Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
По победата на турнирот во Скопје 2023 година македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашново издание на Macedonian Open. За Ивановски ова беше 13.та победа на последните 14 мечеви, откако се врати на настапите во јуни годинава по паузата поради повредата. – Се вратив, по една година повреди со многу маки. Голема чест е да се игра пред наша публика, ми дававте многу мотив и вчера и денес. Ми помогнавте да го освојам турнирот. ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...
За првпат во седум години, трите авиони за гаснење на пожар познати како Ер трактори, за време на сезоната на пожари се целосно функционални, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Сепак, се размислува за набавка на уште три нови, за што треба да се бараат средства во буџетот. Ер тракторите во вчерашниот голем пожар во пробиштипскиот регион беа пресудни да се изгаси стихијата, во кој изгоре една куќа, три ...
Семејството на Љубиша Ѓорѓевиќ (65) од Лесковац, кој почина во вторник на плажата Гларокавос во близина на Пефкохори во Грција, не може да се помири со трагедијата што се случи пред очите на неговата сопруга, ќерка и двајцата внуци, на одмор што беше подарок од неговата ќерка за 40-годишнината од бракот на неговите родители. Одморот бил подарок од неговата ќерка за годишнината Додека чекаат неговото тело да биде транспортирано од Грција во ...
Цели 12 часа траеше гаснењето на пожарот што беснееше меѓу Ратавица, Бучиште и Неокази во пробиштипскиот регион. Силниот ветер го носеше огнот со голема брзина, што на крај резултираше со една целосно изгорена куќа на семејство од селото Бучиште, а уште три куќи делумно се опожарени. Изгореа и помошни простории, пчеларници, ниви со жито, овоштарници и лозја, како и електричната мрежа и други инфраструктурни објекти. Штетите допрва ќе се ...
Воведување на сосема нов политички систем, национализација на клучните компании, како ЕВН и Телеком и воведување на смртна казна за финансиски проневери – се дел од идеите за промени и напредок на Македонија, изнесени до емисијата „Стадион“ од Митко Јованов, политиколог, кој живее и работи во Германија. Не само тоа, туку комплетно следење каде одат парите од Буџетот, бидејќи како што вели Јованов има многу непотребни институции и места што ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто. Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ -Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено ...
На Светското првенство според денешната програма ќе се одиграат последните три натпревари од 1/16 финалето. На сите три натпревари нема да се појави ниту една европска репрезентација. Први ќе истрчаат репрезентациите на Австралија и Египет. Натпреварот се игра во Далас, а очекувањата се дека би требало мала предност да има Египет, но доколку повредата го спречи нивниот капитен Мохамед Салах да се појави на теренот тоа може да биде проблем за ...
Специјалниот противпожарен авион Ер трактор беше употребен во Штип за гаснење на пожарот кој попладнево го зафати ридот Исар во центарот на Штип. Гореше источната страна од ридот во близина на куќите од истоимената градска населба, а потоа се прошири кон тврдината и меморијалниот комплекс на борците од НОБ. Таму пожарот се подели на две половини, едната над куќите на трева и втората под боровата шума кај меморијалниот споменик на НОБ. ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза. Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во ...
Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. -Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во ...
По минатогодишниот охридски концерт за кој сѐ уште се зборува и се памети како една од најемотивните музички вечери на Античкиот театар, Јелена Розга повторно се враќа пред македонската публика. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, регионалната музичка ѕвезда ќе одржи голем концерт во Охрид, а овојпат со себе ја носи и својата нова песна „Љуби ме”, која веќе предизвикува огромно внимание кај публиката низ регионот. Новата песна ...
Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири, составено од истакнати театарски уметници, на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“ („Драмите на Кољада“), кој се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во ...
Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз, што ви го пренесуваме во целост. -Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе ...
Хрватска го заврши својот настап на СП 2026. На начинот на Турција во 2008 година, Шпанија во 2012 година и Португалија во 2016 година, Хрватска повторно беше шокантно елиминирана во последните моменти од натпреварот. Клучниот момент се случи кон крајот на натпреварот, кога голот на Хрватска беше поништен по интервенцијата на ВАР, пишува 24сата.хр. Одлуката веднаш започна дискусии за тоа дали „Ватрените“ останаа без заслужено продолжување, а ...
По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг”, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на Кукиќ во Струмица, каде што настанува и најголемиот дел од неговото авторско ...
Американските претставници индиректно ги предупредиле шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денеска „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на американски претставници. Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да ги ...
Во присуство на бројни колеги, естрадни уметници, музичари, новинари, пријатели и почитувачи на македонската традиционална музика, во ресторанот „Рагуза Rooftop 360“ во Скопје се одржа долгоочекуваната и најавувана промоција на маестро Александар Ицов, со која виртуозот свечено одбележа десет години успешно творење на македонската музичка сцена. Настанот, кој помина во исклучително свечена и емотивна атмосфера, го водеше младата и ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на следните парламентарни избори и да продолжи со реализација на владините политики. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...
Даци и Александар денес го промовираа винилот „Уште ми фалиш“ и, како што рекоа, ја посветуваат на Драган Б. Костиќ, кој почина во декември. Во негово име плочата ја зем неговата ќерка Елена, која на промоцијата беше со брат и Бане. -Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на неговото семејство, рече ...
Девет полицајци и пет демонстранти повредени, 18 лица приведени, оштетени полициски возила, е билансот од судирите меѓу демонстрантите и полицијата денеска попладне пред албанскиот парламент, а пратениците влегуваа во СДобранието за да ја одржат редовната собраниска седница. Пратениците беа гаѓани со јајца поради што полицијата мораше да интервенира, на што демонстрантите почнаа со насилно однесување, фрлаа камења кон полицајците, отстранија ...
МВР за овој како и за сите останати случаи ги презеде сите оние дејствија коишто се во рамки на негова надлежност, односно најпрвин постапи во насока на разговор со жртвата и нејзиниот родител, потоа беа повикани сите инволвирани во случајот, како оние што имаат преземено директно насилство врз жртвата, така и оние што беа сведоци на настанот, како и за оние кои го документираа, односно го снимаа настанот. Тие дечиња беа повикани и нивните ...
Претседателот на Венецуелското национално собрание, Хорхе Родригез, во обраќање на државната телевизија изјави дека 11.267 лица се повредени во земјотресите и дека 6.461 лице е спасено, објави „Ел Паис“. Според него, бројот на жртви се искачи на 2.295 лица. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот, почнувајќи од оваа среда, според шпанскиот весник. На 24 јуни, ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека при вчерашните претреси во Демирхисарско лишени се од слобода четири лица откако кај нивните домови е пронајдено оружје. -Вчера во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода Е.Р.(57) и Е.Р.(20) двајцата од с.Обедник, Демир Хисар. При извршен претрес во нивниот дом во с. Обедник, со Наредба од основен суд Битола биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 ...
Денеска е 1000-тиот ден од војната во Појасот Газа, која започна кога милитантната палестинска група Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, и во која досега загинаа повеќе од 73.000 луѓе. Во регионот има војна во Иран и постојани немири во Либан, а не е постигнато трајно и цврсто примирје, додека привремените договори често се прекршуваат. Судбината на повеќе од два милиони Палестинци во Газа, кои се претежно раселени и живеат ...
Обилните врнежи од дожд што вчера го зафатија Куманово предизвикаа поплавување на подрумски простории и навлегување вода во станбени и деловни објекти на повеќе локации во градот. Надлежните служби информираат дека интервенциите се завршени, состојбата е стабилизирана. Во Општина Куманово беа евидентирани повеќе пријави за поплавени подруми и навлегување вода во објекти, при што е причинета материјална штета. Според информациите на ...
Вчера во скопската населба Аеродром се случи уште едно врсничко насилство врз дете, каде додека го тепаа 30-тина други дец навиваа. Денес, пак, Вишото јавно обвинителство во Штип донесе решение во кое родителите на децата насилници,кои тепаа друго дете во Штип, утврдило дека „родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело -Запуштање и малтретирање на дете, затоа што не биле ...
„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ, напиша претседателот Венко Филипче на Фејсбук. Тој во објавата понатаму вели: -Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и ...
Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво”, што се вели, уште на прво слушање е новата музичка приказна на Огнен Здравковски насловена „До неба” што тој деновиве ѝ ја претставува на јавноста. Нумерата носи силна емоција, современ звук и атмосфера што долго останува да се врти низ мислите на оние што веќе ја слушнале. По период исполнет со многу работа, посветеност и музичко созревање, Огнен се враќа со песна која уште по првите тонови ...