13.08.2024 Уште едно издание на Баскер фест со атрактивни и бравурозни точки се организира вечерва, 13 август, со почеток во 20,00 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал “Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите. “Баскер фест” нуди улична уметност за сите ...

Од 13 август 2024 година, продолжуваат програмските активности од „Гевгелиско културно лето“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Августовската програма започнува на тринаесетти, со промоција на книгата „Трибун, хронистерик, номад“ од Александар Прокопиев. Промоцијата ќе биде во хотел „Аполонија“, со почеток во 19:30 часот. ...

29.07.2024 Mултимедијалниот настан „Уметност и музика“ во Крива Паланка ги обедини различните уметнички изрази Мултимедијлниот настан „Уметност и музика 2024“ во организација на Градскиот музеј Крива Паланка ги обедини различните уметнички изрази и понуди разновидна креативна содржина на посетителите. Преку слики, графики, скулптури и инсталации во просторот, сето тоа придружено со музички перформанс на џез составот „Гордан Спасовски трио“, беше ...

Специјално од Нишвил- Валентина Ѓоргиевска Парго, уредничка во КулАрт Ниш, 12.08.2024 Ако светот останува на младите, тогаш по автоматизам и по сила на сите закони на природата и општеството и меѓународниот Нишвил џез фестивал останува на нив. За среќа, од она што го видовме и слушнавме првите вечери од младите бендови, навистина во вистински раце е музичката иднина на Нишвил, од аспект на сите музички жанрови. Овој фестивал, кој постои 30 ...

Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ вчеравечер одржаа концерт во рамките на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ одекна прекрасниот глас на Жанг во пијано придружба на нејзиниот колега Синадиновиќ кој остварува настапи во престижни концертни сали. -Навистина поминавме прекрасна вечер. Јас ги сакам Македонците и Македонија затоа што целото детство го поминав во Скопје. Тоа ...

Скопје,11.08.2024 Уште еден потпис е ставен на “Декларацијата за мир против сите војни и против употреба на нуклеарно оружје” која беше покрената деновиве во Скопје, од страна на уметникот Живко Поповски Цветин и Цветиновиот комитет за мир, а во знак на горчливо сеќавање на бомбардирањето на Хирошима (6.08.1945) и Нагасаки( 9.08.1945) со атомски бомби. Станува збор за познатата македонска писателка, поетеса и аматер уметница, младата скопјанка ...

Скопје, 11.08.2024 Академската сликарка Марија Чепишева е креативка чиј креативна авторски особеност пленува, и е препознатлива во буквално секоја нејзина изработка. Посветена на графиката, преточена во уметнички форми на кои никој не останува рамнодушен. Последниве години со неколку изложби покажа што сѐ успеа да изработи во изминативе години. Марија Чепишева: Најнапред, благодарам за интересот за она што јас го правам и секако огромна ...

Скопје, 11.08.2024 Академската сликарка Марија Чепишева е креативка чиј креативна авторски особеност пленува, и е препознатлива во буквално секоја нејзина изработка. Посветена на графиката, преточена во уметнички форми на кои никој не останува рамнодушен. Последниве години со неколку изложби покажа што сѐ успеа да изработи во изминативе години. Марија Чепишева: Најнапред, благодарам за интересот за она што јас го правам и секако огромна ...

Ексклузивно од Ниш Валентина Ѓоргиевска Парго Силно смеење и громогласни аплаузи следуваа на секоја музичка точка и речиси секоја реплика на изведбата на претставата “Нешто големо”, од италијанските милениумски деца од Театро маестрале од Пуља. Реториката и наративот „порано беше подобро“ е силно вкоренет во секоја генерација. Анксиозноста од иднината и фрустрацијата од сегашноста се развиваат во ликови кои се борат со носталгијата за минатото и ...

На 9 август 2024 на улица Македонија пред Споменикот на Мајка Тереза се заокружи одбележувањето на 79 годишнината од бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со употреба на нуклеарно оружје. Целиот настан започна на 6 август 2024 со објавување и отпочнување на потпишување на Декларацијата за мир во светот против сите војни и употреба на нуклеарно оружје и доделување на Цветинова награда за мир на поетесата Лидија Лучко Јеремиќ. На седми август ...

Август 2024, Скопје (Промоцијата на “Процвет” од Цветанка Невчева, ја водеше поетот Горан Анчевски нашиот голем хуманист и уметник Живко Поповски- Цветин ѝ додели Цветинова награда за мир, за неа и за нејзиниот син Јордан Невчев, како најмал добитник на наградата) Промоција на “Процвет” од Цветанка Невчева, книга добитничка на наградата – “Душата на чаршијата”, за најдобра поетска книга од издавачката куќа – Дата песнопој од Битола, се одржа во ...

10.07 2024 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите ...

10.08.2024 Познатата поетеса Силвана Димитриевска е родена 1981 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје на Катедрата за Општа и компаративна книжевност со македонски јазик, а подоцна ја завршила и Едногодишната школа за новинари при МИМ (Македонски Институт за Медиуми). Нејзин најсвеж успех е освоената награда на конкурсот “Антево слово” за песната со наслов „Оревот“, што ја прими на свеченото доделување ...

Специјално од Ниш: Валентина Ѓоргиевска Парго, уредник во КулАрт Со филмови и претстави вечерва, 9. Август 2024 година, свечено ќе биде отворен „Нишвил“, надалеку познатиот музички џез фестивал кој годинава прославува јубилеј 30 години постоење. Со филмска и театарска програма на Плоштадот Крал Милан и во амфитеатарот на кејот вечерва ќе започне 30. издание на џез фестивалот во Нишвил. Филмскиот самит, како и програмата на џез и театарот Нишвил ...

Рокот за достава на дела на конкурсот за наградата „Мост“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2023 година, за дела објавени на некој од јазиците на националностите, се продолжува до 1 септември (недела). -Потсетуваме дека согласно Правилникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за секоја од наградите потребно е да се достават најмалку 3 дела за да биде конституирана жири-комисија и наградата да се додели. За наградата „Мост“ можат ...

Македонската претстава, дуодрамата „Кенди“, во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, утревечер (10 август 2024 година) ќе учествува во официјалната конкуренција на Меѓународниот џез- театарски фестивал „Нишвил“ (Nishville Jazz Theatre Festival), во Ниш. Во претставата „Кенди“ играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, музиката е на Лука Тошев, а адаптацијата и режијата се на Тамара ...

9.08.2024 Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски. Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а го продолжува во класата на проф. Славица Мицовска. Средно ...

9.08.2024 Прекрасна вечер ѝ приредија на публиката на „Охридско лето“, извонредните македонски уметници, пијанистката Марија Вршкова и виолинистот Климент Тодороски. Под сводовите на акустичната црква „Света Софија“, тие ја изведоа „Сонатата оп. 45 c-moll“ од Едвард Григ, а потоа продолжија со преработка на делото „Шехерезада“ за виолина и пијано од рускиот композитор Николај Римски Корсаков и „Концертна фантазија на теми од Гершвиновата „Порги ...

Вечерва, 9 август (2024) со почеток во 20 часот, на летнтаа сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи концерт на поп пејачката Александра Јанева. Концертот се организира во чест на Меѓународниот ден на младите, 12 август, а е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“. Младата и талентирана пејачка Александра Јанева е победник на музичкото шоу “Сите наши песни” и на МАКФЕСТ 2013 и ...

(Филмски ентузијасти на возраст од 15 до 25 години од земјите од Западен Балкан може да се пријават најдоцна до 25 август за учество на работилница Prishtina Kino Kabaret) Скопје, 9 август 2024: Младите од Северна Македонија и од останатите пет земји од Западен Балкан имаат нова можност за бесплатна едукација од областа на филмот. Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“, поддржан од British ...

08.08.2024 Излезе од печат поетската книга насловена како “Процвет” на поетесата Цветанка Невчева во издание на Дата песнопој од Битола, која денес јавно ќе биде промовирана. Делото е дел од Современата македонска книжевност- едиција “Книжевни меридијани” и е носител на наградата “Душата на чаршијата” на конкурсот распишан од издавачката куќа Дата песнопој од Битола. Песните во стихозбирката “Процвет” поетесата ги врамила во четири циклуси ...

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Фестивалот ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Главната прес- конференција за фестивалот се одржа на 8 август 2024 година, во МКЦ, а фестивалската програма ја претставија Дарко Набаков, извршен директор ...

На денешен ден, 8 август, во 2019 година, во вечен живот замина познатиот актер- натуршчик Рифат Сулејман, кој остави длабока трага во скопскиот живот. Во негова чест повторно објавуваме едно интервју, направено пред повеќе години. Моника Белучи ми е предизвик! Вие сте познат на филмската јавност по улогите во „Црна мачка, бел мачор“, „Шампионите од Шутка“ и неколку видео спотови. Како станавте актер? -Актерството само ме повика, ако може така ...

8.09.2024 Во Скопје неколку дена се одвива потпишувањето на “Декларацијата за мир, против на сите војни во светот и против употребата на нуклеарното оружје”, покрената од уметникот и миро-мисионерот Живко Поповски Цветин и Цветиновиот комитет за мир, со која во знак на сеќавање на жртвите од нуклеарното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки, на 6 и 9 Август 1945 година, се апелира веднаш да се прекине со сите војни и конфликти, на сите точки на ...

8.08. 2024 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во ...

Општината Македонски Брод и Сојузот за младинска работа, во среда напладне, на 14 август 2024 година, свечено ќе го отворат Младинскиот Центар во Македонски Брод, кое ќе биде културно собиралиште на младите од овој крај. -Со ова заедно со младите да го одбележиме Светскиот ден на младите, кој се слави на 12-ти август, се вели во поканата која ја упатуваат за свеченото отворање. Во рамките на свеченото отворање ќе се одржи и работилница со млади. ...

На 10 август 2024 година (сабота), во градината на кафулето „P_inn“ во Старата скопска чаршија, со почеток во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан по повод пет години активно делување на лејблот за електронска музика ПМГ Танц Дигитал (PMG Tanz Digital). „PMG Tanz Digital“ се јавува како одговор на потребите за регистрирање, издавање и промоција на новиот автентичен и квалитетен израз на македонските електронски музички автори. ...

8.08. 2024 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во ...

Повик за мир во Светот на 6 август 2024 година упати Цветиновиот комитет за мир, во Скопје, каде беше промовирана Декларацијата за мир и против сите војни и употреба на нуклеарно оружје. На самиот настан, одржан пред спомен куќата на Мајка Тереза, со Цветинова награда за мир беше наградена големата поетска дива од Скопје, која твори и интерпретира на повеќе јазици, Лидија Лучко Јеремиќ. Наградата е едногласно предложена и усвоена од страна на ...

Следниот значаен музички проект кој оваа лето во рамките на БИТ ФЕСТ 2024 со поддршка на Општина Битола, ќе се случува на платото пред Офицерскиот дом, а во организација на КИЦ Битола. „BALKAN NUEVO“со Горан Бојчевски и Матија Дедич. во придружба со Јака Крушич на контрабас и Грегор Хроват на тапани. Петок на 09.08.2024, со почеток во 21 часот Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1024
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
42%
1026
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
39%
1026
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1026
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.11
25%
1025
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
58%
1026
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
6.26
35%
1022
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
7.2
37%
1022
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
40%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976