
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Компанијата Nothing официјално ќе го претстави смартфонот Phone (2a) Plus на 31 јули, но пред тоа во јавноста протекоа спецификациите на овој уред. Познато е дека Phone (2a) Plus ќе го покренува MediaTek Dimensity 7350 процерсорот поврзан со до 12 GB RAM, што го потврди и самата компанија Nothing, но сега е откриено дека, за жал на фановите, ќе го користи истиот екран како и Phone (2а). Ќе се продава во сива и црна боја, но финишот ќе биде малку ...
Резистентноста на бактериите на сите познати антибиотици, вклучувајќи ги и т.н карбапенеми, кои се сметаат за последна линија на одбрана против овие патогени, стануваат сè поголем проблем за јавното здравје. Според студија објавена оваа година во престижното списание Lancet, бактериските инфекции станаа втора водечка причина за смрт во светот, а резистентните бактерии веќе одземаат околу 3.500 животи секој ден. Експертите предвидуваат дека до ...
ProtonMail е многу популарна, шифрирана мејл услуга, која се позиционираше како една од најдобрите опции за испраќање безбедни пораки преку интернет. Иако речиси сите услуги за е-пошта денес тврдат дека нивните производи ја почитуваат приватноста на корисниците, ProtonMail го прави тоа значително подобро од конкурентите како што се Gmail или Outlook. Сега ProtonMail додава нова алатка за пишување Proton Scribe на својата услуга за е-пошта, која ...
Клиничкото тестирање на вештачките црвени крвни зрнца, кои можат да се складираат за итна трансфузија, ќе започне во Јапонија до март следната година, соопшти Медицинскиот универзитет Нара. Универзитетот планира овие вештачки крвни зрнца да ги стави во практична употреба до 2030 година, што веројатно ќе биде прв таков случај во светот, објави агенцијата Kyodo. Развојот на вештачките крвни зрнца, кои можат да се користат во оддалечените области и ...
Траектот може да развие брзина до 55 км/ч и ќе троши до 80 отсто помалку енергија Во главниот град на Шведска, Стокхолм, се тестира првиот „летечки“ електричен траект кој ќе плови еден метар над површината на водата. Пловејќи над водата, траектот „Кандела П-12“ користи до 80 отсто помалку енергија од обичен брод. Бродот, кој треба да биде побрз и поудобен за патниците, инаку ја одржува стабилноста на површината на водата благодарение на ...
Очите ни помагаат да го впиваме светот околу нас и може да откријат многу за нашите внатрешни светови. Мистериозно, нашите очи исто така може да се менуваат со дишењето. Во нова студија, истражувачи од Шведска и Холандија откриле дека зеницата на окото се менува со секое вдишување и издишување. Повеќе од сто години знаеме дека зениците одговараат на светлината, но студиите за тоа дали се прошируваат и собираат со дишењето досега беа ...
Човечките емисии на CO2 ја загреваат планетата и предизвикуваат климатски промени. Светот на 21 јули ја достигна највисоката температура досега забележана, според прелиминарните податоци од Copernicus, програма на Европската Унија за набљудување на Земјата. Просечната температура на површината тој ден изнесуваше 17,09 степени, што е нешто повисоко од претходниот рекорд, забележан во јули минатата година – 17,08 степени. NASA ги мапира ...
SpaceX сега го продава својот Starlink Mini систем во Европа, кој чини помалку од американската верзија. Исто така, месечната претплата за интернет е значително поевтина отколку во САД Како и во САД, помалата чинија е достапна преку пакетот Starlink Roam, овозможувајќи им на корисниците да го користат уредот во движење и каде било. Starlink Mini е од посебна корист во оддалечените области каде што нема кабелска инфраструктура, нема сигнал од ...
Амбасадори на културата од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, заедно со началникот на општината, претставници од Европската комисија и младите европски амбасадорите се собраа во Маглај за да го отворат филмскиот фестивал Духовен Викенд Маглај (Maglaj Spirit Weekend), демонстрирајќи како културата ги поврзува луѓето и уметниците во Западен Балкан. Во оваа прилика се заврши кампањата ‘Културата Поврзува’, која ја истакна ...
По неколку недели решавање на проблемите и тестирање, NASA и Boeing сè уште не може да одредат датум за враќање на двајцата астронаути од првиот пробен лет на вселенското летало Starliner на Boeing. Инженерите ги идентификуваа можните причини за проблемите на вселенското летало, вклучително и истекување хелиум и погоните што престанаа да работат на пат кон Меѓународната вселенска станица. „Боинг“ и НАСА со недели го анализираа проблемот ...
Компанијата Embraer е првата во воздухопловната индустрија која произведува систем за автоматско полетување за комерцијални авиони. Тоа е Embraer Enhanced Takeoff System (E2TS), кој е дизајниран да му обезбеди на патничкиот авион Е2 оптимален профил и автоматско полетување. Исто така, ова го зголемува капацитетот на горивото, како и досегот на авионот и носивоста. Дизајнот на бразилскиот производител ја подобрува ротацијата и траекторијата, ја ...
Компанијата Poco официјално го претстави смартфонот F6 Deadpool Limited Edition, кој пристигна во моментот на пристигнувањето на филмот „Deadpool & Wolverine“ во кината. Смартфонот е украсен во црвена боја, како и суперхероите Дедпул и Вулверин на задната страна. Исто така, логото на Дедпул е присутно на делот каде што се наоѓа блицот. Клиентите ќе го добијат во уникатен пакет, кој ќе обезбеди премиум чувство. Полначот е украсен со Дедпул ...
Долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо вели дека Samsung ќе обезбеди сензор од 48 мегапиксели за ултрашироката камера на iPhone 18 моделите Apple наводно планира да го промени снабдувачот на камера сензорите за идните модели на iPhone. Според информациите кои неодамна ги објави долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, американскиот технолошки гигант се подготвува да ја прекине соработката со Sony и да го претстави Samsung како ...
Samsung со особено задоволство го најавува настанот Galaxy AI Café, уникатно искуство кое пристига на атрактивната плажа Куба Либре во Охрид. Овој пионерски настан, кој ќе се одржува од 27 јули до 25 август, е воедно првиот од ваков вид на настани во Македонија, и ги поканува сите тек-ентузијасти и љубопитни умови да ги истражат најмодерните можности на најновите иновации на Samsung, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. На Galaxy AI Café, ...
И оваа година, македонските ученички – информатичарки се повторно тие коишто најавуваат успешно учество на меѓународните олимпијади по информатика за Македонија. На четвртата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21-ви до 27-ми јули се одржува во Велдховен, Холандија, нашите ученички постигнаа нов голем успех, освојувајќи два бронзени медали. Бронзените медали за Македонија на ова престижно интернационално ...
Nubia Z60 Ultra „Leading Version“ и Z60S Pro се телефони кои со своите спецификации сериозно му конкурираат Galaxy S24 Ultra во светот на телефоните со Android Galaxy S24 Ultra е годинашниот флегшип смартфон на Samsung, кој доби високи оценки на тестовите и кој дефинитивно претставува референца за врвен уред во светот на мобилните телефони со Android. Сепак, брендот Nubia на ZTE сега го има Samsung на нишан со својот модел Nubia Z60 Ultra ...
Од персонализирана опрема и исхрана до контрола на профилот на социјалните мрежи, контрола на толпата, летните олимписки игри во Париз ќе бидат технолошки најнапредниот спортски настан во историјата. Олимписките игри се многу повеќе од спортски спектакл. Тие се и глобална платформа за најновите технологии. Во април, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја претстави својата олимписка агенда за вештачка интелигенција, која има за цел да ги ...
Истражувачите на ESET открија нулта дневна експлоатација за Telegram за Android, што им овозможува на напаѓачите да испраќаат малициозен софтвер маскиран како видеа. Истражувачите на ESET забележаа нулта дневна експлоатација за Telegram за Android на рускиот хакерски форум XSS.IS, наречен EvilVideo, кој им овозможува на хакерите да шират малициозен софтвер маскиран како видеа преку канали, групи и разговори на Telegram. ESET ја тестираше ...
Open AI го опиша SearchGPT како „привремен прототип на нови функции за пребарување на вештачка интелигенција, нудејќи му на корисникот брзи и навремени одговори со јасни и релевантни извори“ Компанијата Open AI го претстави прототипот на својот пребарувач со вештачка интелигенција, наречен SearchGPT, којшто има за цел да им даде „брзи и точни одговори со јасни и сигурни извори“ на корисниците. Овој потег го означува влезот на OpenAI на ...
Отприлика секој четврти Швеѓанец користи никотински производи, што е приближно на исто ниво со остатокот од Европа. Но, според неодамнешниот извештај, Шведска бележи 44 отсто помалку смртни случаи поврзани со тутунот по глава на жителво споредба со останатите европски земји. Според авторите на извештајот наречен „Без чад помалку штети“, разликата е во тоа што Шведска ги прифати како алтернативи снусот и никотинските кесички, производи без чад ...
Меркур, најмалата планета во Сончевиот систем, можеби крие голема тајна. Користејќи ги податоците од вселенското летало Messenger на американската вселенска агенција NASA, научниците утврдиле дека под кората на оваа планета можеби има дебел слој од дијаманти од 16 километри. Меркур долго време ги збунува научниците бидејќи има многу карактеристики кои не ги споделуваат другите планети. Меѓу другото, тие се со многу темна површина, исклучително ...
Некогаш замислениот концепт сега станува реалност, а ќе го реализира компанијата Boeing. Станува збор за беспилотно летачко такси кое треба да превезува патници до 2030 година. Всушност, авионот бил развиен од подружницата на Boeing, „Виск Аеро“, и треба да помогне во решавањето на сообраќајниот метеж во САД до 2030 година. Брајан Јутко, директор на компанијата „Виск Аеро“, истакнал дека компанијата очекува нејзиното беспилотно летачко такси да ...
Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски студии по физика во САД, ја истражува примената на квантна физика во финансиски сектор. За овој 28-годишен докторант денеска е објавена статија на универзитетската веб страница. „Како дел од докторските студии по физика на Браун универзитетот, летово стажирам во голема инвестициона фирма во Бостон, Масачусетс. Со своите знаења од квантната физика вршам физибилити студија за примената на квантните ...
НЛБ Банка бележи успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2024 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка обезбеди кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, како и поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и одржливо работење. Во периодот од ...
Huawei официјално ја претстави својата претстојна верзија на оперативниот систем, HarmonyOS NEXT на конференција во Кина и започна со тестирање во реално опкружување Huawei официјално откри нови детали за претстојниот HarmonyOS NEXT! Иако е значително погоден од американските санкции, Huawei најде начини да се прилагоди и да остане релевантен на пазарот. Сè уште произведува паметни телефони со најдобрата технологија што може да ја понуди без да ...
Motorola објави паметен телефон за кој вели дека ќе биде најтенкиот уред од воена класа во светот. Телефонот ќе поседува сертификат MIL-STD-810 и ќе биде заштитен од екстремна топлина, студ, влага и удари. Засега не е јасно за кој телефон се работи, но како што пренесува GSM Arena, тоа би можело да биде претстојниот Edge 50 Neo. Уредот наводно ќе го покренува Dimensity 7300 чипот на MediaTek, поврзан со 8 или 12 GB RAM и 256 или 512 GB простор ...
Со над 1500 коњски сили и неверојатна аеродинамика, автомобилот на Xiaomi се стреми кон нов рекорд во Нирбургринг. Само неколку дена откако Porsche објави дека ја вратил титулата најбрз надвор од патеката на Нирбургринг, одговор доаѓа од Xiaomi. Но, не од Panamera, туку од уште побрзиот Taycan. Името на автомобилот е Xiaomi SU7 Ultra, а моментно станува збор за прототип. Прелиминарните податоци се навистина импресивни. Опремен со три мотори, ...
Пристигна летото, а со тоа и топлите денови кои нѐ тераат да бараме начин да избегаме од градската гужва и да уживаме во сенка покрај вода или во природа со семејството и пријателите. По цел ден на плажа или во градина, потребно е освежување. Сите знаеме колку е важно да имате соодветни апарати кои ќе ги олеснат тие моменти на релаксација – од скара за совршено подготвени оброци до блендер за брзи и здрави пијалаци. Затоа, без разлика дали ...
Водечкиот светски производител на паметни прстени Oura Ring моментно работи на нов прстен наречен Oura Ring 4 Се очекува уредот да донесе подобрувања како бесконтактни плаќања, предвидување здравствени ризици и подобрени сензори. Засега не е познато кога ќе пристигне, иако многумина очекуваат да дебитира оваа година. Oura досега објавуваше нови верзии на својот прстен на секои три години. Првиот беше објавен во 2015 година, вториот во 2018 ...
Со новите летни промоции на МТЕЛ секој момент од возбудливите патувања може безгрижно да го споделиш. За сите оние кои летово патуваат низ Европа МТЕЛ подготви два роаминг пакети. Овие пакети се дизајнирани да понудат беспрекорно поврзување и извонредна вредност, осигурувајќи дека ќе останате поврзани со своите најблиски додека патуваате низ европските држави. Првиот пакет Europe NetUP S е во траење од 30 дена и вклучува 1GB интернет во роаминг ...