Шпаркасе Банка ја претстави првата и единствена платформа за финансиска едукација во земјата, VibeOnEdu.mk – револуционерна иницијатива што им овозможува на младите бесплатно да стекнат финансиско знаење преку интерактивни онлајн курсеви. Нејзината мисија е да им помогне на младите да ја изградат својата самодоверба во управувањето со личните и со деловните финансии и да носат паметни финансиски одлуки во иднина. Платформата содржи 15 внимателно ...

Дијамантските батерии нудат безбеден и одржлив начин за обезбедување континуирано ниво на енергија во микровати, истакнуваат научниците. Гладот за енергија ги принудува научниците и инженерите да бараат нови материјали и технологии за складирање електрична енергија. Батериите што ни се достапни денес складираат енергија во релативно мала количина и за релативно краток временски период. Во одреден момент треба да ги надополниме или замениме, без ...

Apple се надева дека ќе лансира на пазарот преклопен iPad со големина од 18,8 инчи без видлива преклопна линија до околу 2028 година, објави Марк Гурман од Bloomberg во вчерашното издание на билтенот Power On. Според извештаите, индустрискиот дизајнерски тим на компанијата успеал да креира прототипи на овој уред со „речиси невидлива преклопна линија“, што би изгледало како „два iPad Pro модела поставени еден до друг.“ Гласините за флексибилен ...

Паметниот прстен Galaxy Ring на Samsung ќе биде достапен во две нови големини од јануари 2025 година. Новите информации, откриени од дојавувач на социјалните мрежи, укажуваат дека овој уред за носење ќе можат да го користат и лица со поголеми (подебели) прсти, бидејќи понудата ќе биде проширена со големини 14 и 15. Големината 14 ќе има внатрешен дијаметар од 23 мм и ќе го носи бројот на модел SM-Q514. Внатрешниот дијаметар на големината 15 ќе ...

Во Microsoft се принудени да направат историски промени во нивниот пристап кон безбедноста на корисничките сметки, бидејќи нивните системи моментно блокираат 7.000 напади на традиционалните лозинки секоја секунда, што е речиси двојно повеќе од минатата година. Според блогот на Microsoft, ерата на лозинки завршува и тие се на сериозна мисија: „Како да убедите милијарда корисници да ја сакаат ‘passkey’. Сајбер-криминалците ги интензивираат своите ...

HDMI 2.2 донесува поголеми резолуции и повисока фреквенција на освежување, но можно е да биде потребен нов кабел за да се искористат сите негови напредни функции. Новата верзија на HDMI – 2.2, ќе биде претставена на 6 јануари на прес-конференција организирана од HDMI Forum. Според порталот VideoCardz, најавата се однесува на стандардот HDMI 2.2. Ова го потврдува и соопштението од HDMI Forum добиено од The Verge, кое нагласува дека организацијата ...

Од WhatsApp велат дека преку нивната апликација се остваруваат повеќе од две милијарди повици дневно, а оваа бројка дополнително ќе се зголеми за време на празниците. Поради тоа, најавија низа нови функционалности. WhatsApp се пофали дека преку нивната апликација се остваруваат повеќе од две милијарди повици дневно. Благодарение на тоа, како и на фактот дека доаѓаат празниците кога луѓето повеќе комуницираат, WhatsApp најави низа нови ...

Apple планира да ја прекине продажбата на iPhone SE и iPhone 14 серијата во Европската унија до крајот на 2024, поради новиот пропис на ЕУ за универзален приклучок за полнење USB-C, кој стапува на сила во јануари 2025. Apple до крајот на годината ќе престане да го продава iPhone SE трета генерација, како и моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus во Европа, бидејќи стапува на сила новата регулатива на Европската унија која бара употреба на ...

Motorola се подготвува за официјално лансирање на пазарот на својот најнов преклопен телефон – Razr 50D. Motorola Razr 50D ќе биде достапен во Јапонија од 19 декември, а како што најави јапонскиот мобилен оператор NTT DOCOMO, ќе биде сличен на моделот Motorola Razr 50. Овој телефон доаѓа со 6,9-инчен FHD+ pOLED внатрешен екран заштитен со Corning Gorilla Glass Victus. Надворешниот екран е со дијагонала од 3,6 инчи, а батеријата има капацитет од ...

Серијата Nova на Huawei отсекогаш била резервирана за подобрувања во областа на предната камера, а ништо поразлично не е ни сега. Со надграден 60-мегапикселен сензор, тука е новата функција AI Best Expression која помага секое лице на фотографијата да има најдобар израз на лицето. Huawei го одржа својот голем настан во Дубаи и покрај глобалното претставување на преклопниот Mate X6 ја претстави и серијата Nova 13, која ја сочинуваат два модела – ...

Дигиталните навики на американските тинејџери значително се променија во последната деценија, според најновото истражување на Pew Research Center спроведено кон крајот на оваа година. Доминира YouTube, а го напуштија Facebook. Денешната генерација на млади, често наречена „дигитални домородци“, живее во постојан проток на информации, социјални интеракции и дигитална содржина, што темелно го менува нивниот начин на живот, учење и социјализација. ...

Минатата недела, вредноста на биткоинот за првпат ја надмина границата од 100.000 долари, што предизвика интензивно внимание кон оваа криптовалута и индустријата што ја следи. Рударењето на биткоини, процес преку кој се издаваат и создаваат биткоини, троши помеѓу 155 и 172 терават-часови електрична енергија годишно, што претставува 0,4% од глобалната потрошувачка на енергија, според извештајот на Polytechnique Insights. Оваа потрошувачка ...

Нов вид на литиум-јонска батерија со електрода од еден кристал може да издржи повеќе од 20.000 циклуси на полнење и празнење пред да достигне граница на капацитет од 80 проценти, открија истражувачите од канадскиот Универзитет Далхаузи, кои ја тестирале батеријата континуирано цели шест години и нејзините перформанси ги проучувале со помош на ултра светол синхротрон. Електродата на обична батерија се состои од честички кои се околу 50 пати ...

Нова фотографија од Марс, снимена со орбитерот на NASA – „Mars Reconnaissance Orbiter“, прикажува оптичка илузија. Она што изгледа како дрвја кои се издигнуваат од површината на Марс, всушност се темни линии на урнат материјал што се спушта по песочните дини поради испарување на мраз од јаглероден диоксид. Фотографијата беше објавена во јануари 2010 година. Природните облаци од прашина што еруптираат на Марс создаваат структури што изненадувачки ...

OpenAI воведува функции за видео повици и споделување на екранот во ChatGPT, овозможувајќи им на корисниците интерактивна помош во живо ChatGPT станува уште помоќен. OpenAI објави напреден гласовен режим за ChatGPT, воведувајќи нови функции за видео повици и споделување на екранот. Со други зборови, ChatGPT повеќе не е само „способен да зборува и пишува“, туку сега е и „способен да гледа“. Кога ќе се соочите со проблем, можете директно да ...

Постојат многу шпионски апликации, кои сопствениците на мобилни телефони често ги инсталираат без да ја знаат нивната опасност. Некои апликации на уредите со iOS, како и на телефоните со Android може да бидат ризични и лесно да ве направат жртва на надзор на мобилниот телефони. Особено шпионските апликации често се истакнуваат затоа што изгледаат особено безопасни и незабележливи. Затоа, мали се шансите сами да ги откриете. Експертите како ...

TapNow е интересна апликација која овозможува многу едноставно споделување фотографии или видеа со пријателите или семејството, кои ќе се прикажуваат директно на почетните екрани или преку самата апликација. Денешниот дигитален свет овозможува да бидеме поврзани повеќе од кога било порано, без разлика каде се наоѓаме и колку сме оддалечени, а TapNow е уште една апликација која го прави споделувањето фотографии и видеа со пријателите и ...

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, денеска се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024. Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што ...

Се подготвува нешто сосема поинакво и досега невидено што ќе го раздрма пазарот на преклопни смартфони, а се развива во лабораториите на Honor. Пазарот на паметни телефони наскоро би можел да стане многу возбудлив, ако овој уред на Honor е показател за тоа. Најдобрите паметни телефони во последната деценија имаат нешто заедничко: дизајнот. Технологијата на рамни екрани беше доминантен облик за паметните телефони, додека уредите на преклопување ...

Со ажурирањето на watchOS 11.2, Apple Watch може директно да паузира снимање на iPhone Паралелно со објавувањето на верзијата iOS 18.2 за iPhone, Apple го претстави и ажурирањето watchOS 11.2 за корисниците на Apple Watch. Ова ажурирање носи практична функција која им овозможува на корисниците да паузираат видео снимање на iPhone преку апликацијата Camera Remote Control на часовникот. Уште во септември, со верзијата iOS 18.0, Apple ја додаде ...

Microsoft започна со тестирање на одредени подобрувања на апликацијата Phone Link за корисниците на iPhone. Windows Insider корисниците сега можат да го испробаат новиот начин на споделување на фајлови од iPhone на PC и обратно, што го прави искуството слично на споделувањето фајлови со уред кој користи Android оперативен систем. Windows Insider корисниците можат да ја преземат најновата надградба за апликацијата Phone Link, верзија 1.24112.89.0 ...

Компанијата Google го објави новиот оперативен систем наречен Android XR. XR е кратенка за „extended reality“ или продолжена реалност, што е општ термин за виртуелна реалност, проширена реалност и уреди за мешана реалност. Android XR може да се смета за директен ривал на visionOS, кој го напојува Apple-овиот Vision Pro уред. Google планира на оваа платформа да понуди многу свои апликации како што се Maps, YouTube, Chrome и Photos. Исто така, ...

A1 Македонија го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата А1 Македонија, во соработка со GG.MK, со гордост го најавува најочекуваниот и најголем е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest 2024, powered by Neptun, организиран на супериорен оптички интернет. Претстојниот викенд, на 14 и 15 декември, во „Ист гејт мол“ во Скопје ќе се сретнат сите натпреварувачи и посетители, кои повторно ќе имаат можност да го следат ...

На 12-ти ноември 2024 година во Скопје се одржа 7. Регионална конференција за е-трговија која повторно ја потврди својата позиција како најголем настан за дигиталната економија во регионот. Под темата “E-commerce: Untangling Potential”, конференцијата собра повеќе од 700 учесници и 30 говорници, кои споделија знаење, искуства и иновации на теми кои ги обликуваат трендовите во е-трговијата. Покрај инспиративните говори и панел-дискусии, ...

Денеска официјално почнува пријавувањето за 13-тото издание на Авицена Женска Трка 2025, која ќе се одржи на 13 април, 2025 година со почеток во 10:00 часот. Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2025“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/. Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст. Сите што ќе се пријават до 30 ...

Традиционалната македонска храна, доловена преку уметнички дела и текстуални приказни, како и традиционалната музика во изведба на нашиот реномиран уметник Дуке Бојаџиев, беа во фокусот на овогодишниот настан „Трајни културни вредности“, во организација на Халкбанк. Во прекрасниот амбиент на Чифте амам во Старата скопска чаршија, присутните имаа можност да се впуштат на мало патување во традицијата и наследството, преку допир до сите сетила. ...

На медиумски настан во Дубаи, Huawei го објави преклопниот смартфон Mate X6 на меѓународниот пазар, а главниот акцент кај овој уред е ставен на неговото исклучително тенко куќиште, чија дебелина е под 5 мм во расклопена состојба, како и издржливоста на конструкцијата. Дисплеи Mate X6 располага со преклоплив 7,93-инчен LTPO екран со речиси квадратен формат и резолуција од 2440 x 2240 пиксели. Панелот поддржува променлива стапка на освежување од 1 ...

Арктичкиот Океан може да го има својот прв ден без мраз пред 2030 година, порано отколку што предвидуваа научниците. Една нова студија открива можни предвидувања за нов мраз до одреден ден. Претходните студии предвидуваа губење на мразот на Арктикот околу 2030 година, но овие резултати покажуваат дека првиот ден без мраз би можел да се случи веќе на крајот на летото 2027 година. Научниците, кои ја спровеле студијата објавена во списанието Nature ...

NASA истражува мистериозен објект во галаксијата Centaurus A, каде млазеви од црна дупка откриваат необични структури што предизвикуваат прашања за природата на космосот Опсерваторијата Chandra X-ray на NASA забележала неверојатни млазеви плазма кои излегуваат од супермасивната црна дупка и удираат во непознат објект во галаксијата Centaurus A. Оваа галаксија, оддалечена 12 милиони светлосни години, содржи црна дупка што емитува радијација и ...

Две кинески компании следната година ќе ги претстават своите нови паметни телефони со уште поголеми батерии. Во текот на изминатите неколку недели, голем број кинески производители на смартфони лансираа уреди кои имаат батерии со капацитет од 6000 mAh или повеќе. Сепак, според последните гласини кои излегуваат од Кина, тоа е само почеток. Red Magic веќе пристигна оваа година со батерија од 7.050 mAh, но наскоро ќе има конкуренција. Според ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
38%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
54%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
46%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
54%
1018
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.61
44%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
51%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.69
33%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
37%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
35%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
48%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
41%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
47%
1017
Currency

61.535

Currency

53.7801

Currency

73.0442

Currency

35.0269

Currency

39.3728

Currency

65.5617

Currency

7.4966

Currency

0.69637

Currency

0.37446

Currency

0.52528

Currency

1.36977

Currency

0.62657

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15276.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.10

Сребро

1152.96

Злато

108576.67

Бакар

10.04

Паладиум

32022.14

Платина

36488.83

Родиум

174417.80

Цинк

2.68