Добро информиран извор од индустријата тврди дека Apple и Intel потпишале договор за производство на чипови со основни можности од Apple M серијата, базирани на Intel 18A процесот, почнувајќи од 2027 година. Според најновите наводи на аналитичарот Минг-Чи Куо, Apple и Intel повторно се зближуваат, но овој пат не преку x86 процесори за Mac, туку преку чист производствен аранжман за процесорите од Apple M-серијата. Додека денес сите чипови од M ...

Научниците на Samsung развија нова NAND структура која ја намалува потрошувачката на енергија за неверојатни 96%, со огромен потенцијал за AI центри и мобилни уреди. Samsung Electronics потврди голем технолошки исчекор: нивниот истражувачки институт SAIT (поранешен Samsung Advanced Institute of Technology) објави во списанието Nature резултати за нов тип NAND Flash структура која може да ја намали потрошувачката на енергија дури за 96% во ...

Годинава Македонски Телеком слави 25 години како дел од Дојче Телеком. Низ годините, како пионер во најновите технологии, од првата оптичка мрежа, првата 5G мрежа, првата дигитална телевизија… компанијата ја создаде основата за дигитална трансформација, но и многу повеќе од тоа. Разговаравме со Горан Марковиќ, којшто од неодамна е на чело на Телеком, за приоритетите, чекорите и предизвиците од дигитализацијата, плановите за иднината, како и ...

Конференцијата NLBNext – „Иднината на банкарството“ организирана по повод 40-годишнината на НЛБ Банка, понуди многу интересни дискусии и перспективи за иновациите во банкарството. Учество зема и врвниот меѓународен консултант за нови технологии и футурист Дејвид Кериган, кој го отвори прашањето за тоа колку е добредојдена интеграцијата на вештачката интелигенција во финансискиот и банкарскиот сектор? „Тој во своето обраќање изјави дека ‘AI ...

Компанијата Sony го објави Lytia 901, 200-мегапикселен сензор кој најпрво ќе се појави во врвните модели на кинеските производители, како што се Oppo Find X9 Ultra и Vivo X300 Ultra. По долго исчекување, Sony официјално влезе на пазарот на 200-мегапикселни сензори за мобилни телефони. Тие го претставија Lytia 901, сензор најавен како конкурент на Samsung ISOCELL сензорите со 200 MP, а кој веќе овие денови ќе започне да им се испорачува на ...

Бидејќи ултра-тенкиот iPhone Air не ги постигна резултатите што првично се очекуваа, најмалку три кинески конкурентски производители се откажале од производство на својот ултра-тенок паметен телефон. iPhone Air не се продава особено добро, што ги обесхрабрило најмалку три конкурентски кинески производители да ги претстават своите верзии на ултра тенок мобилен. За кои производители станува збор засега може само да се претпоставува, но азискиот ...

Славиме 30 години од првата издадена Mastercard картичка од Комерцијална банка со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро! Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае до 15 јануари 2026 година. „Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard од ...

Тјангонг успешно демонстрираше вештачка фотосинтеза во орбитата, отворајќи го патот за самоодржливи мисии без постојани дополнувања од Земјата. Кинеската вселенска станица Тјангонг оствари голем научен напредок: астронаутите од мисијата Шенџоу-19 успешно произведоа кислород и компоненти за ракетно гориво користејќи систем заснован на вештачка фотосинтеза. Овој експеримент, изведен во орбитата околу Земјата, претставува прв доказ дека ваков ...

Јавен повик за пет бесплатни верификации за е-продавници во борба против сивата економија. Погодни за апликација се сите микро, мали и средни компании кои моментално продаваат онлајн и имаат овозможено плаќање на рати преку IUTE Македонија Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата ...

Google се врати на врвот на AI-трката благодарение на моделот Gemini 3 и целосната контрола врз хардверот и софтверот, со што му се заканува на водството на OpenAI и Nvidia. Една реченица од промотивното видео објавено на профилот Google X во февруари 2023 година ја чинеше компанијата 130 билиони корејски вони. Тогаш Bard даде погрешен одговор и предизвика потреси на берзата, па многу медиуми тврдеа дека „Google е поразен во AI-војната“. ...

Денеска (петок, 28 ноември) кога целиот свет е насочен кон пребарувања за намалувања и акции, dm ја спроведува иницијативата Giving Friday повикувајќи ја заедницата на хуманост и солидарност. Black Friday, светски познат како ден за купување, компанијата dm дрогерие маркт и оваа година го претвора во празник на хуманоста кога, наместо понуда на попусти, ќе донира 5% од дневниот промет остварен во сите dm продавници. Собраните средства ќе ...

Hisense Македонија ја активираше својата Black Friday кампања и овозможи попусти на телевизори, клима уреди и други апарати за домаќинство. Ова е можност да го опремите вашиот дом со напредни апарати по поволни услови. Понудата вклучува одлични Hisense апарати од различни категории, што им овозможува на сите да најдат нешто според своите потреби. Меѓу нив се Ultra HD 4K телевизорите во различни дијагонали на екранот, инвертер клима уреди со ...

Samsung ги претставува новите Galaxy Tab A11+ и Galaxy Tab A11. Компактни и лесни, овие таблети се создадени да понудат забава и продуктивност каде и да се наоѓате. Со удобни екрани и паметни функции поддржани од вештачка интелигенција, тие го прават Galaxy искуството подостапно од кога било. Моделот Galaxy Tab A11+ доаѓа и со новиот интерфејс One UI 8.0. Премиум дизајн И Galaxy Tab A11+ и Galaxy Tab A11 се одликуваат со елегантен, модерен ...

Google воведува нова функција „Circle Screen“ во Gemini, која овозможува означување делови од екранот без скриншот и практично претставува замена за „Circle to Search“. Google веќе има повеќе начини за визуелно пребарување на Android телефоните: Google Lens, Circle to Search и Gemini. Сепак, компанијата сега почнува да ги спојува овие технологии, а најновата функција во рамките на Gemini изгледа како најдиректен конкурент на Circle to Search ...

Кинеските производители работат на Android телефони со батерии од 10.000 mAh благодарение на напредните силициум-јаглеродни технологии. Пазарот на Android телефони влегува во нова фаза во која батериите од 7.000 mAh, 8.000 mAh и дури 10.000 mAh стануваат реалност. Неколку големи кинески брендови, вклучувајќи ги Xiaomi, OnePlus, realme и Honor, активно подготвуваат телефони со батерии со капацитет од 10.000 mAh, претежно во средниот ценовен ...

Microsoft воведува нов процес ms-teams_modulehost.exe кој ја забрзува иницијализацијата на Teams повиците и ја подобрува перформансата, почнувајќи од јануари 2026 година. Microsoft официјално потврди дека на почетокот од јануари 2026 ќе го забрза стартувањето и работата на повиците во Windows верзијата на апликацијата Teams. Клучната промена е воведувањето на нов помошен процес со име ms-teams_modulehost.exe, кој ќе се издвојува од главниот ...

Големиот недостаток на RAM меморијата доведе до тоа продавниците да ја наплаќаат меморијата по „моментната цена на пазарот“, со секојдневни корекции и поскапувања. Недостатокот од RAM достигна ниво што PC светот го нема доживеано со години и се рашири до таа мера што продавачите веќе не можат да држат истакнати цени, туку ги формираат на дневна основа. Во поединечни продавници во САД, купувачите наидуваат на натпис кој објаснува дека RAM се ...

WhatsApp најави претстојни промени во своите услови за користење, кои ќе им забранат на корисниците да користат чеботови кои не се засновани на AI технологијата на компанијата Meta. Ова значи дека ниту еден четбот од трета страна повеќе нема да биде дозволен во рамки на популарната апликација за размена на пораки. Промената стапува на сила на 15 јануари 2026 годинa, што воедно е и последен датум кога корисниците на WhatsApp Business ќе можат ...

Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на клиентите, технологијата брзо ја менува традиционалната улога на банките. За време на вчерашната конференцијата на НЛБ Банка во соработка со Mastercard „NLBNext – Иднината на банкарството“, токму ...

Нелт Група за 2025 година проектира приход од 1,5 милијарди евра, што претставува раст од 9% во однос на 2024 година. Во рамките на стратешкиот циклус „Подем 2030“ (ориг. „Успон 2030“), од вкупно планираните 400 милиони евра инвестиции, повеќе од 30 милиони евра се веќе инвестирани во логистичка инфраструктура, производство и дигитализација, соопштија денес на годишната прес-конференција на Нелт Група. На претставниците на медиумите им се ...

Magic8 Ultra се појави на 3C сертификација со сателитска поддршка, 120 W полнење и најверојатно со батерија од 7.000 mAh. Honor очигледно се приближува до претставувањето на својот најмоќен модел во серијата. На кинеската 3C сертификација се појавува нов уред под ознаката BKQ-AN20, опишан како „сателитски мобилен терминал (5G)“, што веднаш укажува на поддршка за сателитска комуникација. Истата ознака веќе е поврзана со претстојниот Magic8 ...

Orion е бесплатен за преземање и користење, и доаѓа со 200 бесплатни пребарувања преку премиум пребарувачот на Kagi, додека опционалната Orion Plus претплата од 5 долари месечно отклучува лебдечки прозорци, што остануваат над другите апликации, прилагодени икони и ран пристап до нови функции. Компанијата Kagi, најпозната по својот веб-прелистувач без телеметрија, ја објави верзијата 1.0 од Orion — прелистувач фокусиран на приватност за Mac. ...

Apple е подготвен да го врати тронот како најголем светски производител на смартфони за првпат од 2011 година, поттикнат од успехот на линијата iPhone 17, според податоците на Counterpoint Research (преку Bloomberg). Врз основа на податоците на фирмата, се предвидува испораките на iPhone да пораснат за 10% во 2025 година, лесно надминувајќи го растот на Samsung од 4.6%. Како резултат, се очекува Apple да освои 19.4% од глобалниот пазар, ...

Најголеми скок во истражувањето на антиматеријата досега: Тимот ALPHA во ЦЕРН успеа да зароби повеќе од 15.000 атоми антиводород благодарение на нов метод на ладење. Фаќањето антиматерија отсекогаш изгледало како невозможна мисија, налик на обид да фатите снегулки со тава – но снегулки кои при допир би ја уништиле тавата. Таква е секојдневната работа на физичарите во CERN кои го проучуваат антиводородот, наједноставниот антиматериски атом. По ...

Дизајнерот Густаво Бонзанини го оствари својот сон така што по повод 35-годишнината од лансирањето на играчката конзола Super Nintendo (SNES) во Јапонија ја креираше AIR SNES — пар Nike Air Max 90 патики направени по нарачка, кои служат и како целосно функционална SNES конзола. „Идејата дојде откако ја видов соработката меѓу брендовите на патики и видео игрите. Често размислував дека би било супер ако овие патики што изгледаат како видео игра ...

Според прелиминарните податоци од извори од оваа индустрија, Galaxy S26 Ultra наводно ќе добие титаниум од Grade 5, помала маса од околу 214–217 грама и потенко куќиште од 7,9 мм. Најновата објавена документација и извештаи од индустријата укажуваат дека претстојниот Samsung Galaxy S26 Ultra ќе користи титаниумска рамка со подобар квалитет, од типот Grade 5 — ист материјал што се применува во авио-индустријата и во напредни медицински уреди. ...

Новиот Windows 11 донесува побрз File Explorer благодарение на предвчитување и почисто контекстуално мени кое создава помалку неред. Microsoft воведува клучни измени во File Explorer за Windows 11 со цел тој да стане побрз и значително поуреден. Најновите Dev верзии на системот донесуваат предвчитување на File Explorer, кое овозможува алатката да се стартува забележливо побрзо на послаб хардвер, како и редизајнирано контекстуално мени кое ги ...

Во 2024 година, НЛБ Банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на добавувачи, што претставува значителни 4,3% од БДП на земјата. Активата на Банката изнесува 2 милијарди евра, односно 14% од БДП на земјата, што претставува 1/7 од националната економија. Со 1,4 милијарди евра вкупно кредитно портфолио и 18% учество во вкупните бруто кредити во земјата, над 471.000 ...

Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го следи динамичниот и активен животен стил на генерацијата што сака флексибилност. Од овој месец, секој нов корисник што ќе отвори HalkEZ пакет добива 10 FitKit кредити, кои може да ги искористи за пристап до широката FitKit мрежа – фитнес центри, теретани, јога студија, пилатес, рекреативни активности, велнес и спа простори. Поволноста важи само за ...

Poco претстави два нови смартфони со флегшип спецификации и Sound by Bose технологија – Poco F8 Ultra и F8 Pro. Poco F8 Ultra го напојува најновиот Qualcomm Snapdragon 8 Elite Gen 5 процесор спарен со VisionBoost D8 чипсет. Исто така, има комора за испарување од 6.700 mm² за подобрено ладење. Ultra доаѓа со 6,9-инчен AMOLED екран со резолуција 1,5K, максимална осветленост од 3.500 нити и адаптивна стапка на освежување до 120 Hz. Екранoт има ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
36%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
33%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.37
48%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1009
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
40%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
72%
1016
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
5.14
40%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
50%
1009
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6918

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57