Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека реформските ...
Полскиот премиер Доналд Туск, во екот на војната за ордени меѓу полскиот претседател Карол Навроцки и украинскиот Володимир Зеленски, денеска изјави дека можеби е подобро што Зеленски го откажа доаѓањето на големата конференција за обновата на Украина, утре, во Гдањск, бидејќи со тоа ќе се смират вжештените страсти. -Утре ќе биде можност да се кажат неколку остри зборови за политичарите кои реагираат несоодветно на различните толкувања на ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Град Скпје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот ...
Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието најнапред истакна дека во самата интерпелација наместо да бидат изнесени факти и бројки, во истата се содржани лични навреди и претпоставки, како и обид за лична дискредитација на министерот при што се замешани и делови од неговото семејство. Ласовска во продолжение образложи дека интерпелацијата за министерот Тошковски не е основана и истата не треба да ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја мина првата пречка во поединечна конкуренција на ИТФ турнирот во Загреб, откако денеска го совлада Чехот Јан Фачек со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Противник на Ивановски во следното коло ќе биде Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев. Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2. ...
„Нетфликс“ ја претстави и најави видеоиграта „Unhinged“ (во превод – „Забегано“), нова игра од тимот зад „Оксенфри“ (Oxenfree), во којашто се јавуваат познати глумци и одлични нови доживувања, за искуството да биде што е можно поимпресивно. Во видеоиграта, Зои Кравиц ја глуми Ејва, која е заробена во нејзината зграда додека ураган беснее низ областа. Но, таа не е сама… Сејди Синк, позната по ТВ-серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), ја ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека резултатите на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период покажуваат значителен напредок во борбата против криминалот и корупцијата, оценувајќи дека поднесената интерпелација нема основа во реалните показатели. -Кога ќе ги погледнеме резултатите на Министерството за внатрешни работи за 2024, 2025 и 2026 една ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
Израелската армија нема да се повлече од јужен Либан, дури и доколку тоа го побараат Соединетите Американски Држави – изјави денеска израелскиот министер за одбрана Израел Кац. – Нема да се повлечеме – потенцира Кац. Израелската армија минатата недела соопшти дека во блиска иднина не планира повлекување од Либан и објави ажурирана карта на таканаречената „безбедносна зона“ на југот на земјата, каде што се распоредени израелските сили. Зоната ...
Селекторот на машката репрезентација до 18 години Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари за MEN’S 18 EHF EURO 2026 СРБИЈА. Македонија е во група со Словенија, Шведска и Франција на ЕП во Белград, што ќе се одржи од 29 јули до 9 август. Кузманоски ќе смета на 18 ракометари на стартот на подготовките што ќе биде на 6 јули во Скопје. Селекторот на машката репрезентација до 18 години Горан Кузманоски го објави списокот на ракометари ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, рече дека ќе се разгледува можноста паузите за освежување да останат и на идните светски првенства, и покрај критиките поради дополнителните прекини. Инфантино ја бранеше одлуката за воведување паузи за освежување на половина од секое полувреме и истакна дека тие придонесуваат за поголема забава за навивачите. – Можеби тренерот може да преиспита одредени ситуации, да ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Нашиот национален тим полека се комплетира, а вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ се приклучи и Андреј Јакимовски. „Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме ...
ЕХФ го објави идеалниот тим за сезоната 2025/26 во машкиот ракомет, а најмногу претставници во изборот имаат европскиот првак Барселона и финалистот на Лигата на шампионите, Фуксе Берлин. Тоа се следните ракометари: Голман: Емил Нилсен (Барселона) Лево крило: Тим Фрајхофер (Фуксе Берлин) Лев бек: Ласе Андерсон (Фуксе Берлин) Среден бек: Домен Макуц (Барселона) Пикер: Магнус Саугструп (Магдебург) Десен бек: Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) Десно ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава. На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската агенда ...
Портпаролот на агенцијата на Обединетите нации за поморски сообраќај изјави дека бродови веќе поминале низ Ормуската теснина според посебен план за евакуација на Меѓународната поморска организација. -Бродовите веќе почнаа да поминуваат низ теснината како што беше планирано, рече портпаролот на Меѓународната поморска организација, без да даде детали. Податоците од специјализираната веб-страница за следење на поморскиот сообраќај LSEG ...
-Политичарите треба да престанат да се преправаат дека EES функционира сосема добро. Не функционира, изјави Штефан Шулте, претседател на ACI Europe, европската гранка на Меѓународниот совет на аеродроми со седиште во Брисел, пренесе ОФФНЕТ. Кога Европската Унија во април го воведе Системот за влез и излез (EES), објави дека дигиталната проверка на биометриските податоци на луѓето долгорочно ќе го олесни патувањето за граѓаните од земји што не ...
Министерството за правда инфомира дека Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот, како што информираат од МП, содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за ...
Драгана Арсова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница, во реплика на пратеникот Благој Бочварски од СДСМ, возврати дека Министерството за внатрешни работи бележи конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата. Таа посочи дека има намалување на криминалот, зголемени заплени на дрога и подобрување на условите за работа на полицијата. -Свесно ги игнорирате резултатите на МВР и министерот Панче ...
На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен ...
Како дел од проектот за поддршка на родителите, јапонскиот Институт за аудиокомуникација при лабораториите „Чиба“, кој се занимава со анализа на аудиоснимки за потребите на судските постапки, создаде специјална музика што им помага на бебињата полесно да заспијат. „Институтот ја започна оваа иницијатива откако во текот на својата работа со судовите се соочи со случаи на злоупотреба на деца, поврзани со стрес, депресија и нервни сломови кај ...
На лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго, која моментално е погодена од голема епидемија на ебола, му е дијагностицирана болеста во Франција. Франција е првата земја надвор од Африка што потврди случај на инфекција на нејзина територија во епидемијата. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не се потврдени. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“ за кој ...
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.Ш.(19) од Австрија. На 23.06.2026 околу 13:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.Ш.(19) од Австрија. При преглед во патничко возило „тојота” со австриска национална ознака, во кое тој бил сопатник, во негов ранец биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана, течна материја ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот „убијци“. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста. „Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години — рекорден број во толку краток временски период. Уште на самиот почеток, Тошковски нагласи дека демократското право на опозицијата го почитува целосно, дека не е бегал ниту ќе бега од расправа, и дека нема причина да се крие. „Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што ...
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC), Амер Капетановиќ, вчера во Виена се сретна со генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE), Феридун Х. Синирлиоглу, за да разговараат за регионалната безбедност и отпорност, Зелената агенда за Западен Балкан и поблиската соработка меѓу двете организации. На средбата се разговараше за сè покомплексното геополитичко и безбедносно опкружување и за ...
По претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознакi. На 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ...
Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција. Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...
Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на денешната седница во Собранието ги праша пратениците од опозицијата на кого му смета што има ред во државата, што нема проблеми со патните исправи, што се разбиени 30 организирани криминални групи, запленети се 300% повеќе кокаин од она што било претходно во време на СДС. „Денес со поднесената интерпелација од страна на опозицијата или барањето за смена на министерот на МВР се наметнува ...
На прв поглед, да се биде „златно дете“ во семејството може да изгледа како привилегија и голема награда. Тоа е дете кое најчесто добива повеќе пофалби, полесно поминува низ проблеми, добива поголема доверба и често ужива во посебниот однос на родителите кои го гледаат со поинакви очи. Но, семејната психологија одамна укажува дека фаворизирањето, дури и кога е суптилно и несвесно, речиси никогаш не поминува без последици. Браќата и сестрите ...
Ансамблот на НУ Народен театар Битола ги заврши подготовките за премиерна изведба на претставата „Госпоѓа Бовари“ од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски. Според режисерот Пројковски „Госпоѓа Бовари“ со себе носи вечни теми и прашања и е еден вид женски Хамлет. – Во претставата, женската индивидуа се спротивставува на системот, односно на општествените и моралните вредности, на рамките кои ги созадаваме и кои се дел од сите нејзини ...