Методија Андонов- Ченто (17 август 1902 — 24 јули 1957)- македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто е именуван и како прв претседател на Македонија. Претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ На должноста 1943–1944 Претседател на Президиумот на АСНОМ На должноста 2 август 1944 – 15 април 1945 ...

23 јули 2024 година Програмата на 64. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијано-дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска- Смилевска што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе ...

21 јули 2024 година Скопје, Македонија Во организација на Светскиот Македонски Конгрес во Скопје се одржа академија по повод 2380 години од раѓањето на големиот македонски цар Александар III Македонски. Поздравно обраќање пред присутните имаше претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, а за животот и делото на Александар III Македонски беседеа претседателката на Здружението “Феникс” од Скопје, Билјана Челик и потпретседателот ...

22 јули 2024 година Диригент: Скот Флавин (САД) Солист: Ирина Мурешану – виолина (Романија/САД) Почеток 20:30 часот, Сули ан Билетите се во продажба на https://www.karti.com.mk/skopsko-leto-2024.nspx Fames – European Orchestral Performing Institute Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори, меѓу делата кои ќе бидат изведени на концертот се и „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и ...

22 јули 2024 година Народниот театар од Битола вечерва во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ ќе се претстави со премиерната изведба на претставата „Галеб“ на Антон Павлович Чехов, во режисерска поставка на Багријана Попов. Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата, драмата што Чехов самиот ја нарекува комедија, носи и порака за кршливоста на човештвото, гледано низ призмата на односот на луѓето кон ...

Скопје, 19 јули 2024 година Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts. На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број ...

22 јули 2024 година Три вечери фестивалска програма содржи овогодинешното издание на Мултимедијалниот алтернативен фестивал „ГИГА Фест“ , посветен на прерано починатиот режисер Глигор Цветковски, основач и раководител на Драмското студио и драмската дејност при НУ Центар за култура Крива Паланка. Првата фестивалска вечер е на 24 јули, а на програмата е дуодрамата „Кенди“ од Лук Дејвис, во продукција на „Златен елец“ , а во адаптација режија на ...

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ . Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој синоќа во катедралната црква „Света Софија“ потенцира дека ваквото високо признание е за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура на сцената на фестивалот „Охридско лето“. -Од ...

17.07.2024 Над 150 цртежи и слики од младите уметници од Ликовното студио при НУ Центар за култура Крива Паланка седел од најновата збирка што можеше да се види на синоќешната изложба, која е резултат на нивната целогодишна посветеност на креативноста и имагинацијата. Младите ликовни таленти веќе 13 години работат во ликовното студио под менторство на академскиот сликар Роберт Цветковски и досега оттука произлегле многу личности кои изградиле ...

Охрид, 21 јули 2024 Музичкиот барок како најзначајна епоха во развојот на музичката уметност вчеравечер на „Охридско лето“ го донесоа членовите на ансамблот „Маре Нострум“ кои настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на фестивалот. Под диригентската палка на маестро Андреа Де Карло, настапија сопранот Џулија Болкато, контратенорот Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги и тенорот Анџело Тестори. Публиката уживаше и во ...

20 јули 2024 година Исполнет простор со публика, и влегување и задржување на бројни туристи и добронамерници вечерва во Сули ан беше првата слика од концертот кој го одржа најстариот скопски хор, реномираниот хор “Кочо Рацин”. Кратки- но слатки македонски песни, аранжирани во најдобри аранжмански хорски обликувања, хармонична и синхронизирана хорска изведба и нежно пеење, сето тоа го задржуваше вниманието на публиката, а ништо не е случајно, ...

Охрид, 20.07.2024 „Охридско лето“ со поддршка од Амбасадата на Италија во земјава вечерва ќе организира Италијанска вечер на фестивалот. Концертот ќе го одржи барокниот ансамбл „Маре Нострум“ во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На фестивалскиот подиум ќе настапат еден од најценетите млади италијански контратенори Данило Пасторе, баритонот Масаши Томосуги, тенорот Анџело Тестори, сопранот Џулиа Болкато, како и Андреа де Карло, ...

Од вечерва 20 јули до 28 јули ( недела) 2024 година во Трпејца по 13 пат ќе се одржува културно- забавното лето „На зајдисонце“. Организаторот на летото Здружението „За Трпејца со љубов“ ветува интересна програма во која до израз ќе дојде креативноста на младите но и промоција на Трпејца од историски, културен и спортски аспект. Публиката на отворената сцена под ведро небо „Кај бунарот“ во наредниве девет дена ќе може да ја проследи проекцијата ...

На 20 јули 2024 година, утревечер, програмата на реномираниот Скопско лето е резервирана за концерт на најстариот скопски хор, познатиот хор “Кочо Рацин”. Со него ќе диригира маестра Ангелина Спасовска, со подготвен одбран репертоар. Концертот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на Сули ан од 20.30 часот. Хорот „Кочо Рацин“ е формиран во 1946 во селото Горно Врановци, а изминативе 78 години диригенти се највидни имиња од македонската хорска ...

На 19.07.2024 година во Конгресната сала на Хотел Дрим во Струга, се одржа прес конференција на која директорот на СВП, Тодорче Тасевски, ги соопшти деталите за Програмата на годинешното издание на Фестивалот. „Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август, од 22 до 26 август во своето автентично издание на препознатливите ...

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри На 20 јули, во 17 часот, на бродот Армада во рамки на „Beach Film Festival“ во Охрид ќе се одржи панел дискусијата на тема „ Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ која е ...

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри На 20 јули, во 17 часот, на бродот Армада во рамки на „Beach Film Festival“ во Охрид ќе се одржи панел дискусијата на тема „ Неопходноста од филмска едукација во училишните програми, но и во рамките на неформалното образование во културните институции, организации и центри“ која е ...

Скопје, 19.07.2024 Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави тримесечниот извештај од истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), којшто претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во медиумите во периодот март ‒ мај 2024 година. Во тримесечниот извештај се утврдува токсичната реторика пред ...

Јули, 2024 година Петте основни училишта и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ги прогласија првенците на генерација во учебната 2023/2024 година. Согласно критериумите за постигањата во текот на основното образование и донесените Одлуки на Наставничките совети при училиштата, за првенци на генерација се избрани учениците: Теодора Сеизова од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Елена Анчева од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ангелче Пешов од ООУ ...

Проектот „Викиексперименти“ веќе деветта година успешно се реализира во соработка со научните институции во Македонија. Уште од почетокот на овој проект, односно од 2015 година, Викиескперименти создава видеозаписи од научни екперименти од различна област во тесна соработка со професори од научни институти и факултети од земјава. Како и секогаш, Викимедија МКД се стреми да ја информира целата нејзина заедница за активностите и проектите кои се ...

Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата“ продолжуваат утревечер, 19 јули 2024 година, со музичка вечер на која ќе настапи групата The Fender‘s. Концертот ќе се одржи на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, со почеток во 20 часот. Настапот на The Fender‘s е музичко поп- рок освежување за младите од Крива Паланка, кои ќе можат да се дружат со Дејан Здравковски, вокал и гитара, Дејан ...

Фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Австриската амбасада во земјава вечерва, 18.07.2024 година, ја организира традиционалната Австриска вечер на која ќе настапи музичкиот состав „Арпеџо“ од Виена. Концертот на класична музика ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот ќе бидат дела за виолина, виола, виолончело и харфа. Ќе настапат Леонард Фурда, прва виолина, докажан виолинист и член на Виенскиот ...

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез- фјужн и светската музика- Васил Хаџиманов. Роден на 1 ноември 1971 година во Белград, Србија (тогаш Југославија), Хаџиманов ...

Изложбата Алегории, која е во програмата на Скопско лето 2024, ќе биде отворена на 18 јули во 20.30 часот во Галеријата Ко- Ра, при ЈУ Дом на култура Кочо Рацин, Скопје. Ќе биде достапна за јавноста во периодот 18- 28 јули 2024 година. Во оваа изложба авторот Игор Поп Трајков повторно ни претставува палета од новите дигитални изразни средства, во комбинација во вештачката интелигенција и класичните сликарски техники. Оваа група на остварувања се ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска (12.7.2024 г.) престојува во Охрид каде што ќе се обрати на отворањето на 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“. Во рамките на престојот во Охрид, министерот Љутков денеска во 14:00 часот ќе го посети Плаошник, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков и в. д. директорите на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, и на Заводот за заштита на спомениците на културата и ...

18.07.2024 Вчеравечер, за време на преполната проекција на филмот “Неочекувана среќа” во режија на Вуди Ален со која свечено се затвори фестивалот, беа доделени и наградите за најдобрите остварувања на 23-то успешно издание на СИНЕДЕЈС. Под слоганот “Викај ура” и годинава фестивалот обезбеди врвни остварувања и македонски премиери, но со драстично намален буџет кој во текот на последните три години е намален за повеќе од 60%. И покрај големите ...

18.07.2024 Најновата претстава за деца „Волшебникот од Оз“ на Театарот од Куманово, која се одигра синоќа на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, предизвика силни впечатоци и овации кај најмладата публика која активно учествуваше во театарската игра. Младата актерска екипа ги освои најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – ...

Скопје, 17.07.2024 Еден од водечките германски класични гитаристи, Герхард Рајхенбах настапувајќи на програмата на 64. „Охридско лето“ уште еднаш ги потврди високите стандарди на неговото елитно музицирање. Љубителите на музиката од класичниот жанр во црквата вчеравечер во „Света Софија“ не останаа рамнодушни слушајќи одбрани дела од композиторите Јохан Каспар Мерц, Маури Џулијани, Јохан Себастијан Бах, Исак Албениц, Федерико Морено-Тороба и ...

17.07.2024 Најновата песна на македонската музичка сцена е со наслов “Ветив” и веќе деновиве одекнува од Јутјуб каналот и некои радио станици низ земјава. Неа ја изведува Вито Славевски, кој е композитор на мелодијата, снимена на текст на Огнен Неделковски и аранжман на Марко Дениќ. Тематиката е љубовна, а музички спаѓа во жанрот поп- рок. -Песната ја посветувам на својата сопруга Силвана, ќе рече Вито, долгогодишен член на бендот “Еуфорија” од ...

Од вкупно 46 пријавени проекти, „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN). Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа е од суштинско значење музејот да започне со трансформација ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
30%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
43%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.11
26%
1025
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
58%
1026
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.71
35%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
4.12
44%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
40%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976