
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



По повод стотиот роденден, Скопско го претстави новиот дизајн на амбалажата на лименките и стаклените шишиња на која сега се појавуваат имињата на секој од градовите во државата. И така, омиленото пиво на овие простори сега ќе има етикета на која пишува не само Скопско, туку и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско… На овој начин, Скопско сака да им се заблагодари на луѓето кои се дел од заедничката приказна, со кои заедно помина 100 ...
Откако ќе биде објавен, One UI 7 најпрвин ќе биде достапен во седум земји, а ажурирањето ќе се воведува постепено на мобилните телефони, при што први ќе го добијат корисниците во Јужна Кореја, Германија и САД. Бета верзијата на најновото издание на корисничкиот интерфејс на Samsung базирана на Android 15 требаше да биде објавена овој месец, но сепак е одложена. Според порталот Sammobile, One UI 7 бета ќе биде објавена во текот на септември, но ...
Овој потег означува значителен напредок во производствената стратегија на Apple, со оглед на зголеменото значење на Индија како клучна земја за производство на iPhone Apple за првпат планира да произведува модели од својата најмоќна Pro линија мобилни телефони во Индија. Според најновиот извештај на Bloomberg, Foxconn, долгогодишен партнер на Apple, ќе започне со производство на претстојните iPhone 16 Pro и Pro Max во своите капацитети во Индија ...
Документарниот филм кој ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, доаѓа во Скопје По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денес, 22.08.2024, ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада ...
Тројца аматерски астрономи со помош на телескоп на NASA открија необично небесно тело кое брзо се движи низ вселената со таква брзина што наскоро ќе го напушти Млечниот Пат. Ова космичко чудо се движи со брзина од 1,6 милиони километри на час, што го прави единствено во нашата галаксија. „Не можам да го опишам нивото на возбуда. Кога првпат видов колку брзо се движи, бев сигурен дека веќе имаше извештаи за тоа“, рече Мартин Кабатник, кој прв го ...
Според долгогодишниот аналитичар на Apple, Марк Гурман, технолошкиот гигант од Купертино ќе претстави два модели на AirPods 4 слушалките во септември, едниот модел ќе биде подостапен, а другиот ќе има понапредни функции. Следниот месец, Apple ќе претстави дури два модели на AirPods 4 безжичните слушалки. Според информациите објавени од аналитичарот на Apple, Марк Гурман во неговиот нов билтен Power On, двата модели ќе го задржат обликот на ...
За пристап до подкасти од платформата на Apple, повеќе не е неопходно да имате ниту еден уред од нивниот екосистем, туку до сè може да се пристапи преку интернет прелистувач, дури и без да се најавите. Ретко е Apple да го отвори својот екосистем за други платформи без да биде принуден да го стори тоа со регулаторна одлука. Но, еден таков потег се случи, тивко и без големи најави. Платформата Apple Podcasts стана достапна на веб, така што може до ...
Иако има уште време до лансирањето на следната Redmi Note 14 серија на Xiaomi, која се очекува во септември или октомври во Кина, не недостигаат гласини поврзани со претстојните уреди. На пример, Pro моделот неодамна се појави во базата на податоци на BIS агенцијата за сертификација. Во меѓувреме, XiaomiTime пронајде индикации за чипсетот и камерата на уредот во кодот на HyperOS. Оттука, станува јасно дека моделот може да го користи новиот ...
Како што границите на домашната забава постојано се прошируваат, Samsung останува на врвот на иновациите со своите телевизори за 2024 год., кои се олицетворение на следната еволуција на смарт телевизорите, интегрирајќи најсовремена AI технологија, напредни процесори и врвни визуелни подобрувања. Овие револуционерни иновации кои Самсунг ги претстави со најновата линија на телевизори со вештачка интелигенција (Samsung AI TV) поставуваат нови ...
Масахиро Хара ги предводеше инженерите на јапонската компанија Denso Wave, кои го создадоа кодот QR (Quick Response) во 90-те години на минатиот век. Тој зборуваше за тоа како успеале да го направат овој код. До 80-тите, баркодовите се користеа во многу сектори, вклучително производство, дистрибуција и малопродажба. „Во текот на 90-тите, поради преминот од масовно производство на еден вид производ кон пофлексибилно производство, потребна беше ...
Кинеската технолошка компанија Huawei го подготвува новиот паметен телефон со троен преклоп за пазарот. Најновите информации најавуваат можен почеток на продажбата во септември. Телефонот веќе беше забележан во рацете на директорот на одделот за потрошувачи на Huawei, Ричард Ју, па токму овој претставник на кинескиот бренд потврди дека уредот ќе се најде на пазарот следниот месец. Ју го соопшти тоа на свеченост на претставување на електричниот ...
Дански студент по археологија пронашол викиншки сребрен накит, поточно вкупно седум ретки алки. Густав Брунсгор (22) со детектор за метал истражувал историска област на Викинзите кога пронашол непроценливо богатство, сребрен накит од раното викиншко време. Музејот „Моесгор“, кој се наоѓа јужно од Архус, поранешна викиншка населба, издаде соопштение во кое го потврди откривањето на 7 сребрени нараквици од ерата на Викинзите во поле во близина на ...
Иновативниот монитор Odyssey 3D обезбедува имерсивен гејминг во 3D без очила благодарение на технологијата за следење на окото и мапирање на приказот Samsung Electronics денес го најави претставувањето на своите најнови гејминг монитори на саемот Gamescom 2024 во Келн, Германија, со посебен акцент на револуционерниот Odyssey 3D кој нуди гледање во 3D без очила. Саемот Gamescom 2024, кој се одржува од 21 до 25 август, е најголемата гејминг ...
Корисниците на WhatsApp веќе со години можат да ја менуваат сликата на позадината во разговорите, а сега опциите за прилагодување ќе бидат проширени уште повеќе. Пристигна нова бета верзија на WhatsApp за Android (2.24.17.19), која ја донесува долгоочекуваната функција за промена на темите за разговор. Според порталот WABetaInfo, корисниците ќе можат да ја менуваат бојата на меурчињата за пораки и сликата на позадината во поединечните разговори. ...
Новиот преклопен смартфон на Google, Pixel 9 Pro Fold ги исправа грешките на својот претходник, но ја задржува високата почетна цена од 1.899 евра за конфигурација од 16 GB RAM и 256 GB простор за складирање Во мај 2023 година Google одлучи да се придружи на трендот на преклопни телефони, кога го претстави Pixel Fold, уред кој веќе изгледаше застарен во тоа време и кој имаше многу висока почетна цена од 1.899 евра. Google и годинаца не се ...
Microsoft конечно го зголемува лимитот на FAT32 партицијата од 32 GB на 2 TБ по речиси 30 години, исправајќи ја старата одлука која требаше да биде само привремена Microsoft на почетокот на оваа недела ја исправи речиси тридецениската „неправда“ (барем за оние кои водат сметка за форматирањето на дискот). Во најновото Windows 11 Insider Canary Preview Build издануе, компанијата ја зголеми максималната големина на FAT32 партицијата од 32 GB на 2 ...
Четири години откако Apple го повлече Fortnite од App Store, популарната игра се врати на iOS, но само во Европската унија и преку новата продавница на Epic. Fortnite е достапен за новата верзија на iPhone на Epic Games Store, како и преку AltStore PAL, алтернативна продавница за апликации од трети страни. Epic Games Store е достапна и за корисниците на Android ширум светот. Веста доаѓа по долгогодишни судски спорови меѓу Apple и Epic, како и ...
Астронаутот на американската вселенска агенција NASA, Метју Доминик, кој се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, како дел од екипажот Expedition 71 ги фотографираше Месечината и поларната светлина од височина од 400 километри над Земјата. „Поларната светлина е неверојатна веќе неколку дена. Тоа беше одлична можност да ги испробам леќите кои пристигнаа со Cygnus“, напиша Доминик на X. Инаку, Cygnus е товарно вселенско летало на компанијата ...
Технолошкиот аналитичар Јогеш Брар објави на социјалната мрежа X дека Samsung планира да преименува одредени модели од претстојната Galaxy S26 серија, што би можело да го врати никогаш непрежалениот Note модел Samsung наскоро може да направи значителни промени во именувањето на своите претстојни паметни телефони. Според информациите објавени од аналитичарот Јогеш Брар на социјалната мрежа X, промената треба да ја добие серијата Galaxy S26, која ...
Компанијата Honor ќе одржи панел дискусија со фокус на вештачката интелигенција на претстојниот саем за потрошувачка електроника IFA 2024, кој традиционално се одржува во Берлин. Иако Honor вети дека ќе биде побрз, Honor Magic V2 беше бавен на пат кон Европа. Смартфонот беше претставен во јули 2023 година, но на Стариот континент пристигна дури на крајот на јануари оваа година. Сепак, наследникот ќе пристигне многу побрзо. Honor ќе претстави три ...
ПроКредит Банка направи уште еден чекор во дигитализација на своите процеси со цел на своите клиенти да им понуди уште побрзи, поедноставни и побезбедни услуги. Банката воведува нова услуга – отворање на платежна сметка и услуги без потреба од посета на банка,по пат на електронска идентификација и дигитално потпишување на договори преку апликацијата OneID. Ова значи дека секое физичко лице кое за прв пат отвора сметка во банката може тоа да го ...
Google ги послуша своите корисници и оваа година реши да направи компактен Pixel 9 Pro. Но, за оние кои сè уште преферираат поголеми телефони, тука е Pixel 9 Pro XL со дисплеј од 6,8 инчи. Google минатата недела го одржа настанот Made by Google каде меѓу другото ги претстави своите нови смартфони – Pixel 9, Pixel 9 Pro, Pixel 9 Pro XL и Pixel 9 Pro Fold. Додека стандардниот Pixel отсекогаш бил резервиран за оние кои бараат компактен телефон, ...
Клучни предности на фрижидерите и машините за перење на Samsung Некои апарати за домаќинство – како што е фрижидерот – работат 24 часа дневно, додека другите – како што е машината за перење – обично се користат интензивно во одреден временски период. Овие апарати се осмислени различно за различни намени, но едно им е заедничко: без нив е тешко да се замисли животот денес. Samsung има богата традиција на поместување на границите на иновациите со ...
Секој почеток на школската година, во Веро традиционално е во знакот на хуманоста и донаторството со цел да се овозможат услови за успешен старт на учебната година за децата поддржани од СОС Детско село. И оваа година Веро, заедно со своите партнери и добавувачи, организира хуманитарната донаторска кампања во која може да се вклучат сите потрошувачи кои сакаат да им помогнат на децата од оваа ранлива категорија да добијат еднакви услови во ...
Акциите на јапонскиот стартап Astroscale поскапеа за дури 19 отсто во понеделникот, откако компанијата што врши операции во вселената објави дека ќе потпише договор вреден 73,4 милиони евра (12 милијарди јени) со јапонската вселенска агенција. Astroscale соопшти дека во вторник ќе потпише петгодишен договор со Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) за отстранување на отпадот од орбитата на Земјата. Притоа, тие ќе развијат ново ...
Најновото бета ажурирање за WhatsApp за Android е фокусирано на подобра заштита на приватноста на корисниците, а тоа вклучува претстојна функција која ќе ги „блокира пораките од непознати контакти“, што ќе ја подобри контролата и потенцијално ќе ги подобри перформансите на уредот. WhatsApp активно развива функција за блокирање пораки од непознати контакти. Оваа функција, која ќе биде дел од идната надградба, има за цел да ги заштити корисниците ...
Штедењето е многу паметна финансиска одлука, бидејќи имањето заштеда значи сигурност што е повеќе од добредојдена во денешно време. Но, покрај тоа што обезбедуваат сигурност, заштедите можат да донесат и приходи доколку не се чуваат „под перница“, туку се вложат во банка. Каматните стапки на штедните влогови почнаа да растат, па идеална можност е ваквиот период да се искористи и да се креира штеден влог, а воедно и да се одбере банка – ...
Викендов во Радовиш со дводневен забавно-спортски настан беше одбележан почетокот на новата сезона на проектот „Растеме во шампиони 2.0“ кој НЛБ Банка втора година по ред го реализира во соработка со организацијата „Отворени забавни фудбалски школиМакедонија“. Проектот е дел од иницијативата на НЛБ Групацијата за развој на младински спорт, кој има за цел да ги поддржи локалните спортски клубови, да го промовира спортот меѓу децата, да ја ...
Би требало да сме среќни што во нашето Скопје има ресторани каде може да се проба нешто уникатно и посебно. Скопје има свои тајни, свои убави делови, а има богами и преубави ресторани со преубава храна. Дефинитивно не треба да патувате некаде далеку за да доживеете врвно гастрономско искуство и за да пробате нешто вкусно. Ресторани кои се како “неизбрусени дијаманти” и кои чекаат да бидат откриени, а на кои можат да ни позавидат дури и светските ...
Прва компанија во Македонија којашто го добива овој сертификат за извонредни практики за човечки ресурси SELECTIO Group, водечката групација за консултации и поддршка за човечки ресурси, ја препозна работата на Mакедонски Телеком и на компанијата ѝ го додели престижниот регионален сертификат Employer Partner. Ова признание се доделува за извонредни резултати во полето на човечки ресурси, а Македонски Телеком е првата компанија од земјата којашто ...