026/2027 година во износ од 6150 денари. Втората одлука која ја донесе советот предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што, како што беше посочено, овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка во училиштето, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница во Кичево. ОВР Кичево поднесе кривична пријава ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната. – За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски. Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде ...
Српскиот фудбалер Александар Станковиќ е нов играч на Интер Милано, објави денеска италијанскиот клуб. Станковиќ со тоа се врати во Интер, од каде што се пресели во Клуб Бриж во јули минатата година. Италијанскиот првак одлучи да ја активира откупна клаузула во договорот на 20-годишниот српски фудбалер за врска со Клуб Бриж и го донесе Станковиќ од актуелниот шампион на Белгија за сума од 23 милиони евра. Изминатата сезона, Станковиќ одигра ...