
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Појадок во пекара, на вежбање барем два пати неделно, ручек или вечера во ресторан, во кино со друштвото, на супер забава во ноќен клуб. Халкбанк започна нова Cashback кампања за младите на кои овие активности им се дел од неделната рутина. Сите корисници на Halk EZ пакетот кои плаќаат со Visa PayWave дебитната картичка, а и корисниците на Visa Platinum дебитните картички имаат можност да добијат 10% поврат на средства (cash back) за ...
Geely Starray веќе е достапен во салонот на Geely Македонија, а сите заинтересирани имаат можност за тест-возења и директно запознавање со врвните карактеристики на автомобилот во салонот на Geely во Џевахир мол Иновативниот Geely Starray пристигна на македонскиот пазар, модел кој ја редефинира иднината на автомобилската мобилност. Со уникатен дизајн, напредна технологија и еколошка одржливост, овој автомобил поставува нови стандарди на ...
Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година, според кои се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени. 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5% во истиот период ...
Плановите на Apple за создавање на iPhone со целосен екран без рамки наидуваат на значителни технички предизвици, со нов извештај што сугерира дека технологијата можеби нема да биде подготвена до 2026 година, како што претходно се очекуваше. Apple веќе со години работи на намалување на рамките на своите модели на iPhone, сè додека целосно не исчезнат, но изгледа дека првиот iPhone без рамки е сè уште неколку години подалеку. Според корејскиот ...
YouTube го прошири своето автоматско синхронизирање со AI на стотици илјади канали во партнерската програма на YouTube кои се „фокусирани на знаење и информации“. YouTube ќе ја примени оваа функција и на други видови содржини. Синхронизацијата зависи од јазикот што се користи во оригиналното видео. Ако бilo на англиски, може да се преведе на француски, германски, хинди, италијански, шпански, индонезиски, јапонски и португалски. Ако првичното ...
Уникатната боја, изработена од тенок, флексибилен фотоволтаичен материјал, може да се обвива околу заоблените и закривените делови на каросеријата на автомобилот, така што има поголема покриеност на фотосензитивната површина отколку конвенционалните стаклени панели. Без разлика дали се работи за запрежна кола, автомобили напојувани од мотори со фосилни горива или електрични возила чии мотори се напојуваат од батерии, основната движечка сила на ...
Променливата бленда на iPhone 18 Pro моделите би им овозможила на корисниците поголема контрола врз длабочината на полето. Иако iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max се уште две години оддалечени од нивното лансирање, новата функција за овие уреди веќе е предмет на гласини. Во својот блог пост, познатиот инсајдер кој користи информации од снабдувачкиот синџир на Apple, Минг-Чи Куо повторно истакна дека главната задна камера на двата модели iPhone 18 ...
Apple планира премин на напредна microLED технологија, а Foxconn најавува почеток на масовно производство до крајот на 2025 година, со фокус на AR уредите Компанијата Apple сè уште не го завршила преминот од LCD на OLED екрани, но веќе планира да премине на уште понапредна microLED технологија. Главниот добавувач, Foxconn објави дека очекува почеток на масовно производство на оваа технологија до крајот на 2025 година, со планови за примена во ...
Денеска официјално започна пријавувањето за 21-то издание на Wizz Air Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година. Пријавувањето може да се изврши преку официјалната веб-страница на маратонот, на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk. Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија следната година повторно ќе ги обедини спортските ентузијасти, професионалци и рекреативци, со можност да учествуваатво четири ...
Дигиталната трансформација има значително влијание врз тоа како комуницираме и ги користиме банкарските услуги. Во овој контекст, ПроКредит банка неодамна го претстави својот АИ дигитален асистент – Предраг кој е достапен 24/7 за да одговара на сите банкарски прашања и да обезбедува брза и сигурна поддршка на клиентите. Во ова интервју со Предраг, ќе дознаете повеќе за неговите функции, како е дизајниран и каква улога игра во модерното ...
Сибирски научници спроведуваат тестови на бебе мамут чии неверојатно добро сочувани останки се откриени во стопен пермафрост по повеќе од 50.000 години. Суштеството, кое личи на мал слон со сурла, е извадено од кратерот Батагаика, огромна вдлабнатина длабока повеќе од 80 метри која се шири како резултат на климатските промени. Бебето мамут „Јана“, тешко повеќе од 110 килограми, беше изнесено на површина на импровизирана носилка, изјави Максим ...
Претстојниот Poco F7 би можел да биде ребрендиран Xiaomi Civi 5 Pro со подобрени перформанси и AMOLED екран. Според најновите информации, Xiaomi Poco F7 носи значителни подобрувања во перформансите и автономијата. Инсајдери сугерираат дека уредот ќе биде опремен со чипсет Snapdragon 8s Elite и батерија со голем капацитет од 7.000 mAh, со поддршка за брзо полнење од најмалку 90 W. Mожни карактеристики на Poco F7 телефонот: Poco F7 се смета за ...
Сончевата сонда Parker на американската вселенска агенција NASA ќе ѝ се доближи на нашата ѕвезда поблиску од кога било – и тоа токму на католичкиот Божиќ. Малата сонда се подготвува за најблиското приближување до Сонцето и ќе треба да издржи температури до 982,2 степени Целзиусови. Parker беше лансиран во август 2018 година со цел да стигне до Сонцето, до кое се приближува со секоја орбита. Колку ќе се приближи сондата до Сонцето? На 24 декември ...
Станува збор за уште една апликација за Android паметните телефони која е специјализирана за управување со фајлови. Таа нуди функционалности кои би се очекувале од апликации од овој тип, но воведува и поддршка за табови, што на некои корисници сигурно ќе им се допадне… Меѓу управувачите со датотеки на паметните телефони постои жестока конкуренција, особено затоа што постојат добро познати и богато опремени алатки, како и основни кои обично ...
Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“. Според научниците, целта на оваа вакцина развиена во Белгија, би била контрола на ХИВ. Лекот, всушност, користи липидни наночестички што „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот ...
Според информациите објавени од долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо, Apple ќе започне со масовно производство на стандардниот M5 чипсет веќе во првата половина на 2025 година, по што ќе следуваат верзиите M5 Pro, Max и Ultra. Следната година се очекува почетокот на масовното производство на новата генерација M5 чипсет на Apple, а за нив зборуваше и долгогодишниот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо. Тој тврди дека M5 чипот ќе бидат ...
Празниците се време за споделување и дарување, среќа и радост за секого. Сепак, не сите можат да ја почувствуваат празничната магија и да си обезбедат достојна празнична трпеза. Токму затоа, во духот на хуманоста и солидарноста, НЛБ Банка ги замени традиционалните корпоративни подароци со значајна донација во храна за оние на кои таа им е најпотребна. И годинава, Банката во соработка со Црвениот Крст на град Скопје обезбеди пакети со основни ...
Пазарот на преклопни смартфони претрпе значителни промени во текот на 2024 година: достигна 17,7 милиони продадени уреди со раст од 38%, поттикнат од новите модели на Samsung и Motorola и намалувањето на цените. Според податоците на IDC, иако преклопните телефони сочинуваат само 2 проценти од вкупниот пазар на паметни телефони, нивната продажба се зголемила за 38%. За овој раст постојат неколку причини. Прво, развој на различни форми на ...
Стопанска банка го круниса својот 80. јубилеј со донација на 80 зрели садници од видот Magnolia Grandiflora и заедно со претставници од Град Скопје отвори нов „Магнолија парк“ во рамки на Градскиот парк во Скопје. Високите садници и патеките кои се изградени низ новиот парк ќе бидат вистинско уживање за сите посетители, но во исто време ќе бидат од големо значење за животната средина – преку чистиот воздух, храната за поленаторите, како и новиот ...
Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија, претставува повеќе од обичен спортски настан. Фестивалот претставува платформа која преку спортот ги обединува младите спортисти од цела Европа, промовирајќи го духот на соработка, пријателство и почитување. Со своето значење и обем, овој фестивал е шанса Македонија да го покаже својот потенцијал на меѓународната сцена, а ...
Microsoft воведува промени во системот за вештачка интелигенција кој го поддржува нивниот 365 Copilot и постепено се оддалечува од исклучивата зависност од технологијата на OpenAI. Веќе пишувавме за комплицираниот однос меѓу Microsoft и OpenAI под насловот „Турбулентната сага на Microsoft и OpenAI: блискост, несогласувања, помирувања, зависност“, и можеме повторно да го искористиме истиот наслов бидејќи ништо не се променило. Всушност, во оваа ...
Honor официјално го претстави луксузниот смартфон Magic7 RSR Porsche Design, премиум уред кој донесува мали подобрувања во однос на веќе импресивниот водечки модел Magic7 Pro. Клучниот хардвер остана непроменет, вклучувајќи го капацитетот на батеријата со одлични можности за полнење, три камери и процесорот Qualcomm Snapdragon 8 Elite. Смартфонот користи 6,8-инчен LTPO OLED екран со милијарда бои и FullHD+ резолуција. Максималната светлина на ...
Нискобуџетната и втора по големина авиокомпанија во Холандија чија база е аеродромот Шипхол во Амстердам, од 23 декември започна со продажба на билети за летови преку нивната веб-страница: https://www.transavia.com/ ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, со задоволство објавува дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од ...
Samsung Galaxy S25 серијата донесува двојно поголем капацитет на меморија, подобрени камери и функцијата Now Bar, инспирирана од iPhone Dynamic Island, со почетна цена од 899 евра. Започна одбројувањето до лансирањето на новите Samsung флегшип телефони од Galaxy S25 серијата. Официјалниот постер, објавен на неодамнешната најава за Galaxy Unpacked настанот, сугерира дека новите уреди ќе бидат претставени на 22 јануари следната година. Корејскиот ...
Најголемата санта мраз во светот повторно е во движење, плови во Јужниот Океан по неколку месеци вртење во место, соопштија научниците од Британското Антарктичко истражување (BAS). Сантата A23a беше внимателно следена од научниците откако се отцепи од ледената покривка Филхнер-Роне во 1986 година. Остана приземјена на антарктичкото дно на Веделското Море повеќе од 30 години. Ледениот брег потоа бил несен од морските струи пред повторно да се ...
Apple ги трансформира AirPods во здравствени уреди со додавање можности за следење на отчукувањата на срцето, телесната температура и други здравствени параметри, како и со експериментирање за интеграција на камери за потребите на вештачката интелигенција. Apple започнува со претворање на своите популарни слушалки AirPods во софистицирани здравствени уреди, следејќи го развојниот пат на Apple Watch. Според Марк Гурман, моментално најголем фокус ...
За оние што сакаат да ги разубават своите фотографии пред да ги споделат со пријателите и семејството, достапни се многу одлични апликации за уредување за Android. Сепак, рачното уредување фотографии може да биде напорно, особено за корисниците кои не се сигурни како функционираат алатките за уредување. Сепак, решението е при рака. Станува збор за алатки за уредување фотографии со „еден клик“ што ги нуди апликацијата Google Photos. Оваа ...
Јужнокорејски научници развија лесен робот за носење кој може да им пријде и да ги гушка параплегичарите, овозможувајќи им да одат, да преминуваат пречки и да се качуваат по скали. Тимот од Егзоскелетната лабораторија на Корејскиот напреден институт за наука и технологија (КАИСТ) рече дека нивната цел е да создадат робот кој беспрекорно ќе се интегрира во секојдневниот живот на лицата со посебни потреби. Ким Сеунг Хван, кој и самиот е ...
Анализа на карактеристиките и перформансите на два интересни конкурентски паметни телефони од средна класа: Nothing Phone 3a и Redmi Note 14 Pro+ Неодамна протечените информации укажуваат дека Nothing Phone 3a и Xiaomi Redmi Note 14 Pro+ ќе бидат директни конкуренти во средната класа на паметни телефони. Двата уреди ќе бидат опремени со процесорот Snapdragon 7s Gen 3, што сугерира слични перформанси. Се претпоставува дека Nothing Phone (3a) ќе ...
Компанијата Meta одлучи да ја укине поддршката за апликацијата WhatsApp на старите уреди кои користат оперативен систем Android од Google. Поточно, станува збор за уреди постари од десет години, кои сè уште користат оперативен систем Android KitKat. Уредите со оваа верзија на ОС или некоја постара верзија нема да имаат пристап до WhatsApp од 1 јануари 2025 година. Причината за укинувањето на поддршката е тоа што WhatsApp постојано развива нови ...