
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Американската вселенска агенција соопшти дека со помош на вселенскиот телескоп James Webb успеала да сними дискови кои формираат планети околу стари ѕвезди, а овие снимки би можеле да ги предизвикаат теоретските модели за тоа како се формираат планетите. Новите снимки ги поддржуваат претходните контроверзни откритија на телескопот Hubble, кои досега не можеа да бидат потврдени. Новите детални снимки се направени од Малиот Магеланов Облак, ...
Hisense, глобалниот бренд на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, ја зацврсти својата лидерска позиција на светскиот пазар на 100-инчни телевизори во третиот квартал од 2024 година. Ова го потврди и меѓународниот истражувачки институт Omdia, па така Hisense е четврти последователен квартал на водечката позиција во тој сегмент. Во третиот квартал од 2024 година, 100-инчните телевизори на Hisense сочинуваа дури 63,4 отсто од ...
BBook AI Original Edition е PS5 во форма на масивен лаптоп со 4K екран, без батерија и цена од 2.750 долари Кинески модери од платформата Weibo успеаја да го претворат PlayStation 5 во необична „пренослна“ форма во вид на масивно лаптоп-куќиште без батерија, наречено BBook AI Original Edition. Резултатот е повеќе демонстрација на креативност отколку практично решение. BBook AI изгледа како постар, гломазен гејмерски лаптоп и тежи над 4 кг. ...
Проектот Iris² претставува повеќе од технолошка иницијатива – тој ја отелотворува европската стратегија за одржување на технолошката независност, поддршка на индустриската база и обезбедување на безбедни комуникации за владини и комерцијални потреби во сè поконкурентниот глобален вселенски сектор. Европската унија го започна својот најамбициозен вселенски програм во последната деценија со потпишување на договор за сателитската мрежа Iris². Овој ...
Револуционерна технологија на мали дронови со ласерско оружје Кинеските истражувачи, предводени од научникот Ли Сјао, развија уред што им овозможува на малите дронови да испалуваат моќни ласерски зраци – технологија што некогаш се сметаше за невозможна. Оваа иновација може значително да го промени начинот на водење војни, овозможувајќи на малите, мобилни платформи да користат ласери со висок интензитет. Во симулирано сценарио, е опишано како мал ...
Samsung ќе претстави нови уреди на претстојниот Unpacked настан, а сега се познати сите детали за датумот и конкретните модели што ги очекуваме. Се приближуваме кон крајот на годината, што значи дека следниот голем технолошки настан е пред нас. Samsung традиционално ја претставува својата S серија флегшип телефони на почетокот на годината, па ниту 2025 година нема да биде исклучок. Неколку претходно протечени информации веќе укажуваа на јануари ...
Microsoft официјално укина две од главните премиум функции на Skype – кредитите за повикување и специјалните телефонски броеви. Наместо кредити, корисниците сега имаат само месечни претплати за регионални или глобални повици, додека опцијата за користење телефонски број различен од мобилниот повеќе не е достапна на платформата. Првата најава за промените дојде од модератор на Skype форум, кој потврди дека купувањето нови кредити веќе не е ...
Во време кога сè повеќе земји воведуваат ограничувања за употребата на паметни телефони во училиштата, од Франција, преку Холандија и Велика Британија, до бројни американски сојузни држави кои размислуваат за слични мерки, ново истражување од Универзитетот Јорк носи важни научни докази за придобивките од ваквите одлуки. Студија спроведена во училиштето Стенвеј во Колчестер, Англија, која воедно послужи како основа за документарната серија на ...
Apple работи на редизајниран Magic Mouse што ќе греши некои „долгогодишни поплаки,“ според Марк Гурман од Bloomberg. Во неговиот неделен билтен Power On, Гурман истакна дека Apple во последните месеци работи на „целосна надградба на Magic Mouse со дизајн што „подобро одговара на современото време.“ Сепак, тој не очекува новиот Magic Mouse да биде објавен во „следните 12 до 18 месеци,“ што значи дека уредот најрано би можел да се појави средината ...
Гранд Ауто како официјален импортер на автомобилскиот бренд CHERY со гордост објавија дека познатата македонска музичарка Сара Мејс станува официјален бренд амбасадор на CHERY во Македонија. Објавата беше направена на ексклузивна прес-конференција што се одржа на патувачкиот салон на Гранд Ауто, лоциран во East Gate Mall, Скопје. Настанот привлече голем број присутни, вклучувајќи медиуми, фанови на Сара Мејс и посетители на трговскиот центар, ...
Во современиот деловен свет, финансиските компании се соочуваат со постојани предизвици кои произлегуваат од динамичните пазарни услови и брзата технолошка еволуција. Во тој контекст, иновацијата се издвојува како клучен фактор за успех и опстанок, како што на минатонеделната конференција The Economist MeetUp Светот во 2025 истакна Тони Јанковски, директорот за развој и иновации во Diners Македонија: „Иновацијата во финансиските компании може да ...
Длабоко во канадскиот Арктик, научниците храбро се борат на температури под нулата, со силни ветрови и снежни бури за да направат дупки низ морскиот мраз, да ја испумпаат морската вода и да ја замрзнат на површината. Група од британската нова компанија Real Ice е во заливот Кембриџ, мало крајбрежно село во Нунавут, за да се обиде да докаже дека може да расте и да го обнови арктичкиот морски мраз, пишува Си-ен-ен. Нивната крајна цел е да го ...
Шпаркасе Банка ја претстави првата и единствена платформа за финансиска едукација во земјата, VibeOnEdu.mk – револуционерна иницијатива што им овозможува на младите бесплатно да стекнат финансиско знаење преку интерактивни онлајн курсеви. Нејзината мисија е да им помогне на младите да ја изградат својата самодоверба во управувањето со личните и со деловните финансии и да носат паметни финансиски одлуки во иднина. Платформата содржи 15 внимателно ...
Дијамантските батерии нудат безбеден и одржлив начин за обезбедување континуирано ниво на енергија во микровати, истакнуваат научниците. Гладот за енергија ги принудува научниците и инженерите да бараат нови материјали и технологии за складирање електрична енергија. Батериите што ни се достапни денес складираат енергија во релативно мала количина и за релативно краток временски период. Во одреден момент треба да ги надополниме или замениме, без ...
Apple се надева дека ќе лансира на пазарот преклопен iPad со големина од 18,8 инчи без видлива преклопна линија до околу 2028 година, објави Марк Гурман од Bloomberg во вчерашното издание на билтенот Power On. Според извештаите, индустрискиот дизајнерски тим на компанијата успеал да креира прототипи на овој уред со „речиси невидлива преклопна линија“, што би изгледало како „два iPad Pro модела поставени еден до друг.“ Гласините за флексибилен ...
Паметниот прстен Galaxy Ring на Samsung ќе биде достапен во две нови големини од јануари 2025 година. Новите информации, откриени од дојавувач на социјалните мрежи, укажуваат дека овој уред за носење ќе можат да го користат и лица со поголеми (подебели) прсти, бидејќи понудата ќе биде проширена со големини 14 и 15. Големината 14 ќе има внатрешен дијаметар од 23 мм и ќе го носи бројот на модел SM-Q514. Внатрешниот дијаметар на големината 15 ќе ...
Во Microsoft се принудени да направат историски промени во нивниот пристап кон безбедноста на корисничките сметки, бидејќи нивните системи моментно блокираат 7.000 напади на традиционалните лозинки секоја секунда, што е речиси двојно повеќе од минатата година. Според блогот на Microsoft, ерата на лозинки завршува и тие се на сериозна мисија: „Како да убедите милијарда корисници да ја сакаат ‘passkey’. Сајбер-криминалците ги интензивираат своите ...
HDMI 2.2 донесува поголеми резолуции и повисока фреквенција на освежување, но можно е да биде потребен нов кабел за да се искористат сите негови напредни функции. Новата верзија на HDMI – 2.2, ќе биде претставена на 6 јануари на прес-конференција организирана од HDMI Forum. Според порталот VideoCardz, најавата се однесува на стандардот HDMI 2.2. Ова го потврдува и соопштението од HDMI Forum добиено од The Verge, кое нагласува дека организацијата ...
Од WhatsApp велат дека преку нивната апликација се остваруваат повеќе од две милијарди повици дневно, а оваа бројка дополнително ќе се зголеми за време на празниците. Поради тоа, најавија низа нови функционалности. WhatsApp се пофали дека преку нивната апликација се остваруваат повеќе од две милијарди повици дневно. Благодарение на тоа, како и на фактот дека доаѓаат празниците кога луѓето повеќе комуницираат, WhatsApp најави низа нови ...
Apple планира да ја прекине продажбата на iPhone SE и iPhone 14 серијата во Европската унија до крајот на 2024, поради новиот пропис на ЕУ за универзален приклучок за полнење USB-C, кој стапува на сила во јануари 2025. Apple до крајот на годината ќе престане да го продава iPhone SE трета генерација, како и моделите iPhone 14 и iPhone 14 Plus во Европа, бидејќи стапува на сила новата регулатива на Европската унија која бара употреба на ...
Motorola се подготвува за официјално лансирање на пазарот на својот најнов преклопен телефон – Razr 50D. Motorola Razr 50D ќе биде достапен во Јапонија од 19 декември, а како што најави јапонскиот мобилен оператор NTT DOCOMO, ќе биде сличен на моделот Motorola Razr 50. Овој телефон доаѓа со 6,9-инчен FHD+ pOLED внатрешен екран заштитен со Corning Gorilla Glass Victus. Надворешниот екран е со дијагонала од 3,6 инчи, а батеријата има капацитет од ...
Серијата Nova на Huawei отсекогаш била резервирана за подобрувања во областа на предната камера, а ништо поразлично не е ни сега. Со надграден 60-мегапикселен сензор, тука е новата функција AI Best Expression која помага секое лице на фотографијата да има најдобар израз на лицето. Huawei го одржа својот голем настан во Дубаи и покрај глобалното претставување на преклопниот Mate X6 ја претстави и серијата Nova 13, која ја сочинуваат два модела – ...
Дигиталните навики на американските тинејџери значително се променија во последната деценија, според најновото истражување на Pew Research Center спроведено кон крајот на оваа година. Доминира YouTube, а го напуштија Facebook. Денешната генерација на млади, често наречена „дигитални домородци“, живее во постојан проток на информации, социјални интеракции и дигитална содржина, што темелно го менува нивниот начин на живот, учење и социјализација. ...
Минатата недела, вредноста на биткоинот за првпат ја надмина границата од 100.000 долари, што предизвика интензивно внимание кон оваа криптовалута и индустријата што ја следи. Рударењето на биткоини, процес преку кој се издаваат и создаваат биткоини, троши помеѓу 155 и 172 терават-часови електрична енергија годишно, што претставува 0,4% од глобалната потрошувачка на енергија, според извештајот на Polytechnique Insights. Оваа потрошувачка ...
Нов вид на литиум-јонска батерија со електрода од еден кристал може да издржи повеќе од 20.000 циклуси на полнење и празнење пред да достигне граница на капацитет од 80 проценти, открија истражувачите од канадскиот Универзитет Далхаузи, кои ја тестирале батеријата континуирано цели шест години и нејзините перформанси ги проучувале со помош на ултра светол синхротрон. Електродата на обична батерија се состои од честички кои се околу 50 пати ...
Нова фотографија од Марс, снимена со орбитерот на NASA – „Mars Reconnaissance Orbiter“, прикажува оптичка илузија. Она што изгледа како дрвја кои се издигнуваат од површината на Марс, всушност се темни линии на урнат материјал што се спушта по песочните дини поради испарување на мраз од јаглероден диоксид. Фотографијата беше објавена во јануари 2010 година. Природните облаци од прашина што еруптираат на Марс создаваат структури што изненадувачки ...
OpenAI воведува функции за видео повици и споделување на екранот во ChatGPT, овозможувајќи им на корисниците интерактивна помош во живо ChatGPT станува уште помоќен. OpenAI објави напреден гласовен режим за ChatGPT, воведувајќи нови функции за видео повици и споделување на екранот. Со други зборови, ChatGPT повеќе не е само „способен да зборува и пишува“, туку сега е и „способен да гледа“. Кога ќе се соочите со проблем, можете директно да ...
Постојат многу шпионски апликации, кои сопствениците на мобилни телефони често ги инсталираат без да ја знаат нивната опасност. Некои апликации на уредите со iOS, како и на телефоните со Android може да бидат ризични и лесно да ве направат жртва на надзор на мобилниот телефони. Особено шпионските апликации често се истакнуваат затоа што изгледаат особено безопасни и незабележливи. Затоа, мали се шансите сами да ги откриете. Експертите како ...
TapNow е интересна апликација која овозможува многу едноставно споделување фотографии или видеа со пријателите или семејството, кои ќе се прикажуваат директно на почетните екрани или преку самата апликација. Денешниот дигитален свет овозможува да бидеме поврзани повеќе од кога било порано, без разлика каде се наоѓаме и колку сме оддалечени, а TapNow е уште една апликација која го прави споделувањето фотографии и видеа со пријателите и ...
На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија, во Музејот на македонската борба во Скопје, денеска се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за Жена на годината 2024. Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што ...